• Latest
Добро утро со Орданоски

Македонско-бугарските односи мрднаа од „мртва точка“

January 20, 2022
Фото: украинската амбасадорка Лариса Дир/Х

Амбасадорката Дир: Кремљовската армија продолжува да војува против болници, училишта и детски градинки

January 5, 2026

Доаѓа ли крај на приказната за Црна Гора како еколошка држава?

January 5, 2026
Maduro and his wife
Source: screenshot News 18

Како реагираа светските лидери на нападот на САД врз Венецуела

January 5, 2026
Venezuelan interim president Delcy Rodriguez
Source: screenshot 10 NEWS

Привремената претседателка на Венецуела понуди соработка со САД откако Трамп се закани со понатамошни напади

January 5, 2026
Gaza war (Image by hosny salah from Pixabay)

УНИЦЕФ: На децата во Газа им е потребен долготраен мир и можност да ја обноват својата иднина со достоинство и заштита

January 5, 2026
Вработените во итната помош работат на гаснење на пожарот предизвикан од руски напад врз Кијив во текот на ноќта на 24 април 2025 година. Фото: Украинска државна служба за итни случаи

Во рускиот ноќен напад врз Кијив загинаа првите цивили во оваа година

January 5, 2026
Venezuela after Maduro's capturing
Source: screenshot CBS

Венецуела остана со „остатоците“ од Мадуро, вели поранешен политички затвореник

January 5, 2026
Венецуела, 3 јануари 2026, американски вооен напад (фото извор: колаж од скриншотови од аматерски снимки и написи)

Силите на САД погодија повеќе цели во Венецуела – експлозии во Каракас: Што е познато досега

January 3, 2026
Фото: Украинската амбасадорка Лариса Дир/Х

Амбасадорката Дир: Во текот на ноќта рф го нападна Запорижје, рф продолжува со терор, Украина се бори

January 2, 2026

Една жртва и коалиција на агресори

January 2, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
    Фото: украинската амбасадорка Лариса Дир/Х

    Амбасадорката Дир: Кремљовската армија продолжува да војува против болници, училишта и детски градинки

    Maduro and his wife
Source: screenshot News 18

    Како реагираа светските лидери на нападот на САД врз Венецуела

    Venezuelan interim president Delcy Rodriguez
Source: screenshot 10 NEWS

    Привремената претседателка на Венецуела понуди соработка со САД откако Трамп се закани со понатамошни напади

    Gaza war (Image by hosny salah from Pixabay)

    УНИЦЕФ: На децата во Газа им е потребен долготраен мир и можност да ја обноват својата иднина со достоинство и заштита

    Вработените во итната помош работат на гаснење на пожарот предизвикан од руски напад врз Кијив во текот на ноќта на 24 април 2025 година. Фото: Украинска државна служба за итни случаи

    Во рускиот ноќен напад врз Кијив загинаа првите цивили во оваа година

    Venezuela after Maduro's capturing
Source: screenshot CBS

    Венецуела остана со „остатоците“ од Мадуро, вели поранешен политички затвореник

    Венецуела, 3 јануари 2026, американски вооен напад (фото извор: колаж од скриншотови од аматерски снимки и написи)

    Силите на САД погодија повеќе цели во Венецуела – експлозии во Каракас: Што е познато досега

    Фото: Украинската амбасадорка Лариса Дир/Х

    Амбасадорката Дир: Во текот на ноќта рф го нападна Запорижје, рф продолжува со терор, Украина се бори

    Шефот на ХУР, Кирил Буданов, со командантот на РДК, Денис Капустин, и командантот на специјалната единица Тимур за време на брифинг на 1 јануари 2026 година. Фото: ХУР / Телеграм

    Украинското военo разузнавањe ги насамари Русите – ја лажираше смртта на командантот на проукраинскиот РДК и зема награда од од 500.000 долари од Кремљ

    Рускиот терор продолжува: Украина, новогодишна ноќ, 2026

    Рускиот терор врз цивилите продолжува: 205 руски дронови ја нападнаа Украина во новогодишната ноќ, 176 соборени

  • ПОЛИТИКА
    • Категорија
    • ПОЛИТИЧКИ ОКЕЈ КОРАЛ
    Фотомонтажа: слики од Фб и Инстаграм

    Министри и министерки изгубени во маглата на неисполнети ветувања

    Северна Македонија, 2025: Политичка поларизација, институционални слабости и демократски предизвици

    Мицкоски: Можеби некој ќе се исмејува, но сиромаштијата се намалува и имаме подобар „џини индекс“ од ЕУ и регионот

    Војо Маневски

    Не славам нови години во кои нема избори

    Едногласно „за“, без механизам „како“ – што навистина значи одлуката на Град Скопје за „Усје“

    Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

    Клиентелизам

    Фотографија: Собрание на РСМ

    Гаши ќе воведува календар на активности и пленарни седници во Собранието за поквалитетна комуникација со Владата со

    Даночен лов на иселениците: преседан што ја разголува државната немоќ

    Ерол Шакири

    Барате повратна миграција, добивaте отуѓеност од сопствената држава

    Кога политиката се користи како магичен трик. Илустрација: AI / ChatGPT / CIVIL

    „Историска“ одлука без одлука: Како Советот на Скопје реши да не реши ништо

  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
    • Категорија
    • ИСТОРИЈА

    Демократијата не се брани сама од себе: Што нè научи 2025 година

    Северна Македонија, 2025: Политичка поларизација, институционални слабости и демократски предизвици

    ИДЕОЛОШКА БЕЗДНА: Како Студената војна го преобликува сонот за интелигенцијата

    Кривична пријава против пет лица од Тетово за трговија и силување на 15 годишно девојче

    Бугарија со инвестиција над 260 милиони евра за железницата кон Северна Македонија

    Од 1 јануари струјата поскапува – сметките растат од 57 до 900 денари

    Фото: ВИ

    Ларви и инсекти во киви од Србија: АХВ стопира увоз и нареди уништување на 22 тони

    Поради маглата има откажани и летови што се реализираат со задоцнување во аеродромот во Скопје

    Кој знаел, кој дозволил, кој премолчел? – Родителите на жртвите од „Пулс“ со нови барања до Обвинителството

    Скопје на второ место по загаденост во Европа

  • СЛОБОДНА ЗОНА
    • Категорија
    • ES-PRESS-O
    • БЛИЦ
    • БРЗА ПОШТА
    • ДИПЛОМАТСКА ПРИЗМА
    • ДОБРО УТРО СО ОРДАНОСКИ
    • ЕДИТОРИЈАЛ
    • ПО ДОПРЕН ГЛАС
    • САТИРА
    • ТЕЖИШТЕ

    Доаѓа ли крај на приказната за Црна Гора како еколошка држава?

    Една жртва и коалиција на агресори

    Фотомонтажа: слики од Фб и Инстаграм

    Министри и министерки изгубени во маглата на неисполнети ветувања

    Северна Македонија, 2025: Горда држава, празни џебови!

    Војо Маневски

    Не славам нови години во кои нема избори

    Украсениот Арбат како подигнување на предновогодишното расположение

  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result

Home СЛОБОДНА ЗОНА ДОБРО УТРО СО ОРДАНОСКИ

Македонско-бугарските односи мрднаа од „мртва точка“

January 20, 2022 06:30
in ДОБРО УТРО СО ОРДАНОСКИ, ПОЛИТИКА, СЛОБОДНА ЗОНА, ТОП 5
Добро утро со Орданоски

Добро утро со Орданоски

Share on FacebookShare on Twitter

САШО ОРДАНОСКИ

Во последните две-три години не бевме сведоци на продуктивни, а често ни цивилизирани средби помеѓу политичарите и дипломатите на Македонија и Бугарија. После секој состанок на некоја домашна, регионална или европска сцена следуваа официјални дообјаснувања, деманти на „вадењата од контекст“ или контранапади за тоа што било кажано, што сакало да се каже или што не било кажано, а требало да се каже, на тие високи државни нивоа и од двете страни. Бугарите, затекнати и вчудовидени од успешноста на Преспанскиот договор, наврат-нанос решија своерачно да ја блокираат европската иднина на Македонија (и Албанија) и главно се заплеткуваа со своите нејасни позиции и спорни „црвени линии“ пред евро-американските партнери, а македонските претставници ги бранеа своите принципиелни морално-политички позиции без вистински, делотворен ефект што би резултирал со напредок во наметнатиот спор со нашиот источен сосед.

Да парафразирам еден украински политичар со квалификациите за меѓународните, наспроти руските тактики во актуелната украинско-руска криза, додека ние игравме внимателен дипломатски шах со меѓународна координација, Бугарите играа домашен популистички покер во кој од ракавот го извадија и најсилниот адут, ветото. Со сите познати последици на домашните политички сцени и ѓурултијата во двете јавности.

По изборните расплети и во Бугарија и во Македонија и доаѓањето на две нови личности на чело на владите и во Софија и во Скопје, започнува нова, неизвесна, но понадежна фаза во односите меѓу двете земји. Несомнено, посетата на Петков на Македонија го потврдува ваквиот впечаток. Очигледна е искажаната желба и на бугарска и на македонска страна работите да мрднат „од мртва точка“.

Во таа насока, Македонија, правилно, официјално даде вербална нота до ООН дека нема да ја нападне и ослободи/окупира Бугарија и во скора и во неодредена иднина (да, верувале или не, тоа е суштината на нотата!), а Бугарите тоа го оценија, а потоа и го прославија, како конструктивен чекор од наша страна и голем успех за нив, бидејќи око не можеа да склопат од опасноста да бидат територијално освоени од Скопје.

„Синоќа првпат спиев мирно, бидејќи вчера сфатив дека братскиот народ на Северна Македонија нема да ја нападне Бугарија со донираните тенкови (своевремено од Бугарија – н.з.) и нема да има територијални претензии. Нема да ни го земат Банско“ – изјави Бојко Борисов иронично, коментирајќи го гестот на Македонската влада како дипломатска стапица во која наивно упаднал Петков во Скопје наместо… Следуваа некакви политикантски дополнувања од Борисов, кој го урна Договорот за добрососедство што самиот го потпиша, чија смисла не може сосема да се сфати.

Во македонската јавност, пак, се појавија загрижени експертско-политички коментари дека сме направиле „празна“ отстапка, дека се работи за бугарска дипломатска стапица во која наивно упаднал Ковачевски, без ништо да добиеме за возврат. А сме требало да продолжиме да се ценкаме и пазариме, сѐ додека не ги умориме Бугарите и не ги натераме на предавање. Стратегијата што до сега ја практикувавме.

Добро, разни, макар и добронамерни губитници и во двете држави имаат право да се лутат и да бидат незадоволни (продолжените хистерии на радикалните националшовинисти не се ни за коментирање), бидејќи, де факто, работите по посетата на Петков во Скопје се придвижија: историјата, главниот камен на сопнување, е турната во „втор план“ (замислете, дури и во последното соопштение од Советот за безбедност на Радев, историјата експлицитно ја нема!); на нејзино место како приоритетни се ставени реалните проблеми за зближување и соработка меѓу граѓаните на двете држави (економски, сообраќајни, транспортни, дигитални итн.), чие решавање има за цел побрзо да ги надмине меѓусебните недоразбирања, наместо да продолжи да ги одржува.

Дури и во штурото партиско соопштение на ВМРО-ДПМНЕ по средбата на Петков и Мицкоски се суштински поддржани ваквите сегашни македонско-бугарски напори, како ставовите да им се составувани во СДСМ: „Она што беше посочено е потребата за градење на доверба, отворени односи и поврзување на теми и области каде е можна меѓусебна соработка и заеднички бенефит за граѓаните од двете држави. Беше посочена потребата за соработка на темите кои ќе обезбедат иднина, инвестиции во образованието, науката, коридорот 8 и други проекти важни за двете земји. Наместо блокади, потребни се мостови, отворени односи и взаемно почитување“, посочил Мицкоски.

Ете, Христијан не го прашал Петков што бил Гоце Делчев по националност, а немало ни збор за историја, малцинства, уставни промени итн.

Македонија, уште, по којзнае кој пат го повтори и принципиелниот став дека нема да се меша во третманот на бугарската држава на оние кои се чувствуваат како Македонци во Бугарија, бидејќи е тоа работа на меѓународните институции за заштита на елементарните човекови права. И темата и ставовите по неа се стари и многу пати елаборирани (и поткрепени со дузина пресуди на Европскиот суд за човекови права против јасно дискриминирачките политики и практики на Софија), но ригидните официјални ставови на Бугарија (дека таму не постои „македонско малцинство“), ако сакате, се оние што ќе треба да го издржат тестот на времето, бидејќи не е јасно што може да се случи со политичката волја на над 100.000 Македонци кои, според бугарските податоци, добиле бугарско државјанство ако, еден ден, тие или нивните наследници, решат и политички да се организираат во Бугарија?

Но, сега овде главната расправа е за тоа дали актуелното бугарско дипломатско и политичко поместување на ставовите е искрено? Еве, да се согласиме дека не е. Дека е само „купување време“ пред меѓународната заедница за, во своја максималистичка полза, да го омекнат притисокот на кој се изложени, согласно анализите дека тие веруваат (бездруго и на своја штета) оти во блокирањето на македонската евро-интеграција „времето работи за нив“. И дека Петков е само спроведувач на истата стратегија, „облечен“ во харвардски костум.

Па, сепак, ако порано на аптекарска вага ги меревме позитивните нијанси во изјавите на една Захариева, на пример, овие на Петков измерени и на сточна вага се, објективно, позитивни. Човекот има насмевка до уши, а и целиот говор на телото покажува решеност проблемите меѓу Софија и Скопје да се решат. Се разбира дека е прашање дали со ваквиот став самиот политички ќе преживее во Софија, но тоа е негов и проблем на истата онаа меѓународна заедница која до сега не се прослави во претходните напори. Впрочем, во неколкуте месеци пред нас тоа и практично ќе го дознаеме – дури и ако не успее, ние по оваа меѓудржавна посета ништо не сме изгубиле (а ни добиле) од она што го имавме и претходно… Ах, да, освен што со вербална нота до ООН се откажавме од амбицијата од Северна да ја освоиме Источна Македонија, онаа во Бугарија. Пууу, штета, а бевме така блиску до таа цел, оти после ќе ни останеше само Македонијата на југот, па во Солун да држевме општомакедонски конгрес на обединување!

Сѐ на сѐ, работите се придвижени, како резултат на врвните кадровски промени во Софија и Скопје. Зошто ова придвижување отворено да не се поддржи? Барем за мрчење и биење во националните ни гради секогаш ќе има време…

Сите права се задржани. Текстот е личен став на Авторот.
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Шефот на ХУР, Кирил Буданов, со командантот на РДК, Денис Капустин, и командантот на специјалната единица Тимур за време на брифинг на 1 јануари 2026 година. Фото: ХУР / Телеграм

    Украинското военo разузнавањe ги насамари Русите – ја лажираше смртта на командантот на проукраинскиот РДК и зема награда од од 500.000 долари од Кремљ

    92 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Стратешкиот пресврт на Германија: Мерц за Русија како континентална закана, безбедноста на Европа и променливиот трансантлантски поредок

    90 shares
    Share 36 Tweet 23
  • Министри и министерки изгубени во маглата на неисполнети ветувања

    87 shares
    Share 35 Tweet 22
  • Рускиот терор врз цивилите продолжува: 205 руски дронови ја нападнаа Украина во новогодишната ноќ, 176 соборени

    86 shares
    Share 34 Tweet 22
  • Силите на САД погодија повеќе цели во Венецуела – експлозии во Каракас: Што е познато досега

    85 shares
    Share 34 Tweet 21
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ