• Latest

МТСП: Донесени 84 забрани за работа!

August 7, 2017

Поранешниот министер за правда Кренар Лога се повлекува од партиските функции во АА

November 14, 2025
Foto: Wikimedia Commons

ОН: Само во октомври повеќе од 260 напади врз Палестинци во Западен Брег

November 14, 2025
Американските воздушни сили, USAF (Photo by Hans Dorries on Unsplash)

САД одобрија продажба на воени авиони и делови на Тајван во вредност од 330 милиони долари

November 14, 2025
Фото: Скриншот, видео Х

Шест загинати во рускиот напад врз Кијив, Азербејџан упати силен протест до Москва откако руска ракета ја оштети и нивната амбасада

November 14, 2025
Фото: Скриншот, видео Гардијан

Демонстранти го блокираа главниот влез на зградата каде се одржува КОП30

November 14, 2025

Марш на ангелите – 30-тиот протесен марш за правда во Скопје

November 14, 2025
Фото: Фејсбук  на Љубомир Костовски

Министерот што подигнува само рачна, говори за брзината на пругите!

November 14, 2025

Богати странци плаќале по 80.000 фунти за „сафари викенд“ за да убиваат цивили за време на опсадата на Сараево

November 14, 2025

Анализа на Гардијан: Климатското финансирање оди во погрешни раце – Кина, Саудиска Арабија и ОАЕ меѓу најголемите добитници

November 14, 2025
Фотографија: Скриншот

Новиот исламофобичен говор на Додик – радикална реторика што потсетува на воените злосторници од 90-тите, алармираат аналитичари и ОБСЕ

November 14, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

МТСП: Донесени 84 забрани за работа!

August 7, 2017 12:27
in ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Територијата на Република Македонија и денеска се наоѓа во „портокалова фаза“, па Министерството за труд и социјална политика и понатаму бара работодавачите да ги почитуваат препораките за работа во топлотен бран. 

Министерството за труд и социјална политика испрати соопштение во кое се вели дека само во периодот од 4 до 6 август 2017, државните инспектори за труд – од областа на безбедност и здравје при работа, извршиле 207  инспекциски надзори кај работодавачи за почитување на препораките за топлотен бран, на територијата на Република Македонија!

Притоа, донесени се и дури 84 забрани на работодавачи кои не ги почитувале препораките да не се работи на отворено од 11 до 17 часот!

Трудовите инспектори вршеле надзори кај работодавачи од: градежништвото (67 забрани), земјоделието (13 забрани), преработувачката дејност (2), рударството и вадење камен (2), отпадите, комуналните услуги,  конфекциските погони…

За работодавачите и понатаму важат следните препораки (кои ги добиваат и оисмено и во кои се потенцира дека ќе бидат санкционирани ако не се придржуваат кон нив):

– Адекватна вентилација и, по можност, климатизација во затворен работен простор:

– Вработените да не работат на отворено за време на најтоплиот период од денот, од 11 до 17 часот.

– Промени во организацијата на работниот процес (воведување двосменска работа).

– Обезбедување засолништа во кои вработените можат да се разладуваат во одреден период во текот на работата.

– Почести паузи во текот на работата и консумирање течности.

– Работната облека да биде од лесна порозна ткаенина, а при работа на отворен простор – вработените да имаат очила и капи.

– Предупредување за зголемени опасности од несреќа при работа (пожари).

Иако и за време за време на топлотниот бран, во периодот од 29 јуни до 1 јули 2017 година,  дежурните екипи на Државниот инспекторат за труд извршија 97 инспекциски надзори од областа на безбедноста и здравјето при работа на целата територија на Република Македонија, и донесоа решенија за забрана за работа за 37 правни субјекти, и иако сега, жештините уште потешко се издржуваат, за жал, и покрај предупредувањата и заканите со санкции, дел од работодавачите и понатаму го изложуваат на опасност здравјето на вработените, за што ЦИВИЛ Медиа предупредува(ше) во редакциски и во текстови на граѓанските новинари.

Tags: „портокалова фаза“високи температуризагрозување на здравјетоМТСПпрепоракиработодавачитоплотен брантрудови инспектори
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Скриншот од видео на ДИК

    Локалните избори 2025 се официјално и конечно завршени, објави ДИК

    307 shares
    Share 123 Tweet 77
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    119 shares
    Share 48 Tweet 30
  • Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

    114 shares
    Share 46 Tweet 29
  • Локалните избори во Косово Избори без апсолутен победник, но со пораки за партиите

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
  • Пендаровски: Ниту една земја што се затворила не станала голема, изолацијата не е добра

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ