• Latest

МУЛТИГРУП во нашиот двор: Што ќе ветиш пред изборите, се наплатува после триумфот

April 10, 2025
Фото: Х/ ВИ

Неонацистичка иконографија во владините објави – администрацијата на Трамп со екстремистичка реторика

January 30, 2026

Мувлосан леб и ѕидови за работникот – фасадирани ѕидови со евра за елитата!

January 30, 2026

ГРАЃАНСКИ ФОРУМ: Која е вашата порака, барање или прашање до политичарите?

January 30, 2026
Прес конференција, 13 септември (фото извор: видео снимка на МВР)

Ненаучени лекции: Манипулативна злоупотреба на терминот „хибридни напади“ – кога државата измислува непријатели (17)

January 30, 2026
Фото: Скриншот, видео Јутјуб

ПОЛИТИКО: Мировен договор меѓу Русија и Украина наизглед блиску, но далеку од решението на суштинските проблеми

January 30, 2026

РЕАКЦИИ: Власта не е нормална, реакцијата на работничките протести – идиотска, тешко нам!

January 30, 2026
Сцена од музичкото видео ICE F**K YOU - Scared Ketchup

ICE F**K YOU: Протестна поп-панк експлозија од Scared Ketchup за убиствата во Minneapolis

January 29, 2026

„Streets of Minneapolis“ – протестна песна на Брус Спрингстин за „чизмите на окупаторите“ во Минеаполис

January 29, 2026

ЦИВИЛ ги повика сите хумани луѓе да се приклучат на хуманитарната акција: Топлина за Украина

January 29, 2026
Илустрација ВИ

Ненаучени лекции: Закон за соодветна и правична застапеност – Заштита или уште еден политички експеримент (16)

January 29, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
    Сцена од музичкото видео ICE F**K YOU - Scared Ketchup

    ICE F**K YOU: Протестна поп-панк експлозија од Scared Ketchup за убиствата во Minneapolis

    „Streets of Minneapolis“ – протестна песна на Брус Спрингстин за „чизмите на окупаторите“ во Минеаполис

    Проф. д-р Оливер Андонов, Собрание на РСМ, 28 јануари 2026 (фото: ЦИВИЛ)

    Проф. д-р Андонов на настан во Собранието: Владата шири евроскептицизам

    Скриншот од видео на LiveNOW from FOX

    ICE Барби ја премина границата за последен пат – Кристи Ноем се соочува со импичмент во Конгресот ако не биде отпуштена или не поднесе оставка

    Скриншот од видео на WGN News

    Трамп се пишмани – го повлекува шефот на граничните сили од Минеаполис поради растечкиот отпор кон ICE

    Вселенскиот патријарх Вартоломеј. Фото: Јавен домеин

    Вселенскиот патријарх Вартоломеј ја нарече руската агресија врз Украина „апсолутно сатанска“ 

    Скриншот: Во живо ЕУ-Индија Самит/Платформа Х

    Историски трговски договор меѓу ЕУ и Индија по 20 години преговори

    Илустрација ВИ

    Сеќавањето како обврска: 27 јануари – Меѓународен ден на сеќавање на жртвите на Холокаустот

    Скриншот од видео на ВВС

    И републиканските сенатори повикуваат на поцелосна истрага за убиството во Минеаполис – Што тврдеше тимот на Трамп, а што покажуваат доказите

    Поранешниот претседател Бил Клинтон жестоко ги осуди властите за ужасните сцени во Минеаполис: Никогаш не помислив дека ќе се случат во Америка

  • ПОЛИТИКА
    • Категорија
    • ПОЛИТИЧКИ ОКЕЈ КОРАЛ
    Прес конференција, 13 септември (фото извор: видео снимка на МВР)

    Ненаучени лекции: Манипулативна злоупотреба на терминот „хибридни напади“ – кога државата измислува непријатели (17)

    РЕАКЦИИ: Власта не е нормална, реакцијата на работничките протести – идиотска, тешко нам!

    Илустрација ВИ

    Ненаучени лекции: Закон за соодветна и правична застапеност – Заштита или уште еден политички експеримент (16)

    Протест на работниците, Скопје, 28 јануари 2026 (фото извор: Рацин.мк)

    Власта нема монопол врз животот на работниците

    Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Спасување на платите на црно

    Казни со камери на патишта полни со дупки: Апсурдот на новите „реформи“ во високото образование

    САЕМ НА СУЕТИ СО НУЛА РЕЗУЛТАТИ: Трговци за четирите годишни времиња

    Креирано со помош на ВИ

    Спектакуларен настап на стенд ап комедијантот Мицкоски – „Не бев статист во Давос“

    Венко Филипче, 31. Конгрес на СДСМ, 24 јануари 2026 (фото извор: СДСМ)

    Конгрес на СДСМ: Филипче со жестоки критики за власта и повик за единство и мобилизација

    „Одборот за мир“: Како Трамп го претвора глобалниот поредок во клуб со членарина

  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
    • Категорија
    • ИСТОРИЈА
    Фото: Државна лотарија на Македонија/ Фејсбук

    Државна Лотарија на Македонија – не, благодарам!

    Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Рајот е место каде ништо не се случува

    Демократијата не се брани сама од себе: Што нè научи 2025 година

    Северна Македонија, 2025: Политичка поларизација, институционални слабости и демократски предизвици

    Кривична пријава против пет лица од Тетово за трговија и силување на 15 годишно девојче

    Бугарија со инвестиција над 260 милиони евра за железницата кон Северна Македонија

    Од 1 јануари струјата поскапува – сметките растат од 57 до 900 денари

    Фото: ВИ

    Ларви и инсекти во киви од Србија: АХВ стопира увоз и нареди уништување на 22 тони

    Поради маглата има откажани и летови што се реализираат со задоцнување во аеродромот во Скопје

    Кој знаел, кој дозволил, кој премолчел? – Родителите на жртвите од „Пулс“ со нови барања до Обвинителството

  • СЛОБОДНА ЗОНА
    • Категорија
    • ES-PRESS-O
    • БЛИЦ
    • БРЗА ПОШТА
    • ДИПЛОМАТСКА ПРИЗМА
    • ДОБРО УТРО СО ОРДАНОСКИ
    • ЕДИТОРИЈАЛ
    • ПО ДОПРЕН ГЛАС
    • САТИРА
    • ТЕЖИШТЕ

    Мувлосан леб и ѕидови за работникот – фасадирани ѕидови со евра за елитата!

    Протест на работниците, Скопје, 28 јануари 2026 (фото извор: Рацин.мк)

    Власта нема монопол врз животот на работниците

    Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Спасување на платите на црно

    Казни со камери на патишта полни со дупки: Апсурдот на новите „реформи“ во високото образование

    САЕМ НА СУЕТИ СО НУЛА РЕЗУЛТАТИ: Трговци за четирите годишни времиња

    рф продолжува со ракетни напади за време на мразови

    Заканата е јасна. Линиите се повлечени. Часовникот отчукува.

    „Одборот на мирот“: шок‑терапија за заспаната ООН или вовед во правото на посилниот?

    Креирано со помош на ВИ

    Деменција, епохално незнаење или чиста злоба: Трамп се посрамоти во Давос во обид да ја понижи Европа и сојузниците

    Геополитика на „Облакот“: Зошто хард дискот е новата нафта?

  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result

Home АНАЛИЗИ

МУЛТИГРУП во нашиот двор: Што ќе ветиш пред изборите, се наплатува после триумфот

Големо е таблото на кое се истакнати големите финансиски поединци кои стојат зад наводните антибугарски политики на ВМРО ДПМНЕ. Аферата со затруената Крива река само е едно конче кое не води кон клопчето од политички интереси на релација Софија – Скопје. Има и други клопчиња за подземни економски поединечни интереси кои веќе се говори деновиве а се врзани за соседна Бугарија. Тие покажуваат дека народот кај нас треба да биде жртва на вештачки создавана антиевропска клима во политичкиот амбиент

April 10, 2025 11:13
in АНАЛИЗИ, ЕКОНОМИЈА, ПОЛИТИКА, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

ЉУБОМИР КОСТОВСКИ

Партијата која денес владее со земјава – ВМРО ДПМНЕ – најмалку на два пати се потпрела пред клучни парламентарни избори на капиталот на озлогласената „Мултигруп“ од Бугарија или на нејзините фирми – иверки. Последен пат тоа се случи пред изборите во 2024 година кога имаше јасно искажана поткрепа за партијата која беше опозициска од сопственикот на „Минстрој“.

Ваквата поддршка дава секако фирма со донаторски „инстинкт“ и финансиска уверливост ама таа умее да ја наплати услугата. Дури, би се рекло, многу бргу дошло време за потврда на таа релација низ обидот на оваа влада на покривање на вината на „Минстрој“ во случајот со еколошкото загадување од голем размер во кривопаланечко. До загадување е дојдено по хаварија во рудникот и излевање на отпадни води во Тораничка река, што сукцесивно загадува се’ по пат – водите на Крива река секако а потенцијално тоа се и Пчиња, Вардар …

Зад наводниот анти-бугарски проект

 Со рудникот управува познатиот газда Валканов. Какви биле релациите меѓу поддржувачот и поддржаниот и порано секако не е небитно, па би се рекло и дека е пресудно во одбраната на штетата што спомената хаварија ја направи и го загрози животот на луѓето и стоката во тој регион, опасност која не е мината и сега, но барем има своја добра страна, ако така може да се окарактеризира симнувањето на фереџето од старателскиот однос меѓу политиката на една партија и нејзиниот наводен антибугарски проект!

Во нашата свест веројатно е закопан фактот дека пред парламентарните избори во земјава во декември 2016 година, по кои дојде до помени на кормилото на власта, фирмата – „иверка“ на озлогласениот Мултигруп потпишала договор за соработка со нашите тогашни државни кормилари. Договорот е потпишан на 6 април таа година, значи тоа би било пред 9 пролети, со кој акт како концесионер „Минстрој“  ветува дека до средината на мај, експресно значи, ќе го рестартира рудникот Злетово а неколку месеци потоа, и Тораница.

За партијата на власт која со нетрпение измешано со страв ги чекаше тогаш изборите, кои беа под меѓународна опсервација (!), па шансите за изборни изигрувања беа мали, ова помагање требаше пред се’ да значи намалување на социјалните тензии во ровити подрачја. Се работи за два објекти каде беа вработени над илјада работници, кои ќе ги добијат преку овој договор заостанатите плати а со инвестицијата во нова опрема од 10 милиони евра би можело да се каже и дека ќе се обезбеди нивната иднина.

На овој начин, со потписот на тогашниот заменик премиер Пешевски на договорот со сопственикот н концесионерот Валканов се означи, како што ќе видиме потоа „почеток на долго пријателство“ (да ја искористиме репликата изговорена од страна на Хемфри Богарт во филмот „Казабланка“) меѓу софиската и скопската економија.

Но, секако спогодбата е значајна и за политиката што го потврди со своја изјава времениот премиер во техничката влада – вмровецот Емил Димитриев кој потекнува од Пробиштип. Требаше да се покаже некаков меѓународен потенцијал за привлекување на надворешен капитал а да се замати инаку јасната слика дека ВМРО ДПМНЕ е само извор на неволји за стабилноста на континентот. На формален план, гледано низ редуцирана, дводимензионална слика понудата е привлечна – „Минстрој холдинг“ веќе има 2.500 вработени и стопанисува со 6 најголеми рудници во Бугарија.

На стартот на премиерските амбиции на Груевски

Обидот за пенетрација во македонската економија од страна на бугарските копачи на руда преку партијата на Груевски, иако барем како камуфлажа на вистинските актери,  постоеше и во 2006 година, кога ВМРО ДПМНЕ се врати на власт.

Колку за да се види континуитетот на односите! Ова инаку се случи преку натпреварот за преземање на ТЕЦ Неготино од прегратките на австриската ЕВН (која, нели, презеде сегмент на ЕСМ) што значеше добивање на корист од идната влада во две фази. Најпрвин, во првата фаза, да дојде до поништувањето на договорот со ЕВН за тој објект а во следната фаза и да има доделување на нова концесија на една божем канадска фирма. Истата се покажа дека има софиска адреса, која пак, како што открија новинарите, била – непостоечка.

Се говореше дека божемната канадска фирма „Хач“ а всушност рековме бугарска („Фајненс инжинеринг“), беше избор на потесниот кабинет на Груевски! Се вмеша и меѓународниот фактор, кој сметаше дека оваа групировка била пристрасна а дека добитник треба да е грчката фирма „Сенкап“ зад која стоеше капиталот на Медлин Олбрајт, поранешна врвна членка на кабинетите на американските претседатели.

Зад релацијата со бугарскиот купувач стоеше секако Груевски, се споменуваше и кумот Ставревски, а зад понудата на Олбрајт стоеше министерката за економија Вера Рафајловска, односно нејзиниот шеф од новооснованата НСДП,  кој со своите 7 пратеници го растури СДСМ а го донесе на власт ВМРО ДПМНЕ и ни го остави една деценија на тронот на државата. Знаеме дека после две години борење меѓу интересите во кругот на Владата на Груевски  – а практично меѓу споменатите фирми – дојде до распад на коалицијата со НСДП.

Како и да е,  бугарската подземна економија во оваа афера одигра значајна улога и покажа дека има цврсти канали преку кои влијае на политичките потези на македонските власти. Или поточно дека зад превезот на анонимните софиски адреси се кријат долгорочни намери.

Директорувањето во Балканска банка

 Само накусо да споменеме дека „јуношот“ Груевски ја започна својата кариера во Балканска банка. Истата се смета за банка која е врзана за Мултигруп?! Тоа е подоцна прикриен факт, секако заради некаква, насетлива причина. Имено „во трите биографии различни се и податоците за работниот ангажман на Груевски во Балканска банка.

Во 1998 година тој навел дека во 1995 година се вработил во оваа банка, на позиција директор на хартии од вредност, план и анализа. Во биографијата од 2006 година, пак, стои дека Груевски работел во Балканска банка од 1994 до 1998 година и дека во 1998 година е директор на секторот за ликвидност. Во најновата биографија на премиерот не се спомнува неговиот ангажман во Балканска банка“

И сега пак се враќаме на договорот со иверката на „Мултигруп“ – „Минстрој“. Таа фирма секако се обидела во 2016 година да го рашири своето рударско царство и во Македонија а за возврат на партијата која веќе била на работ на амбисот да и влее оптимизам, бидејќи, би покажала дека иако нема релевантна меѓународна поддршка Груевски има инвестиционен капацитет.

Потоа, компанијата би врзала гласови на изборите од вториот и третиот изборен округ преку семејствата на рударите кои имаат чувство дека нивниот опстанок е битен и е врзан за јабанџијата Валканов. Се смета според некои реакции објавени деновиве само рудникот Злетово врзува како егзистенцијално гнездо рудари од 18 села во Злетовско а тука е пред се и градот Пробиштип.

Дали во време на предизборието, кога со земјата управува влада со скусени ингеренции, воведени со вториот Пржински договор, можеше да се склучуваат такви договори? Можеа ли тие да останат и потоа, кога ќе се формира новата влада? Овие прашања тогаш не ги постави никој, па немаше ниту одговор, ама сомнежот останува, пред се во однос на ингеренциите што ги имал в.д. премиерот Емил Димитриев. За споредба владата на Бучковски во 2005 година склучи договор за преземање на дел од ЕСМ со австриски ЕВН, ама го остави договорот беа дефинитивен потпис, оставајќи и на следната влада да даде дефинитивна одлука за тој дил.

Јасно, би ни зело простор да се навраќаме на ситуацијата со рудниците кај нас, кои само, да напоменеме, најпрвин беа предмет на преземање од валкан кипарски капитал, изнесен од страна на Милошевиќ и неговата клика, преку куферите на тогашната гувернерка Борка Вучиќ а потоа перен низ јужниот Балкан. Базата на инфилтрацијата беше во Пиреја!

Номинално тоа беше грчка компанија. Се гледа дека таквите процеси на средни патеки не носат среќа за рударите, фрлени по амбисот на транзицијата.

ВМРО ДПМНЕ во таа, за неа судбоносна 2016 година, секако се фаќала за фарбата а не за суштината на тој процес.

Потврдување на сојузот од пред една година

Дали нешто се менувало лани кога се водени разговорите на највисоко ниво, пред една година и тоа меѓу тогашниот претседател на оваа партија? Секако не – се работи за месец април, изборот на парламентарци и изборот за местото претседател на државата е во тек, секоја поддршка е добредојдена а поддршката за партијата ВМРО ДПМНЕ, како опозициска, за првиот на листата за третиот изборен округ Ковачки и за поранешниот градоначалник на Пробиштип, сега управител на Тораница – Тони Тоневски!

„Не случајно за време на кампањата за избор на претседател Валканов нескриено даде поддршка токму за лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, експонент на најжестокиот анти-бугаризам. Но, поддршка доби и носителот на пратеничката листа од истата партија во ИЕ 3, Драган Ковачки.

Веројатно бугарското општество едвај знае дека Драган Ковачки, кој е воено лице и член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, е санкциониран од НАТО и не може да пристапи до тајни информации на Алијансата. Оваа санкција против него е доволен знак кого поддржува бугарскиот бизнисмен.

Во евроатлантските кругови во Македонија, Драган е познат како проширувач  на лажни вести и лице кое постојано ја напаѓа министерката за одбрана Славјанка Петровска, која ѝ дава безрезервна поддршка на Украина против агресијата на Путинова Русија“. Ова е само дел од анализата на бугарскиот Фактор, објавена во „Независен“ која ја разоткрива сета лажна платформа на анти-бугарството на ВМРО ДПМНЕ на чии крилја се базираше политичката агенда на претседателските и парламентарни избори во земјата лани а зад кои стои големата сенка на Кремљ.

Добро, има тука парадокси – Ковачки ќе биде наскоро домаќин на една трибина во седиштето на НАТО, иако беше носител на реторика која постојано е антизападна. Но, јасно, поддршката која е стекната на таа средба од минатата година меѓу Мицковски и Николај Валканов е таа што денес на сите можни начини, од петни жили, се настојува да се одбрани она што не може да се одбрани при еколошкиот инцидент во кругот на Тораница, документиран со извештаи од најмалку две независни стручни анализи.

Власта најнапред се обиде да го одмолчи фактот дека Крива река баздела на отпадот во неа, потоа полека почна да реагира на „одокативно“ видени анализи, па се до доцна земени мостри од водата, некаде после 20-тина дена (!). Но се покажа дека и тие задоцнети истраги покажуваат големо еколошко загадување. Се дозволува, нели, Тораница да плати казна од 200.000 евра под услов  тоа да се потврди со спогодба меѓу централната влада и рудникот на Валканов.

Јасно, можно е и таа сума да падне, што воопшто не е важно. Главно е дека лојалноста на екипата на Мицковски мора да се покаже како доследна на предизборниот договор – не ја ч’чкаме мултигруповата мечка! Таа е заштитена со усниот договор а ние како влада сме тука – џентлмени.

Останува времето да ни открие што се’ се сокрива зад тоа долго пријателство, потврдено минатиот април меѓу Валканов и Мицковски, ама и ова е доволно да назреме колку е големо таблото на кое се истакнати ликовите за поткрепа на оваа власт од страна на нашиот омилен непријател.

Текстот е личен став на Авторот. 

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Креирано со помош на ВИ

    Спектакуларен настап на стенд ап комедијантот Мицкоски – „Не бев статист во Давос“

    141 shares
    Share 56 Tweet 35
  • Трамп се пишмани – го повлекува шефот на граничните сили од Минеаполис поради растечкиот отпор кон ICE

    101 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Проф. д-р Андонов на настан во Собранието: Владата шири евроскептицизам

    99 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Казни со камери на патишта полни со дупки: Апсурдот на новите „реформи“ во високото образование

    93 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Њујорк тајмс: Албанија создаде „дигитална министерка“ за сузбивање на корупцијата, потоа креаторите се најдоа под истрага за корупција

    93 shares
    Share 37 Tweet 23
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ