• Latest

Орданоски: Нема оправање на овој тип држава

August 12, 2016

ЕУ не исклучува можност за одложување на спроведувањето на делови од Законот за вештачка интелигенција

June 6, 2025
Фото: Креирано со помош на ВИ

Москва е подготвена да му даде азил на Маск ако затреба поради расправијата со Трамп

June 6, 2025
Фото: МИА

Кошта посочи дека ЕУ ќе го казни Израел за војната во Појасот Газа

June 6, 2025
Фото: Скриншот

Белградскиот Основен суд ја отфрли иницијативата за лишување на Вучиќ од деловна способност, но утврди елементи на кривично дело

June 6, 2025
Фото: МИА

ЕУ со поддршка за Меѓународниот кривичен суд по санкциите од САД

June 6, 2025
Фото: Креирано со ппомошна ВИ

Односот Трамп-Маск се распаѓа со меѓусебни навреди и закани

June 6, 2025
Трагедија во кочанската дискотека Пулс, 16 март 2025 (фото извор: скриншот од снимка на ТВ Кочани)

Од Клиничкиот центар во Белград отпуштени последните два пациента поврдени во пожарот во Кочани

June 6, 2025

Усвоен план за подобро справување со сајбер напади и кризи во ЕУ

June 6, 2025
Семејна фотографија од министрите за одбара во НАТО Фото: НАТО

Министрите за одбрана на НАТО дефинираа нови цели за капацитети за зајакнување на Алијансата

June 6, 2025
Војо Маневски

Дали да гласа дијаспората не е вистинското прашање

June 6, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home Uncategorized

Орданоски: Нема оправање на овој тип држава

August 12, 2016 19:35
in Uncategorized
Share on FacebookShare on Twitter

Политичкиот аналитичар д-р Сашо Орданоски, во рамките на редовните видео-анализи при проектот на ЦИВИЛ за изборно набљудување – „Напред!“, го анализира нефункционирањето на системот за време на поплавата во Скопје и околните населени места. Кои се причините за тоа и што треба да се направи? – анализира д-р Орданоски, врвен аналитичар и универзитетски професор:

ordanoskiПоследните настани околу поплавите покажаа дека клучните системи во државата што би требало да постојат и фунцкионираат во предвидување и превенција на овој тип на несреќи, како и оние кои треба да се занимаваат со нивна санација – не функционираат добро или воопшто не функционираат!

Не успеавме да предвидиме дека ќе се случат такви врнежи какви што се случија, иако без оглед на природните феномени, тоа не би требало да е преголем предизвик за функционални служби, кои се занимаваат со хидрометеорологија. Сите елементи кои требаше да ги спречат тој тип на поплави, од чистење на каналите за одводнување, до бариери и друг тип на системи кои треба да се справат со тој тип на стихија – не функционираат!

Пошумувањето… Гледаме дека и по 50 милиони засадени дрвца во Македонија, таму каде што треба да ги има за да спречат поплави – и тоа не функционира. Тоа е еден дел од приказната.

Потоа дојде другиот дел, за време на самата трагедија, којашто траеше неколку часови. Видовме дека човечки животи можеа да бидат спасени, доколку функционираат тој тип на системи кои треба да се занимаваат со активирање на своите капацитети, додека трае тој вид на катастрофи. И тоа потфрли.

Потоа, дојде делот на санација на штетите. Низ тој период сѐ уште живееме. Гледаме дека државата не беше во состојба повеќе денови да реагира како што е потребно. Затоа, се активираа разни приватни, персонални реакции  кои се секако пофалба, зашто на луѓето во тие моменти им се будат инстинктите за солидарност и  помош. Но, тоа доаѓа како реакција на нефункционалноста на државните системи кои треба да се носат со тој вид на последици.

Сето тоа е резултат на една долгогодишна државна пракса, која подразбира негативна кадровска селекција, луѓе кои водат институции, а не се за тоа подготвени, што подразбира дека целокупната власт дури и во овој тип на функционални системи е сведена пирамидално – на еден човек. Тој човек мораше да се врати од одмор од Анталија, иако нема формално никакви овластувања, да застане како командант на целата таа лоша парада, за да почне да ги координира државните институции, органи, управи и дирекции… за тие да почнат некако да функционираат. За жал, да не беше трагично, имаше тука и смешни елементи на давање, на читање лекции на надлежни државни функционери. Сето тоа остави не само непријатен впечаток, туку де-факто, овозможи практично она што требаше да следува како ефикасна реакција на тој тип на несреќи, да не се случи во даденото време.

ordanoski - civil media setНо, тоа е Македонија. Ова не треба да нѐ чуди премногу. Во овој тип на држави, каде што се владее главно преку тендери, каде овој тип на функционери се повеќе задолжени за тоа, отколку да им  функционираат службите, токму тоа се случува.

Вие сега констатирате дека во државата нема некаков магацин, што би требало да има некакви резерви на вода, магацин со резерви од гумени чизми, пумпи за одводнување… Сега се распишуваат тендери за електрични пумпи кои не функционираат оти нема струја. На тоа граѓаните одговараат со стихијни акции за помош, кој-колку може, но тоа е несоодветен одговор на овој тип на предизвици кои ги предизвикуваат понекогаш природата, понекогаш други тип на непријатности и кога сите се надеваме, дека постои некоја држава што ќе се справи со тоа. Во држава која има 200,000 администрација, а само во последниот конкурс на МВР примија 600 луѓе на работа, млади, прави, способни, енергични луѓе, ние дојдовме во ситуација во која мора да помагаат возрасни луѓе, во години, за притоа да се констатира дека нема ни лопати за тоа да се направи – за да им ја намалиме болката на луѓето кои беа погодени од несреќата или да се санираат последиците.

Нема оправање на овој тип на држава, зашто таа е поставена накриво, на глава! Мене нема да ме зачуди, и џабе што зборуваме, дека сите градби кои се направени на кејот на Вардар од проектот ‘Скопје 2014’, не треба да бидат таму поставени поради ризикот од овој тип последици, при поплави, земјотреси… Сите надлежни тоа го знаат, а никој немаше, ниту сега има сила да се побуни против тоа, да повлече некој потег, што ќе предупреди на тоа.

Утре, не дај боже, кога ќе ни случи катастрофа со многу поголеми последици, ние повторно ќе се навраќаме на овој тип анализи. И повторно, тие што ги прават анализите, ќе бидат обвинувани дека прават политикантство, дека сега не е време за барање одговорност и повикување на некакви извештаи што ќе констатираат слабости, затоа што „сега е време да се помага, а не да се критикува“.

ordanoski - analiza

Така, државата нема да оди напред, и затоа оваа држава не оди напред.

Во такви ситуации луѓето почнуваат да веруваат во господ или бог, дека тоа е судбина, така е дадено и дека нема спас. Нацијата станува сѐ поболна и сѐ повеќе насочена кон бајачки, наместо да очекува да види каде се трошат парите и како се поставува соодветен систем што ќе се справи со овие болести.

Поради тоа, прашањето на одговорноста е бесмислено да се поставува. Одговорноста е концентрирана во еден човек кој има дури и неформална функција, претседател на партија. Ако таа одговорност се испостави дека треба да се поднесе, тогаш треба да се распадне целата пирамида. Бидејќи тука не е возможно да поставите прашање зошто е тоа така, никој не поднесува оставки, никој не повлекува потези кои ќе укажат на лична или одговорност на институции.

Сето тоа преминува во политички конфронтации и во една состојба во која ништо не се подобрува, за следната прилика кога можеби повторно би се случиле ваквите работи.

Обработка на текст: Моника Талеска

Камера: Атанас Петровски

Монтажа: Владо Крстевски

Фото: Џабир Дерала

 


german-cooperation-logo-cОваа анализа е дел од проектот „Напред!“ чија основна цел е да овозможи долгорочен мониторинг, анализи и препораки кои се однесуваат на општествено-политичките настани и процеси во изборен контекст. Проектот е финансиран со германски средства на Пактот за стабилност за Југоисточна Европа.

Print Friendly, PDF & Email
Tags: администрацијавладаВМРО-ДПМНЕМакедонијаНикола ГруевскиодговорностпартијаполитикапоплаваСашо ОрданоскисистемСкопје 2014тендери
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Бранимир Јовановиќ за ЦИВИЛ МЕДИА: Македонија навистина е четврто место во Европа по економски развој – ама од позади!

    105 shares
    Share 42 Tweet 26
  • Осумнаесетгодишниот син на Блерим Беџети од ДУИ примил 12.000 евра од Комунална хигиена – Скопје за „интелектуални услуги и совети“ за заштита на животната средина

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Украинските дронови погодија над 40 руски стратешки бомбардери во шокантен напад далеку зад линиите на фронтот

    94 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Поранешниот командант на ОВК, Бреза, уапсен по 22 години бегство

    92 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Брисел насетува оти Мицкоски е подготвен да го жртвува и Извештајот во ЕП

    92 shares
    Share 37 Tweet 23

CIVIL MEDIA NEWSLETTER

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ