• Latest

Преговори за спас на криминалците

April 20, 2016
Скриншот од видео на ВВС

Нова политичка реалност во САД: изборите во Њујорк покажуваат инклузивност и промена во политичката култура

November 5, 2025

ОД БЕЛЕЖНИКОТ НА НАБЉУДУВАЧОТ НА ЦИВИЛ (1): Виц што не е виц – дедо и внук во спротивни „изборни“ улоги

November 5, 2025
Скриншот од видео на Х

Хоџиќ: Мамдани победи во битката за Њујорк, но му даде надеж на светот!

November 5, 2025

Шефот на ОН предупредува дека силите за стабилизација во Газа мора да имаат меѓународен легитимитет

November 5, 2025
Скриншот од видео на
Baku TV | RU

Од Русија со „братска љубов“: Срцепарателните изјави на Песков  во македонските медиуми

November 5, 2025

Ројтерс: Кина забранува странски чипови за вештачка интелигенција во центри за податоци финансирани од државата

November 5, 2025

До ДИК се поднесени 16 приговори за гласањето во вториот круг од локалните избори, рокот завршува во 16 и 30 часот

November 5, 2025

Координативното тело на Кодексот за однесува во онлајн просторот: 8 преставки за прекршувања на новинарски и политички етички стандарди во изборниот процес

November 5, 2025

Македонија меѓу амбицијата и застојот, Уставните измени – тест на зрелоста за европската иднина

November 5, 2025

Вонредна седница на белгискиот Совет за национална безбедност поради инцидентите со дроновите

November 5, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home Uncategorized

Преговори за спас на криминалците

April 20, 2016 21:59
in Uncategorized
Share on FacebookShare on Twitter

Во врска со Пржино и сега Виена… Сакам да ми објасни некој дали се преговара за судбината на Република Македонија, за ново позиционирање на партнерите Никола Груевски и Али Ахмети или за нова бирократска спогодба меѓу Зоран Заев и сите останати на зелената маса…

Shkruan: Xhabir Derala
Пишува: Џабир Дерала

Сè уште не можам да сфатам како дојде до тоа преговарачи да бидат тешките престапници за чии гнасотилаци слушнавме од прислушуваните материјали, и тие за кои знаевме, и тие што ги претпоставувавме, но и тие што не можевме да ги замислиме. Нема логика.
Нема логика тие што донесоа мизерија и насилство да преговараат за тоа како да се извлечеме од таа иста мизерија и насилство. Тоа ви е како да фатите крадец и потоа тој да ви наметнува услови за тоа како да се надомести штетата. Не да го врати тоа што го украл, туку како да се поништи делото.
Не! Всушност, ситуацијата е уште полоша, поапсурдна и гротескна. Всушност, престапникот преговара со единствен услов – да остане на власт, да помине потполно неказнето и да продолжи со тешкиот криминал. Намерата да продолжи со истиот, па и потежок криминал е очигледна од сите јавни настапи, а да не зборуваме за подземните активности за кои дознаваме секојдневно. Толку е апсурдно што човек со здрав разум може само да се чуди на тоа како државата се довела до таква состојба да не функционира, а животот на луѓето да зависи од тоа дали и како ќе се снајдат во секојдневието исполнето со лавиринт од провидни гангстерски трикови и насилништво.
Неверојатно е како политичарите си поигруваат со логиката и ситуациите кои се апсурдни до болка, ги наметнуваат како секојдневна и обична рутина.
Се потпишаа, не еднаш, туку два пати на договорот да се залечи земјата од тешката криза, а потоа отворија преговори. И тие преговори, наместо да станат алатка за спроведување, се претворија во алатка за кршење на договорот. Со сиот циркус кој граѓаните ги чини живот и достоинство.
Специјалното јавно обвинителство кое работи според словото на законот, со блескав професионализам, стана омилена институција. Зошто? Затоа што сме се одвикнале од тоа некој совесно и професионално да си ја врши работата. Затоа што се одвикнавме од тоа дека држава не значи збирштина, не значи гнездо на арамии и насилници.
Гледам, дури и полицијата се менува. Дел од неа. Пољубезни се, попрофесионални, подостапни. И ова го кажувам наспроти сите немили сцени на насилство и бруталност кои ги видовме во првите два дена од новиот бран на продемократските протести кои започнаа минатата недела, наспроти приведувањето и тричасовното испрашување на новинарите од Приштина. Сменет им е односот. Деновиве, полицајците без збор прифаќаат цвеќе од демонстрантите, дозволуваат да им го избришете шлемот од залутано протест – јајце, ве замолуваат да ја намалите брзината на возење, бидејќи патот е лош (поздрав до полициската екипа со која имав таков контакт неодамна!), извикуваат „И ние сме со вас!“ од зад штитовите.
И преговори… Повторно преговори, сега во Виена, во кои е извесно дека ќе се преговара за спас, па и за продолжение на владеењето на тешките престапници, а не за спас на Република Македонија. Не за ослободување на медиумите, не за вистинско прочистување на Избирачкиот список, не за слободни избори, не за непречена работа на Специјалното јавно обвинителство (единствената ѕвезда на црното македонско небо)…
И повторно, преговорите се ограничија на четворица мажи од кои распоредот на силите е 3:1. Зошто? Овие десетици илјади луѓе кои веќе втора недела демонстрираат барајќи правда, слобода и мир, како и други десетици, па и стотици илјади луѓе кои сè уште не се осмелуваат да си го кажат својот став имаат уште претставници. Зошто и тие да не се најдат на таа маса? Ако веќе мора да се преговара.
Јас лично не отстапувам од ставот дека не смее да се преговара со престапници, туку тие треба да се соочат со правдата. Но кога веќе има преговори, нам ни треба доказ дека се во интерес на граѓаните, а не за спас на осомничени за тежок криминал и изборна кражба! И не смее да се дозволи преговорите да се претворат во анестезија за насобраниот револт на илјадниците гласни слободари.
Стотици илјади луѓе чмаат по ќошињата од своите разорени животи, уплашени, разочарани од сите и од сè, чекаат спас. Преживуваат, но сè потешко и недостоинствено.

Tags: DogovorВиенаЗоран Заевизбирачки списокизборикриминалМедиумиопозицијаполитичка кризаПреговориПржиноСЈОСпецијално јавно обвинителствоЦивил
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

    189 shares
    Share 76 Tweet 47
  • Блиската врска со Путин на коосновачот на Гунвор – купувачот на странските подружниците на Лукоил

    103 shares
    Share 41 Tweet 26
  • Од Русија со „братска љубов“: Срцепарателните изјави на Песков  во македонските медиуми

    98 shares
    Share 39 Tweet 25
  • „Метеж во Москва“ – Украина погоди критичен воен систем за гориво во близина на руската престолнина

    98 shares
    Share 39 Tweet 25
  • ОБСЕ/ОДИХР: Кампањата во вториот круг беше повоздржана од првиот круг, со одделни случаи на лични напади

    93 shares
    Share 37 Tweet 23
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ