• Latest

Уставни измени или избори?

October 17, 2018

Денот на знамето на Кримските Татари: Кек бајрак, симбол на достоинство, отпор и слобода

June 26, 2026

Претседателска катарза

June 26, 2026
Конференцијата за обнова на Украина, 26 јуни 2026

Украина и во војна се обновува: На конференцијата во Гдањск се очекуваат договори од над 10 милијарди евра, Русија продолжува со напади врз цивилни цели

June 25, 2026
Вилен Темерјанов и знамињата на Кримските Татари и Украина

Вилен Темерјанов: Знаме на достоинството, глас што рускиот окупатор не успеа да го замолчи

June 25, 2026

Извештај на ДЗР: Се бележи раст на приходите, но и сериозни слабости во управувањето на АД МЕПСО

June 25, 2026

Спин по мерка на власта – aвтомобили горат, јавноста на скијање

June 25, 2026

Нашминкан отчет за раскантан систем: Што навистина кријат бројките на министерката Јаневска?

June 25, 2026

Случајот Јанушев: Државната комисија за спречување на корупцијата го проширува предметот за генералниот секретар на Владата

June 25, 2026

Изгубените 10 години од Брегзит, генерациската цена и бавното враќање

June 24, 2026

Отчетот на министерката за образование меѓу бројките без суштина и реалноста

June 24, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Уставни измени или избори?

October 17, 2018 16:30
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Во Собранието денеска продолжи расправата за Предлогот за пристапување кон уставни измени за имплементирање на Договорот од Преспа, меѓу Македонија и Грција, предложен од Владата. 

Ова е трет ден од расправата за предлогот, и според информациите од Собранието гласањето ќе се случи во петок.

Помошник државниот секретар на САД за Европа и Евроазија, Вес Мичел испрати јасен и сериозен сигнал дека веќе нема простор за поигрување со судбината на Македонија. Мичел, без заобиколувања и без дипломатски ракавици, му напиша на Мицкоски дека САД се разочарани од водството на оваа партија од односот кон референдумот и кон чекорите во Собранието за уставните измени.

„Како што веќе разговаравме, Соединетите Држави силно веруваат дека Преспанскиот договорот меѓу Македонија и Грција е историска можност за Македонија да обезбеди посветла иднина и да придонесе кон регионалната безбедност, стабилност и просперитет. Наспроти тврдењата дека можело да се постигне некаков „подобар договор”, ние не веруваме во такво нешто. Овој договор бараше компромис и од двете страни. Тоа е прилика што веројатно нема да се повтори со години, ако не и со децении“ – пишува Мичел во писмото до Мицкоски.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски денеска му одговори на вчерашното писмо на помошникот државен секретар на САД, Вес Мичел, дека Договорот од Преспа е неприфатлив за ВМРО-ДПМНЕ.

Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ се откажаа од дебатата во Собрание и ги повикаа колегите на гласање.

Владеачката партија пак истакна дека доколку Христијан Мицкоски продолжи  да ја блокира иднината на Македонија, во следните неколку денови парламентарното мнозинство ќе распише предвремени парламентарни избори.

„Граѓаните ќе ја донесат одлуката, со огромно мнозинство ќе победи опцијата за иднината, Македонија ќе биде дел од НАТО и ЕУ“, се вели во реакцијата на СДСМ.

ЗНМ и ССНМ бараат од одговорниот уредник Атанас Кировски на ТВ Телма да ја повлече наредбата за забрана на изразување мислења и ставови на социјалните мрежи на новинарите вработени во редакцијата објавена на огласната табла на медиумот. Според нив содржината и тонот на наредбата се особено навредливи и понижувачки, не само за новинарите во ТВ Телма, туку и за имиџот на самата куќа и нејзиното раководство.

„Однесувањето на новинарите на социјалните мрежи не може и не смее да се ограничува, исто како што не може и не смее да има разлика меѓу нивниот професионален и приватен систем на вредности. Но, тоа не е прашање на наредби и санкции, туку прашање на фундаменталниот интегритет на новинарот и прашање на внатрешен дијалог и доверба во редакцијата која пак, својот интегритет го црпи токму од новинарите и нејзините уредници“, се вели во соопштението.

„Сакам во името на ЗНМ најостро да ја осудам практиката на забранување на било какви коментари на новинарите на ТВ Телма од директорот и главниот уредник Атанас Кировски. Убедени сме дека ваква општа , арбитрарна и селективна забрана на било какви коментари на новинарите на социјалните мрежи за наводно зачувување на неутралноста на телевизијата претставува кршење на слободата на говорот што во Македонија е загарантирана со Уставот, а и со меѓународните документи“, изјави претседателот на ЗНМ, Насер Селмани.

Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен предлог против едно лице за сторено кривично дело – Загрозување на сигурноста од чл.144 ст.4 од Кривичниот законик, односно за закана кон новинар преку социјална мрежа. Обвинителниот предлог се однесува на актерот и член на Управниот одбор на ВМРО ДПМНЕ, Тони Михајловски. 

Грчкиот министер за надворешни работи, Никос Коѕијас, денеска поднесе оставка по вчерашната средба на кабинетот, каде тој жестоко се судри со министерот за одбрана Панос Каменос, во врска со Договорот од Преспа, пишува Катимерини.

Според изворите на Катимерини, Коѕијас е незадоволен од тоа што за време на вчерашната средба премиерот Алексис Ципрас воопшто не се обидел да го поддржи и да се спротистави на нападите од Каменос.

А. П.

Tags: Атанас КировскигласањеДоговор со ГрцијаЗоран ЗаевНасер СелманиНикос КоѕијасОЈОоставкаСАДСобрание на Република МакедонијаССНМТони Михајловскиуставни измениХристијан Мицкоски
Share1TweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ