• Latest
Проф. д-р Стево Пендаровски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

(ВИДЕО И ТРАНСКРИПТ) Пендаровски: Политичката елита вели НАТО, а де факто сака во „другиот свет“

December 26, 2025

Трите порази што го разголуваат апсолутизмот на Вучиќ

December 27, 2025

Лорик Идризи: Дезинформациите и малигните наративи ја попречуваат евроатлантската интеграција, едукацијата на младите е клучот за демократијата

December 27, 2025

Процедурална магла над Скопје

December 27, 2025

Косовски безбедносни и политички експерти бараат реакција од ЕУ против Србија за отворање работни места во паралелни институции во Косово

December 27, 2025
Фотографија: Собрание на РСМ

Гаши ќе воведува календар на активности и пленарни седници во Собранието за поквалитетна комуникација со Владата со

December 27, 2025
Кијив, 27 декември 2025, напад со руски дронови и ракети (Фото: ДСНС Кијив)

Теророт како „дипломатија“: Стотици руски дронови и ракети врз Кијив пред средбата Зеленски–Трамп

December 27, 2025

Даночен лов на иселениците: преседан што ја разголува државната немоќ

December 27, 2025
Thailand and Cambodia signing ceasefire, December 27 2025
Source> Screenshot Mirror

Тајланд и Камбоџа постигнаа договор за прекин на огнот по неколкунеделните смртоносни судири

December 27, 2025

Ексклузивно од Ројтерс: Русија веројатно поставува нови хиперсонични ракети во поранешната воздухопловна база во Белорусија, откриваат истражувачите

December 27, 2025
Trump & Netanyahu
Source- screenshot BBC

Американскиот тим фрустриран од Нетанјаху: застој и сомнежи околу мирот во Газа

December 27, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
    Фотографија: Собрание на РСМ

    Гаши ќе воведува календар на активности и пленарни седници во Собранието за поквалитетна комуникација со Владата со

    Кијив, 27 декември 2025, напад со руски дронови и ракети (Фото: ДСНС Кијив)

    Теророт како „дипломатија“: Стотици руски дронови и ракети врз Кијив пред средбата Зеленски–Трамп

    Thailand and Cambodia signing ceasefire, December 27 2025
Source> Screenshot Mirror

    Тајланд и Камбоџа постигнаа договор за прекин на огнот по неколкунеделните смртоносни судири

    Ексклузивно од Ројтерс: Русија веројатно поставува нови хиперсонични ракети во поранешната воздухопловна база во Белорусија, откриваат истражувачите

    Trump & Netanyahu
Source- screenshot BBC

    Американскиот тим фрустриран од Нетанјаху: застој и сомнежи околу мирот во Газа

    Фото: Скриншот од видео на VISEGRAD/ X

    Зеленски најави дека викендов ќе се сретне со Трамп на Флорида: Многу работи може да се решат пред Нова година

    Филипче: Нереални проекции, реални тешкотии – годината што доаѓа ќе биде потешка

    Василевски: НАТО никогаш не била посилна, а ЕУ сфати дека единството е клучно

    Проф. д-р Стево Пендаровски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    (ВИДЕО И ТРАНСКРИПТ) Пендаровски: Политичката елита вели НАТО, а де факто сака во „другиот свет“

    Илустрација ВИ

    Изборен законик на хартија, нерегуларности во пракса: ЦИВИЛ алармира за системски колапс

  • ПОЛИТИКА
    • Категорија
    • ПОЛИТИЧКИ ОКЕЈ КОРАЛ
    Фотографија: Собрание на РСМ

    Гаши ќе воведува календар на активности и пленарни седници во Собранието за поквалитетна комуникација со Владата со

    Даночен лов на иселениците: преседан што ја разголува државната немоќ

    Ерол Шакири

    Барате повратна миграција, добивaте отуѓеност од сопствената држава

    Кога политиката се користи како магичен трик. Илустрација: AI / ChatGPT / CIVIL

    „Историска“ одлука без одлука: Како Советот на Скопје реши да не реши ништо

    Филипче: Нереални проекции, реални тешкотии – годината што доаѓа ќе биде потешка

    Фото: Фејсбук на ЗХД

    Едногласна одлука на Советот на Град Скопје: „Усје“ надвор од Скопје

    Мицкоски: Граѓаните можат да купуваат повеќе со минималната плата споредбено со соседите… минус Грција

    ДУИ: Стоилковиќ го претвори Министерството во инструмент за дискриминација, отпушти 7 Албанци од работа

    Позната матрица: Заробување на државата

    Вучиќева Србија: Не може и „ќациленд“ и странски инвестиции под една мишка  

  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО

    Кривична пријава против пет лица од Тетово за трговија и силување на 15 годишно девојче

    Бугарија со инвестиција над 260 милиони евра за железницата кон Северна Македонија

    Од 1 јануари струјата поскапува – сметките растат од 57 до 900 денари

    Фото: ВИ

    Ларви и инсекти во киви од Србија: АХВ стопира увоз и нареди уништување на 22 тони

    Поради маглата има откажани и летови што се реализираат со задоцнување во аеродромот во Скопје

    Кој знаел, кој дозволил, кој премолчел? – Родителите на жртвите од „Пулс“ со нови барања до Обвинителството

    Скопје на второ место по загаденост во Европа

    Фото: Драган Мишев/ ЦивилМедиа

    Град Скопје со препораки за заштита од загадениот воздух: Користете јавен превоз и избегнувајте кола!

    Фото: МВР

    Приведени 11 лица, по двајца се трага за милионски злоупотреби во ЕСМ

    Скопје под смог-аларм: Бремените и хронично болните дома, градот и понатаму се гуши

  • СЛОБОДНА ЗОНА
    • Категорија
    • ES-PRESS-O
    • БЛИЦ
    • БРЗА ПОШТА
    • ДИПЛОМАТСКА ПРИЗМА
    • ДОБРО УТРО СО ОРДАНОСКИ
    • ЕДИТОРИЈАЛ
    • ПО ДОПРЕН ГЛАС
    • САТИРА
    • ТЕЖИШТЕ
    Ерол Шакири

    Барате повратна миграција, добивaте отуѓеност од сопствената држава

    Кога политиката се користи како магичен трик. Илустрација: AI / ChatGPT / CIVIL

    „Историска“ одлука без одлука: Како Советот на Скопје реши да не реши ништо

    Џабир Дерала (фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ за УКРИНФОРМ)

    Нека е честит Црниот понеделник

    Се расте преку ноќ, само не и минималната плата!

    Фотомонтажа: ЦИВИЛ/ скриншот од видеа на Х

    ВМРО опозициско против ДПМНЕ владејачко – ветер и магла

    Илустрација генерирана со помош на алатки на OpenAI.

    Огледалото што го создадовме: Кога машините научија да сонуваат

    Креирано со помош на ВИ

    Вучиќу, што се ку*чиш кога не знаеш да леташ?

    Украина е посветена на демократијата

    Скриншот од видео на DawnNews English

    Анкетите сигнализираат дека Орбан може да ја изгуби власта во 2026 година, тој заплашува со војна ако падне

    Чиста, чиста, чиста Нова Година!

  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
    Фотографија: Собрание на РСМ

    Гаши ќе воведува календар на активности и пленарни седници во Собранието за поквалитетна комуникација со Владата со

    Кијив, 27 декември 2025, напад со руски дронови и ракети (Фото: ДСНС Кијив)

    Теророт како „дипломатија“: Стотици руски дронови и ракети врз Кијив пред средбата Зеленски–Трамп

    Thailand and Cambodia signing ceasefire, December 27 2025
Source> Screenshot Mirror

    Тајланд и Камбоџа постигнаа договор за прекин на огнот по неколкунеделните смртоносни судири

    Ексклузивно од Ројтерс: Русија веројатно поставува нови хиперсонични ракети во поранешната воздухопловна база во Белорусија, откриваат истражувачите

    Trump & Netanyahu
Source- screenshot BBC

    Американскиот тим фрустриран од Нетанјаху: застој и сомнежи околу мирот во Газа

    Фото: Скриншот од видео на VISEGRAD/ X

    Зеленски најави дека викендов ќе се сретне со Трамп на Флорида: Многу работи може да се решат пред Нова година

    Филипче: Нереални проекции, реални тешкотии – годината што доаѓа ќе биде потешка

    Василевски: НАТО никогаш не била посилна, а ЕУ сфати дека единството е клучно

    Проф. д-р Стево Пендаровски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    (ВИДЕО И ТРАНСКРИПТ) Пендаровски: Политичката елита вели НАТО, а де факто сака во „другиот свет“

    Илустрација ВИ

    Изборен законик на хартија, нерегуларности во пракса: ЦИВИЛ алармира за системски колапс

  • ПОЛИТИКА
    • Категорија
    • ПОЛИТИЧКИ ОКЕЈ КОРАЛ
    Фотографија: Собрание на РСМ

    Гаши ќе воведува календар на активности и пленарни седници во Собранието за поквалитетна комуникација со Владата со

    Даночен лов на иселениците: преседан што ја разголува државната немоќ

    Ерол Шакири

    Барате повратна миграција, добивaте отуѓеност од сопствената држава

    Кога политиката се користи како магичен трик. Илустрација: AI / ChatGPT / CIVIL

    „Историска“ одлука без одлука: Како Советот на Скопје реши да не реши ништо

    Филипче: Нереални проекции, реални тешкотии – годината што доаѓа ќе биде потешка

    Фото: Фејсбук на ЗХД

    Едногласна одлука на Советот на Град Скопје: „Усје“ надвор од Скопје

    Мицкоски: Граѓаните можат да купуваат повеќе со минималната плата споредбено со соседите… минус Грција

    ДУИ: Стоилковиќ го претвори Министерството во инструмент за дискриминација, отпушти 7 Албанци од работа

    Позната матрица: Заробување на државата

    Вучиќева Србија: Не може и „ќациленд“ и странски инвестиции под една мишка  

  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО

    Кривична пријава против пет лица од Тетово за трговија и силување на 15 годишно девојче

    Бугарија со инвестиција над 260 милиони евра за железницата кон Северна Македонија

    Од 1 јануари струјата поскапува – сметките растат од 57 до 900 денари

    Фото: ВИ

    Ларви и инсекти во киви од Србија: АХВ стопира увоз и нареди уништување на 22 тони

    Поради маглата има откажани и летови што се реализираат со задоцнување во аеродромот во Скопје

    Кој знаел, кој дозволил, кој премолчел? – Родителите на жртвите од „Пулс“ со нови барања до Обвинителството

    Скопје на второ место по загаденост во Европа

    Фото: Драган Мишев/ ЦивилМедиа

    Град Скопје со препораки за заштита од загадениот воздух: Користете јавен превоз и избегнувајте кола!

    Фото: МВР

    Приведени 11 лица, по двајца се трага за милионски злоупотреби во ЕСМ

    Скопје под смог-аларм: Бремените и хронично болните дома, градот и понатаму се гуши

  • СЛОБОДНА ЗОНА
    • Категорија
    • ES-PRESS-O
    • БЛИЦ
    • БРЗА ПОШТА
    • ДИПЛОМАТСКА ПРИЗМА
    • ДОБРО УТРО СО ОРДАНОСКИ
    • ЕДИТОРИЈАЛ
    • ПО ДОПРЕН ГЛАС
    • САТИРА
    • ТЕЖИШТЕ
    Ерол Шакири

    Барате повратна миграција, добивaте отуѓеност од сопствената држава

    Кога политиката се користи како магичен трик. Илустрација: AI / ChatGPT / CIVIL

    „Историска“ одлука без одлука: Како Советот на Скопје реши да не реши ништо

    Џабир Дерала (фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ за УКРИНФОРМ)

    Нека е честит Црниот понеделник

    Се расте преку ноќ, само не и минималната плата!

    Фотомонтажа: ЦИВИЛ/ скриншот од видеа на Х

    ВМРО опозициско против ДПМНЕ владејачко – ветер и магла

    Илустрација генерирана со помош на алатки на OpenAI.

    Огледалото што го создадовме: Кога машините научија да сонуваат

    Креирано со помош на ВИ

    Вучиќу, што се ку*чиш кога не знаеш да леташ?

    Украина е посветена на демократијата

    Скриншот од видео на DawnNews English

    Анкетите сигнализираат дека Орбан може да ја изгуби власта во 2026 година, тој заплашува со војна ако падне

    Чиста, чиста, чиста Нова Година!

  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ФОРУМ ИНТЕРВЈУ

(ВИДЕО И ТРАНСКРИПТ) Пендаровски: Политичката елита вели НАТО, а де факто сака во „другиот свет“

December 26, 2025 13:44
in БЕЗБЕДНОСТ И ОДБРАНА, ВЕСТИ, ИНТЕРВЈУ, ТОП 5
Проф. д-р Стево Пендаровски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Проф. д-р Стево Пендаровски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Share on FacebookShare on Twitter

ЦИВИЛ го објавува целосниот транскрипт од големото ексклузивно интервју со проф. д-р Стево Пендаровски, поранешен претседател на Република Северна Македонија и еден од најискусните аналитичари за безбедност, разузнавање и геополитика во регионот и пошироко.

Во ова интервју Пендаровски проговори отворено, аргументирано и со невидена прецизност за хибридните операции што ја погодуваат земјата – и ги изговори можеби најострите предупредувања досега.

ЦИВИЛ: Како ја оценувате состојбата со хибридните закани во 2025 година со кои се соочи Северна Македонија? Кои се најопасните форми на политички, медиумски и безбедносни влијанија кои ги гледате во денешно време во поглед на нашата земја? И конечно, како ја оценувате позицијата или ставот дека Северна Македонија од таргет на хибридните закани и хибридните напади полека станува прокси држава на руските интереси, на руско-српските интереси во Западен Балкан?

ПЕНДАРОВСКИ: Кратко и јасно. Македонија е одамна прокси држава. Не е само транзиторна држава или држава реципиент на пропагандни вести, на лажна пропаганда, на хибридни закани, и тоа се одвива минимум во последните 7-8 години.

Значи, ако ја дефинираме улогата на нашава држава, во тој пајплајн, како го нарекуваат, во тој канал, кој почнува од Москва, па преку регионални проксии се проширува и на останатите, ние сме еден од подизведувачите на главниот регионален подизведувач на руски свет. Значи не сме само реципиенти, приматели на такви вести или обични дисеминатори.

Во Македонија постојат сериозни политички структури, да не зборувам за безбедносен контекст, меѓутоа политички структури кои мислат дека клучните вредности кои ги пропагира идеологијата наречена руски свет се подобри за нас, отколку клучните вредности на евроатлантската алијанса и НАТО алијансата, посебно каде што сме членки формално од 2020 година.

Од тој аспект, ние можеме сега да разговараме – се разбира, ако се согласуваме како држава со оваа дефиниција – за контрастратегиите наспроти таквите влијанија. Меѓутоа, ако велиме дека сме или – тоа е мојата теза – дека ние полека стануваме и сокреатори на дел од тие главни тенденции кои доаѓаат од северот кај нас, тогаш треба да се постави прашањето за политичкиот и стратешкиот легитимитет на елитите кои во моментот нѐ водат.

Ние почувствувавме поголем наплив на пропаганда која доаѓа од тој концепт наречен руски.

Инаку, рускиот свет е стара една идеја, сигурно датира од некаде од почетоците на претходниот век, меѓутоа формално на ниво на концепт се оформува и се поддржува од руската држава, од врвот на руската држава, на Руската Федерација од 2007 година. Тие формираа фондација наречена „руски свет“ и тоа интересно коинцидира со таканаречениот историски говор на Путин на Минхенската безбедносна конференција и истата таа 2007 година во која најави дека жестоко ќе се борат против она што тие го перципираат како униполарен свет, велејќи дека не може една држава, мислејќи на Америка, да диктира што другите ќе прават и растот после тоа… Тоа е долга дебата, да не ја шириме на таканаречените суверенистички партии и политичари, па и тука во регионот, а особено во западниот дел од Европа.

Значи, не е ново. Меѓутоа во моментот кога бевме ние во предворјето да влеземе во НАТО алијансата, по потпишувањето на Преспанскиот договор, кога беше иминентно нашето влегување во алијансата, тогаш нагло се зголеми интензитетот на руската пропаганда повторно преку регионалните проксија тука и јас тврдам дека во септември кога имавме референдум за името, дека во тој период имавме најголем наплив или интензитет на напади по таа основа, по таа оска да ја наречам.

Јас сум го кажувал тоа и порано јавно.

Значи, во предвечерието на референдумот за името, кое беше на 30-ти септември 2018 година, над 30 веб страници беа наменски формирани на територијата, да емитуваат на територијата на Македонија, со тоа што имаа сите тие триесетина имаа многу слични имиња со веќе постојните портали, мала измена, точка, запирка, додаток напред, при крајот на името.

Потоа откога влеговме, тој интензитет се намали, бидејќи влеговме внатре и станавме дел од информативниот систем и размена на информации со другите НАТО сојузници.

А со почетокот на руската инвазија 2022 година во Украина, дополнително се намали изворната содржина на рускиот свет и останаа само тие рецидиви на регионалните прокси играчи, затоа што комплетната руска машинерија во рамки на тој концепт се насочи кон обидите да контрира на западната наратива за она што тие го прават во Украина.

Значи, сите ресурси беа дадени да се покаже дека се работи за легитимен интерес на руската држава, а не за една апла инвазија врз друга суверена држава. Впрочем, сите гласања во Обединети нации на таа тема покажуваат дека над две третини, значи над 70% од сите членки на Обединетите нации, значи, практично целиот свет, со огромно мнозинство јасно ја дефинира руската инвазија како нелегална.

Вицепремиерот не крие дека работи за „српски свет“ и експлицитно против НАТО и ЕУ

Во ова интервју Пендаровски проговори отворено, аргументирано и со невидена прецизност за хибридните операции што ја погодуваат земјата – и ги изговори можеби најострите предупредувања досега. Во интервјуто отворено и прецизно одговара на прашањето за влијанието на Србија и концептот на „српскиот свет“ врз стабилноста на Северна Македонија и регионот.

ЦИВИЛ: До која мера Србија е закана за безбедноста и стабилноста на Западен Балкан, на регионот воопшто и исто така во тој контекст и во однос на нашата земја? И ако погледнеме како се одвиваат односите меѓу двете земји, тоа е практично една братска држава во која не може да се гледа класична закана. Меѓутоа, како однесувањето на Србија како држава и српскиот политички врв се однесуваат во релација на безбедноста и стабилноста на регионот воопшто? Па тука припаѓаме и ние и се разбира прашањето е дали е тоа само политички проект или е дел од една поширока поопстојна стратегија која произлегува од Москва? Колку е тоа различно, колку е тоа споено и е координирано?

ПЕНДАРОВСКИ: Една реченица околу последнава теза, колку е тоа исто, колку е различно. Генезата на настанување на рускиот свет е не само временски, но пред се временски различна од настанувањето на тој концепт кој го дефинираме како српски свет. Со други зборови кажано, концептот на српскиот свет влегува во претходно одамна поставените постулати на рускиот свет и се обидува да ги оствари своите национални интереси што е легитимно.

Значи тоа не се прави руски свет денеска, а од понеделник ќе правиме други помали светови кои ќе ја туркаат нашата агенда. Тоа е стратегија која многу помали држави ја правеле низ историјата. Најдобро е на пример кога се осамостојуваше како држава 90-тите, тоа го правеше Хрватска, Словенија и ние го правевме. Најдобро е ако можеш твоите национални аспирации за посебна држава, за независна држава, ако можеш да ја вклопиш во големите планови на големите држави, зашто самостојно не можеш да дојдеш до независноста.

Значи српскиот свет е понова рожба, така да кажам, понова рожба е. Меѓутоа, јас сега во однос на влијанието на руско-српскиот свет во регионот имам една сосема поинаква дефиниција од она што е мејнстрим досега. Јас тврдам дека од Србија, прашувате конкретно за нивното влијание во регионот, јас тврдам дека од Србија нема никаков притисок или заложба експлицитна за ние како држава влеземе во тој свет.

Јас тврдам дека нашите политички гарнитури, не сите, се разбира, некои и до одреден степен, сакаат самите да бидат дел од тој свет. Гледајте, за да ја поткрепам последнава теза, има и низа, има серија конкретни потези од наша страна кои тоа го покажуваат, меѓутоа најсоголено кажано, кои се тие неколку димензии на рускиот свет, ако сакате и на српскиот свет. Во рускиот свет спаѓаат етничките Руси, оние кои зборуваат руски јазик, а не се етнички Руси и верниците на Руската православна црква. Пренесете го тоа во регионален контекст, етнички Срби, српски јазик, Српска православна црква. Во Македонија доминантниот народ не се Срби, туку се Македонци. Ние имаме посебна црква, македонска православна, не сме на ниеден начин дел од српската православна црква, иако имаше и такви заложби на времето, среќа отпаднаа, како историски анахронизам, неповрзани со конкретната реалност на терен и овдека иако имаме заедничко искуство од Југославија, многу мал број од Македонците, особено помладата генерација, зборува српски јазик.

Значи, ги немаат тие базични културолошки претпоставки или етнички за вие да бидете по дефиниција, или се очекува да бидете дел од српскиот свет, тогаш зошто ние се повеќе и повеќе среќаваме во релевантни европски извештаи дека Македонија, Северна Македонија, станува дел од, има декларација, има резолуција на Европскиот парламент која нѐ спомнува токму во тој контекст пред два месеци, изгласана со огромно мнозинство. Затоа што постои политичка гарнитура, не комплетната се разбира, меѓутоа значајни чинители во рамки на таа гарнитура кои сакаат да бидат дел од тој свет. И конечно ако имате потпретседател на влада кој не крие дека работи за интересите на тој свет и дека е експлицитно против НАТО и Европската унија, вицепремиер на влада, вие не можете да тврдите дека тоа е некој политичар на маргини кој нема никакво влијание во оформувањето на круцијалните стратешки политики на нашава држава. Значи, на многу места може да се детектира дека практично вие велите да ние сме членки на НАТО, меѓутоа, де факто, сакаме да бидеме дел малку и од овој другиот свет. Тоа не се случуваше до 2024 година.

Значи, не зборувам сега за популацијата во целина, зборувам за политичката елита која секој пат и секаде во било кој историски период ги предодредува магистралните правци по кои треба да оди една нација и една држава.

Не може да очекувате вие од обичниот човек не знам кој работи, кој крпи едвај од први до први, да ви постави магистрален правец, да рече Македонија од денес па наредните 50 години ја гледаме таму вкотвена, туку тоа е работа на оние кои ги бираат луѓето да ја водат државата.

Значи кога водиш треба да знаеш каде водиш и зошто водиш, не само за да бидеш некаде. Ние не отидовме во НАТО затоа што беше модерно или затоа што ај сите прават така, него затоа што имаме конкретна придобивка.

Инвазијата руска во Украина покажува дека е одлично што на време, да кажам во наводници, и преку време дури подоцна по мене, меѓутоа сепак на време го фативме последниот воз да влеземе во алијансата. Инаку да бевме сами, сега во оваа ситуација, во овие силни геополитички бури кои дуваат низ континентот, не знам колку ќе бевме и од безбедносен аспект стабилни.

Безмилосно остра дијагноза за безбедноста, одбраната, капацитетите, политичката волја и правецот на државата

Пендаровски со аргументирана и прецизна дијагноза за состојбите во нашата земја и пошироко, особено во домените на безбедноста и одбраната, институционалниот капацитет, но и за политичката волја на структурите што креираат политики и правецот во кој ја водат државата.

ЦИВИЛ: Вие како претседател на земјата во еден исклучително тежок, но и значаен период и за земјата и за регионот, а и за светот, како војната во Украина дејствува врз, односно, влијае врз безбедносниот поредок на Европа? Како Европа ќе опстане воопшто онака каква што ја знаеме? Таа дури и во овој период како да го губи својот карактер, оној што го знаеме од пред пет, десет или повеќе години и во тој контекст како се снаоѓаат малите држави? Еве гледаме една многу храбра Литванија или сите балтички земји имаат еден многу силен, многу храбар, гласен настап на меѓународната сцена. Меѓутоа, како што одиме појужно гледаме една поинаква ситуација или централна Европа, особено со Унгарија. Значи, имате ли вие некоја визија за тоа како ќе изгледа Европа во наредната година, во наредниот период од можеби повеќе години во контекст на воената агресија на Русија против Украина?

ПЕНДАРОВСКИ: Да ви кажам најотворено, јас таа теза ја застапувам и јавно, се разбира, подолг временски период, минимум од 2022 година кога почна таа инвазија. Јас тврдам дека Русите со таа политика и со таа инвазија ја сплотија дополнително Европската унија. Инаку Европската Унија, ако компаративно погледате, пред 10 години беше далеку поразединета внатре отколку што е сега. И не само во однос на инвазијата во Украина, од руска страна, по било кое прашање, тие се поблиски, не може повеќе од тоа да бидат, бидејќи конечно тоа е хетерогена меѓународна организација со 27 земји членки и исто толку национални интереси кои често пати не се совпаѓаат. Природно, логично е.

Значи, ние ја споредуваме Европската унија со Америка. Меѓутоа, во Америка или некоја друга држава, единечно земена, или Велика Британија надвор од ЕУ, имаат еден центар на одлучување, имаат една влада, еден претседател кој е избран со мандат, со легитимитет. Во Европа има многу такви. Така што јас сум пријатно изненаден и тоа е добар знак за малите држави кои се членки на НАТО и членството во НАТО и во ЕУ се преклопува во значаен процент. Затоа што ако Европа беше како на пример до пред пет или десет години кога Франција тераше една патека, Германија друга патека, дури беше Велика Британија трета патека и сите тие се обидуваа и внатре да направат помали алијанси внатре во Европската Унија, една група држави наспроти друга група држави, денеска гледаме дека една Велика Британија која пред десет години ја напушти Европската Унија, денеска е поблиска до заедничката европска надворешна и безбедносна политика отколку што е блиска со Америка. Тоа само по себе ви кажува, Стармер не е паднат од небо, туку така му текнало дека треба сега во овој дел, затоа што по најпоследната официјалната руска безбедносна доктрина, на пример Велика Британија е декларирана како најголем непријател на Руската Федерација. Така што и не можат сами и затоа велат – дајте сеа со оваа организација која практично ни е во нашиот двор, во нашето соседство.

Ако Велика Британија размислува така, формално излезена од Унијата и држава со членка на Г7, со нуклеарно оружје, членка на Совет за безбедност, поранешна империја итн., ние не треба ни секунда да мислиме каде да останеме и кој пат да го фаќаме. Затоа ми е мене малку тука знак прашалник, да кажам, однесувањето во одредени ситуации, бидејќи ако вие како раководство не водите, обичниот човек кога ве гледа на телевизија или кога ве следи што какви политички потези влечете, тој уште помалку може да биде сигурен кој пат треба да го следи и да го поддржува. Се надевам дека ние ќе останеме цврсто вкотвени со практичните политики, не со формалното членство, со практичните секојдневни политики, во западниот камп, затоа што друг пат за нас е ризичен. Апсолутно е ризичен. Независноста, воена неутралност, БРИКС итн. Тоа се небулози на луѓе кои се или платени или не ги разбираат, да зборуваат така или не ги разбираат, буквално не ги разбираат глобалните процеси. И конечно, луѓе кои небитно дали се платени или од незнаење, со самото тоа не ѝ мислат добро на сопствената држава и народ.

ЦИВИЛ: Дали институциите во нашата земја имаат познавање, волја и капацитет да се справат со хибридните закани? Во таа смисла морам да ве прашам нешто отворено, а тоа е според вас, како експерт и како лидер и како политичар, дали премиерот Мицкоски знае што се хибридни закани? Бидејќи знаеме колку и тој и неговиот министер, инаку и негов личен адвокат и еден директор на државна установа релевантна во тој поглед, зборуваа за хибридни закани и дека пожарите во отпадите се хибридни закани, дека има хибридни закани против владата на премиерот Мицкоски. Дали тој и еве овие што ги имплицирав знаат што се хибридни закани според вас, од тоа што го зборуваат? Можеби знаат меѓутоа тоа што го кажуваат дали вам ви кажува дека тие знаат што се?

ПЕНДАРОВСКИ: Да се вратам на вашето прво прашање. Значи, Македонија со оглед на капацитетите кои ни се зададени претходно, големина на територија, на население, бројноста, е во многу подобра состојба денес во однос на школување, на едуцирани луѓе кои знаат да се спротиставуваат на тие закани, што е директна консеквенца од нашето членство во НАТО. Особено 2020 година имаме практично, да не кажам на дневна, на месечна основа, луѓе кои доаѓаат експерти од НАТО земји кои ги обучуваат нашите служби не само во одбрана или во внатрешни, во сите други агенции кои се бават со таа проблематика и можам да ви кажам дека ние во овој момент сме на соодветно ниво што се однесува до тоа до потенцијалот кој можеш да го вложиш или да го ставиш на терен за да игра против таквите хибридни играчи. Прашањето е повторно сега втората работа – дали има политичка волја да се препознае тоа како закана за Македонија, не само како обврска према западната алијанса во која сме формално член и дали имате намера тоа навистина да го сузбивате на терен.

Тргнувајќи не само од ова образложение кое го дава еден висок функционер надлежен токму во таа област, кој објаснуваше дека хибридните закани се нешто слично на хибридна кола која работи на различен тип на гориво само треба прекинувачот да го префрлиш од лево на десно, меѓутоа јас би се вратил година дена наназад со поставувањето на клучна, на чело на клучна безбедносна институција на човек кој нема стручни квалификации и референции да биде на таа позиција и чие познавање не само на англискиот јазик, туку на проблематиката кај што треба да биде главен раководител, е благо кажана, спорна. А тоа е јазикот, не мислам во лингвистичка форма стриктно, тоа е јазикот на кој се комуницира во НАТО алијансата. Јас се сомневам дека од таму па натаму дека овие луѓе кои се стварно обучени и се подготвени да се вложат во заштитата на безбедноста на Македонија, дека воопшто ќе им биде дадена шанса да го направат тоа. Значи, знаете на крајот на краиштата, секој пат е најбитно дали имате политичка волја да се борите за својата кауза. Помалку е битно колку оружје имате при себе или вештини.

Украинците тоа го покажаа најдобро. Значи, во 2022 година од аспект на подготвеност на армијата, тие беа многу скалила подолу од ова што се денес. И од тој аспект, требаше да се предадат и да потпишат капитулација истиот ден. Значи, ако има срце, што велат старите, и ако имаш волја, има начин и за кратко време и да не си подготвен со соодветни знаења, вештини да ги набавиш, да ги научиш. Прашањето е дали сакаш да бидеш вистински дел од тој свет и да веруваш во тие вредности и принципи.

Тука ми е малата дилема. Затоа ви реков дека од почеток до крај, како мала држава вие не може да бидете на нивото на, не знам, на Германија или на Франција во спротиставување на тие закани. Инаку и тие, бидејќи ова се релативно нови закани и се мултидимензионални, не е ова територијална битка за територии, знаете ова е фронтот, ова е линијата на фронтот, поедноставно е, да се бориш, знаеш кој е непријателот. Ова е поприлично затскриено во своите различни појавни облици.

Инаку околу волјата уште еднаш бидејќи мислам дека е најважната компонента во било каква стратегија државна, државничка. Ги спомнавте балтичките републики. Не знам една мала Литванија или Естонија, Естонија е многу помала и од нас, по популација, меѓутоа, знаете кога ќе отидете во Естонија, на пример, во главниот град, центарот, има споменик во кој вели посветен на сите жртви кои паднаа за слободата на државата, а се предизвикани од рускиот окупатор и тоа го поставија првиот ден кога станаа независни.

Ние ден денеска не знаеме кои се нашите вистински непријатели. Видов едно неодамнешно истражување на јавното мислење во кое, за жал, етничките Македонци се половина, половина поделени за тоа кој е виновен за руската инвазија во Украина. Што е поразително за сите политички гарнитури кои досега не успеале да им објаснат само една работа во однос на руската инвазија во Украина, само една работа треба не да ја кажеш еднаш, јас сум ја кажувал многу пати, треба да ги убедиш луѓето во доминантен број дека руската кауза за напад на Украина е идентична со негациите кои бугарската држава ги прави против Македонците. Ни помалку, ни повеќе. Идентитет вештачки, нација вештачка и вели таа држава е лулка на прастарата руска држава. Значи ако тоа не го гледаме, а сме четири години блокирани од таа соседна држава, не гледате дека тоа го прават поголемите и помоќните, се изживуваат со помалите соседи и вие имате пола на пола. Не знаете дали западот ја испровоцирал војната, дали Америка ја испровоцирала војната, дали НАТО ширењето испровоцира и не гледате дека се работи само за империјалистички амбиции на еден единствен човек. Во тој случај ние како политичари не сме ја завршиле добро работата.

ЦИВИЛ: Добро, претседателе Пендаровски, тоа сакате да кажете дека ние имаме и капацитет и луѓе и професионалци, а тоа секако ќе можете да го знаете бидејќи бевте претседател на земјата, но немаме политичка волја. Преведено, тоа значи дека гарнитурите кои се на власт или политичките елити, ако погледнеме пошироко, едноставно не сакаат да ја прифатат или да ја преземат одговорноста за да ја задржат земјата во рамките на НАТО, на евроатлантските патишта и да ја задржат безбедноста, безбедноста и сигурноста на оваа земја, стабилноста на оваа земја.

ПЕНДАРОВСКИ: Не би одел со такви дефинитивни формулации. Меѓутоа, јас детектирам во изминатава година и пол дека има одредени трендови кои упатуваат во тој правец. И еве само еден податок. Значи, година и пол требаше нашите партнери од запад да ја убедуваат владава дека Коридорот 8 има стратешко значење. Не е спорен коридорот 10, но коридорот 8 е нужен затоа што поврзува две земји членки на НАТО. И да не е војната во Украина и да не е руската инвазија таму, тој коридор е битен за нашата безбедност. И после година и пол, после знаете секакви изјави на таа тема дека ние ќе го форсираме сега коридорот 10, тоа не нѐ интересира, така натаму, и да не се чудиме после кога ќе седнат планерите на запад и кога ќе речат сега во однос на некој си микро си политичари…

ЦИВИЛ: Еден политичар зборуваше и тоа дека тој Коридор 8 е дел од замислата за голема Албанија.

ПЕНДАРОВСКИ: Да, за Илирида итн. Значи, тоа се делови од владеачка структура, од гарнитурата, не се некои маргиналци кои ги има на секоја политичка сцена, во било која држава. Значи, овде станува збор за луѓе кои се дел од владата, држат значајни ресори, одредуваат каква одлука ќе биде донесена. Се надевам дека нема да продолжат по тој пат. Се надевам и жал ми е што се создаде една ситуација, имено преку нашето блокирано членство или пат кон Европската унија се создаде чувство дека Европската Унија нас не нѐ сака и дека треба да бараме алтернативи. Затоа што не нѐ сакаат.

Имавме една изјава, сум ја кажувал уште пред 10, 15 години на еден наш поранешен премиер кој сакајќи да ја оправда својата децидна јасна политика на самоизолација велеше ние сме знаете што, ние сме несаканото дете на Европа. Тоа се погубни политики кога доаѓаат од устата на врвни функционери.

ЦИВИЛ: Да, добро, дипломатски избегнавте да ми кажете дали мислите дека Мицкоски знае што се хибридни закани, но од вашиот одговор може да се извлече одговорот, а се разбира… Но, колку е ранлив демократскиот систем на земјата од внатрешните играчи, политички, медиумски, јас ги нарекувам олигархиски, еве бизнис центри на моќта? Тие директно или индиректно придонесуваат кон ерозија на демократските процеси, меѓутоа и кон ерозија на демократските институции, што е особено опасно за една мала земја која сѐ уште минува низ остатоци би рекол од својата транзиција?

ПЕНДАРОВСКИ: Има во секоја држава, постојат тие таканаречени ги нарекуваат столбови кои не се така дефинирани во уставот, меѓутоа се столбови во суштина на кохезијата на општеството и на стабилноста на државата и ако тие почнуваат да се разнишуваат или првенците во тие неколку области почнуваат поинаку да размислуваат или велат ова до сега го теравме овој пат ама не ќе е добар за нас како народ, како држава. Значи станува збор досега зборувавме за имањето или немањето и до кој степен немањето на политичка волја да се продолжи по овој искрениот западен пат. Меѓутоа, спомнавте олигархија и спомнавте медиуми. Јас би додал уште еден битен сегмент на сите тие стратегии. Тоа е црквата или религијата, улогата на религијата кај нас. Во сите тие крупни сектори или сегменти на едно општество, витални за за издржливоста, за отпорноста на едно општество да истрае и во овој турбулентен 21 век, секаде чувствуваме дека ова немање или колебање кај политичките раководители има рефлексија и таму, повеќе или помалку. Да не навлегувам сега во анализа на црковните прашања, добивме Томос од Србија, не продолживме да го бараме вистинскиот Томос од вселенската патријаршија. Значи тука ќе запрам. Во медиумите, медиумите секој пат биле рефлексија на тоа што се случува во политичко поле. А во однос на таа толку извикана олигархија, слушам тези, олигархијата не сака да одиме кон Европа и затоа демек сме блокирани. Нив не им одговара супервизија, мониторинг, како се трошат парите, пазарна економија по правила итн. Јас секој пат прашувам кој ги бира тие луѓе, и во политиката и во економијата. Ете ние немаме октроирана елита во ниеден сегмент, ниту во политиката. Значи, балтичките држави во 90-тите кога стануваа независни, претседатели, премиери, многу често им доаѓаа нивни бивши дисиденти кои живееа по 30 години во Канада и во Америка или во Германија и дојдоа како претседатели и тие го имаат тој чип вградено таму и затоа можеби и нивниот пат беше поинаков.

Се разбира има и бајаги пропатено од руската мечка во историјата. Кај нас сите претседатели, премиери, битни министри, сите најбогати луѓе во Македонија, црковни вечикодостојници не се увезени од надвор. Тие се произлезени од овој народ и ние и на избори ги гласаме или тие се некакви деривати на тоа што се случува во политичкото поле. Не велам дека сите сме виновни. Меѓутоа ја знаете оана стара максима, секој народ има власт каква што заслужува. Тоа важи и за олигархија каква што заслужува. Тоа важи за црква каква што заслужува. Значи не можеме да се изземеме од тоа дека мене тоа не ме интересира, тоа нека му ја мислат тие таму горе, тие таму горе ја мислат или не ја мислат. Меѓутоа тие се едни од нас, до вчера тие беа едни од нас. Тие живеат во овој град и во оваа држава.

Сакам да кажам во политичката структура многу често во сите држави само имате рефлексија на просечниот Македонец или просечниот македонски граѓанин. Не мислам дека и овие што се сега на власт политички, ниту овие што ја раководат македонската економија, ниту овие што ја раководат Македонската православна црква, не мислам дека се разликуваат битно од еден просечен македонски граѓанин во својот светоглед. Е тоа е, тука е проблемот кога ќе дојдеме до носењето на политички одлуки, бидејќи тоа што го носиш во себе од формативните години, преку едукативниот систем, преку ова што го гледаш на телевизија дека се случува во политичките институции, тоа наоѓа свој конкретен одраз и во одлуките кои ги носиш и кои потоа и во законите кои потоа се однесуваат на секој од нас. Значи, мислам дека треба да се направи еден сосема нов концепт на образование кој би почнал од најмала возраст, кој би ги учел луѓето на вистинските граѓански вредности. Некој ќе рече доцна е после 35 години, не мислам дека е доцна. Подобро некогаш отколку никогаш. И апсолутно е битно да се воведе уште од рана возраст предмет, го има во некои европски држави воведено, да препознавате или да наоѓате начини да доаѓате до вистината. да препознавате лажна вест. Значи од прво одделение да ти кажат ова е лажна вест, ова е вистинската вест, а не само да ја гледаме во овие модерниве гадџети и да мислиме дека таму е содржана целата вистина. Да ви кажам еден детал како некои луѓе…со ова завршам, нема да ви одземам повеќе од времето, еден конкретен пример како има држави кои имаат долгорочна стратегија и затоа се успешни, независно од идеологијата која ја застапуваат, во овој случај Кина и конкретниот случај со тикток апликацијата. Пред некој ден видов вест која се заснова на една студија направена во една европска држава, која вели дека апликацијата Тикток, која е кинеска изворно, нуди сосема различна содржина за кинеската младина од ова што се нуди на европската младина. Вели ова што се нуди на кинеската младина е практично од почеток до крај со едукативна содржина. Ова што се нуди на запад во Западна Европа и кај нас и во Америка, тоа е забава и она инстант вести, брза забава, емоции од тој тип и сензација и битка за кликови независно од содржината. Така што Кина, независно од идеологијата која е кај нив доминантна, има исправна стратегија. Значи од најмали години ги учи своите. Гледате кој обратен пример има во Западна Европа. Неколку европски, големи европски држави размислуваат да го забранат ТикТок на пример и слични социјални мрежи за лица до 16 години. Не треба да го забраниш, треба да го направиш со вакви содржини кои во формативните години од тебе ќе направат стабилна личност која нема да има потреба да вклучува телевизија или мобилен за да разбере што е вистината. Зашто ќе ја живееш вистината, самиот ќе доаѓаш до неа.

ЦИВИЛ: Претседателе, ми дадовте најголем дел од одговорот на прашањето за вашите препораки, а не само за големите актери општествени и политички во земјава, меѓутоа и во Европа. Но еве да завршиме токму така. Кои се вашите препораки за заштита на демократијата, за одбрана на демократијата, за заштита на човековите права и слободи, за одбрана на вистината и на демократските институции во земјава, во регионот и во светот, накратко? Каде треба најмногу да се инвестира? Во одбраната, во образованието? Рековте дека во образованието треба, во медиумите или во меѓународните партнерства?

ПЕНДАРОВСКИ: Секаде треба да се инвестира, меѓутоа знаете, коренот на проблемите во меѓународните партнерства, во безбедноста и во одбраната доаѓаат од лошото образование или неадекватното образование. Ако ти не можеш да препознаеш вистина од лага, да распознаеш, тоа значи дека ти не си учен тоа да го препознаваш. И ова што е битно да го знаат, не само овие што ја водат државава сега, утре, задутре, туку генерално, одбраната и безбедноста како сектори, многу важни за секоја држава, се последната граница или брана на лошите безбедносни влијанија. И ако дојдеме до таму, како велат последно средство е тоа, и тоа треба да се засилува и таму треба да имаме сѐ повеќе и повеќе квалификувани луѓе.

Меѓутоа, од најмлади години ние мораме да создаваме граѓани. Не постои ниту една зрела демократија во светот во која нема демократија. Ако немате од млади години деца, младина и понатаму и луѓе во, не знам, средни години, кои распознаваат што се човекови слободи и права, што е правото на правилно информирање, што е правото на здружување, на глас, право на совест итн., ако не не ја знаат улогата на виталните институции во општеството, многу тешко ќе успеете со не знам какви енормни вложувања во одбрана и во безбедност да ја направите таа држава безбедна и да ја направите стварно напредна и просперитетна. Пример, како имате, јас го нарекувам еден обратен систем на вложување во погрешни сектори, имате диспропорција на вложување, е Руската Федерација. Пример, како се распоредуваат, како се дистрибуираат тие ресурси што ги имате на располагање на вистински начин е Кина. Значи еднава држава се обидува да освои територија, која не е нејзина, другава држава вложува максимум во развивање на високите технологии, најновите технологии и доаѓа сега да биде тука некаде, тие ги викаат “cutting edge technноlogy”, со Америка кај што тие технологии се измислени. Гледате, значи тие ресурси што ги има, Кина не е многу богата држава, таа е голема држава, меѓутоа “per capita” не е многу богата за да може и тоа и тоа да го прави. Значи, Кина вложува најмногу во тие сектори кои практично ќе ја решат битката меѓу титаните во 21от век, а не во одбрана, не во тенкови, не во авиони, во ум и во висока технологија.

Џабир Дерала
Камера и монтажа: Ариан Мехмети
Фотографија: Биљана Јордановска
Продукција: ЦИВИЛ Медиа

Share36Tweet22Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Фото: Руската амбасада во Северна Македонија/Фејсбук

    Руска православна пропаганда се шири преку црковните медиуми во Северна Македонија

    125 shares
    Share 50 Tweet 31
  • Генералoт кој го извести Путин дека Купјанск е окупиран мистериозно исчезна – лагата ја проширија и дел од македонските медиуми

    124 shares
    Share 50 Tweet 31
  • Мицкоски: Граѓаните можат да купуваат повеќе со минималната плата споредбено со соседите… минус Грција

    123 shares
    Share 49 Tweet 31
  • Вучиќева Србија: Не може и „ќациленд“ и странски инвестиции под една мишка  

    102 shares
    Share 41 Tweet 26
  • Вучиќ: Косово е неотуѓив дел од Србија, ќе мора да продолжиме да работиме на отпризнавање

    98 shares
    Share 39 Tweet 25
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ