• Latest

Започна целодневниот настан „Перспективи 2018“ отворен за медиумите и граѓан(к)ите

December 22, 2017
Американските воздушни сили, USAF (Photo by Hans Dorries on Unsplash)

САД одобрија продажба на воени авиони и делови на Тајван во вредност од 330 милиони долари

November 14, 2025
Фото: Скриншот, видео Х

Шест загинати во рускиот напад врз Кијив, Азербејџан упати силен протест до Москва откако руска ракета ја оштети и нивната амбасада

November 14, 2025
Фото: Скриншот, видео Гардијан

Демонстранти го блокираа главниот влез на зградата каде се одржува КОП30

November 14, 2025

Марш на ангелите – 30-тиот протесен марш за правда во Скопје

November 14, 2025
Фото: Фејсбук  на Љубомир Костовски

Министерот што подигнува само рачна, говори за брзината на пругите!

November 14, 2025

Богати странци плаќале по 80.000 фунти за „сафари викенд“ за да убиваат цивили за време на опсадата на Сараево

November 14, 2025

Анализа на Гардијан: Климатското финансирање оди во погрешни раце – Кина, Саудиска Арабија и ОАЕ меѓу најголемите добитници

November 14, 2025
Фотографија: Скриншот

Новиот исламофобичен говор на Додик – радикална реторика што потсетува на воените злосторници од 90-тите, алармираат аналитичари и ОБСЕ

November 14, 2025
Фото: украинската амбасадорка Лариса Дир/Х

Амбасадорката Дир: Масовен напад врз Кијив, Харкивскиот и Одескиот регион, има загинати и повредени, руските окупатори продолжуваат да напаѓаат врз луѓето

November 14, 2025
Скриншот од видео на CNBC-TV18

Првичните трендови на клучните индиски државни избори покажуваат водство на алијансата на премиерот Моди 

November 14, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Започна целодневниот настан „Перспективи 2018“ отворен за медиумите и граѓан(к)ите

December 22, 2017 11:04
in ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Целодневниот настан „Перспективи 2018“ започна во 9 часот наутро и ќе трае до 17 часот. Со првите гостувања на Александар Кржаловски, прв извршен директор на МЦМС и Латиф Мустафа, публицист, со колегиумот на Редакцијата ЦИВИЛ Медиа и состанокот на координативното тело на организацијата, започна уште еден динамичен, експериментален работен ден, отворен за медиумите и граѓан(к)ите. Во текот на целиот ден ќе се одржуваат брифинзи и состаноци на различни теми поврзани со проектот „Слободни медиуми за слободно општество“.

ЦИВИЛ ќе биде на располагање да одговара на прашања поврзани со проектите, извештаите и ставовите на организацијата, а кои се однесуваат на слободата на изразувањето и медиумските слободи, човековите права и слободи, социјалната правда, екологијата, младите, изборниот процес и демократската трансформација на општеството.

На настанот, ЦИВИЛ покани истакнати јавни личности, експерти и активисти со кои ќе одржи работни средби и ќе разговара за перспективите на Македонија во 2018 година. Претставниците на медиумите се поканети да се информираат и да земат изјави на сите теми кои се во делокругот на ЦИВИЛ. Како и секој друг ден, граѓанките и граѓаните кои сакаат да споделат информации или да посведочат за кршење на човековите права и слободи, можат да го сторат тоа во текот на целиот ден, овој пат во хотел Сити Парк, кој се наоѓа на паркингот кај Општина Центар.

Поканети се и претставниците на невладините организации со кои ЦИВИЛ има соработка и партнерства, но и оние што сакаат таква соработка и да се започне во 2018 година.

Во рамките на програмата, на истата локација (хотел Сити Парк) со почеток во 13 часот, ќе се одржи и церемонија за доделување награди за граѓанско новинарство во проектот „Граѓански објектив“.

На настанот ќе бидат достапни и копии од изданијата на ЦИВИЛ во печатена форма и ДВД. Заинтересираните граѓанки и граѓани ќе имаат можност да се запознаат со сите активности на организацијата и со можностите за ангажман во проектите.

Џ.Д.

Tags: @активизамдемократијаизбориПерспективи 2018проектиЦивилчовекови права
Share39Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Скриншот од видео на ДИК

    Локалните избори 2025 се официјално и конечно завршени, објави ДИК

    306 shares
    Share 122 Tweet 77
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    119 shares
    Share 48 Tweet 30
  • Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

    113 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Локалните избори во Косово Избори без апсолутен победник, но со пораки за партиите

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
  • Пендаровски: Ниту една земја што се затворила не станала голема, изолацијата не е добра

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ