• Latest

ЦИВИЛ го започна проектот „Слободни медиуми за слободно општество“

July 21, 2017

24 ЧАСА: „Гасни комори и смрт“ за Албанците на спортски натпревар; Мицкоски, Тошковски, Стоилковиќ, Димитревски без одговор на прашањата на ЦИВИЛ; Таравари бара национализмот да биде осуден и изгаснат

August 4, 2025
Графити во Маџари, снимени на 5 септември 2024 (фото: ЦИВИЛ)

Дијагноза: Колективно воспитана омраза – „Смрт, гасни комори за Шиптарите“

August 4, 2025
Скриншот од видео кое наводно го прикажува погледот од авион што слетува на аеродромот во Сочи на 3 август Shaun Pinner/X

Украинците потврдија успешен напад со дронови врз складиште за гориво на рускиот аеродром во Сочи

August 4, 2025

Мицкоски, Тошковски, Стоилковиќ и Димитриевски без одговор на прашањата на ЦИВИЛ за националистичките скандирања во Куманово

August 4, 2025
Фотографија: ВИ

Во пресрет на локалните избори 2025: ДКСК без претседател, Собранието на одмор

August 4, 2025
Фото: Скриншот од видео објавено од Володимир Зеленски на Фејсбук

(ВИДЕО) Русија лови цивили: Зеленски споделува снимки од градовите на линија на фронтот

August 4, 2025
Порака за блокирање на веб-страница. Фото: LSM+

Латвија блокираше 10 веб-страници што шират руска пропаганда

August 4, 2025

(ИЗБОР) Албански медиуми: ОБСЕ нуди препораки за Кривичниот законик во Албанија; Спиропали и Османи со остри осуди за антиалбанските скандирања во Куманово

August 4, 2025
Фото: Скриншот од видео на WION

Најмалку 68 мигранти загинаа при превртување на брод кај Јемен

August 4, 2025

Министрите ќе ја извршуваат функцијата и додека се тркаат за градоначалник

August 4, 2025
CivilMedia
No Result
View All Result
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

ЦИВИЛ го започна проектот „Слободни медиуми за слободно општество“

July 21, 2017 13:42
in ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

ЦИВИЛ – Центар за слобода има чест да го објави почетокот на проектот „Слободни медиуми за слободно општество“, финансиран од Министерството за надворешни работи на Сојузна Република Германија. Со овој проект, ЦИВИЛ ќе даде придонес во неколку комплексни области во тешкиот период на транзиција и демократизација на општеството и државата.

Со искусен тим, прекален во годините на предизвици, ќе се создаде и артикулира слободен и безбеден простор за динамична размена на информации, ставови и анализи, кои ќе им се понудат на јавноста и институциите. Воедно, проектот ќе даде голем придонес кон политичкиот и општествениот дијалог, јакнење на слободата на изразувањето и медиумската писменост на граѓанките и граѓаните. Политичката култура ќе се збогати со содржини за граѓанска едукација и одбрана на човековите права и слободи, вклучувајќи го и гласачкото право.

Скопје, 13/7/2017, потпишување на договорот за грант: Џабир Дерала, ЦИВИЛ и Н.Е. д-р Кристине Алтхаузер, амбасадорка на Сојузна Република Германија

Слободните медиуми се основен предуслов за слободно општество, како што и единствено слободното општество може да создава медиумски простор во кој информацијата и ставовите се слободни од корупцијата и притисоците кои ги наметнуваат центрите на моќ. Во тие две насоки – ослободување и деконтаминација на медиумскиот простор и охрабрување на граѓанките и граѓаните да градат слободно општество, ЦИВИЛ ќе го спроведува овој комплексен и динамичен проект.

„Слободни медиуми за слободно општество“ е уште еден проект што во целост го отсликува карактерот на ЦИВИЛ, кој ќе биде активен деноноќно и ќе создаде целосно независна медиумска платформа што ќе служи како јавен ресурс за медиумите, граѓанските организации и сите активни граѓанки и граѓани. Тимот на ЦИВИЛ веќе работи на проширување на мрежата на соработници од целата земја, а според планот на имплементација, ќе одржи 88 помали и поголеми настани и теренски активности, не сметајќи ја секојдневната медиумска продукција.

Print Friendly, PDF & Email
Tags: ГерманијаМакедонијапроектислободни медиумиЦивилчовекови права
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

    CIVIL MEDIA NEWSLETTER

    Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

    CivilMedia

    СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

    Следете нè

    No Result
    View All Result