• Latest

24 ЧАСА: Италијански авиони ќе патролираат над македонското небо; судот донесе одлука – Ковачки искажал невистини; 20-годишнина од најголемото проширување на НАТО

March 29, 2024

Белешка за еднаквоста во граѓанска држава, а не во држава на „природни“ сопственици

June 1, 2026
Бенјамин Нетанјаху (фото извор: Wikimedia)

Израел повторно го таргетира Бејрут: Нетанјаху нареди напади врз јужните предградија, расте стравот од поширока регионална ескалација

June 1, 2026
Фотографија: Скриншот од видео објавено на Х профилот на францускиот претседател Емануел Макрон

Француската морнарица пресретна санкциониран руски танкер во Атлантикот

June 1, 2026
Фото: Скриншот

Суд во Хамбург му забрани на „Шпигел“ да го поврзува Вучиќ со „Сараевското сафари“

June 1, 2026

УТРИНСКА ПОШТА: Кошта на турнеја низ Западен Балкан, ЕУ со дополнителни 3,2 милијарди евра за поддршка на Украина; на полноќ нови цени на горивата

June 1, 2026

Одма боље видиш

May 31, 2026

Правдата и правосудството меѓу чеканот и наковалната

May 30, 2026
Фото: Zakie Andiko Ramadhani / vecteezy.com

Математиката не лаже, политиката притиска: Случајот „Мазут“ се распаѓа пред фактите

May 30, 2026

Путин сакаше ослабено НАТО, но може да добие многу поопасна и понепредвидлива Алијанса

May 30, 2026

Новиот Европски граѓански форум отвора ново поглавје во Берлин

May 29, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДНЕВНИК

24 ЧАСА: Италијански авиони ќе патролираат над македонското небо; судот донесе одлука – Ковачки искажал невистини; 20-годишнина од најголемото проширување на НАТО

March 29, 2024 17:00
in ВЕСТИ, ДНЕВНИК, ПОЛИТИКА, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

ВЕСТ НА ДЕНОТ

Италијанските воздухопловни сили во НАТО ќе патролираат над македонското небо

Министерката за одбрана Славјанка Петровска и италијанскиот министер за одбрана Гвидо Кросето денеска во Центарот за обука на пилоти во касарната во Петровец, ќе го потпишат Техничкиот договор за вклучување на Италијанските воздухопловни сили во НАТО мисијата за воздухопловно патролирање над македонското небо, соопштија од Министерството за одбрана.

ИЗЈАВА НА ДЕНОТ

Петровска: Судот донесе одлука – Ковачки искажал невистини

Како што ветив транспарентност од почеток до крај на процесот против изнесените лаги, клевети и навреди од страна на Драган Ковачки врз мене сакам да Ве известам дека Основниот граѓански суд во Скопје по сите прикажани докази од моја страна донесе одлука со која се утврдува дека тужениот Драган Ковачки искажал невистини и лаги односно неправедно ме клеветел во јавност со цел ми го наруши угледот и честа во очите на јавноста. Ова го објави предмалку министерката за одбрана Славјанка Петровска на нејзиниот фејбук профил..

ФЛЕШ ВЕСТИ

НАТО ПРОШИРУВАЊЕ НАТО денеска ја слави 20-годишнината од најголемото проширување на Алијансата, кога на пактот се приклучија седум земји…

ПЕНЗИСКИ СИСТЕМ ВМРО-ДПМНЕ да не користи популизам кога е во прашање зголемувањето на пензиите, бидејќи нивното ветување ќе го дестабилизира пензискиот систем…

ЕРАЗМУС+Евроамбасадорот во државава Дејвид Гир изјави дека нема да се намалат финансиските средства определени од Европската унија за Националната агенција за Еразмус+…

ИЗБОРИ Предизборна делегација на Парламентарното собрание на Советот на Европа (ПССЕ), на крајот од неколкудневната посета на Северна Македонија оцени дека периодот пред изборите е стабилен и се очекува изборите да ги исполнат демократските стандарди…

ВОЈНА ВО УКРАИНА

  • Руските агресори нема да најдат безбедно место на украинската земја, ниту во позадината, ниту на фронтот,  изјави Олександр Сирскиј, врховен командант на вооружените сили на Украина во интервју за Укринформ….
  • Не е точно дека во украинскиот ракетен напад врз базата на руската црноморска флота во Севастопол, во окупираниот Крим, беа погодени два руски воени брода, како што беше соопштено предходно, погодија четири руски бродови…
  • Масивен руски ракетен напад: Нападнати 10 региони и енергетската инфраструктура на Украина во текот на ноќта, противвоздушната одбрана уништила 58 беспилотни летала Шахед, 26 проектили во текот на ноќта…

КОНФЛИКТИ

  • Меѓународниот суд на правдата при ОН му наложи на Израел да преземе мерки, вклучително и отворање повеќе копнени премини за доставување храна, вода, гориво и други стоки за жителите на…
  • Меѓународниот суд на правдата му нареди на Израел да дозволи непречен проток на помош во Газа за да се спречи гладувањето…

ИЗБОРНА ХРОНИКА

Претседателските кандидати договараат мастер дебата до 10 април, ВМРО-ДПМНЕ ги потврди листите за пратеници, Села влезе во коалиција со ДУИ

ЦИВИЛ ЕДУКАЦИЈА: Што подразбира изборен материјал? Што е гласачко ливче?

Во изборниот материјал за спроведување на изборите спаѓа: кутии за гласање и паравани, обрасци на записници и дневник за работа на избирачкиот одбор, блок со гласачки ливчиња според изводот од Избирачкиот список, листи на кандидати, потпишан извод од Избирачкиот список, средства за обележување на лицата кои гласале (спреј и УВ ламба), графитно перниче, печати, упатство за гласање и друг материјал потребен за гласање.

ЦИВИЛ одговара на овие и на низа други прашањата со години наназад, во деновите пред почетокот и за време на изборните кампањи. Така и во пресрет на Изборите 2024, ЦИВИЛ им излегува во пресрет на граѓанките и граѓаните со информации за сите прашања поврзани со изборите.

АЛ-ПРЕС

Редакциски избор од албански медиуми во регионот: Албанската опозиција бара да се прогласи неважечко гласањето од 7 март; Во Скадар запленети се 37.336 кубици садници канабис; Курти нема да даде оставка, инсистира на распуштање на собранието

ДЕЗИНФОРМАЦИИ

Според лажните вести што ги шират на платформата на социјалните мрежи Х, осомничените за терористичкиот напад во Москва се идентификувани како украински државјани кои наводно биле ангажирани од државата користејќи пари од американските даночни обврзници. Пропагаторите дистрибуираат фотографии од четири украински пасоши како наводен доказ. Едниот го покажува името Циезар Јули-Халарирохаилалирозр Илич, а на другиот Малуха Микола Валеријович. Останатите две фотографии се со низок квалитет и имињата не се читаат, пишува Драган Мишев во „Руските пропагандисти шират лажни фотографии од пасоши на Украинци, наводно вмешани во терористичкиот напад во Москва“.

ПРОПАГАНДА

 Употребата на социјалните мрежи за документирање на конфликти не е нов феномен. Во изминатите две децении, со препознавањето на платформите како можност да се влијае на историските текови, се отвори прозорецот и за енормно пласирање најразлични видови теории на заговор, дезинформации, манипулативни содржини и малициозна пропаганда.

Специфичноста на Тик Ток меѓу нив, да се обраќа на помладите генерации кој по правило се аполитични, и не ги следат конвенционалните медиуми за јавно информирање, брзо го препознаваат и го (зло) употребуваат пропагандистите на  Кремљ и Пекинг за пласирање малициозна пропаганда на овие целни групи, пласирана во обландата на навидум наивни, интересни, често смешни видеа на Тик Ток со кој ќе се пласира сопствената вистина и ќе се дискредитираат воените и политичките противници и неистомислениците, пишува Драган Мишев во анализата „Тик-ток, моќна алатка на пропагандата на Кремљ за радикализираните наративи и дезинформации за руската агресија врз Украина“.

Подготви: Д. Мишев

Tags: АЛ-ПРЕСанализиВестиВојна во Украинадезинформацииедукацијаизборна хроникаизјавиконфликтипропаганда
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ