• Latest
Фото: Скриншот

Европскиот совет ја усвои Стратешката агенда за правците и целите на ЕУ за следите пет години

June 28, 2024
Фото: Фејсбук Орце Ѓорѓиевски

Скопје гори – Орце си тера предизборна кампања

September 14, 2025
Проф. Оливер Андонов (фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

Хаотично заебавање

September 14, 2025

Вината за пожарите Мицкоски ја гледа кај некои центри на моќ во државата, но и надвор, коишто не сакаат оваа Влада да успее

September 14, 2025
Пожар во Трубарево, 13 септември 2025
Фото: Горан Наумовски

Жителка на Трубарево заврши во болница, директорот на ЦУК, полицаец и војник на домашно лекување

September 14, 2025

Наместо политички спинови, Филипче понуди конкретен кризен план по пожарот во Трубарево, мерките да ги прифатат институциите

September 14, 2025

Обвинителството го истражува пожарот во Трубарево

September 14, 2025
фото: Државен инспекторат за животна средина

ВМРО-ДПМНЕ обвинува без докази и аргументи: СДС(М) и ДУИ палат депонии – Филипче:Ова е надвор од секој здрав разум, наместо решенија, се нудат политички оправдувања и спинови

September 14, 2025

ЗНМ со насоки за новинарите за безбедно известување од пожари

September 14, 2025

Ангелов: Цел сме на хибриден напад со пожарите – Тошковски: Господ не може да ме убеди дека четири пожари на депонии за три дена се случајност

September 14, 2025

Меџити: Инспекторите за животна средина се на терен, компанијата поседува важечка дозвола за работа

September 14, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СВЕТ

Европскиот совет ја усвои Стратешката агенда за правците и целите на ЕУ за следите пет години

June 28, 2024 06:45
in ВЕСТИ, ВОЈНА ВО УКРАИНА, КОНФЛИКТИ, СВЕТ
Фото: Скриншот

Фото: Скриншот

Share on FacebookShare on Twitter

ЕУ мора да ја заврши својата домашна задача во процесот на внатрешни реформи, но исто така бара и од оние земји што сакаат да и се придружат да го спроведат нивниот дел во реформите за да постигнат напредок на полето на проширувањето, изјави претседателот на Европскиот совет.

Ова како што посочи претседателот на Европскиот совет Шарл Мишел е дел од Стратешката агенда на блокот за периодот 2024-2029 година, која заедно со одлуката за носителите на врвните позиции на ЕУ, е усвоена од страна лидерите на земјите членки на Унијата на вчерашниот Самит на блокот.

– Одговорност на Европскиот совет е да ја утврди ориентацијата на ЕУ за следните пет години. Овој стратешки документ почнавме да го подготвуваме пред многу месеци, уште на Самитот во Гренада за време на шпанското претседателство, а сега решивме да го завршиме овој процес, истакна Мишел на заедничка прес-конференција  со претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен и белгискиот премиер и претседавач со Унијата, Александер де Кро по завршувањето на Самитот на ЕУ.

Мишел потенцира дека Стратешката агенда се базира на три столба – почитување на демократските вредности, зајакнување на конкурентноста како парадигма на економскиот развој и зголемен ефикасност на европската одбрана.

Фон дер Лајен го поздрави усвојувањето на Агендата, потенцирајќи дека таа претставува политички план што ги поставува правците и целите на Унијата за следниот институционален циклус.

Таа нагласи дека едно од најважните прашања во Стратешката агенда се однесува на зајакнувањето на одбраната и безбедноста во услови на зголемени и досега не видени безбедносни закани и во услови на интензивна војна на европскиот континент.

– Ќе ви посочам три податоци. Заедничките трошоци на ЕУ за одбраната во периодот од 1999 до 2021 година пораснале за 20 проценти, а во исто време одбранбените трошоци на Кина пораснале за речиси 600 отсто, а на Русија за речиси 300 отсто, истакна Фон дер Лајен, додавајќи дека ова е период пред руската инвазија врз Украина, додека Русија само оваа година за потребите на обраната ќе издвои сума во висина од седум отсто од нејзиниот БДП.

Таа посочи дека во рамките на ЕУ има идеи за создавање на противракетен штит или за зајакнување на источните граници на блокот, па за остварување на ваквите планови заедно со останатите одбранбени трошоци на Унијата во следната деценија ќе и бидат потребни 500 милијарди долари за одбраната.

Фон дер Лајен додаде дека покрај прашањата за одбраната во Агендата се посочени и планови за справување со климатските закани со цел постигнување климатска неутралност на континентот, како за зајакнување на конкурентноста на европската социјална економија.

Во однос на Украина, која исто така беше една од темите на Самитот, Мишел нагласи дека ЕУ потпиша договор за заеднички безбедносни обврски со Кијив, што ќе овозможи поголема конкретна и одржлива поддршка за земјата, како и дека лидерите упатиле повик до Европската комисија, високиот претставник и Советот да работат во правец на утврдување на правниот аспект за исплата на финансиска помош за земјата.

Во контекст на поддршката за Украина, Мишел потсети и на одржаната прва Меѓувладина конференција со што беше означен официјален почеток на преговорите на земјата за членство во ЕУ, како и на Мировниот самит во Швајцарија од кој треба да произлезе  изработка на мировен план за ставање крај на руската агресија.

Фон дер Лајен потсети дека оваа недела ЕУ го усвои 14-от пакет санкции кон Русија и исто така воведе рестриктивни мерки кон Белорусија, со што ја покажа својата определба за притисок врз Москва за ставање крај на руската агресија врз Украина.

– Денеска, како прв чекор, исплативме 1,9 милијарди евра како предфинансирање во рамки на Украинскиот механизам, истакна Фон дер Лајен, додавајќи дека пред лидерите го презентирала и планот на Г7 за исплата на 50 милијарди евра позајмици на Украина, како дека ЕУ ќе работи со своите партнери и Кијив за усвојување на регулатива што ќе овозможи исплата на финансиски средства за земјата пред истекот на оваа година.

Во врска со состојбата на Блискиот Исток, претседателот на Европскиот совет нагласи дека ЕУ секогаш ќе се залага за почитување на меѓународното и меѓународното хуманитарно право и од тој аспект го поддржува правото на Израел да се брани од нападите на Хамас, но исто времено бара и итен прекин на огнот, безусловно ослободување на сите заложници и овозможување на дистрибуција на хуманитарна помош во Газа, како и дека го поддржува решението за создавање на две држави.

Мишел на крајот од своето обраќање и се заблагодари на Белгија и на премиерот Де Кро за успешното претседавање со Унијата во првите шест месеци од годинава, оценувајќи дека во овој период биле усвоени важни регулативи и биле постигнати многу компромисни решенија.

Фон дер Лајен од своја страна му честиташе на Де Кро за, како што рече, исклучителното претседавање со ЕУ, за кој период беа постигнати политички договори за 45 регулативи, меѓу кои и неколку клучни одлуки поврзани со Зелениот договор, дигитализацијата, индустријата и проширувањето, како и ревизијата на Повеќегодишната финансиска рамка на ЕУ и Пактот за азил и миграција.

Де Кро, пак, оцени дека ЕУ во следните години ќе се соочува со многу предизвици, имајќи ги предвид војната во Европа и притисокот врз економијата, потенцирајќи дека справувањето со овие предизвици било меѓу приоритетите на белгиското претседателство со Унијата.

Тој и посака успех на Унгарија во претседавањето со Унијата во следните шест месеци и постигнување напредок во законодавниот процес и продолжување на европската поддршка за Украина.

– Претставува голема привилегија и голема одговорност да се работи за доброто на граѓаните на ЕУ. Тоа беше привилегија на Белгија и Белгија по 13 пат ја имаше таа привилегија. Европската Унија е одлично место за живот, одлично место за работа, одлично место за инвестирање и затоа сите треба да работиме заедно за да го задржиме тој правец, додаде Де Кро.

Print Friendly, PDF & Email
Tags: Блиски истокЕУУкраина
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубчо Георгиевски за ЦИВИЛ Медиа: Иван Стоиљковиќ е докажан борец против македонската државност, од раните 90 години беше активен противник на независна самостојна македонска држава

    155 shares
    Share 62 Tweet 39
  • Срџан Амет, прв Ром кандидат за Скопје: Време е да се разбие стигмата за Ромите

    140 shares
    Share 56 Tweet 35
  • (ВИДЕО) AA: Србија денес ја прогласи Северна Македонија за српска територија, Владата го одобри тоа со присуство на вицепремиерот Стоилковиќ

    118 shares
    Share 47 Tweet 30
  • 24 ЧАСА: Молк од владата за големо-српската пропаганда на Денот на независноста; Падна владата на Франција; ЕУ да го осуди Вучиќ по навредите кон европратениците; Во тек е повикот на ЦИВИЛ за изборни набљудувачи

    115 shares
    Share 46 Tweet 29
  • Зависна независност

    101 shares
    Share 40 Tweet 25
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ