• Latest
foto/fb profil

(ИЗБОР) Албански медиуми: Тестовите за натпреварот по математика само на македонски јазик; бран протести во Албанија до заминување на Рама

February 6, 2023
Лариса Дир, Амбасадорка на Украина во Северна Македонија (Фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

Амбасадорката Дир: На Украина ѝ се потребни силна меѓународна поддршка, правда за руските злосторства и безбедносни гаранции

November 24, 2026
Филип Стојановски, Фондација Метаморфозис (Фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

Стојановски: Украина ја брани слободата на сите нас, а руската пропаганда ја загрозува демократијата во Европа

November 24, 2026
Олександр Урбанович, претседател на Здружението на Украинците „Лесја Украинка“(Фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

Урбанович: Враќањето на секој Украинец од руско заробеништво мора да остане меѓународен приоритет

November 24, 2026
Џабир Дерала, претседател на ЦИВИЛ (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Дерала: Силата на Украина е сила на Европа, слободата на Украина е слобода на Европа

November 23, 2026
Руски беспилотни летала навлегоа во полскиот воздушен простор, 11 септември 2025/ Фото: Скриншот од видео на
CBS News

Руски ракети Х-101 паднале на полска територија, Варшава бара засилена поддршка од НАТО

November 23, 2026
Завршна пленарна седница на COP31 во Анталија, на која не беше постигнат консензус за главниот завршен документ. Фото: Xuthoria / Wikimedia Commons, CC BY-SA 4.0.

COP31: Државите не постигнаа договор за клучните прашања на климатската криза, спорот за фосилните горива ги блокираше преговорите

November 23, 2026

Владата и студентите: Операција „Дување во јогурт“

November 22, 2026

ЦИВИЛ: Не молчете пред насилството и неправдата – пријавете, документирајте, барајте одговорност!

November 22, 2026

Бламажа

November 22, 2026

Алта банка: Мицкоски слави спас, граѓаните ги чекаат своите пари – кој ќе ја плати цената на аферата?

November 22, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДНЕВНИК AL-PRESS

(ИЗБОР) Албански медиуми: Тестовите за натпреварот по математика само на македонски јазик; бран протести во Албанија до заминување на Рама

February 6, 2023 11:22
in AL-PRESS, МЕДИУМИ, РЕГИОН, ТОП 5
foto/fb profil

foto/fb profil

Share on FacebookShare on Twitter

Родители на ученици Албанци ги повлекоа своите деца од натпреварот по математика и протестираа пред објектот на Здружението на математичари на Македонија бидејќи тестовите биле само на македонски јазик, во Албанија се најавени протести со почеток на 11 февруари, се до заминување на Рама. Ова е само дел од изборот на темите од албанските медиуми во регионот, кои редакцијата на ЦИВИЛ Медиа ги избра за денешното издание на АЛ-ПРЕС.

НИСТОРИ: Учениците Албанци се дискриминирани на натпреварот по математика, тестовите се само на македонски јазик

„Здружението на математичари на Македонија денеска ги дискриминираше учениците Албанци на натпреварот по математика со тоа што не им понуди тестови по албански јазик, со што учениците Албанци ги стави во нерамноправна конкуренција со оние од македонската заедница, пренесе македонскиот медиум на албански јазик Нистори.

ПАНОРАМА: На 11 февруари ќе започне бран протести кој ќе престане само кога ќе си замине Еди Рама

Поранешниот пратеник од редот на демократите во Албанија, Клевис Балиу во интервју за ТВ ПАНОРАМА рече дека националниот протест од 11 февруари „не е датум на протест, туку почеток на бран протести што ќе престане само кога Еди Рама ќе си замине“, пренесе албанскиот медиум Панорама.

АРБРЕШ: Жртвите од сексуално насилство за време на војната во Косово, досега 2 илјади пријави

„Вчера заврши петгодишниот рок за пријавување на жени и мажи за признавање на статусот на жртви на сексуално насилство. Досега, според владината комисија за признавање на статусот на жртвата на сексуално насилство, околу 2000 лица поднеле барање за признавање на статусот на преживеани од сексуално насилство од војната во текот на 1998-99 година.“, пренесе Арбреш.

КОХА: 24 години од Конференцијата во Рамбује

„Пред 24 години, на 6 февруари 1999 година, конференцијата Рамбује започна со работа. Овој состанок, кој се одржа во близина на Париз, Франција, имаше за цел да се реши кризата во Косово.

Иницијатор на конференцијата, која траеше до 23 февруари, беше Контакт групата, а посредници беа Кристофер Хил од САД, Борис Мајорски, Русија и Волфганг Петрич од ЕУ.“, пренесе косовскиот дневник КОХА.

СУРИ: Албанците, слонот и српската Заедница!

„Оваа метафора за контролирање на слонот е моќна за нас Албанците, особено во актуелните ситуации кога метафорично наликуваме на „возрасен слон“, но всушност нашата вистинска волја за национално единство е нарушена од историските „окупатори“, извадок од колумната  „Албанците, слонот и српското здружение!“, од Шуќури Хаџа објавена во дневникот СУРИ.

Д. Тахири 


Сите права се задржани.

Tags: АЛ-ПРЕСАлбанијаалбански медиумивојнадискриминацијажртвиизборКосовоПротестиРамаРамбујерегионсексуално насилство
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ