• Latest

Извонреден одзив на политичката дебата на ЦИВИЛ

February 2, 2016
Фото: СДСМ

СДСМ ги објави првите 19 кандидати за градоначалници, Горан Герасимовски во Центар, Александар Трајановски во Аеродром

June 20, 2025
Фото; Скриншот од видео на АлЏезира

Економист: „Балканскиот насилник“ Вучиќ е „на колена“

June 20, 2025
Фото: Скриншот од видео на ВВС

Британскиот парламент гласаше за „потпомогнато умирање“, отворајќи пат за историска промена на законот

June 20, 2025
УЧЕСНИЦИ ВО ЗЛОСТОРОТ Слепи послушници, како робови на Палевски и еден соучесник, се обвинети за смртта на Вања Ѓорчевска

Пресуда за убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски на 25 јуни

June 20, 2025

24 ЧАСА: Смрт на улиците – нема крај на фаталните сообраќајки; Нетанјаху се жали – синот ја откажал свадбата поради ракетните напади; Додик слободно шета низ Русија; Холандија ја призна советската депортација на Кримските Татари како геноцид

June 20, 2025

Апелација им го укина куќниот и им определи ефективен притвор на поранешните директори на Клиниката за онкологија

June 20, 2025

ЕУ: Секоја одлука за изградба на мостови преку реката Ибар мора да се донесе со учество на сите заедници

June 20, 2025

На Мерко му е изречена казна од 10.000 евра за несовесно работење

June 20, 2025

Рокас порача дека ЕП е независна институција во ЕУ со свои правила и затоа не може да коментира за извештајот на Вајц

June 20, 2025
Фото: ДСНС на Одеса

Украинска амбасада: Колку побргу болните умови во Кремљ ја изгубат способноста да ја финансираат војната, толку повеќе животи ќе спасиме во Украина

June 20, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home Uncategorized

Извонреден одзив на политичката дебата на ЦИВИЛ

February 2, 2016 18:52
in Uncategorized
Share on FacebookShare on Twitter

ЦИВИЛ – Центар за слобода одржa јавна дебата во скопскиот хотел „Сити Парк“, со политичките партии кои не се дел од преговорите за надминување на политичката криза, а кои развија богата дискусија и полемизираа за причините што цела деценија ја туркаат Македонија во ќорсокак.

DSC_0141На дебатата „Плурализмот и политичката криза“ учествуваа 11 лидери или високи претставници на политички партии и политички иницијативи, а присутни беа активисти од невладини организации, дипломати и претставници од пет амбасади и претставници на медиумите.

Петрит Сарачини како воведничар на ЦИВИЛ, при отворањето на дебатата рече дека мора да се чуе ставот на целото општество и дека целта е да се слушнат различни мислења и од партиите кои не се вклучени во Договорот од Пржино за надминување на политичката криза.

Џабир Дерала истакна дека за ЦИВИЛ нема мали партии и дека сите политички партии, граѓанските организации и граѓанките и граѓаните имаат право да дадат свој придонес кон решавање на политичката криза. Тој додаде дека договорот за надминување на политичката криза не само што се имплементира, туку континуирано се крши. Ситуацијата на теренот е полоша отколку пред потпишувањето на договорот, што е далеку од создавање услови за одржување на слободни избори.

Според Синиша Станковиќ уредник на ЦИВИЛ Медиа, медиумите во Македонија се под цврста контрола на власта: „Ќе се бориме и понатаму, медиумите да излезат од железната прегратка на партизираната држава, преку нашата продукција на Интернет, но, ако треба, како и досега, и со ‘вести во живо’, во директни средби со граѓаните на плоштадите на македонските градови.

По излагањата на претставниците на ЦИВИЛ, дебата ја започна Лилјана Поповска од ДОМ, според која, распуштањето на парламентот претставува упад во договорот за надминување на политичката криза.

„Побаравме широка вклученост на сите партии и граѓански организации, но нашиот глас не беше испочитуван“, рече Поповска.

Влера Ејупи од ЛРДПА, упати апел да се престане со наметнување на авторитет преку насилство. Таа истакна дека образовниот систем направи партиски војници и ги уништува младите луѓе: „Зборот слобода е свет збор. Ние немаме слобода“, истакна Ејупи.

Јанко Бачев од НДМ, зборуваше за слабостите на ревидираниот Изборен законик. Тој истакна дека поранешниот премиер Никола Груевски и опозицискиот лидер Зоран Заев ги мамат граѓаните и дека внеле одредби во законикот кои се катастрофални за помалите партии.

„Ние не треба да се грижиме за опозицијата, туку треба да го разбиеме двопартискиот систем кој владее во Македонија“, смета Бачев.

Фатон Алити од ПДП изјави дека Македонија се наоѓа во длабока економска, социјална и политичка криза.

„Пржинскиот договор ќе обезбеди само минимум услови за фер и демократски избори, но изборите нема да значат победа за никого“, рече Алити.

Сафет Бишевац од поранешната Санџачка лига, обвини дека бошњачката партија која коалицира со ВМРО-ДПМНЕ е само приврзок и дека таквите партии обично добиваат по неколку вработувања поради својот послушнички статус. Тој навести дека доколку не се реши политичката криза преку дијалог, единствено на граѓаните им останува демократијата и условите за фер и демократски избори да ја бараат преку протести.

„Ќе мораме да го притиснеме акуелниот политички естаблишмент за одложување на изборите, со протести“, рече Бишевац.

Самка Ибраимовски, од ромската партија ПЦЕР, тврди дека Ромите се најзлоупотребувана заедница во Република Македонија. Тој вели дека може да има избори само ако има попис и дека за Македонија е подобро да има една изборна единица.

„Предлагам да се земат картичките за здравствено осигурување и според нив, да се направи Изборен список“, рече Ибраимовски.

Здравко Савески од Левица, партија во формирање, смета дека Договорот од Пржино нуди само минимум за враќање на демократијата.

„Ние мораме да инсистираме на апсолутно слободни избори. Мора да се инсистира на апсолутно демократски избори и плурализам, а власта да има чувство за критика“, рече Савески.

Африм Гаши од Беса рече дека во Македонија постојано се генерираат нови кризи.

„Постојано ни се повторуваат кризите. Македонија е нефункционална држава која не му служи на граѓанинот“, рече Гаши.

Марјан Огненовски од Обединети за Македонија повика на етничко обединување за уривање на режимот на Никола Груевски.

„Ние имаме една цел, треба да се окрупниме и да се обединиме етнички“, рече Огненовски.

Зулфи Адили од Унитети предупреди на губењето на довербата на Албанците во институциите на државата.

„Мора да го надминеме периодот кога се извикуваше ‘Гасни комори за Шиптари!’“ – рече Адили – „Помладите генерации ја напуштија Македонија затоа што имаме владетели кои се над Уставот, институциите и државата“.

Ивон Величковски од ЛП, рече дека материјалите доставени од ЦИВИЛ, соодветствуваат со анализите и на неговата партија. Тој истакна дека им треба поддршка од граѓаните за одложување на датумот за избори, за по изборите да не размислуваме повторно – за избори.

„Изборите мора еден ден да се случат, за да се заврши оваа криза. Без слободни избори кризата ќе продолжи. Потребно е ресетирање на системот“, поентираше Величковски.

Додека траеше дебатата, граѓаните поставуваа прашања на Твитер, користејќи го хаштагот #CIVILevent.

Едно од прашањата поставено до претставниците на политичките партии беше: Како мислите да ги привлечете младите?

На тоа прашање сите учесници дадоа свои одговорои кои во продолжение ги парафразираме.

Величковски: Наместо да ги привлекуваме, ние нудиме платформа на која тие ќе можат да ги адресираат и застапуваат своите интереси.

Гаши: Ние сме партија која ја водат млади.

Бишевац: И младите и старите го имаат истиот проблем. Младите се иселуваат.

Ејупи: Ние имаме проблем со вистинско меѓусебно запознавање. Универзитетот во Тетово е уништен во последните неколку години.

Адили: Ние во нашиот статут имаме став дека најмалку 30 отсто од членовите на раководството мора да бидат млади… Сите етнички заедници треба да побараат одговор од државните институции што прават за младите.

Савевски: Младите ја изгубија надежта. Тие не заминуваат од земјата само поради немање работа, туку и затоа што општеството не им нуди никакви шанси за развој.

Лидерите и претставниците на партиите одговорија и на новинарското прашање: Дали може да се очекува окрупнување на блокот на политички партии кои се против власта и евентуална поцврста коалиција?

Адили: Мораме да работиме со најмладите, за да ги научиме дека различностите се вредност. Идејата за окрупнување е добра и потребна.

Бишевац: Јас се согласувам со идејата за македонска верзија на (српскиот – н.з.) ДОС.

Огненовски: Ние имаме една цел. Треба да се окрупниме и да се обединиме мултиетнички.

Поповска: Од изборите во 2013 година, ние се подготвуваме за избори. Природно е сите да сакаат да одат самостојно на избори. Ние на 7 февруари ќе се појавиме со нашата Програма. Но, доколку е потребно окрупнување, ние ќе се приклучиме. Услов треба да биде дополнителна промена во Изборниот законик и подеднакво учество на жените во политиката.

Адили: Груевски и Заев треба да работат на превенција од несреќите на Албанците.

Величковски: Ние предвидуваме измени и во Уставот кои ќе претставуваат суштинска еднаквост. Ако ја знаеме целта, повелете, да разговараме. Нека почне тој разговор од овде.

Гаши: Овој режим мора да падне. Ако се окрупниме, првиот чекор треба да биде уривањето на овој систем, а вториот, да се договориме каква Македонија сакаме.

Савевски: Борбата за слобода не може да биде монополизирана. Кај младите има големо разочарување и недоверба во партиите.

Ибраимовски: Потребно е Македонија да стане една изборна единица.

И на твитер прашањето дали медиумите се фер кон „малите“ партии, кое Сарачини го надополни со прашањето – „како да се промени ставот на медиумите кон нив?“, учесниците имаа повеќе интересни предлози и ставови.

Алити го поддржа предлогот на Питер Ванхауте за медиумите, Бишевац предложи јавниот сервис МРТ секоја вечер да организира дебати во кои ќе учествуваат сите партии, Огненовски предложи формирање на телевизија зашто помалите играчи на политичката сцена, тешко можат да се изборат за простор во комерцијалните медиуми, Ибраимовски обвини дека медиумите ја игнорираат неговата партија, а Поповска смета дека времето во медиумите треба да се распредели според Изборниот законик, но и преку ослободување на медиумите.

Величковски потенцираше дека ако се направи коалиција, можат да се освојат над 100.000 гласачи, што ниеден медиум нема да може да го заобиколи. За Гаши, Македонија живее во  информативен мрак, Адили смета дека во Македонија се прави класичен бизнис, а медиумите не ја исполнуваат својата улога. Савески истакна дека не смее да се ограничи изборот на директор на МРТ на пратениците, туку мора да се вклучи целата јавност и други фактори.

Дехран Муратов

Print Friendly, PDF & Email
Tags: Африм ГашиВлера ЕјупиГруевскидебатадемократијаЗаевЗдравко СавескиЗулфи АдилиИвон ВеличковскиЈанко БачевЛилјана ПоповскаМакедонијаМарјан ОгненовскиМедиумиПитер Ванхаутеплурализамполитичка кризаполитички партииСамка ИбраимовскиСафет БишевацслободаФатон АлитиЦивилчовекови права
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Фото: Принтскрин од емисијата „Бизнис 21“ на ТВ21

    Славески: Мизерно е да ме прашувате за мојата плата од 3.000 евра, никој не ме прашува за гладувањето во САД додека студирав

    512 shares
    Share 205 Tweet 128
  • Вучиќ не ја потпишал декларацијата од самитот во Украина за да не ја „предаде Русија“, понуди помош за реконструкција што предизвика потсмев во Србија

    227 shares
    Share 91 Tweet 57
  • Кога премиерот те тужи, тоа не е лична пресметка, туку политички притисок!

    94 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Хил: САД повеќе нема да интервенираат како досега, Косово и Србија треба сами да ги решат своите проблеми

    91 shares
    Share 36 Tweet 23
  • Лаги

    91 shares
    Share 36 Tweet 23

CIVIL MEDIA NEWSLETTER

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ