• Latest

Кумановец со лажни дипломи станал универзитетски професор

April 12, 2018
Фото: Rosneft.de

САД привремено ги ослободија од санкции подружниците на Роснефт во Германија

October 29, 2025

ИЗБОРНА ХРОНИКА: Кампањата финализира со нови ветувања, поддршка за кандидати, додека победниците ги верифицираат мандатите

October 29, 2025
Фредерик Лејдквист, директор на Стокхолмскиот центар за источноевропски студии (SCEEUS) во Шведскиот институт за меѓународни односи. Фото: Stockholm Institute of Transition Economics (SITE)

Фредерик Лејдквист од Шведскиот институт за меѓународни односи: Студената војна сега би била најдоброто сценарио

October 29, 2025

БОИШТЕ НА НАРАТИВИ: Руските хибридни операции во Северна Македонија

October 29, 2025
Војници на САД во базата на НАТО во Тапа-Естонија. Фото: Д. Мишев/Цивил

Романско МНР: САД планираат да намалат дел од трупите на источното крило на НАТО

October 29, 2025
Фото: МИА

ЕУ без консензус за Белорусија поради Унгарија

October 29, 2025
Руски извидувачки авион Ил-20 забележан од полските воздухопловни сили над Балтичкото Море на 28 октомври 2025 година. Фото: Оперативна команда на полските вооружени сили/X

Полски борбени авиони пресретнаа руски извидувачки авион над Балтичкото Море

October 29, 2025
фото: ВИ

Буџетот за 2026 под лупа: Фискална рамнотежа или нова зависност од кредити?

October 29, 2025

Директорот на Комунална хигиена поднесе оставка поради морални причини

October 29, 2025
Donald Trump, Xi Jinping
Source- Firstpost video screenshot

Разговорите на Трамп и Си би можеле да стават крај на месеците на глобален економски хаос

October 29, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Кумановец со лажни дипломи станал универзитетски професор

April 12, 2018 09:35
in ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Полицијата поднесе кривична пријава  против М.М.(47) од Куманово за сторено продолжено кривично дело „употреба на исправа со невистинита содржина“, кој е осомничен дека противправно се стекнал со факултетска, магистерска и докторска диплома и со нив стасал до ангажман како професор на Факултетот за правни науки во Свети Николе и аплицирал за полагање оравосуден испит.  

За тој случај е поднесена  кривична пријава и  против Б.Р.(46) од Скопје за сторено кривично дело „фалсификување исправа“,  В.М.Н.(58) од Скопје за „фалсификување службена исправа“, како и за А.И.(38) од Штип за сторено продолжено кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“.

Б.Р., како раководител на студентски прашања на Универзитетот „ФОН“ Скопје во електронското и материјалното досие на М.М. внела невистинити податоци дека тој, инаку главен инспектор во отсекот за странци и реадмисија во Регионален центар за Гранични работи „Север“,  положил испит, по што изготвила уверение и го дала на потпис и потврдување кај деканот на Факултетот за правни науки и ректорот на универзитетот.

Со тоа му овозможила противправно да се стекне со диплома за завршен прв циклус на студии. По ова М.М, и покрај тоа што знаел дека уверението и  дипломата содржат невистинити податоци, ги употребил при запишување втор циклус на специјалистички студии и втор циклус магистерски студии на Факултетот за правни науки при Универзитетот ФОН Скопје.

Во текот на магистерските студии Б.Р. повторно во електронското и материјалното досие на М.М. внела невистинит податок дека тој положил испит, и покрај тоа што професорот не ја впишал оценката и не ја потпишал пријавата, со што му овозможила противправно да се стекне со уверение за положени испити од втор циклус и диплома за магистер по правни науки.  М.Н., тие уверенија и дипломи, и покрај тоа што знаел дека содржат невистинити податоци во повеќе наврати ги употребил приложувајќи ги како доказ за завршено образование во персоналното досие во МВР на РМ, а со намера врз основа на таквите дипломи и уверенија полесно да напредува во службата и системот на кариера во МВР.

Во 2011 година уверенијата и дипломите повторно ги употребил при запишување докторски студии на Факултетот за туризам и угостителство во Охрид, при што навел уште еден лажен податок дека во 1994 година дипломирал на Природно-математичкиот факултет при универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ во Скопје.

Во декември 2013 година, пак, дипломите ги употребил во приватната високообразовна установа за бизнис студии „Еуро Колеџ” во Куманово при постапка за избор на доцент во наставнонаучна област „менаџмент во царина и шпедиција и друго“, а во текот на 2014 година и 2017 година ги користел  во постапка за добивање согласности за вршење дополнителна дејност во МВР на РМ.

М.М. во 2015 и 2016 година со дипломите аплицирал за ангажман како професор на Меѓународниот славјански Универзитет „Гаврило Романович Државин“ во Свети Николе каде бил ангажиран како професор за што во текот на 2015, 2016 и 2017 година му бил исплатен надоместок во износ од 272.300 денари. Тој минатата година спорните дипломи ги употребил и при аплицирање за полагање правосуден испит во Министерството за правда.

Според пријавата, четвртопријавениот А.И., како декан на Факултетот за правни науки при Меѓународниот славјански Универзитет „Гаврило Романович Державин“-Свети Николе-Битола  ги  ставил во сила одлуките за избор на М.М. како професор,  иако знаел дека се несоодветни со подрачјето и областа на која докторирал, со што постапил спротивно од Законот за високо образование и му овозможил да се стекне со противправна имотна корист во вкупен износ од 272.300 денари.

Како што соопштуваат од Министерството за внатрешни работи, на 8 февруари годинава   третопријавената В.М.Н., како советник-државен просветен инспектор, при вонреден инспекциски надзор на универзитетот ФОН Скопје, во соработка со инспектори од МВР, при увид во електронското и материјалното досие на првопријавениот составила лажен записник кој го заверила и потврдила со свој потпис и печат од Државниот просветен инспекторат.

[divide]

Извор: МИА

Print Friendly, PDF & Email
Tags: дипломиКумановецпрофесорФалсификувани
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Деца и училишни ресурси како алатка за кампања во Пробиштип!

    135 shares
    Share 54 Tweet 34
  • Лукоил ги продава своите филијали во странство по санкциите на САД, македонската подружница сé уште молчи за прашањата на ЦИВИЛ

    111 shares
    Share 44 Tweet 28
  • Изборите и коалицијата: ВЛЕН му го залула чунот на Мицкоски

    109 shares
    Share 44 Tweet 27
  • Косовски пратеник удри граѓанин со бокс оти го нарече „лажго“ – инцидент во центарот на Приштина!

    103 shares
    Share 41 Tweet 26
  • Арсовска шири лажни вести: Директорот на „Комунална хигиена“ сè уште е во притвор и не потпишувал „во срце и душа сум ВЛЕН“

    101 shares
    Share 40 Tweet 25
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ