• Latest

МНР: ВМРО-ДПМНЕ не може да прифати дека со едно видео за објаснување на преговарачката рамка се разоткрија нивните лаги и пропаганда

August 6, 2023

24 ЧАСА: „Гасни комори и смрт“ за Албанците на спортски натпревар; Мицкоски, Тошковски, Стоилковиќ, Димитревски без одговор на прашањата на ЦИВИЛ; Таравари бара национализмот да биде осуден и изгаснат

August 4, 2025
Графити во Маџари, снимени на 5 септември 2024 (фото: ЦИВИЛ)

Дијагноза: Колективно воспитана омраза – „Смрт, гасни комори за Шиптарите“

August 4, 2025
Скриншот од видео кое наводно го прикажува погледот од авион што слетува на аеродромот во Сочи на 3 август Shaun Pinner/X

Украинците потврдија успешен напад со дронови врз складиште за гориво на рускиот аеродром во Сочи

August 4, 2025

Мицкоски, Тошковски, Стоилковиќ и Димитриевски без одговор на прашањата на ЦИВИЛ за националистичките скандирања во Куманово

August 4, 2025
Фотографија: ВИ

Во пресрет на локалните избори 2025: ДКСК без претседател, Собранието на одмор

August 4, 2025
Фото: Скриншот од видео објавено од Володимир Зеленски на Фејсбук

(ВИДЕО) Русија лови цивили: Зеленски споделува снимки од градовите на линија на фронтот

August 4, 2025
Порака за блокирање на веб-страница. Фото: LSM+

Латвија блокираше 10 веб-страници што шират руска пропаганда

August 4, 2025

(ИЗБОР) Албански медиуми: ОБСЕ нуди препораки за Кривичниот законик во Албанија; Спиропали и Османи со остри осуди за антиалбанските скандирања во Куманово

August 4, 2025
Фото: Скриншот од видео на WION

Најмалку 68 мигранти загинаа при превртување на брод кај Јемен

August 4, 2025

Министрите ќе ја извршуваат функцијата и додека се тркаат за градоначалник

August 4, 2025
CivilMedia
No Result
View All Result
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

МНР: ВМРО-ДПМНЕ не може да прифати дека со едно видео за објаснување на преговарачката рамка се разоткрија нивните лаги и пропаганда

August 6, 2023 15:33
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА, ПРОПАГАНДА, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

ВМРО ДПМНЕ не може да прифати дека нивните лаги и пропаганда за преговорите се разоткрија во само едно детално видео во кое прецизно беше објаснета содржината на преговарачката рамка, како и процедурите и принципите на преговарачкиот процес. На граѓаните им стана јасно дека ниту договорот со Бугарија ниту прегледите од член 12 нема да бидат пречка за напредок во европските интеграции, затоа што тие ниту се дел од поглавјата, ниту во одредниците содржани во акциските планови, ниту пак било каде во специјалниот дел од преговарачката рамка за кој ќе бидат изготвувани извештаи и по кои ќе се гласа, се наведува во денешното соопштение на Министерството за надворешни работи.

МНР додава дека „европската интеграција на земјава претставува стратешки државен интерес за кој граѓаните, без разлика на политичката припадност, имаат право да бидат јасно и прецизно информирани за прашањата од кои зависи во каква земја ќе живееме во иднина. Граѓаните заслужуваат аргументирана политичка дебата, а не паушални и шпекулативни обвинувања за кои нема никаква основа. За жалење е што опозицијата наместо да ги изложи своите аргументи и јавно да ги објасни своите политички ставови, избира да се вклучи во измислени приказни со кои се обидува да ја избегне одговорност за политичкиот инает со кој настапува“.

Граѓаните заслужуваат европска иднина, Република Северна Македонија заслужува да продолжи успешно да ги води преговорите и одговорните политички лидери не треба заради тесни партиски интереси да ѝ застанат на тој пат на земјава, соопшти МНР.

Print Friendly, PDF & Email
Tags: видеоВМРО-ДПМНЕЕУМНРПреговорипропаганда
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

    CIVIL MEDIA NEWSLETTER

    Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

    CivilMedia

    СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

    Следете нè

    No Result
    View All Result