• Latest
Контрола и манипулации (илустрација изработена со помош на вештачка интелигенција - OpenArt)

Нема дијалог ако за лагите на еден од актерите само небото е граница

August 27, 2024
Илустрација ВИ

Сеќавањето како обврска: 27 јануари – Меѓународен ден на сеќавање на жртвите на Холокаустот

January 27, 2026

Заканата е јасна. Линиите се повлечени. Часовникот отчукува.

January 26, 2026
Скриншот од видео на ВВС

И републиканските сенатори повикуваат на поцелосна истрага за убиството во Минеаполис – Што тврдеше тимот на Трамп, а што покажуваат доказите

January 26, 2026

Поранешниот претседател Бил Клинтон жестоко ги осуди властите за ужасните сцени во Минеаполис: Никогаш не помислив дека ќе се случат во Америка

January 26, 2026
Илустрација ВИ

Ненаучени лекции: Поларизација на јавниот простор, култура и правниот систем – предвремена и индиректна кампања (13)

January 26, 2026
Protests Minneapolis
Source: screenshot NBC

Имиграција, оружје и избори: Фаталната ескалација во Минеаполис ја тресе американската политика

January 26, 2026

Документот за безбедносни гаранции за Украина од САД е 100% готов, вели Зеленски

January 26, 2026

Анализа на CIVIL.Today: Неутралноста што убива – како ерозијата на наративите ѝ служи на руската агресија

January 25, 2026
Креирано со помош на ВИ

Трамп го проби дното: Ги налути НАТО сојузниците со неточно тврдење дека „останале малку подалеку“ од фронтот во Авганистан, Британците гневни

January 24, 2026
Венко Филипче, 31. Конгрес на СДСМ, 24 јануари 2026 (фото извор: СДСМ)

Конгрес на СДСМ: Филипче со жестоки критики за власта и повик за единство и мобилизација

January 24, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
    Скриншот од видео на ВВС

    И републиканските сенатори повикуваат на поцелосна истрага за убиството во Минеаполис – Што тврдеше тимот на Трамп, а што покажуваат доказите

    Поранешниот претседател Бил Клинтон жестоко ги осуди властите за ужасните сцени во Минеаполис: Никогаш не помислив дека ќе се случат во Америка

    Protests Minneapolis
Source: screenshot NBC

    Имиграција, оружје и избори: Фаталната ескалација во Минеаполис ја тресе американската политика

    Документот за безбедносни гаранции за Украина од САД е 100% готов, вели Зеленски

    Анализа на CIVIL.Today: Неутралноста што убива – како ерозијата на наративите ѝ служи на руската агресија

    Венко Филипче, 31. Конгрес на СДСМ, 24 јануари 2026 (фото извор: СДСМ)

    Конгрес на СДСМ: Филипче со жестоки критики за власта и повик за единство и мобилизација

    Фото: Украинската амбасадорка Лариса Дир/Х

    80% од Украина се соочува со итни прекини на електричната енергија по рускиот напад во текот на ноќта, истовремено со трилатералниот мировен состанок во ОАЕ

    Илустрација ВИ

    Трилатерални преговори во Абу Даби: Може ли Украина да постигне пробив во разговорите со Русија

    Фото: Канцеларија на претседателот на Украина

    Зеленски ја оцени средбата со Трамп како позитивна, критикувајќи ја неактивноста на ЕУ

    Фото: Амбасадорка Лариса Дир/Х

    Амбасадорката Дир: Денес, во соочување со вооружената агресија на рф, соборноста е темелот на украинската издржливост, отпор и идна победа

  • ПОЛИТИКА
    • Категорија
    • ПОЛИТИЧКИ ОКЕЈ КОРАЛ
    Венко Филипче, 31. Конгрес на СДСМ, 24 јануари 2026 (фото извор: СДСМ)

    Конгрес на СДСМ: Филипче со жестоки критики за власта и повик за единство и мобилизација

    „Одборот за мир“: Како Трамп го претвора глобалниот поредок во клуб со членарина

    Илустрација ВИ

    Светскиот економски форум во Давос 2026: „Духот на дијалог“ во ера на геополитички тензии и технолошки трансформации

    Чупеска: Правдата не е сопственост на елитите, туку заедничко добро на граѓаните

    Ignorantia ante portas

    ПРАШАЊЕ НА ДЕНОТ: Што мислите за иницијативата да се укине заштитниот механизам – техничка влада – во пресрет на избори?

    Кога Мицкоски е зад воланот: Зошто појасот не се вади иако возачот вели дека е внимателен

    фото Влада на Северна Македонија

    На ВМРО – ДПМНЕ не му се допаѓа пржинскиот модел на избори со техничка влада

    Џабир Дерала (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Мицкоски во координација со Мицкоски: Како демократската заштитна мерка се укинува од оние поради кои е воведена

    Lu-ping/ Лидерски средби – функционално и морално деградирање на избраните на изборите

  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
    • Категорија
    • ИСТОРИЈА

    Ден на Соборноста на Украина: историја, значење и современа важност

    Фото: Државна лотарија на Македонија/ Фејсбук

    Државна Лотарија на Македонија – не, благодарам!

    Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Рајот е место каде ништо не се случува

    Демократијата не се брани сама од себе: Што нè научи 2025 година

    Северна Македонија, 2025: Политичка поларизација, институционални слабости и демократски предизвици

    ИДЕОЛОШКА БЕЗДНА: Како Студената војна го преобликува сонот за интелигенцијата

    Кривична пријава против пет лица од Тетово за трговија и силување на 15 годишно девојче

    Бугарија со инвестиција над 260 милиони евра за железницата кон Северна Македонија

    Од 1 јануари струјата поскапува – сметките растат од 57 до 900 денари

    Фото: ВИ

    Ларви и инсекти во киви од Србија: АХВ стопира увоз и нареди уништување на 22 тони

  • СЛОБОДНА ЗОНА
    • Категорија
    • ES-PRESS-O
    • БЛИЦ
    • БРЗА ПОШТА
    • ДИПЛОМАТСКА ПРИЗМА
    • ДОБРО УТРО СО ОРДАНОСКИ
    • ЕДИТОРИЈАЛ
    • ПО ДОПРЕН ГЛАС
    • САТИРА
    • ТЕЖИШТЕ

    „Одборот на мирот“: шок‑терапија за заспаната ООН или вовед во правото на посилниот?

    Креирано со помош на ВИ

    Деменција, епохално незнаење или чиста злоба: Трамп се посрамоти во Давос во обид да ја понижи Европа и сојузниците

    Геополитика на „Облакот“: Зошто хард дискот е новата нафта?

    Фото: Државна лотарија на Македонија/ Фејсбук

    Државна Лотарија на Македонија – не, благодарам!

    Види што ме натера да направам: Билансот на мртви во протестите во Иран и авторитарната логика на обвинување на жртвата

    По повторените локални избори – сите среќни и весели фатени на оро

    Ладното лицемерие на рф

    Љубомир Костовски (фото: ЦИВИЛ)

    Диви и други свињи

  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result

Home АНАЛИЗИ

Нема дијалог ако за лагите на еден од актерите само небото е граница

Дијалогот не е важен само за актерите во него, бидејќи крајна цел на истиот е – граѓанинот, кој низ тој дијалог треба да ги познае своите потреби и интереси. А за такво нешто секако треба да постојат вистински слободни медиуми. Но и доволно ангажирани интелектуалци. Што би рекле навивачите – јави се еднаш јужна!

August 27, 2024 13:01
in АНАЛИЗИ, МЕДИУМИ, ПОЛИТИКА, ПРОПАГАНДА, СЛОБОДНА ЗОНА, ТОП 5
Контрола и манипулации (илустрација изработена со помош на вештачка интелигенција - OpenArt)

Контрола и манипулации (илустрација изработена со помош на вештачка интелигенција - OpenArt)

Share on FacebookShare on Twitter

ЉУБОМИР КОСТОВСКИ

Зошто кај нас нема политички дијалог? Често нема ни преговори во вистинска смисла на зборот, дури и за најсериозните прашања. Да се сетиме само на преговорите со опозицијата пред повеќе од една деценија, по повод неславниот Црн понеделник, кога во нив беше вклучен и експремиерот Груевски, со посредство на меѓународниот фактор, кога се дојде до некаков заклучок, оверен со потписи на преговарачите, за минимум основи за натамошна демократизација и за надминување на општествената криза. Тогаш, гласноговорникот на ВМРО-ДПМНЕ, Илија Димовски, веднаш по потпишувањето на заедничкиот документ со опозицијата, изјави дека договорот е тоалетна хартија!

Замислете ја таа ситуација во било која нормална и минимално демократска земја. Нема соодветен пример од друга средина! Не може ниту да се повтори, освен кога се работи за завојувани страни и кога дури и со сериозен посредник прифатените идни чекори паѓаат во вода уште првиот ден (пример се предлозите на американскиот претседател Бајден и завојуваните страни – израелската влада на чело со Нетанјаху и палетинската организација Хамас). По понижувачкиот однос на Груевски кон политичкиот дијалог, настапи посериозен меѓународен ангажман, кога притисокот на посредниците стана видливо поаагресивен кон оној кој со договорите решаваше сопствени хигиенски потреби. Знаеме како тие преговори завршија (Пржинските) и работите потоа, барем за миг тргнаа од мртва точка…

За преговорите да бидат успешни треба да се одвиваат во услови на постоење на демократски дијалог. Генерално преговорите не треба да се мешаат со дијалогот, кој има помоќна фрекфенција, но затоа и двете категории на политичка коресподенција меѓу актерите на општеството одговорни за неговиот напредок и стабилност секогаш треба да се приклучени на задоволувачка волтажа на „двонасочна струја“.

Имено, дијалогот не е важен само за актерите во него, бидејќи крајна цел на истиот е – граѓанинот, кој низ тој дијалог треба да ја познае својата потреба и интерес. А за такво нешто секако треба да постојат вистински слободни медиуми.

Гледано од наш аспект, до некаде и со балкански ракурс, отсуството на независни медиуми, со кои не управуваат прости пренесувачи на наредби од врвот на една држава или една партија (ова второво е постабилно во практиката како насока) таа ситуација постои и ги обесмислува политичките средби и кога тие до некаде имаат карактеристика на преговори, како што деновиве беа средбите меѓу градоначалничката на Скопје и претседателот на Владата, како и онаа меѓу претседателката на Судскиот совет и – одново – најодговорниот кај извршната власт.

Она што во преносот на нешто што требаше да биде дијалог, или можеби поточно – преговори меѓу рамноправни субјекти е ставањето на медиумски акцент врз позициите на повиканите на Илинденска број 2. Арсовска е избрана на непосредни избори токму како претставничка на ВМРО-ДПМНЕ, партија на домаќинот на разговорите, а која сепак е со независна позиција, што уште повеќе важи за првата преговарачка во претставувањето на третата власт во јавноста.

Ваквиот настан, во услови на постоење на независни медиуми, ќе оневозможеше надмен пристап на Мицковски, кој и во оваа пригода доби „пристојно парче од колачот“ на вестите. Излезе дека тој ѝ дал задачи на градоначалничката, па дури и рок од неколку дена (!) за постапување по истите, додека истовремено го искористи моментот да ја промовира својата теза за растурање на Советот на обвинители и Судскиот совет, споменувајќи го и случајот со истрагата против еден судија на Врховниот суд и јавниот обвинител Мемети.

Зошто го споменуваме ова проширување на изјавата за една средба за која нормално имаше огромен интерес во граѓанството? Најпрво заради тоа што постои еднонасочен однос на тие пресови на првиот човек на Владата: тој ги претвора новинарите во прости чинители, мегафони на една личност или политичка позиција, откако тие самите се идентификуваат како такви на средбите со премиерот. Нема прашања за содржината на дијалогот за кој се тие дојдени или редакциите биле заинтересирани, туку пресот се состои во монолог кој се чини и не смее да биде прекинуван. Нема разлика дали е тоа прес или доставена снимка од страна на партискиот штаб! Вие никогаш не ги гледате новинарите и не ги слушате нивните прашања, ако воопшто ги има.

Кога Мицковски гледа дека потенцијалните прашувачи се во некој вид на кома, продолжува на друга тема, одново без гледачот – слушателот да види кој и зошто ја сменил темата. Тоа е трик да се тргне и формално интересот на новинарите од она за што тие дошле, но одново имаме само пренос на волјата или замислата на еден од учесниците во преговорите или дијалогот. Дури и за една навистина многу чувствителна тема како што се реформите во правосудството, каде опозицијата, но и меѓународните авторитети се на спротивставени страни со власта во земјава! Или за тоа дали градот ќе почне да функционира две и пол години откако на негово чело дојде вмровскиот избор!

„Идеален или филозофски дијалог подразбира две личности кои вооружени со добра волја ја бараат вистината (дијалог, два говори). Во овој тип на дијалог, неопходно е да се зајакнат аргументите до крај, бидејќи силниот контрааргумент ја зголемува силата на сопствениот аргумент или го совладува. Таквиот дијалог не е натпревар, туку потрага. Затоа, целта е вистината“, коментира политикологот Иван Миленковиќ во белградско „Време“.

Во македонската практика вие по вакви разговори ретко имате заеднички изјави пред медиумите. Особено кога се работи за лидерите на ВМРО-ДПМНЕ, без оглед дали се работи за ситуации кога оваа партија е во опозиција или е на власт. Ова е целосна неодговорност кон јавноста, онаа на која таа партија треба да ѝ служи! Од каде доаѓа оваа пракса во Палатата Татарчев? Веднаш да се рече – од неодговорноста кон јавноста и заради можноста за постојано манипулирање со неа.

„Приватниот дијалог е насочен кон решавање на практичен проблем. Целта, до тој степен, не е вистината, туку ефективно дејствување. Дури и таму каде што има јасна хиерархија – војската, на пример – или политички поредок со различни нивоа на моќ и авторитет, дијалогот е пожелен бидејќи, сосема едноставно, две глави, или повеќе глави (особено ако се паметни), вредат повеќе од една“ – продолжува тој.

Да речеме дека во преговорите околу прифаќањето на Бугарите како малцинство во нашиот Устав, што се водеа зад затворени врати меѓу лидерите на СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ во Клубот на пратениците, изјава даде Мицковски и изгледаше дека до договор дошло! Јавноста здивна, искрено. Во тој стил подоцна реферираше пред медиумите и претседателот на СДСМ. Ама за симнување на оптимизмот во воздухот грубо на земјата се погрижија, се чини, покровителите на Мицковски, бидејќи, штом тој стигна во партискиот штаб излезе она „пу, грешка“.

Како со тоалетната хартија на гласноговорникот на Груевски. Се случи нешто мистериозно што постигнатиот договор грубо го преврте, белото го обои во црно и потоа имаше многубројни толкувања за пресвртот, односно за тоа кој толку моќно влијаел за така судбоносно прашање. Што на крајот на краиштата и не беше релевантно. Позначајно е дека вакви пресврти се должат на нешто што Миленковиќ го нарекува монолошко насилство. Моќен си онолку колку што можеш да ја манипулираш јавноста, односно да не дозволиш таа слободно, овој пат олицетворена во поединец, во домашен мир, пред згаснат телевизор да одвага кој од политичките актери е близок до неговиот интерес. (Да споменеме еден пример од соседството – Вучиќ долго време преговара со косовскиот премиер Курти околу спорните српско-косовски прашања а како што велат/толкуваат во Јужна Србија тоа гласи – „ќе преговарам, сигурно ќе преговарам, ама не потписујем“.

Во овој контекст, аналитичарите споменуваат и примери за злоупотреба на јавниот збор и надвор од Балканот. Се споменува екс-претседателот на САД – Трамп, кој и годинава се кандидира за враќање во Белата куќа. Тој во првата претседателска дебата (дијалог) работите ги постави така што проблем не беше тоа дали говори или брутално лаже. Неговиот конкурент имаше проблем со својата способност убедливо да се спротивстави на лагите на Трамп. Ама во американскиот случај, предноста за јавноста е што постојат слободни медиуми, ама ако не еден или два, другите ќе побрзаат со проверките, па користењето на лагата во дебатите се релативизираат.

Кај нас речиси нема проверка или соочување на фактите, бидејќи и оние емисии кои формално негуваат соочувања се преполни со надвикување, со што дијалогот постепено се претвора во политичко насилство. Пример за примена на такво насилство, за жал успешно, е пратеничката од Гостивар во овој и претходниот мандат – Дафина  Стојановска, која кога за нејзините аргументи пристапот на убедливоста ќе стане „густ“, таа секогаш применува закана – „да станам и овие листови хартија да ви ги фрлам“! Ова го практикуваше и во Парламентот, како „крунска аргументација“, но и во дебата со својата противкандидатка пред изборите во шестата изборна единица – Славјанка Петровска. Демек јас сум физички посилна и можам да те надвикам и да ти се заканам, а ти нема да можеш да ми вратиш, најчесто заради цивилизираноста на соговорникот. Да не се симнува дијалогот на дното од ТВ студиото…

Стојановска победи во таа изборна единица. Зошто? Бидејќи отсуствува соодветна казна од јавноста. А зошто? Заради тоа што насилството веќе станува прифатливо во – условно – политичките спорења, па станува „квалитет“ достоен за некакви кавги на млекарките, како што тоа се нарекува во западните, демократски земји.

Постои аналитика која укажува дека насилните „аргументи“ и надвикување во политичките дебати на телевизиите влијае на пораст на насилството во семејствата (!), заради тоа што ја нагласува позицијата на сопругот-насилник врз потчинетите, сопругата и децата. Но за тоа друг пат.  Поранешната опозиција, а сега и власт, има долга листа „глаголиви“ солдати подготвени ТВ дебатите да ги претворат во бој. Како испомош очевидно ги имаат уредниците кои се на готовност, подготвени и да прекинат емисија ако дебатата не оди по волја на централниот штаб. Или во крајна нужда и да ја прекинат струјата, па сè да излезе само уште една „баксузна вечер“.

„Во овие неколку илјади години, луѓето не смислија ништо подобро и ништо поефикасно против лажењето од демократска република. Таму каде што имаме слободен јавен простор, односно каде што има дијалог, можеме да се спротивставиме на лагите. Онаму каде што нема слободен јавен простор, каде што нема република (поделба на власта, т.е. институционално уредување), таму само небото е граница на лагите на владетелите“ – вели Миленковиќ, да го искористиме уште еднаш..

Контролата врз медиумите во земјава е апсолутно цврсто во рацете на партијата ВМРО-ДПМНЕ. Еве последен и доста убедлив, се надевам, пример на надмоќ во блокирањето на било каков нормален политички дијалог. Се работи за присуството на премиерот Мицковски на одбележувањето на денот на независноста на Украина во земјава.

Христијан Мицкоски со украинското знаме, Ден на независноста на Украина, Скопје, 24 август 2024 (фото: ЦИВИЛ)

Ова беше пример како еден политичар треба да се однесува кон основните определби во надворешната политика, уште повеќе затоа што во актуелниот руско-украински воен судир нашата десница, каде што гравитира секако и ВМРО-ДПМНЕ, имаше двосмислен став или одбегнуваше јасно да се произнесе. Примерот кој го даде Мицковски тој ден беше за пофалба и тоа го истакна, меѓу ретките медиуми, и Цивил. Но, иако сите мејнстрим медиуми имаа свои камери на настанот, нивните вести останаа без прилог за присуството на премиерот на одбележувањето на украинската независност, одново искоментирана, пак, само во Цивил!

Како е тоа можно? Како ниту еден медиум барем малку не се одважи да излезе од матрицата која веќе истиот ден е наметната на сите уредници на вестите во мејнстрим медиумите? Можно е само ако медиумите се на кусо јаже врзани за Палатата Татарчев, која овој гест на премиерот го третира како нужен само за надворешна употреба. Проруските сили можат да останат мирни, нивните пароли остануваат сè уште актуелни.

Клучна вина во овие околности останува да ја сноси македонската интелигенција која во огромен несразмер со ангажираните мислители и аналитичари се одлучила да ја вовлече длабоко главата во висина на крагната. А што би рекле вардаровите навивачи – „јави се јужна“!

Специјално за ЦивилМедиа. Текстот е личен став на Авторот.
Tags: ГруевскиконтроламанипулацииМицкоскиполитички дијалог
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Креирано со помош на ВИ

    Деменција, епохално незнаење или чиста злоба: Трамп се посрамоти во Давос во обид да ја понижи Европа и сојузниците

    103 shares
    Share 41 Tweet 26
  • Обвинителот Анел Фидоски универзално воведе стандард дека смртната закана со куршуми е ОК, каква што доби Џабир Дерала

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
  • Кармата ги стига Кадировци – синот на чеченскиот лидер хопитализиран во тешка состојба по сообраќајна несреќа во Грозни

    112 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Битни се парите, а не судијата

    92 shares
    Share 37 Tweet 23
  • 80% од Украина се соочува со итни прекини на електричната енергија по рускиот напад во текот на ноќта, истовремено со трилатералниот мировен состанок во ОАЕ

    89 shares
    Share 36 Tweet 22
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ