Откако денес беше нападната зграда во близина на неговиот дом, Амар Сукар ги повика преговарачите на Хамас да дојдат и да преговараат од шатор, а не од климатизирани соби во Катар – и инсистираше дека ќе остане во градот.
„Без разлика дали ви се допаѓа или не, Нетанјаху, ние не си одиме“, му рече тој на доверлив фриленсер кој работи за Би-Би-Си. „Одете и справете се со Хамас, одете и убијте ги. Ние не сме виновни. И дури и да сме закопани тука, нема да си одиме. Ова е моја земја.“
Израел им нареди на сите жители на Газа да си заминат, додека неговите сили се подготвуваат да го освојат северниот дел од Појасот Газа.
Израелските воздушни напади продолжија да уништуваат згради, а армијата вели дека сега има оперативна контрола врз 40% од градот, додека копнените сили се подготвуваат да се борат против она што премиерот Бенјамин Нетанјаху го нарече „последното важно упориште“ на Хамас.
Нетанјаху оваа недела рече дека 100.000 луѓе го напуштиле градот, но до еден милион луѓе сè уште живеат таму – многумина во шатори или засолништа. Многу од нив велат дека нема – или не можат – да си заминат.
Д. Мишев