• Latest

Преглед на настани: ЦИВИЛ го започна Фестивалот на слободата со панел дискусии за изборни реформи и инфодемијата

December 1, 2020

ДИК ја достави одлуката за поништување на листата на Движењето за национално единство на Турците – партијата бара оставки и одложување на изборите

October 18, 2025
Фотографија: Скриншот од седница на ДИК

ДИК ја поништи кандидатската листа за советници за Град Скопје на ДНЕТ, гласовите ќе се сметаат за неважечки

October 18, 2025
Фото: МВР

Претрес во село Согле, општина Чашка поради сомнение за сторено кривично дело „поткуп при избори“

October 18, 2025

Селими: Владата ги урива двата столба на државата – меѓуетничките односи и европската интеграција, со што ја доведува во прашање самата демократија

October 18, 2025

Жител на Ваташа приведен поради уништување плакати на политичка партија на кавадаречко подрачје

October 18, 2025
Скриншот од видео на ДИК

ДИК: Исправена е печатната грешка, гласањето на болните во Општина Ново Село се одвива непречено

October 18, 2025
Фотографија: ВИ

За локалните избори се акредитирани 1451 набљудувач – 807 домашни и 644 странски

October 18, 2025
Британски Томахавк во лет. Повеќето Томахавки се поморско оружје, но постојат и опции за копно и за воздух. Фото: Кралска морнарица

Моќната ракета Томахавк ги собори Садам и Гадафи, може да го собори и Путин

October 18, 2025

Андонов: За да се заштити демократијата, потребна е демократизација на партиите и политичките структури

October 18, 2025
Креирано со помош на ВИ

„Српскиот свет“ и раката на Москва на Балканот

October 18, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДНЕВНИК

Преглед на настани: ЦИВИЛ го започна Фестивалот на слободата со панел дискусии за изборни реформи и инфодемијата

December 1, 2020 16:42
in ВЕСТИ, ДНЕВНИК
Share on FacebookShare on Twitter

ВЕСТ НА ДЕНОТ: Започна Фестивалот на Слободата, денеска со две панел дискусии

Фестивалот на слободата во организација на ЦИВИЛ, по повод Меѓународниот ден на човековите права, стартува со две панел дискусии „Изборни реформи: Желбите наспроти реалноста“, и „Пандемија и инфодемија“, во хотел Парк Резиденс, Скопје.

На првата панел дискусија како говорници учествуваа Оливер Деркоски, претседател на ДИК, Катица Николовска, член на ДКСК, Радмила Лазареска Геровска од Министерство за правда и Благица Димитровска, претседателка на здружението Инклузива. Претставници од ЦИВИЛ ќе бидат Петрит Сарачини и Џабир Дерала. Панел дискусијата ќе ја модерира Биљана Јордановска.

На втората говорници беа Јасна Бачовска, унивезитетска професорка, Елида Зулбеари, уредничка на Порталб, Филип Стојановски од Метаморфозис, Флака Положани, посебен советник за медиуми и радиодифузната дејност при МИОА и Петрит Сарачини, медиумски експерт и член на ЦИВИЛ. Панел дискусијата ќе ја модерира Дехран Муратов.

ЦИВИЛНИ АКТИВНОСТИ 

Положани: МИОА има реализирано неколку активности за подигнување на свеста за дезинформации

Сарачини: Социјалните мрежи најчесто се „тезгата“ каде се сервираат лажните информации

Бачовска: Треба системски да се јакне на медиумска култура и медиумската писменост

Стојановски: Проверката на факти да биде интегрален дел од новинарската дејност

Дерала: Закон кој се менува повеќе пати не може да биде добар закон, комплетно од нула да се подготви нов изборен законик

Сарачини: Сегашниот изборен модел претставува нееднаквост 

Димитровска: На претходните избори лицата со пореченост покажаа дека не се плашат од предизвици

Николовска: Како за прв пат имаме добри резултати со директно мониторирање на изборите од терен

Лазареска Геровска: Министерството за правда ќе формира работна група за измена на Изборниот законик

Деркоски: Изборите не претставуваат кластер за ширење на вирусот

ФЛЕШ ВЕСТИ 

Во Скопје денеска во дигитална форма почнува деветтото издание на Самитот Македонија 2025. Во фокусот на самитот се економските реформи и заздравувањето на економиите, а  се очекува вклучување на над 400 високи претставници на институции и организации, дипломати,  извршни директори, претприемачи, членови на академијата и млади лидери.

ВМРО-ДПМНЕ најави автомобилска блокада на скопските улици од 12:30 до 14:00. Од партијата велат дека овој пат ќе протестираат (повторно со автомобили), против политиките на актуелната влада, со Бугарија.

СЛОБОДНА ЗОНА 

„ Кога само ќе помислам колку пати сме биле во слична ситуација, очекувајќи ја дефинитивната вест за некој наш „судбински датум“, човек да се замисли како успеавме да останеме нормални во вакви околности, сите овие години! Под услов да сме останати нормални, се разбира. А контекстот за „нормалноста“ на Балканот вчера феноменално го исцрта неповторливиот претседател на Собранието на Србија, г. Ивица Дачиќ. Бесценето: во настап на ТВ Пинк (од сите можни розеви телевизии на светот!), Дачиќ, во својот зајадлив стил, иронично го коментираше развојот на бугарско-македонските „пред-интегративни“ односи, велејќи дека е наша (македонска) работа дали мислиме дека сме Бугари и дали немаме свој јазик, но дека „бугарската окупација (во Втората светска војна) беше дел од хитлеровската коалиција“ и дека Србите од јужна Србија многу добро знаат „колку биле сериозни бугарските злосторства“, пишува Сашо Орданоски во „Живот ли е ЕУ или панаѓур?“.

„Не, не велам дека сите се партиски ангажирани ботови, кои работат за надомест од 9 до 15 илјади денари. Многумина се само заглупавени и затруени, тотално несвесни мултипликатори на црната пропаганда и национал-шовинизмот. Не смее да се занемари ни онаа гнила национал-шовинистичка толпа ментални насилници и простаци на кои најудобно им е прпелкањето во калта и јадењето политички помии што им ги сервираат недоучени, вулгарни и алчни кускулиња во политиката“, пишува Џабир Дерала во „Национализам: Прпелкање во калта и јадење политички помии“.

„Во средината на 18-от век, терминот “македонија” се употребувал како синоним за “мешаност” или “разноликост”, што впрочем, истиот термин ја осликувал структурата и разноликоста на народот кој фигурирал на овие простори. Оттука и доаѓа терминот на позната мешана салата macédoine, како и нејзината фигуративната конотација која се употребува и во денешно меѓусебно општење“, пишува Тефик Махмут во „Тие што се блиску до проблемите и дискриминацијата, треба да бидат блиску и до власта и моќта која ќе одлучува и ќе ги решава истите проблеми“.

А. П. 

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Креирано со помош на ВИ

    Случајот со Тричковски повторно ја исфрли на површина селективноста на властите

    163 shares
    Share 65 Tweet 41
  • EУ испрати порака, Мицкоски молчи – Андонов со жестока критика

    132 shares
    Share 53 Tweet 33
  • Колегите од Неврологија во одбрана на Кузмановски по скандалот со кокаин: „Наместо осуда – сочувство и достоинство“

    117 shares
    Share 47 Tweet 29
  • Ел Чека фрли „предизборна бомба“: Објавени снимки со компромитирачка содржина за кичевскиот градоначалник Фатмир Дехари

    117 shares
    Share 47 Tweet 29
  • Моќната ракета Томахавк ги собори Садам и Гадафи, може да го собори и Путин

    113 shares
    Share 45 Tweet 28
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ