• Latest

Рама го спасува „Берлинскиот процес“?

July 12, 2023
Фото: Скриншот од видео на ВВС

Пакистан отстапува простор за дипломатија пред да одговори на нападот на Индија

May 9, 2025
ПИНКИ ГО ВИДЕ ТИТО По враќањето од Москва Додик сите говори ги завршува со воскликот „да живее Русија“!

Додик: Путин навистина ја разбира позицијата на нашиот народ, Србија и Кина се пријатели кои градат мостови кон иднината

May 9, 2025

Мицкоски: Среќен 9 Мај – Денот на Европа! Македонија припаѓа во Европа, со својот идентитет, култура и визија за иднината!

May 9, 2025
Фото/ Wikipedia commons

Вучиќ на воената парада во Москва и покрај предупредувањата од ЕУ

May 9, 2025
Фото: скриншот МИА

Почнува тридневна национална акција за чистење отпад – „Генералка викенд“

May 9, 2025
Фото: Х

Во Штип синоќа е убиен 25 годишен странски државјанин, убиецот е уапсен и четворица помагачи, сите турски државјани

May 9, 2025
Фото: Скриншот

Русија бара премногу отстапки за да се стави крај на војната во Украина, изјави Џ. Д. Венс

May 9, 2025
Христијан Мицкоски, 2022 (фото: Кирил Михаилов / ЦИВИЛ)

Мицковски и неговите говори: Просто да ти е милина што сме „скандинавска земја“

May 9, 2025

САД и Обединетото Кралство објавија нов трговски договор; За Трамп значи отворање огромен пазар, за Стармер е историски ден

May 8, 2025

Ватикан избра прв понтиф од САД; Роберт Превост е новиот папа Лео XIV

May 8, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home АНАЛИЗИ

Рама го спасува „Берлинскиот процес“?

Берлинскиот процес е мост чии столбови треба да се зајакнат и потребно е да се фокусираме на тој мост, без да се вознемируваме од разни струења, или ветрови, Отворен Балкан или други нешта. Велам да се фокусираме на Берлинскиот процес...

July 12, 2023 10:21
in АНАЛИЗИ, ПОЛИТИКА, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

ДИЈАНА ТАХИРИ 

Изминатата недела помина во знакот на прошетката на албанскиот премиер, Еди Рама низ државите на Балканот, вклучително и Северна Македонија. Поводот за овие посети, според Рама, е претстојниот Самит за Берлинскиот процес, кој треба да се одржи во Тирана есенва, односно, безрезервната поддршка за оваа иницијатива, а секако и неговата, сè уште мистериозна (или можеби неспретна?!?) изјава дека иницијативата „Отворен Балкан“ ја исполнила својата мисија, и дека сега треба да се фокусира на Берлинскиот процес. Но, за изјавите на Рама и другите актери, малку подоцна.

Што е Берлински процес?

Берлинскиот процес беше инициран со цел да се консолидира и да се одржи динамиката на процесот на интеграција во ЕУ во светло на зголемениот евроскептицизам и петгодишниот мораториум на проширувањето што го најави претседателот на Комисијата Жан-Клод Јункер.

Иницијативата вклучува пет балкански кандидати за членство во ЕУ кои не се членки на ЕУ (Црна Гора, Србија, Северна Македонија, Босна и Херцеговина, Албанија) и потенцијален балкански кандидат надвор од ЕУ (Косово), некои членки на ЕУ: Австрија, Бугарија, Хрватска, Франција, Грција, Германија, Италија, Полска и Словенија, и една дополнителна земја која не е членка на ЕУ, Обединетото Кралство.

Берлинскиот процес првично беше проектиран да трае четири години, но продолжи и по Самитот во Лондон во 2018 година. Бројот на земји-членки на ЕУ кои учествуваат во Процесот расте од година – Полска беше домаќин на Самитот во 2019 година, а Бугарија беше кодомаќин на Самитот во 2020 година заедно со Северна Македонија, а следниот Самит ќе се одржи во Тирана, Албанија, во октомври годинава.

Според експертите, иницијативата Берлински процес не ги постигна посакуваните, или, сите проектирани достигнувања, иако речиси секоја година се одржува Самит. Оживувањето на иницијативата, според одредени европски аналитичари и политичари, се случи на Самитот во 2022 година во Берлин.

„За некого ова може да звучи како „техникалија“, но се работи за историски чекори, изјави германската министерка за надворешни работи, Аналена Баербок, кога  најави потпишување на договор за меѓусебно признавање на лични карти, универзитетски и професионални дипломи меѓу шесте земји од Западен Балкан, во пресрет на Самитот во Берлин 2022 година. При најавата за потпишување на овие договори што се случи на самитот на земјите од Западен Балкан и Европската Унија како дел од Берлинскиот процес  на 3 ноември, 2022 година, Баербок не криеше дека смета дека овој успех е по заслуга на германската дипломатија.

Како достигнувања на оваа иницијатива, на веб страницата за достигнувањата на Берлинскиот процес, наведено е следново:

„Берлинскиот процес ја поттикна регионалната соработка во решавањето на проблемите од заедничко значење. Меѓу тематските области се инфраструктурниот јаз, невработеноста кај младите, ниската конкурентност на економиите и далечните изгледи за економска конвергенција со ЕУ, бавниот напредок во помирувањето, билатералните прашања, образованието и истражувањето, интеграцијата на Ромите и прашањата за животната средина.

Конечно, Процесот успеа да ја подобри соработката на владите на ЗБ6 и да иницира нови форми на меѓусебно поврзување, и пред сè да понуди конзистентен формат за сите 6 земји од Западен Балкан. Примери се Заедничкиот регионален пазар, RYCO и други институции кои се во тек. Во опсегот на иницијативите иницирани од Берлинскиот процес доведоа до зголемување на владите на WB6 да преземат поголема одговорност за Процесот во регионот“.

Отворен Балкан: Од идеја до реализација

Отворен Балкан е иницијатива во која членуваат Северна Македонија, Албанија и Србија, и има за цел да ги промовира и развива капацитетите на регионот, како и да донесе конкретни придобивки за граѓаните и бизнис заедницата. Оваа иницијатива е можност за зајакнување на регионалната економска соработка и промовирање на слободата на движење на луѓе и стоки. Главната цел на Отворен Балкан е да ги надмине социјалните, економските и трговските бариери кои го попречуваат економскиот раст во регионот преку имплементација на четирите слободи на кои се заснова европската интеграција, слободата на движење на стоки, работници, капитал и услуги.

Идејата за Отворен Балкан (порано позната како мини-шенген зона) дојде во раните 1990-ти. За прв пат се споменува како стопанско подрачје меѓу овие земји на Балканскиот Полуостров. Плановите на крајот беа напуштени поради југословенските војни. Првите најави за Отворен Балкан се појавија во 2018 година како начин за подобрување на политичките односи.

Плановите беа прогласени на 10 октомври 2019 година во Нови Сад. Одржани се две средби, едната во Охрид на 11 ноември 2019 година, а другата на 12 декември 2019 година во Драч. Овие земји изјавија дека ќе формираат унифициран пазар од 12 милиони луѓе до крајот на 2020 година. На 11 ноември 2019 година, на самитот во Охрид во 2019 година, претседателот на Србија, Александар Вучиќ,  премиерот на Албанија, Еди рама, тогашниот премиер на Северна Македонија, Зоран Заев, се согласија да создадат економска зона, која дополнително ќе ги подобри политичките и економските односи и ќе ги зајакне културните врски меѓу народите.

Отворен Балкан веќе дава резултати за граѓаните и за бизнис заедницата, а во делот на царинското работење има за цел олеснување на увозот, извозот и забрзување на движењето на стоките,  како и слободен пристап до пазарите на трудот во сите можни насоки меѓу трите држави со што на природен економски начин ќе се пополнуваат недостатоците.

На оваа иницијатива не се приклучија балканските земји Црна Гора, Косово и Босна и Херцеговина.

Рама, „Отворен Балкан“, македонски медиуми, косовски перцепции

Албанскиот премиер Еди Рама, пред десетина дена излезе со бомбастична изјава во однос на иницијативата Отворен Балкан, дека всушност иницијативата е веќе завршена. Оваа изјава како да ги најде неспремни ко-основачите од Северна Македонија и Србија, бидејќи не ја коментираа изјавата, освен српскиот претседател Вучиќ, кој имаше дилеми околу неговата изјава, односно, изрази неверување дека Рама кажал такво нешто. Во Северна Македонија, не ја коментираа изјавата, туку се почека на посетата на Рама во Владата, кога двајцата премиери, Ковачевски и Рама, одржаа заедничка прес конференција, а потоа одговараа на новинарски прашања.

Шпекулациите за тоа дали Отворен Балкан го „затвори“ Рама со изјавата, за која потоа ниту не се премисли, но исто така и не ја демантираше, се уште се живи и ги има од најразличните. Она што беше впечатливо на денот на неговата посета во Скопје, по пресот, е дека дел од медиумите се обидоа да ја дефокусираат јавноста со нерелевантни делови од неговиот говор, како и претпоставени причини и последици за „затворањето“ на иницијативата. „Меѓуалбанската кавга го тресе Отворен Балкан“, е еден од насловите што се појавија по прес конференцијата, веројатно алудирајќи на посетата на Рама во Република Косово, каде што имаше средба со косовската претседателка Вјоса Османи и претседателот на парламентот, Глаук Коњуфца, но не и со премиерот Албин Курти, кој одби да се сретне со него поради тоа што Рама ја откажа меѓувладината седница што требаше да се одржи во Косово, па инсистираше прво да се одржи седницата, па потоа средба тет-а тет.

На одбивањето на Курти му претходеше и креирањето драфт предлог за решавање на ситуацијата на северот на Косово од страна на Рама, а која не била доставена до косовскиот државен врв, туку директно во Брисел, акција која косовската, но и голем дел од албанската јавност ја осуди и перципира како „предавнички“, во смисла на тоа дека Рама глуми „помирувач“ на Србите и Косоварите, без да и го достави документот и на косовската влада,  играјќи на страната на Србија, поради неговите блиски врски со српскиот претседател Александар Вучиќ, меѓу кои и учеството во иницијативата „Отворен Балкан“ во кој Косово не прифаќа да се приклучи токму поради познатите  српски политики (непризнавање на државата, односно независноста, мешањето во косовските внатрешни работи и политики, кампањата за непризнавање на Косово низ светот, итн.)

И покрај неговите декларации во прилог на Косово, на пример, кога побара да се пуштат на слобода косовските полицајци уапсени од српската полиција, косовската јавност не го прифаќа Рама како посакуван авторитет во решавање на внатрешните состојби, бидејќи сите негови декларации во насока на подобрување и зајакнување на Република Косово на надворешно политички план, ги сметаат за лицемерни, поради горенаведените причини.

Рама и аферата „Мекгонигал“

Албанија на почетокот на годината ја тресеше аферата наречена „Мекгонигал“,  според името на Чарлс Мекгонигал, поранешен ФБИ функционер во Албанија, обвинет за перење пари и кршење на американските закони за санкции, откако наводно му помагал на рускиот олигарх Олег Дерипаска. Врската на албанскиот премиер Еди Рама со скандалот Мекгонигал, според светските медиуми, е неговиот неформален советник Агрон Неза.

„Обвинителите тврдат дека до август 2017 година, Мекгонигал се поврзал со маж од Њу Џерси, роден во Албанија и кој работел за албанското разузнавање неколку децении претходно.

Во обвинението не се наведува името на човекот, но описот се совпаѓа со Агрон Неза, за кој албанските корпоративни досиеја покажуваат дека влегол во бизнис со Мекгонигал во 2019 година, откако Мекгонигал го напушти ФБИ.

„Додека Мекгонигал се чинеше дека дејствува во улога на контраразузнавач против руското влијание, обвинителите тврдат дека, всушност, Неза и друг Албанец кој работи со Мекгонигал, идентификуван од обвинителите како неформален советник на Рама, имале свои финансиски интереси во нафтени полиња, се наведува во опширната статија објавена во Вашингот Пост.

На почетокот на февруари 2023 година, албанската опозиција побара измени во дневниот ред на собраниска седница и расправа за неговата вмешаност во аферата „Мекгонигал“, што се предизвикаа тензии со блокирање на собраниската говорница и тешки меѓусебни обвинувања. Од опозицијата бараа присуство на Рама на седницата, но тој не се појави. Подоцна во месецот, Рама за време на парламентарна дебата,  изјави дека заклучоците од извештај на ЦИА укажувале дека Русија финансирала партија во Албанија, Северна Македонија, Црна Гора и Босна и Херцеговина, за да ги дестабилизира тие земји.

Рама го спасува „Берлински процес“? 

„Тоа беше иницијатива родена од потребата да се турка напред Берлинскиот процес и ја исполни мисијата за која е роден. Сега мораме  да се втурнеме во Берлинскиот процес бидејќи ја имаме оваа можност“, гласи фамозната изјава на Рама, пренесена од Еурактив.

Неколку дена по изјавата, Рама најави „прошетка“ низ државите на Западен Балкан, за којашто извести дека ќе биде во духот на поддршка на Берлинскиот процес, на чиј Самит оваа година  домаќин ќе биде Албанија. Веќе вториот ден по најавата тој ја почна турнејата со посета на македонската Влада. По средбата со Ковачевски, двајцата премиери излегоа на заедничка прес конференција, од која голем дел од јавноста очекуваа дека ќе има појаснување околу тоа дали „Отворен Балкан“ ќе продолжи, или, Рама веќе го „затвори“.

Обраќањето пред медиумите го започна Ковачевски, зборувајќи исклучително за значењето на „Берлински процес“ и поддршката од балканските држави.

„Северна Македонија и Албанија развиваат традиционално пријателство и партнерство кое е за пример во регионот со тоа што нашите две земји делат заедничка соработка на многу полиња, но и заеднички, европски вредности.

Затоа што европскиот пат од којшто не отстапуваме ниту ние, ниту Албанија, претставува стратешка цел и на двете држави.

На тој европски пат ние и билатерално и како регион преземавме чекори за европеизација на нашите општества со цел што поскоро да ги постигнеме европските стандарди во секоја смисла, како системски, така и законски во однос на стандардот на живеење на граѓаните.

Токму таков чекор беше и е Берлинскиот процес во рамки на кој земјите од Западен Балкан изминатата година за време на Самитот во Берлин потпишаа три многу важни регионални договори за мобилност, кои се однесуваат на признавање на високообразовните квалификации меѓу земјите од Западен Балкан, меѓусебно признавање на високообразовните квалификации за докторите на медицина, денталната медицина и архитектите, како и за слобода на движење со лични карти во Западен Балкан“, рече Ковачевски меѓу другото во својот говор, во кој, патем, не спомна ниту буква од „Отворен Балкан“, спротивно на очекувањата. Но, на новинарско прашање, тој сепак рече дека „Отворен Балкан“ ќе продолжи, набројувајќи веќе закажани активности за летово.

„Отворен Балкан е инклузивна иницијатива, не е исклучувачка, на Балканот постојат повеќе од 70 иницијативи за кои сум сигурен дека никој од вас не слушнал. Станува збор за една од 72-те иницијативи во ЈИЕ, која донесе фантастични придобивки во реалноста на луѓето, за да тргуваат за да се движат слободно, посочи Рама на пресот, одговарајќи на новинарско прашање.

„Ние сме во еден момент на стапување во друга фаза на односите со ЕУ и за ова Берлинскиот процес е клучен. Тој е мост чии столбови треба да се зајакнат и потребно е да се фокусираме на тој мост, без да се вознемируваме од разни струења, или ветрови, Отворен Балкан или други нешта. Велам да се фокусираме на Берлинскиот процес. Животот е убав бидејќи секој може да ја пее својата песна во услови на слобода и демократија. Кој смета дека Отворен Балкан потфрлил нека ја испее песната за крајот на Отворен Балкан, кој го поддржува нека продолжи да го поддржува, изјави Рама, видно вознемирен од прашањата на новинарите. Но, не одговори конкретно на прашањето дали „Отворен Балкан“ – е затворен.

Според Рама, на иницијативата „Берлински процес“ и е потребно поттурнување, и тоа е неговиот фокус во наредниот период.

„Берлинскиот процес не застана поради тие што го основаа Отворен Балкан. Забележа застој, затоа што од не потпишувам, или ќе се видиме утре, задутре, затоа забележа застој. Ќе му дадеме на Берлинскиот процес нов поттик“, рече Рама.

Останува нејасно зошто Рама ја карактеризира иницијативата „Отворен Балкан“, како едно од „вознемирувањата“ ( или пречките) во, како што вели, зајакнувањето на „Берлински процес“, изјава која остава голем простор за шпекулации, но и да се интерпретира како најава на евентуален постепен крај на активностите на „Отворен Балкан“ во овој формат, со истите актери.

При пребарување  содржини низ интернет, за иницијативата „Отворен Балкан“, наидов на страницата “Open Balkan” на Википедија, каде што меѓу информациите за иницијативата, има и нова информација која гласи: „Според Еди Рама, од 2 јули 2023 година, проектот Отворен Балкан е завршен, и државите ќе се вратат на Берлинскиот процес“.

Print Friendly, PDF & Email
Tags: Берлински процесЕди РамаОтворен Балкан
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Пандов љубител на костимирани настапи: ангелче, комита, моторџија, историчар, директор, а сега влезе и во мафијашки филм

    142 shares
    Share 57 Tweet 36
  • Зошто надворешната политика на владата на ДПМНЕ е антинационална и стана „тажната приказна“ на Балканот

    123 shares
    Share 49 Tweet 31
  • Тричковски: Медиумите се за граѓаните тоа што е златицата за компирите!

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
  • Мрежа за заштита на жените Ромки: Фемицидот врз Рамајана не е изолиран инцидент; 142 случаи на семејно насилство врз ромски жени регистрирани во 2024

    95 shares
    Share 38 Tweet 24
  • ПОРТОКАЛОВА ГЛАВА НА ТЕГЕТ ОДЕЛО: Трамп, дрско и без почит, во потрага по внимание на погребот на Папата

    92 shares
    Share 37 Tweet 23

CIVIL MEDIA NEWSLETTER

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ