• Latest

РЕПРИНТ: Наоѓаат ли антиваксерите поткрепа во некои прокламации на Руската прaвославна црква?

September 17, 2022

ЦИВИЛ отвори повик за краткорочни и долгорочни изборни набљудувачи

August 21, 2025

24 ЧАСА: Правото на глас – темел на демократијата; Ако поради независните пропаднат изборите, владини повереници ќе раководат со општините, вели Мицкоски; Полициска бруталност и апсења на протестите во Србија

August 21, 2025
Фото: Министерство за одбрана

Македонски контингент од околу 280 војници испратен на меѓународната воена вежба во Германија

August 21, 2025
Фото: Скриншот од видео на
CBS News

Демократите од Калифорнија ќе гласаат за нова конгресна мапа за да се спротивстават на Тексас

August 21, 2025

Владата го нарушува правичното претставување во општините со намалување на бројот на советници, изјавија од ДУИ

August 21, 2025

Додик најави реферндуми на 18 и 25 октомври за одлуката да му се одземе претседателскиот мандат

August 21, 2025

Мицкоски: Ако поради независните со два потписа изборите не успеат, Владата има уставна можност да постави повереници

August 21, 2025
Средба Трамп-Путин, Алјаска, 15 август 2025 (извор на фотографија: веб-страницата на рускиот претседател)

5 дена дипломатија, 5 дена смртоносни руски напади врз Украина

August 21, 2025

Правото на глас – темел на демократијата, што е што во изборен контекст

August 21, 2025
Фото: Скриншот од виео на CNN-News18

Меѓународниот кривичен суд ги „осудува“ новите санкции на САД врз судиите и обвинителите на судот

August 21, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДЕЗИНФО ПРОПАГАНДА

РЕПРИНТ: Наоѓаат ли антиваксерите поткрепа во некои прокламации на Руската прaвославна црква?

Повремено, Редакцијата избира прилози со постар датум на теми кои се секогаш или повторно актуелни. Во консултација со Авторот, го избираме овој текст, за врската меѓу антиваксерите и руската црква. Поткрепата на антиваксерите од страна на оваа црква е барем видлива, за разлика од стратегијата на цел еден пропаганден систем кој, исто така, доаѓа од Москва и кој се обидува да влијае на општествените конфликти и нарушувањето на здравствените состојби на нациите... Текстот за првпат е објавен во Вистиномер.мк, на 25 октомври 2019.

September 17, 2022 12:51
in АНАЛИЗИ, ДЕЗИНФОРМАЦИИ, ПРОПАГАНДА, СЛОБОДНА ЗОНА, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

ЉУБОМИР КОСТОВСКИ

Кога деновиве пребарував некои извори во јавната комуникација на кои можеби се потпираат антиваксерите, кои како да подигнаа глава откако увидоа дека не можат да ги запишат своите деца на училиште без потврда дека ги примиле неопходните (пропишаните) вакцини, наидов на еден текст кој укажува дека Руската православна црква (РПЦ) ги поддржува родителите кои не дозволуваат нивните деца да ги допре раката на современата медицина, барајќи да бидат држени подалеку од одделенијата за имунизација. Текстот го објавува српски портал под наслов: „Луњата во Србија доаѓа од Русија“, со циничен поднаслов дека „српските верници, додека нивната црква не се изјасни по ова прашање можат да се повикуваат на официјален став на Руската православна црква“.

Накусо, во тој текст наидуваме на усвоени одредби на посебно тело на оваа црква – Патријархална комисија за семејството, која во четири точки определува што е во ред, а што не, кога станува збор за тоа дали децата треба да ги допре иглата на луѓето задолжени за имунизација.

Имено, ова тело го смета следното:

  • родителите треба да го задржат правото да донесуваат информирани одлуки за здравјето на децата, вклучувајќи ги и превентивните вакцинации, без да бидат предмет на притисок; прогонот на родителите заради користење на ова право е неприфатлив;
  • родителите не треба да бидат присилени на кој било начин да наведат причини зошто одбиваат вакцинирање; фактите за тоа треба да се кријат како медицинска тајна
  • правото на децата на образование не треба да се ограничува врз основа на тоа што нивните родители одбиле вакцинација, освен при појава на масовни заразни болести или непосредна закана со епидемија
  • родителите треба да бидат во состојба самите да донесуваат одлуки, самостојно да го оценуваат добиените информации, вклучувајќи и критични информации

Од изнесеното сосема е јасно дека антиваксерското расположение има силна поддршка во РПЦ, а треба, секако, да се бара и врската меѓу РПЦ и официјалната политика на Кремљ кој отсекогаш имал цврсти контакти со религиозните кругови. За разлика од домашните антиваксери, на кои овие заклучоци едноставно можеби им се и познати, московските свештеници дозволуваат во време на епидемии здравствените и образовни власти да бидат ригорозни во примена на мерките за имунизација!

Ставовите на РПЦ се донесени на 19 април годинава и тоа со посебен проглас под наслов „За правата на родителите од областа на здравствената заштита на децата и имунопрофилаксата“. Интересно е дека Патријархална комисија за семејството е директно одговорна пред г.г. Кирил, поглаварот на РПЦ.

Членови на комисијата горенаведените ставови на РПЦ ги изнеле и на собирот на конзервативни десничари наречен „Светски конгрес на семејства“, одржан во Верона. Конгресот претходно бил одржуван во бивши советски републики, а оваа година учествувал и популистичкиот политичар и тогашен италијански вицепремиер Матео Салвини. Руските свештеници, јасно, дуваат во едрата на антиваксерите и на светско ниво, и на овој собир добиле голем публицитет.

За оваа тема, инаку, доста материјал има на сајтот „Руска верба“, кој излегува на повеќе јазици и кој наводно е финансиран од две семејства кои очевидно не се руски, ама тие едноставно постојано повторуваат дека Руската православна црква е онаа која е „веродостојна“ и чии верувања треба да се следат на светско рамниште.

Но, и некои други истражувања се интересни, особено што наоѓаат една врска меѓу пропагандата на Кремљ која, меѓу другото, ја користи поддршката на антиваксерите како форма на разорување на јавното здравје и воведување на проблеми во земјите кои се на „другата страна на фронтот“.

Имено, од анализата објавена во стручното списание на Американската асоцијација за јавно здравство (American Journal of Public Health – AJPH), може да се разбере како ботовите и руските тролови на „Твитер“ промовираат содржини за здравјето преку Интернет. Под ботови се подразбират профили водени од софтвер кој автоматски шири одредени содржини, додека како тролови се означени кориснички профили раководени од живи луѓе кои лажно се претставуваат или се анонимни.

Ширење раздор преку социјалните мрежи

Во текстот има многу поединости како се користат добиени – следени содржини (по пат на дедукција), што секако како методологија се корисни и за студенти по новинарство или за новинари почетници. При ова истражување направена е споредба на собрани твитови кои идентификувани ботови ги објавиле на Интернет од јули 2014 до септември 2017 година. Тимот научници од универзитетите Џорџ Вашингтон, Мериленд и Џонс Хопкинс спровел статистичка анализа на содржините кои се промовирани преку хаштаготови на Твитер поврзана со руската трол-активност, како поларизирачкиот #VaccinateUS.

Анализата на хаштаготовите кои ги користеле руските тролови покажува дека нивните пораки биле повеќе политички и со цел да предизвикаат поделби во американското општеството. Дел од ваквите мрежи за дистрибуирање антивакцински пораки се и ботовите за кои е утврдено дека шират малициозен софтвер и други несакани содржини за кои се смета дека тоа не го прават од идеолошки, туку од комерцијални причини – добивање кликови. Од друга страна, утврдената примарна намера на руските тролови е промовирање раздор. Поинаку речено – руските тролови по ова прашање не настојуваат секогаш да бидат толку на страна на антиваксерите, туку ја промовираат логичката грешка наречена погрешна еквивалентност и така го уништуваат јавниот консензус за вакцинацијата.

Погрешна еквивалентност (false equivalence) е логичка грешка при која се наметнува еднаквост на важност на два ставови кои инаку не се споредливи. На пример став заземен врз основа на научно истражување, наспроти лично верување од страна на нестручно лице. Во случајот на антиваксерството, ефектот на ова влијание е намалување на довербата на населението во државните институции.

Кои се импликациите по јавното здравство?

Авторите на горенаведеното истражување заклучуваат и дека директно соочување со скептиците за вакцини им овозможува на ботовите да ја претстават дебатата за вакцините како легитимна тема во јавноста. Неговите автори укажуваат дека се потребни повеќе истражувања за да се утврди како најдобро да се бори здравствената политика против содржините кои на овој начин се шират од страна на системи за дезинформирање кои користат ботови и тролови.

Ставовите поврзани со здравјето засновани на дезинформации спротивни на научните сознанија се шират низ социјалните медиуми, што претставува закана за јавното здравство. И покрај значителниот потенцијал за да се овозможи ширење на фактичката информација, социјалните медиуми често се злоупотребуваат за ширење на штетна содржина за здравјето, вклучително и непроверени и погрешни информации за вакцини.

Сето ова потенцијално ги намалува стапките на внес на вакцини кај населението и ги зголемува ризиците од глобални пандемии, особено меѓу најранливите категории. Некои од овие информации се мотивирани: скептиците користат интернет платформи за да се залагаат за одбивање на вакцините. Антивакцинските застапници имаат значително присуство во социјалните медиуми, со дури 50% од твитови за вакцинирање кои содржат антивакцински верувања, според ова истражувања. Пролиферацијата на оваа содржина има последици: изложеност на негативни информации. А тоа најчесто значи изложеноста на негативни информации за вакцините кај родителите, што е поврзано со зголемено двоумење и одложување на вакцините. Родителите (сомничави кон вакцините), веројатно, ќе се свртат на Интернет за дополнителни информации и ќе покажуваат се помала веројатност да веруваат на давателите на здравствени услуги и на експертите за јавно здравје за оваа тема.

Чинителите од јавното здравство, посебно заради воскреснувања на сипаници, заушки и пертусис (што пак, ја зголемува смртноста од болести што се спречуваат со вакцини, како што се грип и вирусна пневмонија), ќе се обидат да се спротивстават и да ја потенцираат важноста на борбата со дезинформации за вакцините.

ДАРПА, Агенцијата за одбрана на САД надлежна за предизвици поврзани со нови технологии во 2015 година спровела истражување за идентификување на ботовите кои шират штетни влијанија на Твитер (DARPA Twitter Bot Challenge). Тие констатирала дека информациите преку социјалните мрежи и групи, обично со лажни идентитети, намерно создаваат најнапред илузија дека се води јавна дискусија, но со намерно предизвикување на наводен „нерешен резултат“, со цел дезинформацијата за вакцините да ја направат поприфатлива. ДАРПА констатирала дека јавното здравство не обрнува толку внимание на фактот дека надлежните ги идентификувале сеачите на овие дезинформации и практично дозволиле да се води „фер“ дебата, што би се рекло „влегува во филмот“. Небаре од другата страна, онаа на антиваксерите навистина постои некаква стручност!

Најчест извор на оваа пропагандна активност е Агенцијата за истражување на Интернет, зад која стои руската влада, која поддржува пропагандни влијанија преку Интернет! Дури 93 отсто од пораките испратени од оваа Агенција немаат јасен идентитет, ама затоа ја содржат основната пропаганда стратегија на Кремљ – подеднакво им се дава поддршка и на проваксерите и на антиваксерите. Ама понатамошното ширење на пораките по групи покажува далеку поактивна присутност на антиваксерите!

Зад наводната „фер борба“ на мислења стои опасен комплот на една сила која настојува да влијае преку социјалните мрежи на состојбите во многу чувствителна област. Од ова секако мора да се извлечат заклучоци и за пропагандата која постои на страната на антиваксерите и кај нас, посебно кај оние медиуми кои наседнуваат на приказната за еквивалентност на ставовите на антиваксерите и јавното здравство.

Извор: ВИСТИНОМЕР.МК

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Бабановски: Никој не знае каде заврши оружјето што му гo донесе Аркан на Мијалков

    100 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Македонија претворена во прокси држава на Кремљ

    93 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Мицкоски: Ако поради независните со два потписа изборите не успеат, Владата има уставна можност да постави повереници

    92 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Карл Билд: СССР беше мизерно промашување како општество и како економија

    89 shares
    Share 36 Tweet 22
  • Историјата репетирана: Цената на додворувањето кон Русија

    88 shares
    Share 35 Tweet 22
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ