• Latest

Штип е подготвен за Европа

May 12, 2018

24 ЧАСА: „Гасни комори и смрт“ за Албанците на спортски натпревар; Мицкоски, Тошковски, Стоилковиќ, Димитревски без одговор на прашањата на ЦИВИЛ; Таравари бара национализмот да биде осуден и изгаснат

August 4, 2025
Графити во Маџари, снимени на 5 септември 2024 (фото: ЦИВИЛ)

Дијагноза: Колективно воспитана омраза – „Смрт, гасни комори за Шиптарите“

August 4, 2025
Скриншот од видео кое наводно го прикажува погледот од авион што слетува на аеродромот во Сочи на 3 август Shaun Pinner/X

Украинците потврдија успешен напад со дронови врз складиште за гориво на рускиот аеродром во Сочи

August 4, 2025

Мицкоски, Тошковски, Стоилковиќ и Димитриевски без одговор на прашањата на ЦИВИЛ за националистичките скандирања во Куманово

August 4, 2025
Фотографија: ВИ

Во пресрет на локалните избори 2025: ДКСК без претседател, Собранието на одмор

August 4, 2025
Фото: Скриншот од видео објавено од Володимир Зеленски на Фејсбук

(ВИДЕО) Русија лови цивили: Зеленски споделува снимки од градовите на линија на фронтот

August 4, 2025
Порака за блокирање на веб-страница. Фото: LSM+

Латвија блокираше 10 веб-страници што шират руска пропаганда

August 4, 2025

(ИЗБОР) Албански медиуми: ОБСЕ нуди препораки за Кривичниот законик во Албанија; Спиропали и Османи со остри осуди за антиалбанските скандирања во Куманово

August 4, 2025
Фото: Скриншот од видео на WION

Најмалку 68 мигранти загинаа при превртување на брод кај Јемен

August 4, 2025

Министрите ќе ја извршуваат функцијата и додека се тркаат за градоначалник

August 4, 2025
CivilMedia
No Result
View All Result
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Штип е подготвен за Европа

May 12, 2018 12:05
in ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

ЦИВИЛ организираше работилница „Каква Македонија сакам?“, како дел од проектот „Акција-Интеграција“, во Штип на кој присуствуваа градоначалникот на општината, Благој Бочварски, претставници на граѓанското општество, на политички партии и медиумите. 

Поттикнати од говорот на Бочварски за обидот на Општина Штип да одговори на барањата на граѓаните, во голем дел поврзани со темите на самата работилница, учесниците развија одлична дискусија за проблемите и можните решенија во заедничка соработка.

„Штип е отворена општина за граѓанското учество, демократските реформи, како и за промоција на европските вредности. Тие се важни за Македонија и нашата цел е да видиме како тие се реализираат на терен. Мислам дека во Штип има одлично тло за реализација на вакви проекти… Тоа е што е многу важно се зелените иницијативи. Македонија чекори кон една нова, алтернативна стратегија која го вклучува зелениот квалитет на живот“, изјави Џабир Дерала од ЦИВИЛ за локалните медиуми.

„Оваа работилница е важна за нас како Општина и за граѓаните затоа што заеднички се заложивме да ги интегрираме и да ги вклучиме во носењето на одлуките и да ги запознаеме што е можно повеќе со она што го правиме како нивни избраници“, изјави Бочварски во изјавата за локални медиуми, пред почетокот на работилницата.

Бочварски истакна дека граѓанското учество им е многу важно во процесот на демократски реформи, истакнувајќи дека за шест месеци се сретнал со повеќе од 1.400 граѓани на Општина Штип.

На двочасовната работилница беа презентирани целите и активностите што се дел од проектот „Акција-Интеграција“ кој ЦИВИЛ го спроведува во партнерство со Фондацијата Хајнрих Бел од Германија.

Биљана Јордановска

Камера: Дехран Муратов

 

Print Friendly, PDF & Email
Tags: Акција-ИнтеграцијаБлагој БочварскиработилницаЦивилЏабир ДералаШтип
Share34Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

    CIVIL MEDIA NEWSLETTER

    Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

    CivilMedia

    СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

    Следете нè

    No Result
    View All Result