СДСМ денеска, како што велат, открива нов скандал обвинувајќи ја Владата дека повеќе од 400 пожарникари, ангажирани преку општините со месечен надоместок од 24 илјади денари, два месеца по завршување на огласот сè уште не добиле ниту една плата.
Според Кузеска, неспособната власт на ВМРО-ДПМНЕ освен што не успеа да се справи со пожарите сите активности ги сведе на лажен ПР и манипулации.
Според информациите кои до СДСМ ги доставиле свиркачи сите тие 400 млади луѓе што беа примени во август заклучно со 17 септември сè уште немаат земено ниту една плата!
Извори во различни општини информираат дека исплатата е блокирана и не може да се реализира поради изборите, бидејќи станува збор за „вонредно плаќање“.
Кузеска го повика премиерот Христијан Мицкоски да одговори дали овие информации се точни и кој ќе ја преземе одговорноста.
Ако е се потврди, ова значи дека владата на ВМРО-ДПМНЕ свесно ги излажала граѓаните, свесно ги излажала овие млади луѓе.
Ги искористила за политичка реклама, а потоа ги оставила без денар. А граѓаните без потребната заштита.
Срамно и понижувачко, изјави Кузевска.
Портпаролката на СДСМ истакна дека, наместо во време на пожари и еколошки катастрофи да се зајакнува системот за заштита и спасување, добивме евтин ПР.
Изгоре 20 отсто од територијата, депониите се палат, граѓаните се гушат. Кој ќе одговара за оваа катастрофа?“ прашува Кузеска.
За потсетување, во јули владата распиша конкурс, на кој се пријавија повеќе од 500 лица, од кои најмалку во Скопје, иако за главниот град се бараа 80 пожарникари. Конкурсот беше продолжен уште пет дена, затоа што дел од заинтересираните не биле пријавени во Агенцијата за вработување како активни баратели за работа, што беше услов, за ова вработување.
По реакциите во јавноста дека ветената плата е многу мала за младите да го стават својот живот во опасност, директорот на ДЗС, Стојанче Ангелов тогаш уверуваше дека тоа е само почетно, за сега, по два месеци, пријавените пожарникари да останат и без тој минимален износ.
М. Д.