Русија ги нападна Кијив и други делови од Украина со стотици ракети и беспилотни летала во саботата, непосредно пред средбата на претседателот на Украина, Володимир Зеленски, со претседателот на САД, Доналд Трамп, во рамките на напорите да се постигне договор за ставање крај на четиригодишната целосна руска инвазија.
Зеленски изјави дека во огромниот напад во текот на ноќта биле вклучени околу 500 беспилотни летала и 40 ракети и бил прекинат електричниот и топлинскиот систем во делови од главниот град. Тој оцени дека овој напад претставува одговор на Русија на тековните мировни напори посредувани од Вашингтон.
Пред нападите, украинскиот лидер изјави дека разговорите во недела во Флорида ќе се фокусираат на територијата што ќе ја контролираат двете страни откако ќе завршат борбите во најсмртоносниот конфликт во Европа од Втората светска војна, започнат со инвазијата на Русија врз нејзиниот помал сосед во 2022 година.
Нападот продолжи во текот на утрото, а речиси 10-часовната тревога за воздушен напад за главниот град заврши дури во 11:20 часот по локално време (10:20 часот по средноевропско време). Властите соопштија дека едно лице е убиено во нападот во регионот на Киев, додека најмалку 19 лица се ранети во самиот главен град, вклучувајќи две деца.
„Ако Русија го претвори дури и периодот на Божиќ и Нова Година во време на уништени домови и изгорени станови, на уништени електрани, тогаш на оваа болна активност може да се одговори само со навистина силни чекори“, напиша Зеленски на X, повикувајќи ги САД и Европа да извршат поголем притисок врз Москва.
Another Russian attack is still ongoing: since last night, there have been almost 500 drones – a large number of “shaheds” – as well as 40 missiles, including Kinzhals. The primary target is Kyiv – energy facilities and civilian infrastructure. Regrettably, there have been hits,… pic.twitter.com/OxBntAUgla
— Volodymyr Zelenskyy / Володимир Зеленський (@ZelenskyyUa) December 27, 2025
Украинската амбасадорка Лариса Дир, која води своевиден дневник на агресијата на социјалните мрежи, денеска ја информира јавноста дека „главни цели се човечкиот живот и енергетиката на Украина“, додавајќи го хаштагот „Русија е држава терорист“.
Ден 1403. Масовен ракетен терор врз Кијив. „Кинжали“, балистички и крстосувачки ракети-истовремено од сите правци. Десетици повредени. Главни цели се човечкиот живот и енергетиката на🇺🇦 Нападот врз Кијив продолжува. Сите итни служби се на терен и работат. #RussiaIsATerroristState pic.twitter.com/62Om6oysij
— Larysa Dir (@dir_larysa) December 27, 2025
„Ден 1403. Масовен ракетен терор врз Кијив. „Кинжали“, балистички и крстосувачки ракети-истовремено од сите правци. Десетици повредени. Главни цели се човечкиот живот и енергетиката на Украина. Нападот врз Кијив продолжува. Сите итни служби се на терен и работат. #RussiaIsATerroristState“, напиша амбасадорката Дир.
Украинскиот претседател, исто така, нагласи дека „залихите за воздушна одбрана мора да бидат доволни и навремени, особено сега, кога ни се најпотребни. Не смее да има одложувања во заштитата на животите“ и се заблагодари на сите лидери и на сите земји што помагаат во одбраната на неговата земја.
„Подеднакво е важно да продолжиме да ја поддржуваме одбраната на Украина – нашата заштита на животот. Залихите за воздушна одбрана мора да бидат доволни и навремени, особено сега, кога ни се најпотребни. Не смее да има одложувања во заштитата на животите. Им се заблагодарувам на секој лидер и на секоја земја што помага во ова“, напиша Зеленски.
Тој додава и дека Украина нема да ги намали дипломатските напори. Но, како што вели тој, дипломатијата нема да функционира без безбедност, најавувајќи дека за тоа ќе разговара со европските лидери, со премиерот на Канада и со претседателот на Соединетите Американски Држави.
Џ. Д.















































