ВМРО-ДПМНЕ продолжува со протестирање против Владата, Зоран Заев, СДСМ, судовите во име на правната држава и демократијата, како што се вели во денешното соопштение, а за ослободување на сите лица кои се опфатени со овој класичен политички прогон.
Со истите барања со кои протестираа вчера пред Истражниот затвор во Шуто Оризари, денеска, со почеток во 18 часот, продолжуваат пред Министерството за правда.
И во денешното соопштение потсетуваат дека нема да дозволат да се газат законите и демократијата во Македонија и дека сите незаконски постапки ќе бидат ревидирани секој кој постапувал незаконски ќе одговара пред законите на државата.
„Судовите се под страшен притисок не судат врз база на аргументи туку по диктат на власта. По налог на хунтата на власт монтираа случај за тероризам против македонски патриоти и луѓе кои дале и даваат свој придонес во општеството“ се вели во соопштението.