• Latest

За Македонија и регионот нема опасност од воена закана, но невоените се интензивираат, сметаат експертите

May 31, 2018

Лукоил ја прифати понудата на Ганвор Груп за купување на меѓународните средства, ќе добие ли македонската подружница нов газда?

October 30, 2025
Фото: Град Скопје

Арсовска го назначи Александар Јовановски за нов в.д. директор на Комунална хигиена – Скопје

October 30, 2025

ДЕМОКРАТСКИ НАВИГАТОР ВО ТЕТОВО: Од локални гласови до заедничка иднина

October 30, 2025
Тепање на руски војник со повикувачки знак „Фикса“ од 80-тиот тенковски полк на 90-та тенковска дивизија на Централната група. Фотографија: Скриншот од видео разговор со роднини/Верстка

Руските армиски началници мачат и егзекутираат војници кои одбиваат да се борат во Украина, открива истрагата на независниот медиум Верстка

October 30, 2025

Словенечкиот проблем: Кога стравот станува политика

October 30, 2025

Нема втор круг! Изборите во Гостивар, Врапчиште, Маврово и Центар Жупа пропаднаа – ќе се распишат нови!

October 30, 2025
Скриншот од видео на CNN-News18

„Ова беше колеж, а не операција“- фавелата се тресе од најсмртоносниот полициски напад во Рио

October 30, 2025
Фотографија: Скриншот

Аналитичари за укинувањето на санкциите за Додик -„возвратена услуга“ за повлекувањето од функцијата претседател на РС, аналитичарите за укинувањето на санкциите за Додик

October 30, 2025

Нов фронт меѓу Албанците: Таравари и Села се борат за печат, а електоратот бега и апстинира!

October 30, 2025
Скриншот од видео на Firstpost

„Убиваа цивили во нивните кревети“- хаос и бруталност владеат во Судан по падот на Ел Фашер

October 30, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

За Македонија и регионот нема опасност од воена закана, но невоените се интензивираат, сметаат експертите

May 31, 2018 12:27
in ВЕСТИ
Share on FacebookShare on Twitter

Опасноста од класична воена закана на подолг рок за Македонија и нејзиното непосредно опкружување не е очекувана, но затоа невоените закани не само што ја модифицираат својата форма, туку се адаптираат на современото живеење, станаа разновидни и се зголемија, по интензитет, простор и време. 

Ова е заклучок од денешната конференција „Безбедноста од аспект на внатрешните актуелни состојби и глобалните асиметрични закани“, организирана од Клубот на генерали, Дипломатскиот клуб на Македонија, Балкански форум за безбедност и Здружението на ветерани и резервисти од одбраната и безбедноста.

Експертите разменија мислења за новите димензии на воените закани во контекст на глобалните предизвици, со особен осврт врз факторите што влијаат или можат да предизвикаат закани врз безбедноста на земјата. Заклучија дека само со добра стратегија можат да се решат сите проблеми, за што државата треба да има соодветна безбедносна политика, заснована на детална анализа на ризиците и опасностите. Напоменаа дека во тој конктест е мошне важно членството на Македонија во различни меѓународни организации, пред се во НАТО и ЕУ.

Благоја Марковски, претседател на Балканскиот форум за безбедност истакна дека конференцијата се случува во исклучително важен период за земјата, на внатрешен и надворешен план.

На внатрешен план, додаде тој, по еден подолг децениски период во РМ се почнати процеси на демократизација на општеството. На надворешен план почнат е процес за реализација на меѓународните односи на земјата, со развој на добрососедските односи, прво со Република Бугарија, како и со преговорите за името со Грција, со што ќе се отворат патиштата до посакуваната цел, членство во ЕУ и НАТО.

Според Марковски своевидна експанзија на безбедносни предизвици за земјата на внатрешен план се дисбалансот во развојот на демократските процеси, девијациите предизвикани од организираниот криминал и националниот радикализам.

Од надворешен аспект на влијанија се појавија нови нетрадиционални ризици и асиметрични закани. Тука, тој ги наведе меѓународниот тероризам, организираниот криминал, етничките и религиозни контроверзи, илегалното ширење на оружје и технологии за нивно производство, бегалски и миграциски проблеми, закани за информациските системи, трговијата со дрога и луѓе.

На присутните им се обрати министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, кој напомена дека развојот на безбедносен сегмент, како во однос на неговата системска поставеност, така и во поглед на безбедносните предизвици, е правопропорционален со интензитетот и динамиката на општествениот и цивилизацискиот развој.

– Настаните и собитијата денес на почетокот на 21. век во оваа ера на т.н. глобалазам, не само што ја потврдуваат „динамична меѓузависност“ на предизвиците и одговорите кон нив, туку бараат континуирано следење и изнаоѓање нови концепти во сферата на внатрешната, регионалната и колективната безбедност. Дотолку повеќе што е очигледно дека светот денес повторно се наоѓа пред нова глобална и крајно сериозна геополитичка крстосница, со сите евидентни економски, социјални, културни, цивилизациски и конечно безбедносни импликации, рече Спасовски.

Потенцира дека секое општество е обврзано да ги искористи сите свои капацитети и потенцијали во постојано опсервирање, развој и наградување на системите и концептите на безбедност.

Декантот на Факултетот за безбедност, Никола Дујовски, изрази очекување дека наскоро ќе има посериозен напредок во однос на интегрирањето на Македонија во НАТО.

– Очекувам дека на 12 јули ќе добиеме покана за членство, потоа ќе ги спроведуваме домашните задачи додека трае ратификацијата од државите-членки, нагласи тој, но додаде дека членството во НАТО не го гледа од аспект на безбедноста.

Безбедноста во Македонија е на стабилно ниво, а предностите со членството, како што појасни, пред се се однесуваат на владеење на правото, борбата против организираниот криминал, корупцијата, а најмногу можноста за економски напредок.

Корупцијата ја смета за еден од најсериозните проблеми во една држава, но нагласи оти овој феномен не е првенствено поврзан со безбедноста на државата, туку повеќе со владеењето на правото, со институциите.

– Ако имаме здраво јавно обвинителство, здрави процедури во МВР и суд, кој ќе суди нема да имаме проблем со тоа. Во западниот свет корупцијата е на пониско ниво од РМ, затоа што таму институциите навремено реагираат, имаат изградено механизми за рано предупредување. Но секако дали може едно корумирано МВР да влијае врз безбедноста воопшто? Апсолутно да, рече тој.

(МИА)

Print Friendly, PDF & Email
Tags: Балканвоена заканаЕвропска УнијаМакедонијаНАТО
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Лукоил ја прифати понудата на Ганвор Груп за купување на меѓународните средства, ќе добие ли македонската подружница нов газда?

    146 shares
    Share 58 Tweet 37
  • Деца и училишни ресурси како алатка за кампања во Пробиштип!

    138 shares
    Share 55 Tweet 35
  • Лукоил ги продава своите филијали во странство по санкциите на САД, македонската подружница сé уште молчи за прашањата на ЦИВИЛ

    112 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Изборите и коалицијата: ВЛЕН му го залула чунот на Мицкоски

    110 shares
    Share 44 Tweet 28
  • Косовски пратеник удри граѓанин со бокс оти го нарече „лажго“ – инцидент во центарот на Приштина!

    103 shares
    Share 41 Tweet 26
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ