Володимир Зеленски и европските лидери разговараа со Доналд Трамп во Белата куќа за прекин на војната во Украина, пренесува Би-би-си.
Безбедносните гаранции од САД за Украина беа во центарот на разговорите и во фокусот на европските лидери.
Зеленски истакна дека разговорите со Трамп биле „најдобри“ досега – Трамп ги нарече разговорите „многу добри“
По средбата со европските лидери, Трамп го повика Владимир Путин за да разговара за состанок меѓу рускиот и украинскиот лидер
„Прашањето за територијата е прашање што ќе го оставиме меѓу мене и Путин. Безбедносните гаранции веројатно ќе бидат предмет на преговори со нашите партнери“, рече Зеленски пред Белата куќа по состанокот со Трамп и европските лидери.
Трамп вели дека разговарал за безбедносните гаранции со европските лидери, кои би можеле да бидат координирани од САД
„Безбедносната гаранција“ може да значи сè, од испраќање војници на терен до споделување разузнавачки информации, пишува нашиот дописник за безбедност на Би-би-си, Френк Гарднер
Премиерот на Велика Британија, Кир Стармер, изјави за Би-Би-Си дека преговорите за безбедносните гаранции ќе продолжат денес.
Д. Мишев