• Latest
Добро утро со Орданоски

Република Црна Хроника

November 3, 2017

Изгубените 10 години од Брегзит, генерациската цена и бавното враќање

June 24, 2026

Отчетот на министерката за образование меѓу бројките без суштина и реалноста

June 24, 2026
Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски (фото извор: МДТ)

Денеска се промовира проектот „Везилка“: Центар за вештачка интелигенција вреден 6 милиони евра

June 24, 2026
Кривиј Риг, Украин, 23 јуни 2026 (фото извор: ДСНС Украина)

Продолжува рускиот терор врз украинските градови: Нападот врз Кривиј Риг однесе три животи, повеќе од 20 лица се повредени

June 23, 2026

CIVIL TODAY – СПЕЦИЈАЛЕН ИЗВЕШТАЈ: Кремљовските наративи ја освојуваат Европа преку балканските мрежи за трансмисија

June 23, 2026
Крим, Украина (фото извор: ФБ страница Slava Ukraini)

Крим гори: Украина ги засилува нападите врз окупираниот полуостров

June 23, 2026

Роџер Касале: Најголемиот тест за Енди Бурнам ќе биде војната во Украина и заканата од Русија

June 23, 2026

Второто, восхитувачко лице на Џорџа Мелони

June 23, 2026

Меѓу европските амбиции и „српскиот свет“: СДА бара итна акција додека извештајот на ЕП поминува без јавна и политичка дебата

June 23, 2026
2K12 Kub (NATO denomination: SA-6 Gainful)

Кабинетот на премиерот Мицкоски три недели молчи за транзитот на советските ракетни системи за Уганда

June 22, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА ДОБРО УТРО СО ОРДАНОСКИ

Република Црна Хроника

November 3, 2017 08:00
in ДОБРО УТРО СО ОРДАНОСКИ, СЛОБОДНА ЗОНА
Добро утро со Орданоски

Добро утро со Орданоски

Share on FacebookShare on Twitter

пишува: Сашо Орданоски

[dropcap]М[/dropcap]акедонија е на добар пат да се преименува во Република Црна Хроника. (Да, да, може и Горна или Северна да се додаде, по желба, кај сакате во називот…) И социјалните мрежи и традиционалните медиуми се преплавени со вести, озборувања, најави, анализи и синтези за криминалот во државата, а нема ден без барем три-четири нови скандали: приведен овој, притворен оној, осудени едни, обвинети некои трети, осомничени по десетмина, ревизија на оние институции и овие проекти, претреси во тие и тие станови и канцеларии, а за двајцана пребегани, па уловени, секој ден се објавува по една книга фељтони во сто продолженија…

Сите ги научивме поименично судиите од Кривичен, сега се занимаваме со нивните судски помошници. Обвинител(к)ите од СЈО веќе ни се како роднини. Се побратимивме со дваесетината најфреквентни адвокати на одбраните и тужителите, а бидејќи секој во јавноста има цврст став за нечија вина или невиност, се чини дека една половина од нацијава е подготвена да полага правосуден испит со затворени очи, а втората е судска порота во постојано заседание!

Конечно ја сфатив смислата на фактот што во Македонија има легално регистрирани 22 –  или беа 24!? – правни факултети. Уверен сум дека држиме рекорд по број на правници по глава на жител во светот. Не постои семејство кое, барем до второ колено, нема некој адвокат, судски писар, архивар, правобранител, нотар, правен бруцош, апсолвент или професор по некакво право околу софрите. Или, ако и има некое такво баксузно семејство без правник во своите редови – што апсолутно не е за верување! –  тогаш сум сигурен дека макар некој судски спор против некого заподенале, чекаат некое рочиште, дале негде некој поднесок, се надеваат на одлука од апелација, некој извршител им е обесен на вратот…

Цела нација бистри правдина! И никој не е задоволен од делењето на правдата.

За ниту еден голем судски спор во изминатата деценија нема фер разрешница, заклучно со вчерашниот за „Диво Насеље“. Осудените ќе си лежат долги, а и доживотни казни: да дојдеш („измамен“, неизмамен, сеедно) од Косово во Куманово, вооружен до заби, и да учествуваш во дводневна војна со десетици жртви, а потоа да се жалиш на висината на казната, треба да си навистина многу, многу глупав, во сите фази на овој долг кривично-правен настан; но, нема таков кој може да каже дека сме ја дознале вистината за целиот настан, а тоа е смислата на делењето правда. Мене намерно откриените делумни вистини отсекогаш ми личеле на целосна лага.

И пак доаѓаме до имињата на Јанкуловска, Мијалков, Чавков, до луѓе околу претседателот Иванов и, конечно, по којзнае кој пат, до самиот Никола Груевски. Нема голем криминал во Македонија, без вмешаност на „дијамантскиот прстен“ на кадри околу Груевски, со него во центарот.

Тоа е таа „длабинска анализа“ што целата аматерска правна заедница во Македонија, оние неколку стотици илјади семејства за кои пишував погоре, се надева дека ќе го стигне ова злосторничко здружение. Конечно некој да одговара за целата вистина, а не само за опортуните делови од неа.

 


Преземањето на оваа содржина е дозволено само по 11 часот, на денот на објавувањето. Потоа, важат вообичаените правила според лиценцата Creative Commons 1.0.

Tags: Гордана ЈанкуловскаДиво НасељеЃорге Ивановзлосторничко здружениеКосовоКривичен СудкриминалКумановоМитко ЧавковНикола ГруевскиправдаСашо МијалковСЈО
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ