• Latest

Да ја сопреме агонијата!

February 18, 2016
Фотографија: ВИ

Во пресрет на локалните избори 2025: ДКСК без претседател, Собранието на одмор

August 4, 2025
Фото: Скриншот од видео објавено од Володимир Зеленски на Фејсбук

(ВИДЕО) Русија лови цивили: Зеленски споделува снимки од градовите на линија на фронтот

August 4, 2025
Порака за блокирање на веб-страница. Фото: LSM+

Латвија блокираше 10 веб-страници што шират руска пропаганда

August 4, 2025

(ИЗБОР) Албански медиуми: ОБСЕ нуди препораки за Кривичниот законик во Албанија; Спиропали и Османи со остри осуди за антиалбанските скандирања во Куманово

August 4, 2025
Фото: Скриншот од видео на WION

Најмалку 68 мигранти загинаа при превртување на брод кај Јемен

August 4, 2025

Министрите ќе ја извршуваат функцијата и додека се тркаат за градоначалник

August 4, 2025
Фото: ФБ Мицкоски

Полицијата повика неколку лица на информативен разговор за националистичките скандирања на кошаркарскиот натпревар во Куманово

August 4, 2025
Фото: Д. Мишев / ЦивилМедиа

Мицкоски: Ќе има мерки за училишната кошничка, се анализираат модели за цените во маркетите

August 4, 2025

Десет дена и илјада потписи за Зелен Хуман Град да стане политичка партија

August 4, 2025

ГРАЃАНСКИ ФОРУМ (РЕАКЦИИ): Главната порака ќе им ја испратиме во октомври – им порачаа граѓаните на властите

August 4, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home Uncategorized

Да ја сопреме агонијата!

February 18, 2016 12:30
in Uncategorized
Share on FacebookShare on Twitter

Нема услови за одржување слободни избори во Република Македонија!

Партиите на власт, не само што не дозволуваат да се создадат услови за слободни избори, туку ја впрегнаа целата партиско-државна машинерија што им е на располагање во попречување на процесот на демократизација на земјата. Со киднапирање и злоупотреба на сите институции на национално и локално ниво, власта неуморно работи на создавање услови за уште една груба манипулација со гласачкото тело и изборна кражба.

Со континуирано кршење на Договорот за надминување на политичката криза, потпишан во Пржино на 2 јуни и 15 јули 2015 година, со непотполно, манипулативно избегнување на обврските преземени со тој договор и со масивна злоупотреба на администрацијата, медиумите и јавните пари, власта досега успеа во целост да го обезвредни политичкиот договор и предвремените парламентарни избори. Спротивно на Уставот, законите и меѓународното право и стандарди, власта веќе со години спроведува структурно насилство, дискриминација и кршење на човековите права и слободи.

Политичката корупција, застрашувањето и рекетот на сите нивоа во општеството, стана секојдневие на граѓанките и граѓаните на Република Македонија.

Политичките елити во Македонија никогаш не ја испуштија алатката за манипулација со меѓуетничките и меѓуверските односи од рацете. Од воениот конфликт во 2001 година, до безбедносната криза во Куманово на 9 мај 2015 година, па сѐ до провокациите со спомениците, вклучувајќи го и двоглавиот орел во општина Чаир… Партиите на власт, оваа алатка за сеење омраза и поделби по етничка и верска основа ја усовршија особено во поглед на дефокусирање на домашната и меѓународната јавност. Проблемите со соседите и бегалската криза, премногу проѕирно, ги користат како уште една чадна завеса и адут во одолговлекувањето на процесите, односно, уценувањето на меѓународната заедница.

Со злоупотребата на меѓуетничките и меѓуверските односи, партиите на власт имаат цел да го одвлечат вниманието од своето неодговорно работење, криминалот, злоупотребите на моќта, расипништвото и арогантното однесување кон судбината на идните генерации.

Власта со години води беспоштедна битка против политичките опоненти кои ги третира како смртни непријатели. На црната листа на власта се наоѓа и меѓународната заедница со параноичните теории на заговор против Македонија. Организациите на граѓанското општество се демонизираат како странски шпиони и предавници. Се води систематска хајка против критички настроените граѓани, а со парализирање на слободната мисла и задушување на медиумите, се држи во заложништво целото општество.

Користејќи ги искуствата од изборното набљудување од 2008 година наваму, како и набљудувањето на последиците од долгогодишната политичка криза и отсуство на политички дијалог во земјата ЦИВИЛ – Центар за слобода, ги набљудува општествено-политичките состојби. Во тој контекст, ЦИВИЛ перманентно ги набљудува политичкиот процес и подготовката на предвремените парламентарни избори од јануари 2015 година, со своите набљудувачи распоредени во целата земја.

Со секојдневно известување за своите наоди, ЦИВИЛ во повеќе наврати ја алармираше домашната и меѓународната јавност за злоупотребите и вистинските причини поради кои досега не се создадоа услови за одржување на слободни избори во Република Македонија.

ЦИВИЛ и пред десет месеци бараше оставка на целата Влада, како единствен логичен завршеток на политичката криза, одговорност за злоупотребите и криминалот за кои има индикации во прислушуваните разговори кои ги објави опозицијата, а дури потоа, воспоставување на привремена експертска влада која ќе спроведе брзи, но суштински реформи.

Тој процес подразбира: ревизија на Изборниот законик, промена на изборниот систем со кој Македонија ќе биде една изборна единица, воведување отворени листи, прочистување и подобрување на начинот на кој се формира и ажурира Избирачкиот список, целосна реформа, професионализација и департизација на Државната изборна комисија, реформи, департизација и професионализација на Управниот суд, како втора и конечна инстанца во жалбената постапка во рамки на изборните процеси, ослободување на медиумите, пред сѐ, на јавниот сервис МРТВ, како и професионализација на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги.

На крајот, сакаме да го поздравиме конечното будење на дел од граѓанските организации, кои повеќе години изгледаа како да имаат проблеми со видот, слухот и говорот пред газењето на гласачките права и тешките изборни кражби за кои сведочеше токму ЦИВИЛ. Им благодариме за тоа, бидејќи на ЦИВИЛ, не сакајќи, му отстапија простор за доследна и пожртвувана работа и со тоа да добие огромна поддршка и доверба од граѓанките и граѓаните.

Сега е крајно време, поради многуте пропуштени „вистински моменти“, конечно, сите да продолжиме, со отворени сетила, кон слободни избори, здраво граѓанско општество и демократска Македонија.

Print Friendly, PDF & Email
Tags: Dogovorвладавластдиктатуразлоупотребаизбориизборна кражбаМанипулацијаМедиуминабљудувањеоставкаполитичка кризаполитички партииПржинослободаЦивилчовекови права
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • „Гасни комори“ за Албанците: Ова е „гордата Македонија“ на Мицкоски

    95 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Oбид за убиство и насилство во Струга, со „БМВ Х6“ му го пресекол патот и со нож го прободeл во вратот, стомакот и надлактицата

    94 shares
    Share 38 Tweet 24
  • (ВИДЕО) Скандалозно националистичко скандирање и говор на омраза на натпреварот во Куманово во присуство на Мицкоски, Toшковски, Димитриески

    93 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Збрка и будалаштина

    92 shares
    Share 37 Tweet 23
  • УЈП привремено затвори пет субјекти во државата, за други пет даночни обврзници привремена забрана за вршење дејност

    89 shares
    Share 36 Tweet 22

CIVIL MEDIA NEWSLETTER

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ