• Latest
Џевдет Хајредини

Хајредини: Владата ја продолжува 30-годишната болка со државниот буџет!

November 22, 2018

Инцидент со украински поморски дрон кај Лефкада ја вознемири Атина: истрага и дипломатски тензии

May 14, 2026

ПРАШАЊЕ НА ДЕНОТ: ЕУ бара реформи, но дали владата на Мицкоски има капацитет да ги спроведе?

May 14, 2026
Илустрација ВИ

Цените на нафтата стабилизирани по дипломатските сигнали од Вашингтон и Техеран

May 14, 2026
Кијив, 14 мај 2026 (извор: ДСНС)

Државата-терорист продолжи со терор врз цивилите во Украина: Стотици руски дронови и ракети, Кијив под најсилен удар

May 14, 2026
Фотографија: Скриншот од видео на Гардијан

Трамп и Си Џинпинг во Пекинг: Договори за економија, тензии околу Тајван

May 14, 2026

Случајот „ТЕЦ Неготино“: политички интервенции и валкана медиумска совест

May 14, 2026
Черкаска област, 13 мај 2026 (извор: ДСНС)

Масовен руски напад врз Украина: Над 800 дронови, цивилни жртви и удари врз инфраструктура во повеќе региони

May 13, 2026

Политиката на Мицкоски кон ЕУ не е грешка

May 13, 2026

ЦИВИЛ бара студентите привремено да бидат сместени во хотели додека се санираат студентските домови

May 13, 2026

СКАНДАЛ: Студентски стандард – стаорци, студени тушеви, нефункционални лифтови, неисплатени стипендии

May 13, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ

    Инцидент со украински поморски дрон кај Лефкада ја вознемири Атина: истрага и дипломатски тензии

    ПРАШАЊЕ НА ДЕНОТ: ЕУ бара реформи, но дали владата на Мицкоски има капацитет да ги спроведе?

    Илустрација ВИ

    Цените на нафтата стабилизирани по дипломатските сигнали од Вашингтон и Техеран

    Кијив, 14 мај 2026 (извор: ДСНС)

    Државата-терорист продолжи со терор врз цивилите во Украина: Стотици руски дронови и ракети, Кијив под најсилен удар

    Фотографија: Скриншот од видео на Гардијан

    Трамп и Си Џинпинг во Пекинг: Договори за економија, тензии околу Тајван

    Черкаска област, 13 мај 2026 (извор: ДСНС)

    Масовен руски напад врз Украина: Над 800 дронови, цивилни жртви и удари врз инфраструктура во повеќе региони

    ЦИВИЛ бара студентите привремено да бидат сместени во хотели додека се санираат студентските домови

    СКАНДАЛ: Студентски стандард – стаорци, студени тушеви, нефункционални лифтови, неисплатени стипендии

    ЦИВИЛ: Студентските домови не смеат да бидат симбол на државна негрижа

    Харкив, 12 мај 2026 (извор: ДСНС Украина)

    РУСКИ ТЕРОР ВРЗ ЦИВИЛИ: Кремљ ја прекина „делумната тишина“ со нови напади врз Украина: Над 200 дронови, погодена цивилна инфраструктура, Кијив бара засилен притисок врз Кремљ

  • ПОЛИТИКА
    • All
    • ПОЛИТИЧКИ ОКЕЈ КОРАЛ

    ПРАШАЊЕ НА ДЕНОТ: ЕУ бара реформи, но дали владата на Мицкоски има капацитет да ги спроведе?

    Случајот „ТЕЦ Неготино“: политички интервенции и валкана медиумска совест

    Политиката на Мицкоски кон ЕУ не е грешка

    ЦИВИЛ бара студентите привремено да бидат сместени во хотели додека се санираат студентските домови

    СКАНДАЛ: Студентски стандард – стаорци, студени тушеви, нефункционални лифтови, неисплатени стипендии

    ЦИВИЛ: Студентските домови не смеат да бидат симбол на државна негрижа

    Пред отворени европски порти, Мицкоски копа ров

    Реакции - идентитет

    РЕАКЦИИ: ЕУ значи контрола и крај на корупцијата, ама ЕУ е и закана за националниот идентитет – граѓаните поделени за уставните измени

    Дипломатски тензии меѓу Скопје и Софија по средбата во Брисел: Идентитетот повторно во фокус

    ВЛЕН бара нова фаза на децентрализација: Општините да добијат поголема финансиска и политичка моќ

  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
    • All
    • ИСТОРИЈА

    РЕАКЦИИ: Камерите не воспитуваат – сообраќајната култура и натаму на нула

    Гордана Дувњак (1965–2026)

    Гордана Дувњак (1965–2026): Тивко заминување на еден силен новинарски глас

    Меѓународен ден на Ромите: Култура, идентитет и континуирана борба против дискриминацијата, сиромаштијата и системската неправда

    Јирген Хабермас (Фото: Европска комисија/Szabolcs Dudás)

    Замина Јирген Хабермас, гигантот на модерната филозофија

    Илустрација ВИ

    Иницијатива што поврзува жени од Македонија, Шведска и Германија нуди поддршка за семејни кризи, насилство, родителски предизвици и економска несигурност

    Фото: Ариан Мехмети

    Кризата е тешка, законот може да се менува – ама платите не: Здружение на јавни обвинители со порака до пратениците

    Фотомонтажа: Скриншот од видео

    Отворено писмо до претседателката: Ако ви дошло до смеење, дојдете со мене на онкологија

    Моето име, моите корени, мојата земја

    Корубин: Селективен и селектиран устав

    Фото: Државна лотарија на Македонија/ Фејсбук

    Државна Лотарија на Македонија – не, благодарам!

  • СЛОБОДНА ЗОНА
    • All
    • ES-PRESS-O
    • БЛИЦ
    • БРЗА ПОШТА
    • ДИПЛОМАТСКА ПРИЗМА
    • ДОБРО УТРО СО ОРДАНОСКИ
    • ЕДИТОРИЈАЛ
    • КОМПАС
    • ПО ДОПРЕН ГЛАС
    • САТИРА

    Случајот „ТЕЦ Неготино“: политички интервенции и валкана медиумска совест

    Политиката на Мицкоски кон ЕУ не е грешка

    За меѓународните напори за враќање на незаконски депортираните Украински деца од страна на Русија

    Пред отворени европски порти, Мицкоски копа ров

    Од „наркомани и неонацисти“ до „господин Зеленски“: Што се крие зад промената во реториката на Путин?

    Да зборуваме за она што најчесто се премолчува на овој ден на мајките

    Не e  прашањето дали ќе има избори – вистинското прашање е – какви ќе бидат тие избори

    Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

    Браво мајсторе!

    Москва, 23 август 1939 година | Советскиот министер за надворешни работи Вјачеслав Молотов го потпишува Пактот за ненапаѓање. Зад него стојат Јосиф Сталин и германскиот министер за надворешни работи Јоаким фон Рибентроп.

    Крвното братство што тие сакаат светот да го заборави

    Илустрација ВИ

    Предвремени избори како алатка за продолжување на политичката контрола

  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result

Home ВЕСТИ

Хајредини: Владата ја продолжува 30-годишната болка со државниот буџет!

November 22, 2018 17:16
in ВЕСТИ, ЕКОНОМИЈА, ПОЛИТИКА
Џевдет Хајредини

Џевдет Хајредини

Share on FacebookShare on Twitter

Ексклузивно видео интервју со Џевдет Хајредини, експерт и аналитичар во областа на финансиите и економијата и првиот министер за финансии од осамостојувањето на Македонија. Хајредини за ЦИВИЛ Медиа го анализира буџетот за 2019 година, а говори и на темата финансирање на политичките партии и низа други теми од областа на државните политики поврзани со финансиите и економијата.

ЦИВИЛ МЕДИА: Како би ги коментирале буџетските проекции на Владата за 2019 година? Потребно ли е толкаво зголемување на буџетот, особено ако ги земеме предвид, на пример, трикратното зголемување на буџетот на Министерството за финансии во споредба со 2018, или, пак, зголемувањето на буџетот на Агенцијата за катастар кој е три пати поголем од 2018 година?

ХАЈРЕДИНИ: Во врска со јавната расправа за Буџетот за 2019 година и изјавите на надлежните, министерот за финансии, премиерот и заменик премиерот за економски прашања, јас синоќа напишав на фејсбук еден статус, од каде сакам да го почнам овој мој осврт: „Не памтам кога некој министер за финансии рекол дека буџетот којшто тој го предлага не е развоен, или дека не се разликува од другите буџети. Сите буџети, од претходните, се разликуваат само по тоа што се најголеми. Истото важи и за буџетот за 2019 година“.

Ова го кажувам затоа што младиот, инаку писмен министер, во јавните настапи често пати употребува оценки дека „ова е прв пат како буџетот е ваков“, „прв пат имаме развоен буџет“, „прв пат предлагаме прогресивен данок“. Јас можам него, како млад министер, да го разберам да рече „прв пат“ заради тоа што тој е млад. Но истовремено, верувам дека кога на Економскиот факултет учат разни предмети, во секој предмет воведниот дел е историјатот на таа работа која се изучува. Затоа сакам да кажам дека овие феномени за кои тој смета дека се случуваат прв пат, не се за прв пат направени, туку тој не ги памети, или ако ги читал многу брзо ги заборавил.

Второ, немаше потреба оваа Влада, дури и од минатата година, па и оваа, Буџетот да го користи за пропаганда. Политичка, партиска, владина итн… Затоа што наследивме еден период каде таа жестока партиска пропаганда беше најударна во целата историја на Македонија.

Трето, не држи изјавата на премиерот дека наредната година нема да се бавиме со други проблеми, туку ќе биде економска година. Што само по себе е малку нелогично. Затоа што, можеби не памети премиерот, но со таква изјава 2006 година стартуваше Никола Груевски, кога рече дека неговата партиска програма, неговата „Преродба“ ќе ја оствари со тоа што првите две години ќе направи мораториум за сите други теми освен за економијата, дека нема да расправа за етничките прашања. Тоа, во тоа време, беше порака до албанските политички партии коишто трчаа да бидат со него во коалиција, да не се надеваат дека ќе бави со нивните барања. Тој така и постапи.

Кога се работи за економијата, не можеш да кажеш дека некоја година ќе биде економска. Економски, треба, е, и мора да бидат сите години! Затоа што економијата е сосема различна од другите проблеми. Може премиерот за некоја година, или за некој конкретен период да има некој горлив политички проблем. Како што е во моментов прашањето со решавањето на името и спорот којшто го имавме со Грција, кој ете, за жал, се уште и не е дефинитивно решен. Меѓутоа, апсолутно не може да се рече дека заради тоа нема да се обрне внимание на економијата. Со економија се бават сите граѓани, целиот народ, затоа што со тоа обезбедуваат елементарни и материјални услови за егзистенција. Според тоа, економијата не може да запре оваа година!

Токму затоа владите се составени од многу сектори, од многу ресори. Има луѓе коишто се бават исклучиво со економија, независно од тоа кои други проблеми ги има државата во таа година.

Исто така, никој не очекува дека премиерот е тој којшто секој ден пред себе треба да ги има оперативно-економските проблеми или предизвици. Меѓутоа, да се рече дека нема оваа година да се бавиме со економија, или дека оваа година ќе се бавиме со економија, е многу контрадикторно и нелогично.

Но, да се вратиме на јавната расправа за буџетот за 2019 година. Се стартуваше 2018 година со она што сите знаевме и зборувавме, дека претходната влада на ВМРО ДПМНЕ безмилосно трошела од Буџетот. Тоа што значи? Дека во Буџетот наследен од 2016 година имало многу пари, за да може ВМРО ДПМНЕ безмилосно да троши. Меѓутоа, и минатата година, оваа Влада, креираше буџет којшто беше поголем од оној во 2016 година.

Јас и многу други, па дури и самите тие, СДСМ, како тогашна опозициска партија, тие буџети ги напаѓавме, затоа што со нив беше овозможено трошење, не само за несоодветни намени, како Скопје 2014 и други глупави намени за трошење пари, туку и за огромните пари коишто завршија во џебовите на злосторничкото здружување, како што неколку пати нагласи и специјалната јавна обвинителка, Катица Јанева.

И што станува сега? Имаме најголем буџет од било кога во историјата на Македонија што и не е толку нелогично. Особено затоа што ние никогаш не сме имале пад на растот на општествениот бруто производ, нормално е буџетите да бидат поголеми од претходната година. Меѓутоа, тука станува збор дека ние сега гледаме за што се ќе се трошат пари, наспроти она за што ние очекувавме дека ќе се трошат. И за што не се трошат, а ние мислевме, и сега мислиме дека треба да се трошат.

Значи, инсистирањето на тоа дека буџетот е развоен, ве молам… Па, не може Македонија да има развоен буџет ако дупло повеќе пари од него се наменуваат за дотација на пензискиот фонд, отколку за јавни вложувања и за инфраструктурни проекти, патна и енергетска инфраструктура.

Според тоа, ако минатата година, што е апсурд, околу 400 милиони евра од буџетот се планирани за јавни вложувања, а не успеаја со крајот на септември да потрошат ни третина од тоа. Затоа што трошењето на планираните средства за инвестиции не едноставна работа. Ти можеш да ги предвидиш, но не можеш да ги префрлиш на готово во некое министерство, па правете што сакате! За тие средства да се влечат од буџетот треба многу работа! Треба проектите да бидат готови, а тоа кај нас го нема. И тоа не е од сега, тоа е 30 годишна болка. И за тие малку пари што се наменети за јавни инвестиции, институциите немаат административен капацитет да ги црпат и да ги трошат.

Ако Анѓушев изразува оптимизам дека последните два месеци ќе ги трошиме, тоа значи дека тој е практичар?! Тоа не е можно! Тоа знаете кога е можно? Кога ќе се договорат со партнерите да им ги префрлат пред време парите, за да се евидентира дека отишле, а тие работите да ги извршат наредната година. Тие договарања не се исклучени. Но, компаниите треба да платат данок за тоа и треба да го вратат, немаат таков интерес. Претходната влада имаше такви договори со одделни фирми. Значи ќе се почне со истата практика, практика со која заменикот Анѓушев има искуство, затоа што и порано бил клиент на владата со оглед на неговиот бизнис со енергетиката.

Кога пак, зборуваме за тоа колку е тешко да се црпат средствата за инвестиции во јавниот сектор, многу е битно да се потсетиме дека имаме Влада во која коалиционен партнер е Демократската унија за интеграција, која беше во коалиција и со претходната власт. Пет години, кадрите на ДУИ, затоа што таму така се водат, за реконструкција на Албанскиот театар на Бит-пазар, каде што не можеш да влезеш затоа што е покриен со трули лубеници, дињи и банани… Пет години трае реконструкцијата на тој театар и уште не е завршена. Сега е предмет на истрага на Специјалното јавно обвинителство. Македонскиот народен театар кој чинеше околу 50 милиони евра беше изграден за две или три години. За пет години 90% од проектите за Скопје 2014 година беа завршени, а пет години не може да се заврши реконструкција на објект! И ги слушам овие апологетите и демагозите на ДУИ, тие немале време да ги следат овие тековни работи, затоа што 16 години биле ангажирани за интегрирање во Европската Унија и НАТО и благодарение на нив сега сме толку блиску до евро-атлантските интеграции.

Понатаму, оваа партија којашто беше ортак со Груевски, десет години плаќаше илјади партиски активисти, им ги праќаше парите дома. Тие беа должни само да отворат банкарска сметка, да го дадат името и презимето за да влезат во списокот кај Секретаријатот за спроведување на Рамковниот договор и да чекаат да им дојдат парите без никој да ги види, без тие да се јават. Меѓутоа, гледаме дека оваа година самиот заменик премиер, шест месеци не се јавува на работа, ниту пак оди на седници на Владата и никој не забележува дека го нема, што значи нема ни што да работи. За иронијата да биде уште по голема, чекаа десет години за сега, еден друг талентиран министер од СДСМ, од Министерството за информатичко општество и администрација да дојде и да открива работни места во државната администрација. Да се вратиме сега на почеток… Па каде биле тие работни места што постоеле, а никој не ги гледал каде се? И откако ќе ги открие да изјави дека вишокот, (кој не е вишок, затоа што еднаш вели дека имаме, а друг пат вели дека немаме вишок во државната администрација), односно неспособните (затоа што има неспособни) ќе ги нудат на стопанството. Па, кое е тоа стопанство коешто ќе го ангажира она што не вреди во државната администрација? Па министерот ќе им ги дава со список, како да се тие вреќи со компири! Па тоа се млади луѓе, тоа се луѓе коишто се интелигентни. Нив не може некој да ги дава или некој да ги земе…

И она што е најважно, ние триесет години имаме забелешка, знаеме и самите, сме имале тврди докази дека Македонија со оваа големина, со ова население коешто го има, има премногу вработени во државната администрација.

Па сакам да го прашам министерот за финансии, врз база на кој закон се праќаат дома пари некому да не дојде на работа, само за да може партијата на власт да ги користи за гласање?

ЦИВИЛ МЕДИА: Врз основа на овие факти, коишто ги изнесувате, денеска, повторно, имаме ситуација во која се зголемува буџетот на Секретаријатот за спроведување на Рамковниот договор…

ХАЈРЕДИНИ: Никој не прашува, после 17 години спроведување, а јас тврдам дека секоја година по 100.000 евра давале за некој да го анализира спроведувањето на Охридскиот договор. Охридскиот договор има пет точки. Да престане вооружениот судир, што престана. Да се изврши ресоцијализација на учесниците. Тоа исто така бара пари, но таа ресоцијализација до денеска не е спроведена. Што е спроведено? Спроведено е само тоа што Груевски во договор со Али Ахмети ја донесе онаа автентична интерпретација на Законот за амнестија да се ослободат случаите коишто Хашкиот суд ги пренесе во компетенција на Македонија. И слушаме „бомба“ како Груевски ги моли да влезат во сала неговите пратеници од ВМРО ДПМНЕ да гласаат, а самиот тој како и секогаш не присуствуваше. „Викни ги да дојдат да гласаат и со тоа ќе бидеме раат цел мандат“. И тоа беше така. Можеше да троши милијарди, да ги фрли во водите на Вардар, а претставниците на ДУИ да не зуцнат!

ЦИВИЛ МЕДИА: Значи ли тоа дека ни се повторува историјата?

ХАЈРЕДИНИ: Ни се повторува историјата. Меѓутоа, сите ние коишто се занимаваме со овие факти се уште се надеваме дека ќе се реши овој голем проблем на Македонија.

ЦИВИЛ МЕДИА: Да се вратиме, накусо, на намалувањето на некои од буџетите за наредната година. На пример, намален е буџетот на сите државни инспекторати во време кога се најпотребни, особено кога станува збор за заштитата на човековите и особено работничките права. Намален е буџетот на Министерството за култура. И она што е особено интересно е дека е намален и буџетот на Министерството за локална самоуправа, во време кога ја завршуваме годината токму со покривање на дупките во буџетите на општините. Како би го коментирале ова?

ХАЈРЕДИНИ: Вие сте во право за овие намени коишто ги спомнувате. Не смее воопшто да се намалат, а од друга страна да се зголемат платите и тоа не селективно. Да се зголемат платите на државната администрација, да се зголемат разни субвенции и дотации за поттикнување на извозот, за земјоделците итн… Мислам дека тоа апсолутно не е оправдано! Буџетот воопшто не смее да биде за никакви субвенции и дотации. Туку да се зафатат што повеќе пари од Буџетот и да одат во буџетот. Да се остават стопанствениците да имаат повеќе пари.

Зошто ова се прави? Тоа се прави затоа што со тоа се предвидуваат мали средства за разни дотации и субвенции со кои опфаќаат голем број луѓе, а тоа значи голем број гласачи. Значи тој голем број на луѓе им е потребен за да бидат потенцијални гласачи за партиите на власт. А од друга страна ќе се земаат од приходите и викаат „ќе носиме зголемување од прогресивниот данок од нецели 25 милиони евра. Месец дена министерот се занимава со образложенија за реформата од даночниот систем. Па можно ли е тоа да се даде толкава важност на една наводна реформа, чиј ефект е 25 милиони приход во буџет од 3 милијарди и 700 милиони. Значи не е ниту еден, туку 0,5 % од буџетот. И од тоа се направи цела тема. Излегуваат професори, дури и јас бев неколку пати, го кажав ова што го зборувам и повеќе не ме ни викаат… И тој (министерот) е сериозен дека со тоа го намалува дефицитот во однос на минатата година. Го кажуваат во проценти за да биде јасно за граѓаните, а всушност станува збор за намалување од 8 милиони евра. Демек, тоа е голем успех на оваа влада. Прв пат се случува…

ЦИВИЛ МЕДИА: Како би го прокоментирале Законот за финансирање на политичките партии?

ХАЈРЕДИНИ: Доколку политичките партии, како што покажува историјата на Македонија, бидат тие што ги имавме, и се уште ги имаме, ако власта, кога се на власт ја користат за партиски цели воопшто не е битно колку пари земаат како дотација од буџетот, иако не треба да земат. Има толку многу дупки во релациите меѓу партиите на власт, и толку многу можности преку нивните клиенти да ги покријат трошоците на партиите. Механизмите за пренос на државни пари, не се прават со потпис на министерот за финансии, па да го фатиме. Тоа се прави со посредство на компаниите клиенти. Тоа се прави со она што се правело со бетон. Таа технологија ја видовме. Цела зграда се направи. Најлуксузната зграда во градот. Најбогата партија во Европа стана без да има пренос на пари директно од буџетот во партијата. И ова зголемување сега, како да ако сакаат тоа да го прават ќе престанат затоа што им се зголемени дотациите од буџетот.

ЦИВИЛ МЕДИА: А како би го коментирале финансирањето на Референдумот, особено во делот на кампањата?

ХАЈРЕДИНИ: Дека постои, постои некаква регулатива за кампањите. Меѓутоа, тука сега станува збор за тоа какви се тие механизми меѓу медиумите и партиите. Таму има многу малку можности за да им даваат повеќе.

Јас читам, и не е тешко да се знае тоа, вели: „Јас знам бизнисмен од Тетово кој дал 1000 евра донација на ДУИ“. Се што се печати во Македонија, оди преку неговата печатница, каде што тој има можност, кога ги праќаат договорите за печатење, не толку, туку стотини илјади да бидат префрлени до партиите. Ова што вие го кажувате, нам ни е познато, но 80% од граѓаните не го знаат и не се должни да знаат. Затоа тие толку многу, таквите работи ги истакнуваат. Демек, големи реформи се тоа.

ЦИВИЛ МЕДИА: Какви ефекти очекувате од прогресивниот данок?

ХАЈРЕДИНИ: Министерот за финансии вели дека парите коишто ќе се добијат од прогресивниот данок ќе се насочат за решавање на статусот на најсиромашните слоеви. Тоа е нелогично! Во принципите на правење на буџети, нема одделни приходи коишто ќе бидат насочени за одделни расходи. Принципот е се од буџет, се во буџет. Една е приходната страна, а сосема друга е расходната страна. Таму има социјални програми за решавање на проблемите на социјалните трансфери. Како тоа? Од кои тоа пари одат овие коишто им се праќаат дома, без да работат? Не се тие поинаку обоени, па ќе им кажуваме на луѓето еве овие пари влегле и тие ќе бидат наменети за вас.

Не сакам да кажам дека министерот не ја познава теоријата. Тој е професор по економија. Учел како што и јас сум учел. И досега се покажа како чесен. Не се сомневам дека тој би навлегол во коруптивни дела на какви што досега сме биле сведоци, и на што сме сведоци и сега.

На пример, дотациите за иновации, дотациите на културните установи. Ние видовме дека таму се најдоа многу луѓе роднини на актуелните кадри на партиите на власт. Истото што сме го имале и претходно. Па и со досегашниот даночен систем пак ќе стигнат сиромашните да земат пари, ако тоа навистина го сакаат. Меѓутоа, гледаме дека не мал број од нив сакаат.

Маја Ивановска
Камера: Дехран Муратов
Монтажа: Ариан Мехмети
Фотографија: Џабир Дерала

Преземање на содржините НЕ Е ДОЗВОЛЕНО, освен со писмена дозвола од ЦИВИЛ. Повредата на авторските права е забранета со закон. 

Услови за користење, авторски права и заштита на приватноста 

Tags: администрацијаАнѓушевбуџетвладаВМРО-ДПМНЕДУИекономијаЗаевкриминалМанчевскиСДСМСЈОТевдовскифинансии
Share103TweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ