Во последните три години сме сведоци на зајакнатото присуство на штетни содржини на социјалните медиуми, а секако сега и со употребата на вештачката интелигенција, корисниците на социјалните медиуми уште повеќе се подложени на лажни наративи.
Руските наративи во украинскиот сегмент социјални медиуми, се однесуваат на зголемување на „успесите“ на руската војска, како и негирањето на руските воени злосторства. ВИ може да користи демократски алатки, како и начини за ширење на дезинформациите, како и со годинешниов „мировен план“. Никој не верува во тој „мировен план“ или мировен договор, се додека во Украина има окупирани територии, но дискусијата се префрли на социјалните медиуми, токму со помош на руските напори во ширење дезинформации, вели Лина Куш, прва секретарка на Националниот сојуз на новинари на Украина, на панелот „ВИ, дезинформации и пост-вистинскиот / пост-срамниот свет“.
















































