• Latest

Младите валандовчани против загадувањето на нивната општина!

August 25, 2016

24 ЧАСА: „Гасни комори и смрт“ за Албанците на спортски натпревар; Мицкоски, Тошковски, Стоилковиќ, Димитревски без одговор на прашањата на ЦИВИЛ; Таравари бара национализмот да биде осуден и изгаснат

August 4, 2025
Графити во Маџари, снимени на 5 септември 2024 (фото: ЦИВИЛ)

Дијагноза: Колективно воспитана омраза – „Смрт, гасни комори за Шиптарите“

August 4, 2025
Скриншот од видео кое наводно го прикажува погледот од авион што слетува на аеродромот во Сочи на 3 август Shaun Pinner/X

Украинците потврдија успешен напад со дронови врз складиште за гориво на рускиот аеродром во Сочи

August 4, 2025

Мицкоски, Тошковски, Стоилковиќ и Димитриевски без одговор на прашањата на ЦИВИЛ за националистичките скандирања во Куманово

August 4, 2025
Фотографија: ВИ

Во пресрет на локалните избори 2025: ДКСК без претседател, Собранието на одмор

August 4, 2025
Фото: Скриншот од видео објавено од Володимир Зеленски на Фејсбук

(ВИДЕО) Русија лови цивили: Зеленски споделува снимки од градовите на линија на фронтот

August 4, 2025
Порака за блокирање на веб-страница. Фото: LSM+

Латвија блокираше 10 веб-страници што шират руска пропаганда

August 4, 2025

(ИЗБОР) Албански медиуми: ОБСЕ нуди препораки за Кривичниот законик во Албанија; Спиропали и Османи со остри осуди за антиалбанските скандирања во Куманово

August 4, 2025
Фото: Скриншот од видео на WION

Најмалку 68 мигранти загинаа при превртување на брод кај Јемен

August 4, 2025

Министрите ќе ја извршуваат функцијата и додека се тркаат за градоначалник

August 4, 2025
CivilMedia
No Result
View All Result
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Младите валандовчани против загадувањето на нивната општина!

August 25, 2016 17:19
in ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

„Валандовчани се против отворање на рудник во близина на нивниот град!“, е веста која од поддржувач на ЦИВИЛ – Центар за слобода од Валандово, пристигна на адресата на ЦИВИЛ Медиа. Група млади активисти од Валандово, денеска, кога делегација на Владата, предводена од премиерот Емил Димитриев, заедно со локалната власт, свечено го означи почетокот на инвестицијата за изградба на рударски комплекс „Казандол“, излезе со транспаренти против оваа инвестиција. Тие се загрижени дека со отворање на рудник, на само еден километар воздушна линија оддалечен од Валандово и само стотина метри од првото населено место – Казандол, ќе бидат загрозени земјоделските култури кои се произведуваат во овој регион.

„Во срцето на Општина Валандово, која важи за една од најеколошките средини во Република Македонија и која е надалеку позната по своите органски јапонски јаболка, смокви и калинки, властите решија да отворат рударски комплекс кој претставува сериозна опасност по целото земјоделско производство во овој регион, и по здравјето на луѓето“, се вели во соопштението.

 

DSCN4571

„Жителите на Општина Валандово во најголема мера својата егзистенција ја обезбедуваат од земјоделското производство, а истото сега ќе биде најдиректно погодено од активностите во рударскиот комплекс ‘Казандол’. Младото население од оваа мала Општина, во последните десетина години наголемо се иселува од Валандово поради задушените перспективи, а со отварањето на рударскиот комплекс, сметаат дека само дополнително ќе се забрза трендот на масовно иселување и дека нивната општина од најеколошка ќе се претвори во една од најзагадените средини во Македонија“, стои во соопштението.

Младите активисти ги повикуваат сите совесни граѓан(к)и да им се придружат во борбата за да ја сочуваат природата, земјоделското производство и своето здравје.

М. Т.

 

Print Friendly, PDF & Email
Tags: ВаландовоекологијаМакедонијаПротеструдникЦивил
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

    CIVIL MEDIA NEWSLETTER

    Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

    CivilMedia

    СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

    Следете нè

    No Result
    View All Result