• Latest
Добро утро со Орданоски

Политиката е ќорава кога улицата е слепа

December 28, 2017
Протести Франција 17 октомври 2026 (Фото: Скриншот од видео на Дојче Веле)

Масовни протести во Франција: 1,6 милиони демонстранти според синдикатите, владата најавува социјална конференција

November 6, 2026

Украина го презема претседавањето со Централноевропската иницијатива во 2027 година: Безбедноста, европската интеграција и борбата против дезинформациите меѓу приоритетите

November 6, 2026

Бран лажни дојави за бомби предизвика хаос во европскиот воздушен сообраќај

November 6, 2026
Архивска фотографија, Белград, 6 мај / фото извор: Фејсбук страница „Studenti u blokadi Beograd“

Србија по изборите: Студентската листа освои 140 мандати, листата на Вучиќ остана на 103

November 6, 2026

Српската влада одобрила 6,5 милиони евра за СПЦ: Сомнежи дека дел од парите преку Алта банка биле префрлени во Русија

November 6, 2026

Врсничкото насилство ги загрозува училиштата: Тетово со серија меѓуетнички напади, родителите бараат заштита

November 5, 2026

Нуклеарен удар врз Иран: Од каде потекнуваат тврдењата за Трамп и Нетанјаху

November 5, 2026
Илустрација ВИ

Србија: Истрага за летот на Вулин, откритија за тајниот надзор на БИА врз новинари и редакцијата „Радар“

November 5, 2026
Free European parliament image, public domain building CC0 photo.

ЕК за Северна Македонија: Нема напредок во борбата против корупцијата и во медиумските слободи, уставните измени остануваат услов

November 5, 2026

Комишуваха, Украина: 40 загинати, спасувачите под закана од нови руски напади

November 4, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА ДОБРО УТРО СО ОРДАНОСКИ

Политиката е ќорава кога улицата е слепа

December 28, 2017 08:00
in ДОБРО УТРО СО ОРДАНОСКИ, СЛОБОДНА ЗОНА
Добро утро со Орданоски

Добро утро со Орданоски

Share on FacebookShare on Twitter

Пишува: Сашо Орданоски 

[dropcap]В[/dropcap]черашен цитат од изјавата на Влатко Ѓорчев за focus.mk:

„Новиот претседател Мицковски сака да покрене иницијатива за политички дијалог и ние сакаме комуникација со СДСМ, но денешната одлука за продолжување на притворот на 29 граѓани не му помага на дијалогот, туку го отежнува, вели Ѓорчев.

Тој додава дека Владата ја има одговорноста за созадавањето на услови и треба да покаже добра волја.“ (завршен цитат)

Значи, ВМРО-ДПМНЕ би престанало со бојкотот на Собранието и би покренало „иницијатива за политички дијалог“ доколку Зоран Заев сврти телефон до Судот и Обвинителството и им наложи на овие судско-обвинителски инстанци („да создаде услови“) сите „29 граѓани“ да бидат веднаш пуштени на слобода.

Во право е Влатко Ѓорчев со своите барања, земајќи го предвид светот од којшто тој политички доаѓа. Баш така функционираше системот во времето кога Фамилијата беше на власт: се апсеше, се одеше во притвор, се судеше и се ослободуваше од затвор со вртење на телефон. Се изнаслушавме „бомби“ на таа тема.

Како, сега, да му се објасни на Ѓорчев дека тоа време заврши? Дека токму поради тоа се наоѓаат во опозиција. Дека затоа половина од раководството на неговата партија седи по обвинителни клупи или во притвор. Тешко му е на Ѓорчев да разбере дека ние – мнозинството граѓани на Македонија – токму за тоа се боревме: да не може кој било премиер (или братучед му, шефот на тајната служба; или бившиот министер за правда, со жената му) по телефон да нарачува апсења, притвори и пресуди – да „создава услови“, што би рекол Ѓорчев – за да тече „политичкиот дијалог“.

Тоа на што Ѓорчев и неговата партија ќе мораат да се навикнат, во демократијата, се нарекува „правна држава“. Без правна држава, „политичкиот дијалог“ е простачко пазарење меѓу политичарите за остварување на нивните лични интереси, дотолку повеќе што темата на пазарењето може да биде и иднината на Македонија.

Од друга страна, и самиот Груевски во Валандово изјави дека насилниот упад во Собранието бил „грешка“! Јас не велам дека таа изјава е искрена и дека, можеби, не е дадена само во пресрет на дополнителни проширувања на списокот на оние кои треба да одговараат за настаните од 27 април. Да потсетиме, тоа е човекот (Груевски) кој активно и во многу наврати ги повикуваше своите поддржувачи да не седат дома и да излезат „од папучите“ на улица, во „одбрана“ на Македонија… Очигледно, „29 граѓани“ кои денеска се во притвор (и уште десетина по кои се трага), ретроактивно погледнато, „погрешно“ го сфатиле својот лидер, па сега ќе мора да одговараат за невидените насилства што ги организираа, помогнаа или изведоа.

Ѓорчев Влатко би морал да го памти тој ужасен настан, бидејќи за малку и самиот ќе настрадаше од „своите“ разулавени, а некои и добро подготвени, насилници. За нивна жал, превратот не успеа, а во кривичните закони, подготовката и изведбата на такви настани се нарекува тероризам. За тоа се обвинети, за тоа се притворени, а ќе видиме дали тоа дело ќе им се докаже на суд. Но и дали обвиненијата нема да се прошират и кон други лица.

Тогаш, зошто Христијан Мицковски и Влатко Ѓорчев доброволно влегуваат во „ќоравата политика“ на Груевски и, заедно со партијата што сега ја предводат, се втеруваат во „слепата улица“ во која ги доведе Фамилијата? Во таа „улица“ Фамилијата ќе им ги диктира политиките. Ако излезат од заробеноста во „слепата улица“, тие стануваат двигатели на политиката на партијата. Просто е тоа.

Затоа и мислам дека притисокот за „иницијатива за политички дијалог“, со ставање во залог на интегритетот на правната држава, не е притисок врз Заев и СДСМ – туку врз новото раководство на ВМРО-ДПМНЕ. Не е спорно дека штетата се прави врз државните, евро-атлантски интереси на Република Македонија (не врз Владата предводена од СДСМ); и не велам дека изборот на Христијан Мицковски и Влатко Ѓорчев е лесен.

Впрочем, како што слушам, Мицковски се надева на скорешни средби и со Макрон и со Меркел. Речиси сум сигурен дека пораките од таму ќе бидат слични: излезете од „слепата улица“ и заборавете на Фамилијата која е во надлежност на правната држава, враќајте се во Собранието, учествувајте во жестока, но институционална политичка борба во пресрет на судбинските одлуки што треба да се донесат за Македонија – инаку, меѓународна поддршка (и) за вас ќе нема.

Тик-так, тик-так…

 


Преземањето на оваа содржина е дозволено само по 12 часот, на денот на објавувањето. Потоа, важат вообичаените правила според лиценцата Creative Commons 1.0.

Tags: 27 априлбомбиВлатко ЃорчевВМРО-ДПМНЕЕУЗоран ЗаевМихајло МаневскинападНикола ГруевскиобвинителствоСашо МијалковСДСМСЈОСобраниесудствотероризамХристијан Мицкоски
Share215TweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ