Недела, 22 февруари, е Прочка (или: Прошка), исто така познато и како Велики поклади — ден во православното христијанство на меѓусебно простување помеѓу верниците пред почетокот на велигденскиот пост.
Овој ден, дел од политичарите го искористија да се појават во јавноста со пораки по повод овој голем христијански ден. Бараат прочка.
Пораката на Отец Пимен објавена во порталот Религија.мк пишува:
„Прошката лежи во покајанието. Покајанието има смисла во борбата да не го повториме истиот грев. И затоа… Прости! За да ја видиш убавината од леснотија на душата.“
Токму ставот дека „покајанието има смисла во борбата да не го повториме истиот грев“ ја поттикна Редакцијата да го постави денешното ПРАШАЊЕ НА ДЕНОТ: Што мислите за пораките од политичарите за ПРОЧКА?
Учествувајте.














































