Собранието на РСМ за денеска најави комеморативна седница за годишнината од трагичниот настан во дискотеката „Пулс“ во Кочани, во кој 63 лица го загубија животот, а околу 200 беа повредени.
И владата на Мицкоски најави активности по овој трагичен повод. Така, власта организира меѓународна конференција под наслов „Институционални и клинички аспекти и решенија по пожарот во Кочани една година потоа“ на 14 март. Според најавите, на конференцијата ќе присуствуваат претставници на институциите, здравствени експерти, меѓународни организации и хуманитарни партнери.
Ова е повод за денешното ПРАШАЊЕ НА ДЕНОТ: Собранието денеска со комеморативна седница за трагедијата во Кочани. Правда кога?
Ако не можат во собранието и во владата, граѓанките и граѓаните можат да го кажат своето мислење на медиумската платформа на ЦИВИЛ – Центар за слобода.
Коментирајте или испратете порака тука:














































