• Latest
Од дебатата за пописот одржана на почетокот на декември, 2020 година (фото: ЦИВИЛ)

Ретроспектива: Операција „Попис“ низ призмата на ЦИВИЛ

August 31, 2021
Тексашаните се соочуваат со последиците од поплавите Фото: Скриншот од видео на ВВС

Потрагата по исчезнати лица  во Тексас продолжува, во ненадејните поплави загина 51 лице, вклучувајќи 15 деца

July 6, 2025
Фото: Скриншот од видео на Fox News

Трамп вели дека Путин „сака да продолжи да убива луѓе“, сигнализира испраќање ракети Патриот во Украина

July 6, 2025
Гробовите на Сребреница

Од 1992 до 1995 година во војната во БиХ исчезнале 3.838 жени

July 5, 2025
Газа (скриншот од видео снимка)

Израел продолжува со воздушните напади врз Газа откако Хамас соопшти дека е подготвен за преговори за прекин на огнот

July 5, 2025

Иран не се согласил на инспекции, ниту се откажал од збогатувањето ураниум, вели Трамп

July 5, 2025
Мурал Ратко Младиќ во Белград, Фотографија/ скриншот од видео на Ал Џазира

Србија и Сребреница: Од гласна тишина до бучна релативизација

July 5, 2025
„Жолто копче“ дигитално здравство
Фотографија/ Министерство за здравство

МЗ: Северна Македонија меѓу првите држави со европски стандард во дигиталното здравство – „Жолто копче“

July 5, 2025

Дојава за бомба во косовскиот парламент, евакуирани пратениците

July 5, 2025
Ванг Ји, министер за надворешни работи на Кина во Брисел
Фото/ скриншот од видео на ЦНА

Кина е подготвена да ги координира мировните напори за Украина со Франција, изјави кинескиот министер за надворешни работи

July 5, 2025
Фото: Твитер

Украинските воздушни одбранбени сили неутрализираа 292 од 322 руски дронови преку ноќ

July 5, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Ретроспектива: Операција „Попис“ низ призмата на ЦИВИЛ

August 31, 2021 09:30
in ВЕСТИ, ИЗЈАВИ, ПОЛИТИКА, ПОПИС, ТОП 5
Од дебатата за пописот одржана на почетокот на декември, 2020 година (фото: ЦИВИЛ)

Од дебатата за пописот одржана на почетокот на декември, 2020 година (фото: ЦИВИЛ)

Share on FacebookShare on Twitter

За неколку дена треба да започне долго одложуваната операција на попис на население во Република Северна Македонија. Последниот спроведен попис во земјава е одржан во далечната 2002 година, а обид за попис имаше во 2012 година, кога се прекина, а Специјалното Јавно Обвинителство покрена постапка против Никола Груевски и Али Ахмети за намерно стопирање на пописот во 2011-та година и за нанесена штета на буџетот од 3 милиони евра.

Нов попис требаше да се спроведе во април годинава, но и овој пат не се одржа. По силната владина кампања за неопходноста од одржување на овој процес, и кампањата на опозициската ВМРО-ДПМНЕ за бојкотирање на пописот заради услови во пандемија, односно загрозување на здравјето на граѓаните, пописот во април се одложи, а голем број граѓани од дијаспората веќе се попишаа во првата фаза на процесот, односно во фазата на попис на македонски граѓани со престој надвор од државата.

ЦИВИЛ будно ги следеше активностите околу пописот уште од почетокот, со бројни настани и постојани известувања на медиумската платформа ЦИВИЛ Медиа. Екипата на ЦИВИЛ на крајот на изминатата година и почетокот на тековната година одржа неколку панели на локално ниво со претставници од различни општини, на тема Пописот е статистика, не политика,  и со претставници на Државниот завод за статистика, како што е директорот на оваа институција, г. Апостол Симовски.

Заклучокот од сите јавни настани што ги одржа ЦИВИЛ  во врска со пописот, беше дека пописот е неопходна операција, и не смее да се политизира.

„Факт е дека пописот се политизира, но проблемот е колку ние како институции ќе дозволиме истиот да се политизира. И ќе кажам јавно повторно, не е виновен ниту еден политички субјект за политизирањето на пописот во 2012 година и тој пропадна. Да, тие го искористија моментот, но ние, институциите сме тие што им ги отворивме вратите на политиката. Ние предложивме закон во којшто рековме дека не Државниот завод за статистика, туку Државната Пописна Комисија ќе го спроведува пописот, која што ја предлага и менува Владата, така што тоа е најстрашната работа, и затоа ние сме должни, чувствуваме обврска не само за попис, туку да ја затвориме таа врата и да докажеме и покажеме дека оваа институција е вистинска институција и дека во оваа држава институциите не се како што  се перципира, дека се нефункционални и дека не чинат.  Напротив, не сме како што јавноста има слика за нас, но сме главните виновници за таа слика.“, изјави директорот н ДЗС, Апостол Симовски на јавниот настан на ЦИВИЛ, Попис: Помеѓу статистиките и политиките.

Подготовките за пописот се завршени пред месец април, кога требаше да се спроведе операцијата, а Симовски најави дека овој попис ќе се спроведе различно, односно со комбиниран метод, со електронски прашалници, на лаптопи и ќе има комуникација со автоматски бази од каде ќе се преземаат податоците и ќе се надополнуваат од терен.

ЦИВИЛ одржа неколку панели низ општините во земјава, на кои што учествуваа претставници на локалната власт, како и општински советници од сите политички опции.

Првиот панел на тема Попис: Статистика, не политика, се одржа во Штип. На настанот учествуваа Градоначалникот на Штип, Сашко Николов, претседателката на Совет на општина, Маријана Рогожарска Поповска, претседателката на пописна комисија, Соња Китанова, координаторот на советничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Љубе Здравков, советничката од ВМРО-ДПМНЕ, Христина Серафимовска, директорот на Дом на млади, Горан Трајков и главниот уредник на ТВ Ирис, Војо Маневски. Дискусијата отвори можности за споделување на важни информации за текот на подготовките и одвивањето на процесот на попишување во почетната фаза, но значењето на пописот како за општините, така и за економијата, стопанството, градењето политики и практики на локално и национално ниво.

Целата дебата можете да ја проследите на следниот линк:

 

На 11 март ЦИВИЛ одржа панел дискусија на истата тема во Општина Гостивар. Учествуваа градоначалникот на општина Гостивар, Арбен Таравари, претседателот на Советот, Бесим Мемеди, координаторот на советничка група на СДСМ, Зоран Ангелов и советникот од ВМРО-ДПМНЕ, Марјан Силјаноски. Панелот го модерираше Џабир Дерала од ЦИВИЛ. На панелот беа поканети и претставници на помалкубројните етнички заедници кои живеат во Гостивар, но, за жал немаа време да присуствуваат на настанот.

Политиката да се одвои од статистиката, бидејќи пописот тоа и е – статистичка операција, а не полигон за етно-политички пресметки. Гостиварчан(к)и беа  едногласни дека пописот треба да се спроведе и дека не треба да се бојкотира.

Пораките од дебатата може да се проследат ТУКА.

Панел на ЦИВИЛ во Гостивар: Пописот е од суштинско значење, процесот е математичка операција, а не политичка

ЦИВИЛ одржа панел дискусија на тема „Попис: Статистика, не политика“ во Општина Гевгелија, во која учествуваа градоначалникот на Општина Гевгелија, Сашо Поцков, Претседателката на пописната комисија за општините Гевгелија и Дојран, Ката Ристова и советникот на Општина Гевгелија од СПМ, Ристо Камов. Панелот го модерираше Џабир Дерала, ЦИВИЛ.

Учесниците на панелот ги изнесоа своите ставови во однос на пописот, кои беа во дефинитивна насока на спроведување успешна статистичка операција, ги појаснија потребите за попис на локално ниво, и дадоа одлични пораки до сите политички и општествени чинители  во земјата во однос на пописот.

Јавниот настан може да се проследи во линкот подолу.

Панелот „Попис: Статистика, не политика“ во Гевгелија со одлични пораки

Ден по договорот меѓу премиерот и лидер на СДСМ, Зоран Заев и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, ЦИВИЛ организираше панел дискусија во Скопје на тема „Попис: Статистика, не политика“.

На јавниот настан учествуваа пратеничката од редовите на СДСМ, Славјанка Петровска, професорката и експертка за човекови права, Мирјана Најчевска, и уредникот на „Капитал“, Љупчо Зиков.  Говорниците, секој со своите гледишта се осврнаа на одложувањето на пописот, потребите од оваа статистичка операција, и политизирањето.

Сите пораки од дебатата може да се проследат на следниот линк:

СКЕН – политички видео магазин: Ќе има попис во кој ќе учествуваат сите граѓани

Пред планираниот почеток на спроведувањето на пописот, Собранието со 95 гласа за и 7 против ја изгласа потребата за измена на Законот за попис по што претседателот на Собранието ги овласти претседателите на комисиите да закажат седници.

Државниот завод за статистика најави дека пописот ќе почне да се спроведува од 5 до 30 септември, а јавниот конкурс за попишувачи беше отворен на 20 јули, но потоа се продолжи до 25 август.

Во меѓувреме продолжува електронското самопопишување на државјаните на Република Северна Македонија кои се на привремена работа или престој во странство. Самопопишувањето на македонските државјани во странство ќе трае до 30 септември, кога завршува Пописот на Пописот на населението, домаќинствата и становите.

Во врска со здравствените протоколи за превенција од КОВИД -19, директорот на ДЗС, Апостол Симовски, уверува дека целосно ќе се почитуваат донесените строги здравствени протоколи и дека нема да биде загрозено здравјето на ниту еден поединец во државата, за опозициската ВМРО-ДПМНЕ со оглед на зголемениот број новозаразени најдобро решение е да се направи електронски попис. Овој предлог директорот на ДЗС,  Симовски, категорично го отфрли и нагласи дека сега ниту може, ниту има намера да се размислува за менување на методологијата, која како што рече, е донесена со Закон, објавена во Службен весник и одобрена од Евростат.

ЦИВИЛ, како општествено одговорна организација продолжува и понатаму да ги следи активностите поврзани со оваа исклучително важна статистичка операција.

Д. Тахири

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Костадинов до Латас: Кога ќе ја чепнеш честа на мојот мртов татко, правдата не се моли. Се зема.

    109 shares
    Share 44 Tweet 27
  • 24 ЧАСА: „Шлаканица“ од Брисел за Мицкоски, сестринските партии го избришаа македонскиот јазик и идентитет од ЕУ извештајот; Обвинителството го амнестира Максим Димитриевски; Кавказ на работ на нов конфликт

    100 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Таче се (по)јави, вистина се (по)јави

    93 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Апсења со смртни последици, рации, претепани и крвави осомничени, соборен патнички авион – како се влошија односите меѓу Русија и Азербејџан

    92 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Скопје како зона без контрола: Убиен пешак, нападната пратеничка, автобус во пламен – државата го губи компасот

    91 shares
    Share 36 Tweet 23

CIVIL MEDIA NEWSLETTER

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ