• Latest

Социјална правда само на хартија!

May 2, 2018

Заканата е јасна. Линиите се повлечени. Часовникот отчукува.

January 26, 2026
Скриншот од видео на ВВС

И републиканските сенатори повикуваат на поцелосна истрага за убиството во Минеаполис – Што тврдеше тимот на Трамп, а што покажуваат доказите

January 26, 2026

Поранешниот претседател Бил Клинтон жестоко ги осуди властите за ужасните сцени во Минеаполис: Никогаш не помислив дека ќе се случат во Америка

January 26, 2026
Илустрација ВИ

Ненаучени лекции: Поларизација на јавниот простор, култура и правниот систем – предвремена и индиректна кампања (13)

January 26, 2026
Protests Minneapolis
Source: screenshot NBC

Имиграција, оружје и избори: Фаталната ескалација во Минеаполис ја тресе американската политика

January 26, 2026

Документот за безбедносни гаранции за Украина од САД е 100% готов, вели Зеленски

January 26, 2026

Анализа на CIVIL.Today: Неутралноста што убива – како ерозијата на наративите ѝ служи на руската агресија

January 25, 2026
Креирано со помош на ВИ

Трамп го проби дното: Ги налути НАТО сојузниците со неточно тврдење дека „останале малку подалеку“ од фронтот во Авганистан, Британците гневни

January 24, 2026
Венко Филипче, 31. Конгрес на СДСМ, 24 јануари 2026 (фото извор: СДСМ)

Конгрес на СДСМ: Филипче со жестоки критики за власта и повик за единство и мобилизација

January 24, 2026
Фото: Украинската амбасадорка Лариса Дир/Х

80% од Украина се соочува со итни прекини на електричната енергија по рускиот напад во текот на ноќта, истовремено со трилатералниот мировен состанок во ОАЕ

January 24, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
    Скриншот од видео на ВВС

    И републиканските сенатори повикуваат на поцелосна истрага за убиството во Минеаполис – Што тврдеше тимот на Трамп, а што покажуваат доказите

    Поранешниот претседател Бил Клинтон жестоко ги осуди властите за ужасните сцени во Минеаполис: Никогаш не помислив дека ќе се случат во Америка

    Protests Minneapolis
Source: screenshot NBC

    Имиграција, оружје и избори: Фаталната ескалација во Минеаполис ја тресе американската политика

    Документот за безбедносни гаранции за Украина од САД е 100% готов, вели Зеленски

    Анализа на CIVIL.Today: Неутралноста што убива – како ерозијата на наративите ѝ служи на руската агресија

    Венко Филипче, 31. Конгрес на СДСМ, 24 јануари 2026 (фото извор: СДСМ)

    Конгрес на СДСМ: Филипче со жестоки критики за власта и повик за единство и мобилизација

    Фото: Украинската амбасадорка Лариса Дир/Х

    80% од Украина се соочува со итни прекини на електричната енергија по рускиот напад во текот на ноќта, истовремено со трилатералниот мировен состанок во ОАЕ

    Илустрација ВИ

    Трилатерални преговори во Абу Даби: Може ли Украина да постигне пробив во разговорите со Русија

    Фото: Канцеларија на претседателот на Украина

    Зеленски ја оцени средбата со Трамп како позитивна, критикувајќи ја неактивноста на ЕУ

    Фото: Амбасадорка Лариса Дир/Х

    Амбасадорката Дир: Денес, во соочување со вооружената агресија на рф, соборноста е темелот на украинската издржливост, отпор и идна победа

  • ПОЛИТИКА
    • Категорија
    • ПОЛИТИЧКИ ОКЕЈ КОРАЛ
    Венко Филипче, 31. Конгрес на СДСМ, 24 јануари 2026 (фото извор: СДСМ)

    Конгрес на СДСМ: Филипче со жестоки критики за власта и повик за единство и мобилизација

    „Одборот за мир“: Како Трамп го претвора глобалниот поредок во клуб со членарина

    Илустрација ВИ

    Светскиот економски форум во Давос 2026: „Духот на дијалог“ во ера на геополитички тензии и технолошки трансформации

    Чупеска: Правдата не е сопственост на елитите, туку заедничко добро на граѓаните

    Ignorantia ante portas

    ПРАШАЊЕ НА ДЕНОТ: Што мислите за иницијативата да се укине заштитниот механизам – техничка влада – во пресрет на избори?

    Кога Мицкоски е зад воланот: Зошто појасот не се вади иако возачот вели дека е внимателен

    фото Влада на Северна Македонија

    На ВМРО – ДПМНЕ не му се допаѓа пржинскиот модел на избори со техничка влада

    Џабир Дерала (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Мицкоски во координација со Мицкоски: Како демократската заштитна мерка се укинува од оние поради кои е воведена

    Lu-ping/ Лидерски средби – функционално и морално деградирање на избраните на изборите

  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
    • Категорија
    • ИСТОРИЈА

    Ден на Соборноста на Украина: историја, значење и современа важност

    Фото: Државна лотарија на Македонија/ Фејсбук

    Државна Лотарија на Македонија – не, благодарам!

    Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Рајот е место каде ништо не се случува

    Демократијата не се брани сама од себе: Што нè научи 2025 година

    Северна Македонија, 2025: Политичка поларизација, институционални слабости и демократски предизвици

    ИДЕОЛОШКА БЕЗДНА: Како Студената војна го преобликува сонот за интелигенцијата

    Кривична пријава против пет лица од Тетово за трговија и силување на 15 годишно девојче

    Бугарија со инвестиција над 260 милиони евра за железницата кон Северна Македонија

    Од 1 јануари струјата поскапува – сметките растат од 57 до 900 денари

    Фото: ВИ

    Ларви и инсекти во киви од Србија: АХВ стопира увоз и нареди уништување на 22 тони

  • СЛОБОДНА ЗОНА
    • Категорија
    • ES-PRESS-O
    • БЛИЦ
    • БРЗА ПОШТА
    • ДИПЛОМАТСКА ПРИЗМА
    • ДОБРО УТРО СО ОРДАНОСКИ
    • ЕДИТОРИЈАЛ
    • ПО ДОПРЕН ГЛАС
    • САТИРА
    • ТЕЖИШТЕ

    „Одборот на мирот“: шок‑терапија за заспаната ООН или вовед во правото на посилниот?

    Креирано со помош на ВИ

    Деменција, епохално незнаење или чиста злоба: Трамп се посрамоти во Давос во обид да ја понижи Европа и сојузниците

    Геополитика на „Облакот“: Зошто хард дискот е новата нафта?

    Фото: Државна лотарија на Македонија/ Фејсбук

    Државна Лотарија на Македонија – не, благодарам!

    Види што ме натера да направам: Билансот на мртви во протестите во Иран и авторитарната логика на обвинување на жртвата

    По повторените локални избори – сите среќни и весели фатени на оро

    Ладното лицемерие на рф

    Љубомир Костовски (фото: ЦИВИЛ)

    Диви и други свињи

  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result

Home ОПШТЕСТВО

Социјална правда само на хартија!

May 2, 2018 10:56
in ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Македонија иако се претставува како социјална држава нѐ исправа пред прашањето во каква тоа социјална држава живееме. Одговорот е очигледен, сиромаштија има во секоја пора од општеството.
Сведоци сме на систематското и континуирано кршење на човековите права и слободи, и покрај обидите во краток временски рок да се подобрат работничките права, да се намали сиромаштијата, да се реформираат синдикатите. Меѓутоа, наместо силни синдикални организации и лидери, ние имаме расцепкани его-трипови кои наместо вистински да ги застапуваат правата на работниците тие се борат за сопствените позиции и „права“!

Бабичка од село Љубанци секој петок го користи бесплатниот автобуски превоз и доаѓа да продава на Бит-Пазар на импровизирана тезгичка направена од картони. Вели дека нема заработка од тоа што го продава. Но, преживува. „Нема некоја заработувачка од продавање на коприви. Пензија земам, ама не стига. Што ќе правам со 12.000 денари, имам деца и внуци…“, вели бабичката.

За неа, најважно е да има мир во државата. Низ солзи, ни кажа дека го изгубила синот во 2001 година. Тоа ѝ е тешко. „За друго, колку имаме – толку, не сакам повеќе, да имаш колку да преживееш, тоа е животот…“, вели таа низ солзи.

Нефункционалноста на системот секојдневно предизвикува морбидни и трагични последици по животот на луѓето, не поштедувајќи ги ниту децата. Последното ужасно сознание за силувањето и подведувањето на 12-годишно дете, ја прелеа чашата, за случајот на девојчето штитеник на „25 мај“ и „Ранка Милановиќ“, јавни установи за згрижување на деца. Шефкет Ибраим, таткото на 12 годишната штитеничка која извршила абортус откако била жртва на сексуално злоставување, во разговор за ЦИВИЛ Медиа изјави дека Социјалните работници му ја одзедоа бидејќи ја носел да проси, а тој и неговата сопруга завршиле во затвор. Но, наместо во Домот да има мирно и безгрижно детство исполнето со детска насмевка, спокоен живот, таа станала сексуална робинка.

Широко распространетата корупција и криминалното владеење го земаат крвавиот данок секојдневно, иако грдото владеење на Груевски и неговата коалиција ја изгубија власта повеќе од една година. Бавните реформи, компромисните решенија, политикантскиот пристап, но и објективно комплицираните состојби и процеси во земјата, не допуштаат да се подобрат состојбите со социјалната (не)правда во Македонија. Граѓаните најлесно се манипулираат и лажат за време на изборна кампања. По завршување на изборите тие се жалат дека за нив никој не се интересира. Таков е случајот со едно семејство од Пробиштип кое пред камерата на ЦИВИЛ сведочеше дека едвај преживуваат и дека политичарите се сеќаваат на нив само кога им требаат гласови. Цело семејство, вклучувајќи и малолетни деца, секој ден пешки доаѓаат од Драч до депонијата во Пробиштип, за да собираат пластични шишиња кои потоа ги продаваат во најблискиот отпад.  Тие велат дека гласале за ВМРО – ДПМНЕ, бидејќи им било ветено дека ќе имаат подобар живот, вработувања и покачување на социјалната помош. Но, наместо подобра иднина, тие останаа и без социјалната помош, оти им ја укинаа бидејќи собираат шишиња за да може да преживеат.

Актуелната власт ја укина скандалозната и безобразна политика на ВМРО-ДПМНЕ да им ја укине  социјалната помош на граѓан(к)ите доколку на нивната сметка има пари од други канали, односно доколку некој им испрати пари преку Вестерн Унион или МониГрам, за продажба на железо, картони, шишиња… Меѓутоа, дали социјалните работници ги посетија лицата на кои неправедно (незаконски) им беше укината социјалната помош, бидејќи се работи за граѓан(к)и кои не следат повици, закони, кои се објавени на интернет или медиуми… Најголемиот дел од примателите на социјална помош не си ги знаат правата, а да не зборуваме за дрскиот однос на дел од вработените, еден граѓанин вели „Отидов да се распрашам како да станам примател на социјална помош, службеничката ме избрка со зборовите – ‘Те молам затворија вратата од надвор’, бидејќи разговараше на телефон, да не ја вознемирувам“…

Лицата приматели на социјална парична помош оваа година останаа без пари за Божиќ и Велигден.
„Пари немавме ниту за Божиќ (на 6-7 јануари), бидејќи наводно се вршеше обнова на документи. Но, и на овој празник нашите трпези ќе бидат празни. Немаме пари да купиме ниту една табла јајца за да фарбаме како сите останати. Нашите деца ќе бидат лишени од радоста да се кршат со јајца со нивните врсници“, велат за ЦИВИЛ Медиа, социјалци кои побараа да останат анонимни.
МТСП им пушти пари за Велигден , но поради неработните денови, социјалците немаа можност како да ги земат парите.

За злоупотребата на социјалните прашања во изборен и политички контекст бевме сведоци и на локалните избори како продолжување на една длабоко вкоренета традиција на искористување на социјално ранливите категории граѓани со поткуп и притисоци. А кога се работи за социјалната заштита и установите што треба да се грижат и да ги штитат сите што се нашле во таа позиција, сведоци сме, не само на нефункционалност на институциите, туку и на прикривање и криминално дејствување, кои уништија човечки и детски животи.

Истражувањата и анализите кои ЦИВИЛ ги спроведе со проектот „Социјална правда сега!“ и „Ветувања и злоупотреби“, како и бројните прилози и случаи во кои ги разоткривме социјалните неправди, укажуваат на фактот дека злоупотребата на социјалните прашања во Македонија потекнува од заробеноста на државата и бескрупулозните политички манипулации во борбата за моќ. Заклучокот од теренската работа е дека граѓан(к)ите едвај преживуваат или се заглавени во долгови, а извршителите секојдневно им дишат во врат!

Ништо не може да го оправда ужасот низ кој минуваат децата низ нечовечниот систем на институциите кои се задолжени за нивно згрижување, одгледување, образование и добробит. Во Македонија, сѐ уште не постои еднаква можност за сите деца да живеат згрижени и со, барем, минимални можности за нормален развој, образование и живот. Граѓан(к)ите врз својот грб сѐ посилно ја чувствуваат сиромаштијата. Во Македонија сиромаштијата не познава ниту јазик, ниту нација, ниту вера! За време на изборна кампања сите политички претставници ветуваа(т) подобар живот за сите граѓан(к)и. Останува времето да покаже дали навистина некој ќе се посвети на решавање на проблемите на сиромашните, или, сепак, ќе остане уште едно изборно ветување?!

Доволно е човек да помине преку плоштадот и Камениот мост и да стигне до скопската Стара чаршија, веднаш ќе забележи дека сите го „разбираат“ јазикот на сиромаштијата. Мало Ромче на ромски јазик пее за Ѓурѓовден (Херделези) за да заработи некој денар, наместо да е на училиште како сите деца. На десетина метри од момчето, кај споменикот на „Филип Втори“, минувачите ги забавува уличен пејач којшто пее за своите маки, на турски јазик. Додека на влезот во Старата скопска чаршија еден дедо со својата чифтелија (албански инструмент) секој ден се обидува да заработи со свирење и пеење на албански традиционални песни. Во текот на зимата бевме сведоци дека сиромаштијата е постудена од снегот.

Во текот на изминатата година починаа осум осуденици. ЦИВИЛ разговараше со родителите на двајца починати осуденици кои обвинуваа дека нивните деца се убиени во затворот. Затворите во државата се како „логори на смртта“.

Градските власти организираа журка (за партиските војничиња) по повод повторно пуштање во употреба на автобуска станица во ГТЦ за автобусот со број 50, во друг случај, во автобус на ЈСП, шоферот побарал полициска интервенција за да симнат еден (бездомник, сиромашен човек), бидејќи се возел по целата релација без да се симне и се враќал повторно назад. За таа „тешка акција“ биле ангажирани неколку полициски возила со полицајци и специјалци… Замислете, специјалци дошле да симнат од автобус еден обичен безопасен човек кој само седел во автобусот за да се стопли и одмори…?!
Инаку немаше журка за привремено затварање на автобуската станица, која функционираше само неколку месеци, поради градежни зафати.

Поим за добро живеење, односно „Германија“, е доколку секојден има јадење, пиење и туш.
„Во домот „Ранка Милановиќ“ не се знае кој јаде, кој пие. Дојдов тука во „Чичино Село“ бидејќи имав проблеми со другите штитеници кои се сместени во тој дом. Таму ме тепаа, и имаше обид да ми ја земат жената и да ми ја злоставуваат малолетната ќерка. Надлежните не реагираа ништо, само гледаа. „Чичино Село“ е како да живееш во Германија, во споредба со домот „Ранка Милановиќ“. Подобро да живееш надвор на улица отколку да живееш во „Ранка“, бидејќи јадењето што го даваат е како помија, на куче да му дадеш нема да го јаде“, вели за ЦИВИЛ Медиа бездомникот Алберт Осман.

Битолските бездомници, гладни и премрзнати, гласаше насловот на сторијата која со едно ќебе, перница, стар јорган и неколку картони распослани пред деловен објект кој се издава, е живеалиштето на 57-годишниот битолчанец Б.К. , кој скоро две години своето секојдневие го поминува во населбата Карпош, а преживува само од милостината на случајните минувачи и неколкуте пријатели кои му даваат храна. Како што вели, претходно живеел во станот на неговиот татко, но откако неговиот брат го продал станот, сега остана да живее на улица.

Но, Македонија како општество не е сурова само кон оние кои ете немале доволно среќа или пак можности за сами да заработат и да се грижат за себе и своето семејство. Ова општество, ако воопшто може така да се нарече, е сурово и кон оние кои ги образуваат и воспитуваат децата, нашата иднина.

Третманот на професорите, особено на оние кои се спремни да се спротивстават на неправдите, да застанат храбро во одбрана на децата и вистинските животни вредности е уште еден проблем на кој оваа и секоја наредна власт мора да работи со особено внимание.

Професорката по физика Олга Сејменов од скопската гимназија „Јосип Броз – Тито“, за која ЦИВИЛ Медиа извести уште минатата година, по 23 години поминати во гимназијата е оставена и без работа и без пензија.
„7-8 месеци јас сум без здравствена заштита и без примања. Јас сакав сама да го регулирам мојот статус, но не успеав бидејќи документацијата не е средена од страна на гимназијата. Ги барав и телефонски, на крајот и писмено се обратив, но одговор од гимназијата нема!“, вели Сејменов.

Социјална благосостојба, родова еднаквост, искоренување на сиромаштијата и еднакви права за сите изгледаат како далечни и недостижни сништа…

Шума на билборди, автомобили, шахти, дупки, помош која постојано доцни, една автобуска карта без придружник, несовесност и дискриминација од институциите се секојдневието на средношколецот и музичар Виктор Тошевски,  кој е роден со оштетен вид. Со сите препреки на кои наидува се соочува со помошта од неговата мајка, која го жртвува својот живот за да може да ги образува своите два сина, кои, за жал, се со иста судбина. Музиката е животот на Виктор…

Неодамна, Министерството за труд и социјална политика најави лични асистенти за лицата како Виктор. Но тоа не го решава проблемот на ова семејство. Лепа Тошевска која повеќе од 13 години не е во работен однос не може да биде личен асистент на сопственото дете. За таа цел државата ќе најми лице кое ќе биде исплатено за своите услуги, а таа како мајка која 13 години ја врши истата должност не добива ниту денар.

https://www.facebook.com/civil.mk/videos/1593688957416234/

ЦИВИЛ бара бескомпромисна заложба за социјална правда и ги охрабрува сите граѓанки и граѓани на Македонија да говорат храбро и слободно и да ни се придружат во бескомпромисните заложби за човечност, достоинство и солидарност.

Дехран Муратов

Tags: животзатворправапросењесиромаштијасоцијална правда
Share41Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Креирано со помош на ВИ

    Деменција, епохално незнаење или чиста злоба: Трамп се посрамоти во Давос во обид да ја понижи Европа и сојузниците

    103 shares
    Share 41 Tweet 26
  • Обвинителот Анел Фидоски универзално воведе стандард дека смртната закана со куршуми е ОК, каква што доби Џабир Дерала

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
  • Кармата ги стига Кадировци – синот на чеченскиот лидер хопитализиран во тешка состојба по сообраќајна несреќа во Грозни

    112 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Битни се парите, а не судијата

    92 shares
    Share 37 Tweet 23
  • 80% од Украина се соочува со итни прекини на електричната енергија по рускиот напад во текот на ноќта, истовремено со трилатералниот мировен состанок во ОАЕ

    89 shares
    Share 36 Tweet 22
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ