• Latest

Во Грција се отвори црковниот аспект за името

June 5, 2018
Фото: Твитер

Започнува масовното производство на украинските беспилотни летала-пресретнувачи „Октопус“

November 15, 2025
Фотоколаж: Скриншот од time.mk и видео на baku.tv

Репетитивното објавување на изјавите на Песков – императив на некои македонски медиуми

November 15, 2025
Last Crude Oil Tanker at Shell Haven - geograph.org.uk - 605835.jpg Фото: wikimеdia commons

Ројтерс: Иран потврди дека е запленет танкер со петрохемиски товар

November 15, 2025
Фото: Скриншот од видео на ВВС

Американската војска планира поделена Газа со „зелена зона“ обезбедена од меѓународни и израелски трупи

November 15, 2025

Град Скопје воведува нов режим за изнесување отпад: ноќна забрана и казни до 50 евра

November 15, 2025
Фото: Ј. Ѓорѓиоски. Фронтлајн

„Марш за ангелите“ денеска во 12:05 во Скопје

November 15, 2025
Креирано со помош на ВИ

Судството под меѓународна лупа – меѓу критики и политичка одбрана

November 15, 2025

Поранешниот министер за правда Кренар Лога се повлекува од партиските функции во АА

November 14, 2025
Foto: Wikimedia Commons

ОН: Само во октомври повеќе од 260 напади врз Палестинци во Западен Брег

November 14, 2025
Американските воздушни сили, USAF (Photo by Hans Dorries on Unsplash)

САД одобрија продажба на воени авиони и делови на Тајван во вредност од 330 милиони долари

November 14, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Во Грција се отвори црковниот аспект за името

June 5, 2018 08:08
in ВЕСТИ
Share on FacebookShare on Twitter

Додека двете страни се во исчекување на разговорот меѓу премиерите Зоран Заев и Алексис Ципрас за потврда на досега постигнатото во преговорите за името, во Грција се отвори црковниот аспект на името, откако во посета на Атина вчера пристигна Вселенскиот патријарх, Вартоломеј.

Грчкиот премиер Ципрас вчера се сретна со Вартоломеј и ги поздрави напорите на Вселенската патријаршија за решавање на статусот на МПЦ, додека вселенскиот патријарх потенцира дека се работи на сеправославна обединетост и соработка.

– Би сакал да ги поздравам вашите обиди за позитивно решавање на црковниот аспект на разликите што ги имаме со поранешната југословенска Република Македонија. Верувам дека гледате и ние се обидуваме да ги решиме разликите што постојат веќе многу години и попречуваат две соседни земји да имаат една нормална соработка и заеднички тек, му порача Ципрас на Вартоломеј.

Тој изрази верување дека можноста за решение би можело да создаде средина на стабилност и развој на Балканот, нешто, што како што рече, „ни е потребно, како и добра соработка меѓу два соседни народа, кои во мнозинството имаат православна христијанска вера што е важен елемент што не треба да се занемари“.

Вартоломеј нагласи дека тоа прашање е во рамки на канонските обврски на Вселенската патријаршија, да се обидува да ги отстранува расколите каде штo постојат.

Вселенскиот патријарх се сретна со и грчкиот претседател Прокопис Павлопулос и со архиепископот на ГПЦ, Јеронимос, а посетата на Атина следеше откако минатата недела Вселенската патријаршија соопшти дека Светиот и Свештен Синод го разгледал прашањето со нерешениот канонски статус на Охридската Архиепископија.

Во соопштението стоеше дека Патријаршијата го примила писмото на премиерот Зоран Заев, во кое се бара помош и поддршка решавање на прашањето со МПЦ.

Соопштението завршуваше со заклучокот дека Светиот и Свештен Синод на Вселенската патријаршија „одлучи да се заземе за ова и да ги преземе потребните чекори, според неприкосновените права на историските и канонски надлежности и привилегии на првопрестолната Вселенска Патријаршија“.

Премиерот Зоран Заев со писмо побарал од Вселенската патријаршија признавање на автокефалноста на МПЦ, а писмото било испратено пред еден месец.

И додека грчката страна тврдеше дека Заев прифатил промена на името на МПЦ, македонската страна негираше дека го сторила тоа.

– Никој ниту побарал ниту некој може да го смени името на МПЦ. Не е тема на дилема или на дебата името на МПЦ, потенцира Заев минатата недела на седницата за поставување пратенички прашања.

Неговиот кабинет потоа ја објави и содржина на писмото до Вартоломеј.

А откако се обзнани писмото на Вселенската патријаршија, грчката Влада излезе со став дека до моментов не постои договор за спорот, но единствено што за сега постои е одлуката од Вселенската патријаршија во однос на македонската црква.

– Единствено што постои до овој момент е одлуката на Светиот синод на Вселенската патријаршија да се спроведе потребното за да се задоволи барањето на премиерот на ПЈРМ за бришење на терминот „Македонија” од името на црквата на нашите северни соседи, пишуваше во владиното соопштение.

Пратеникот на ДУИ, Артан Груби вчера во интервју за Канал 5 истакна дека преговорите меѓу Македонија и Грција за името не се во ќорсокак, туку дека се работи за различна имплементација на договореното и додаде дека во игра се и други креативни решенија, освен оние од пакетот на Метју Нимиц.

– Медијаторот Нимиц ги предложи Северна, Вардарска, Горна, Нова и Република Македонија (Скопје). Знаете дека се преговара за имињата предложени од Нимиц, но се преговара и за секое можно ново креативно решение. Креативно како: „Република Крушевска Македонија“, „Република Современа Македонија“, „Република Европска Македонија“, рече Груби.

Нагласи дека се е договорено во преговорите со Грција, останува уште начинот на имплементација на договорот.

Грчката страна останува на ставот дека таа сторила се што треба во преговорите за името и оти сега на потег е премиерот Заев во процесот за решање на спорот.

Пораката дека Атина го чека „решителниот чекор“ од Скопје, уште еднаш ја повтори портпаролот на грчката влада и министер без ресор, Димитрис Ѕанакопулос, но и додаде дека во овој момент никој не бара одново да се отворат преговорите.

– Се наоѓаме во финалната фаза. Е сега, ако постојат некои небитни детали кои можат да одат во една или во друга насока, тоа во никој случај не е отворање на преговорите во нов циклус. Напротив, ви реков дека она што го очекуваме во овој момент е решителен чекор од страна на раководството на ПЈРМ, вели Ѕанакопулос.

А еден од потпретседатели на грчкиот Парламент и пратеник од опозициската Нова демократија, Никитас Какламанис со став дека ако договорот содржи македонски јазик и македонска нација нема да биде изгласан од грчкиот законодавен дом.

(МИА)

Tags: ВартоломејВселенска патријаршијаГрцијаЗоран ЗаевМПЦписмоЦипрас
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Скриншот од видео на ДИК

    Локалните избори 2025 се официјално и конечно завршени, објави ДИК

    307 shares
    Share 123 Tweet 77
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    121 shares
    Share 48 Tweet 30
  • Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

    114 shares
    Share 46 Tweet 29
  • Богати странци плаќале по 80.000 фунти за „сафари викенд“ за да убиваат цивили за време на опсадата на Сараево

    102 shares
    Share 41 Tweet 26
  • Локалните избори во Косово Избори без апсолутен победник, но со пораки за партиите

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ