Се проценува дека околу 2 илјади луѓе се собраа во Давос да протестираат против доаѓањето на Трамп во Давос, кој се очекува да пристигне во петок.
Илјадници антикапиталисти протестираа низ градовите на Швајцарија со знаци „Трамп не е добредојден“, „НЕ за Трамп, НЕ за јаглен, НЕ за нафта“
Група од околу 20-тина лица го проби кордонот на полицијата и влегоа во строго забранетата зона, кои набрзо потоа беа мирно отстранети од полицијата.
Нивото на безбедност е покачено и низ улиците можат да се видат снајпери и војници како патролираат, а поставени се и контролни пунктови.
Покрај 1.000 полицајци, градот го обезбедуваат 4.000 војници, а воведена е и забрана за прелетување над градот Давос, додека трае Светскиот економски форум.
Е.К.