• Latest
Добро утро со Орданоски

Како Бизмарк ја „подели“ денешна Русија

February 23, 2022

Трет извештај на ЦИВИЛ: Над 230 извештаи од теренот, случаи на ограничено гласачко право и партиски притисоци

November 2, 2025
Скриншот од sec.mk

ДИК: До 17 часот гласале 39,28 проценти, во Скопје 28,52

November 2, 2025
Скриншот од видео на Hindustan Times

Турција го намалува увозот на руска нафта поради западните санкции

November 2, 2025

Втор извештај на ЦИВИЛ: Починати лица во Избирачкиот список, повреда на тајноста на гласањето, пријави за притисоци и непристапни избирачки места

November 2, 2025

ДИК: До 15 часот излезеноста 30,26 проценти, за Скопје 29,94 отсто

November 2, 2025
Скриншот од видео на
Diario AS

Неочекувана главоболка за Орбан – Трамп во офанзива против руската енергија

November 2, 2025

ДИК им ги одзеде акредитациите на осуммина домашни набљудувачи поради агитирање пред гласачко место

November 2, 2025
Скриншот од sec.mk

ДИК: Излезеноста до 13 часот е 19,96 проценти, во Скопје 15,28 отсто

November 2, 2025

Прв извештај на ЦИВИЛ: Изборниот молк масовно се крши, изборниот ден почна мирно

November 2, 2025
Скриншот од ТикТок

Aзискиот моден гигант Шеин обвинет за продажба на „с*кс кукли со детски изглед“ во Франција

November 2, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА ДОБРО УТРО СО ОРДАНОСКИ

Како Бизмарк ја „подели“ денешна Русија

Нема крај на пропагандните манипулации, лажните вести и ширењето злонамерни невистини кога воените машинерии ќе ја „прегазат“ можноста за мирни решавања на кризите

February 23, 2022 06:39
in ДЕЗИНФОРМАЦИИ, ДОБРО УТРО СО ОРДАНОСКИ, СЛОБОДНА ЗОНА, ТОП 5
Добро утро со Орданоски

Добро утро со Орданоски

Share on FacebookShare on Twitter

САШО ОРДАНОСКИ

Деновиве, кога светот со право е повторно преокупиран – каква вербална коинциденција! – со актуелната окупација на Русија (тој опасен проект во несопирливо движење!) врз делови од Украина, еден наводен цитат од прославениот германски „железен канцелар“ Ото фон Бизмарк (1815-1898) наголемо и нашироко повторно се цитира по бројни медиумски коментари, експертски геополитички анализи, историски толкувања и аматерски статуси по социјалните мрежи, главно за да се докаже „подмолноста“ на Западот и неговата столетна, малициозна „антируска“ политика. (Тоа, на пример, е омилената теза на илјадници македонски фејсбук-русофили кои Путин го доживуваат како последниот крстоносен бранител на светата православна цивилизација пред налетот на подлите католичко-муслимански орди за ништење на македонски народ… И слични глупости, кои не се примарна тема на овој напис.)

Елем, цитатот, атрибуиран на Ото Едвард Леополд (принцот од Бизмарк, грофот од Бизмарк-Шонехаузен, војводата на Лауенбург) гласи: „Моќта на Русија би можела да се намали само со одвојувањето на Украина од неа.“

Навистина, големите историски личности од антиката до денес, кои ги одбележале своите епохи, знаат да „дрмнат“ вакви лапидарни авторитетни оценки со кои ја задолжуваат човечката цивилизација, за потоа бескрајно да се рециклираат како „џебен“ аргумент чија автентичност и точност нема потреба да се докажува. Додуша, за оние кои тоа ги интересира, секогаш е интересно да се види контекстот на ваквите изјави, бидејќи зад нив по правило стојат околности кои се уште поинтересни за да се сфати смислата на искажаното.

Но, ете ти чудо, токму оваа нашироко наведувана изјава на Бизмарк, всушност, не постои.

До таков заклучок деновиве дошол специјализираниот украински портал stopfake.org кој студиозно се занимава со разоткривањето на валканите пропагандни медиумски кампањи насочени кон поттикнувањето на лажни вести, манипулации и ширењето злонамерни невистини за украинската криза. Во нивната анализа се наведени бројни цитати од руски автори кои со години го перпетурираат „ставот“ на Бизмарк, иако е „добро втемелена“ лага.

Имено, тие го цитираат рускиот сервис на Дојче Веле од каде се обратиле до германската Фондација Бизмарк во градот Фридрихсру за уточнување на конкретните факти во врска со наводната изјава на големиот пруски политичар и војсководец. Тамошниот специјалист за делото на Бизмарк, извесен д-р Улф Моргенштерн, децидно објаснува: „Бизмарк не рекол и не можел да каже ништо слично на ова.“ Не постојат докази, ниту во обемната оставина од белешки, писма, говори, а ни во мемоарите на современиците на Бизмарк, дека тој изјавил вакво нешто. На страна што и самиот збор „Украина“ ќе влезе во европскиот вокабулар многу години подоцна од времето на Бизмарк.

Дури, напротив, самиот канцелар – двигателот на тогашното германско обединување во првата северногерманска империјална конфедерација и првиот креатор на социјалната држава во Европа – именуван во 1871 година на таа функција, лично не се согласувал со идејата за „поделба на Русија“. Впрочем, прочуениот британски историчар, марксистот Ерик Хобсбаум, ќе го оцени Бизмарк, мајсторот на реал-политиката, како „неспорен светски шампион во играта на мултилатералниот дипломатски шах во речиси дваесет години по 1871, ексклузивно и успешно посветувајќи се себеси на одржувањето на мирот помеѓу (големите) сили“. (И покрај анексијата на Алзас-Лорен во 1871 година, што силно ќе го поттикне германскиот национализам и ќе ја рашири германофобијата во Европа, ама тоа е друга приказна…)

Истражувањата покажале дека некаков украински контекст со Бизмарк за прв пат се спомнува во книга издадена во Лвов во 1926 година (посветена на тамошниот, некојси, владика Андреј Шептитски), за од таму да го почне своето стогодишно „патување во ноќта“ на цитати и цитати-на-цитати низ руските историографски студии, но и модерните политички пропаганди и небулозите по модерните социјални мрежи, вклучувајќи ги и балканските почитувачи на ликот, делото и украинската окупација на Путин.

Впрочем, ако веќе се сака да се доведе Бизмарк во некаков, многу посоодветен импровизирачки контекст со она што денеска го прави Путин, можеби е подобро да се цитира Бизмарковиот прочуен говор во Прускиот пратенички дом од 1862 година за „крвта и железото“, како начин за постигнување на тогашните пруски империјални амбиции: „Прусија мора да се концентрира и да ја одржи својата моќ за да ја сочува во подобен (историски) момент, што неколку пати веќе се пропушта. Границите на Прусија (определени) според Виенските договори не се добри за здравјето на државата. Големите прашања на нашето време нема да бидат решени со говори и мнозински одлуки – тоа беше големата грешка во 1848 и 1849 година – туку со железо и крв!“ …

Ако во овој цитат малку се „актуелизираат“ годините, се пермутира Прусија со Русија и авторитетниот мустаклија Бизмарк се замени со ќелавиот „мињон“ Путин, сосема адекватно ќе се опише моментната (п)руска политика на „железо и крв“ во Европа. А и егото на Путин не изгледа помало од она на Бизмарк.

После Бизмарк, а пред Путин, во европската политика имаше еден друг војсководец со социопатски, империјални амбиции. Неговата девиза беше не за железото, туку за „тлото и крвта“. И неговата мега-трагична авантура започна со соседни територијални анексии и говори за историски неправди. Но, белки е претерано за тој вид на историски аналогии…

 


Сите права се задржани. Текстот е личен став на Авторот.

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Лукоил ја прифати понудата на Ганвор Груп за купување на меѓународните средства, ќе добие ли македонската подружница нов газда?

    148 shares
    Share 59 Tweet 37
  • Деца и училишни ресурси како алатка за кампања во Пробиштип!

    139 shares
    Share 56 Tweet 35
  • Лукоил ги продава своите филијали во странство по санкциите на САД, македонската подружница сé уште молчи за прашањата на ЦИВИЛ

    112 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Изборите и коалицијата: ВЛЕН му го залула чунот на Мицкоски

    111 shares
    Share 44 Tweet 28
  • Нема втор круг! Изборите во Гостивар, Врапчиште, Маврово и Центар Жупа пропаднаа – ќе се распишат нови!

    103 shares
    Share 41 Tweet 26
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ