• Latest

Ковачевски: Нема воведување нови даноци, во Собранието трет ден се расправа за буџетот за 2021 година

December 18, 2020

Словенечкиот проблем: Кога стравот станува политика

October 30, 2025

Нема втор круг! Изборите во Гостивар, Врапчиште, Маврово и Центар Жупа пропаднаа – ќе се распишат нови!

October 30, 2025
Скриншот од видео на CNN-News18

„Ова беше колеж, а не операција“- фавелата се тресе од најсмртоносниот полициски напад во Рио

October 30, 2025
Фотографија: Скриншот

Аналитичари за укинувањето на санкциите за Додик -„возвратена услуга“ за повлекувањето од функцијата претседател на РС, аналитичарите за укинувањето на санкциите за Додик

October 30, 2025

Нов фронт меѓу Албанците: Таравари и Села се борат за печат, а електоратот бега и апстинира!

October 30, 2025
Скриншот од видео на Firstpost

„Убиваа цивили во нивните кревети“- хаос и бруталност владеат во Судан по падот на Ел Фашер

October 30, 2025

САД ги укинаа санкциите против Милорад Додик и уште 48 физички и правни лица

October 30, 2025
Скриншот од видео на euronews

Прекини на електричната енергија низ цела Украина по масивните руски напади со ракети и дронови врз термоцентрали

October 30, 2025

ДЗР: 65,5 отсто од потребната енергија во земјава за 2024 била обезбедена од увоз

October 30, 2025

Нова изборна постапка во рок од 60 дена од конечните резултати на локалните избори во Гостивар, Врапчиште, Центар Жупа и Маврово

October 30, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

Ковачевски: Нема воведување нови даноци, во Собранието трет ден се расправа за буџетот за 2021 година

December 18, 2020 15:46
in ВЕСТИ, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Нови даноци нема да има и стапките кои во моментов се на сила остануваат. Што се однесува до  данокот на имот и промените што се предложени и се влезени во собраниска процедура, се работи за намера, односно цел да биде активиран недвижниот имот во Република Северна Македонија, кој не е активиран во моментот, пренесува МИА.

Ова го истакна заменик-министерот за финансии Димитар Ковачевски на третиот ден од расправата во Собранието по дополнетиот предлог -буџет за 2021 година, одговорајќи на пратеник од опозицијата.

Потенцира дека остануваат истите стапки на данокот на недвижен имот како што се, додека оние кои имаат неискористен имот повеќе од шест месеци, тогаш тој ќе биде оданочен со стапка на данок на имот три пати поголема.

Појасни дека тоа не се однесува само на станови и куќи, кои не се издаваат, бидејќи тие нема да се даночат, туку и на индустриски објекти кои стојат неискористени и не придонесуваат во економскиот живот.

-Кога патувате гледате дека има таков имот со кој се имаат стекнато во текот на приватизацијата и каде што се гледа дека е неискористен. Оној кој не планира да го искористи и работи ќе плати трипати повеќе данок на имот, рече Ковачевски и додаде дека нема да се даночи имотот што се користи како живеалишта на граѓаните, при што тој се оданочува со половина од пропишаната стапка, нема да се даночи имотот на оние кои работат во странство, но доколку имаат три или четири стана и сите имоти не се издаваат ќе бидат оданочени со поголеми стапки.

Најави дека ќе бидат изработени подзаконски акти и потенцира дека не се работи за воведување нови даноци.

Собранието трет ден расправата по дополнетиот предлог-буџет за 2021 година. Пратениците од власта и опозицијата ги искажуваат своите мислења и ставови околу предлогот. За власта тој е континуитет на одговорни политики, фокусиран на поддршката на здравството и економското заздравување, за опозицијата мегаломански, нереален, буџет кој нема да се реализира.

-Буџетот во 2021 година е фокусиран да обезбеди поддршка и унапредување на здравствениот сектор, на економско заздравување, буџетот е континуитет на одговорни политики на Владата, рече Лидија Тасевска од СДСМ.

Славјанка Петрова од оваа партија потенцира дека колку е граѓански буџетот се гледа од начинот на кој е планиран и додаде дека во него се покажува грижа и за вработените, и инфраструктурата….

За Илија Петкоски од ВМРО-ДПМНЕ предложените мерки ниту го штитат здравјето, ниту ќе ја заживеат економијата.

Бојан Стојановски од оваа партија посочи дека нема ниту еден проект што почне следната година, ниту автопат, ниту ќе почне изградбата на студентскиот град, ниту изградба на ново училиште, нту пак има зголемување на платите.

Ваквиот буџет, според Благица Ласовска не заслужува поддршка бидејќи јавниот долг ќе биде над 60 проценти.

Александар Велјановски од ВМРО-ДПМНЕ беше со став дека е мегаломански и нереален. – СДСМ и во 2021 година продолжуваат со политика на живот на вересија. За да ме разберат граѓаните Македонија е во рецесија, односно во стечај, рече Велјановски и праша дали планира власта да ги зголеми даноците.

За владејачкото мнозинство државата ја оставила во стечај токму опозицијата кога заминала од власт, а беше споменат и проектот Скопје 2104 за кој, како што посочи Славјанка Петровска првично биле планирани 6 милиони, а со анекси се потрошиле 12 милиони евра.

Print Friendly, PDF & Email
Tags: буџетвладаДимитар КовачевскиекономијаМинистерство за финансииСобрание
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Деца и училишни ресурси како алатка за кампања во Пробиштип!

    136 shares
    Share 54 Tweet 34
  • Лукоил ги продава своите филијали во странство по санкциите на САД, македонската подружница сé уште молчи за прашањата на ЦИВИЛ

    112 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Изборите и коалицијата: ВЛЕН му го залула чунот на Мицкоски

    110 shares
    Share 44 Tweet 28
  • Косовски пратеник удри граѓанин со бокс оти го нарече „лажго“ – инцидент во центарот на Приштина!

    103 shares
    Share 41 Tweet 26
  • Арсовска шири лажни вести: Директорот на „Комунална хигиена“ сè уште е во притвор и не потпишувал „во срце и душа сум ВЛЕН“

    101 shares
    Share 40 Tweet 25
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ