• Latest
Војо Маневски

Самар

June 7, 2023
Пожар во Трубарево, 13 септември 2025
Фото: Горан Наумовски

Речиси на полноќ, МЗ ќе им подели 2.000 маски N95 на жителите на Трубарево

September 13, 2025
Протест на граѓани во Аеродром заради загадување од Вардариште и Дрисла. Фото: ЦИВИЛ/Д.Мишев

(ФОТО И ВИДЕО) Протест во Аеродром и Ново Лисиче против загадувањето: „Меѓу две депонии умира еден град“

September 13, 2025

ОН со огромно мнозинство ја поддржа декларацијата за решение за две држави со која се осудува Хамас, Северна Македонија се пишмани – од поддршка, до воздржана

September 13, 2025
Пожар во Трубарево, 13 септември 2025
Фото: Горан Наумовски

Шест противпожарни возила, два хеликоптера и еден ер трактор го гасат пожарот во Трубарево, нема повредени

September 13, 2025

„Српски свет“ со македонски печат

September 13, 2025

Република Српска е економски зависна од земјите што ги напаѓа Додик

September 13, 2025

Пекиншкиот гамбит на балканско тло

September 13, 2025

Министрите за финансии на Г7 разгледуваат можни санкции и царини за поддржувачите на руската војна

September 13, 2025

Донација од 800 илјади евра од српско потекло за гимназија, црква или џамија во Тетово – обвинувања за таен договор и деманти

September 13, 2025
Фото: Скриншот од видеото на Марио Бојиќ, Х

Во Србија денеска паралелни собири – влада против „блокадери“ и работнички синдикати против влада

September 13, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА

Самар

June 7, 2023 08:43
in ОПШТЕСТВО, СЛОБОДНА ЗОНА, ТОП 5
Војо Маневски

Војо Маневски

Share on FacebookShare on Twitter

ВОЈО МАНЕВСКИ 

Самарот беше задолжителна опрема за секое магаре, коњ или мазга, опрема со која се помагаше добичето полесно да го пренесува товарот што му беше наменет. Добар домаќин го товараше добичето на самарот, внимавајќи дека и утре ќе му требаат и тоа и самарот.

Но има и лоши домаќини како и лоши години. Доколку во некоја сезона домаќинот го претоварува пречесто магарето, а плус таа година е една од оние гладните, настанува тешкотија. Зоб нема доволно, житото само за леб и семе се користи, сиромашкото животно полека слабее зошто пасе само зелена трева. Тогаш нозете почнуваат да му се тресат и од сопствената тежина, а не пак од самарот и товарот. Тоа сѐ почесто бара некоја сенка да прилегне и домаќинот го наоѓа згрчено. Самарот останува да си играат децата со него во дворот, ако не му се најде ново добиче да го поднесува и ако мерката на самарот му е потаман. Ако остане во дворот, платното се раскосува, дрвото иструнува, а сламата се расејува низ дворот. Така и самарот и добичето ја доживуваат истата судбина, а за неа не се виновни, туку домаќинот кој недомаќински располага со нив.

Каква поврзаност има самарот и кутрото животинче со денешниве состојанија? Јас мислам дека има, а што мислите вие? Ако добичето сме сите ние граѓаните самарот е државниот апарат, останува загатката кој е домаќинот што треба да води сметка и за самарот и за магарето?

Зошто ова го пишувам ако никого нема да го заинтересира споредбата и ако не ја согледува опасноста? Затоа што не шкоди, а ние сме веќе навикнати работите да ги гледаме не според тоа колку ни користат, туку колку помалку штета носат.

Кој се плаши од преговорите со ЕУ и реформите кои ќе мора да ги правиме? Оние што имаат најмногу корист од сегашнава состојба и се надеваат дека ќе имаат најмалку штета, ако се принудени на реформите. Граѓаните секако не се меѓу нив зошто сегашната состојба најмногу ги оштетува нив. Под овој термин граѓани не ги сметам разните буџетари зошто во мојата поделба тие се дел од самарот и товарот што граѓаните го носат.

Сакаат ли политичарите реформи? Најголемиот дел од нив не сакаат, па и кога така се декларираат, пресметуваат колку ќе бидат инволвирани во самите реформи за да ги намалат штетите по себе и да направат платформи за идна корист.

Сака ли реформи администрацијата и тоа во својата потполност? Да, некои ги сакаат реформите, ама тие да останат на истите места или да им се гарантира напредок. Ако реформите значат намалување на бројот на административци или намалување на платите секако нема да ги сакаат реформите. Ако пак ќе мораат да работат одговорно и со резултат е тогаш не само што не ја сакаат реформата, туку и активно се против неа. Како да се разбере овој молк на илјадниците универзитетски професори кои треба да го кажат својот став за претстојните уставни промени, а посебно за реформите што нѐ чекаат и последиците од нив. Зошто во јавните настапи најчесто посочуваат дека имаат недоволни плати и немаат можност за наука? А да проговорат дека самиот поим универзитетски професор со својот конформизам го спуштија на ниво на даскал во некое средно училиште, тешко се осмелуваат. Сметаат дека самарот може да се товари како тој да е на некој облак закачен, а не на истоштена економија. На крајот од тирадава да прашам: Зошто ни се интелектуалците ако решенија нудат експерти од општ формат што се сликаат по медиумите катавечер?

Списокот нема да е краток ако продолжам вака. Скоро и да нема сектор во државната структура кој не се плаши од реформи. Оние што се творци на националниот доход се плашат дека реформите пак ќе ги платат тие и не се сигурни во промената на својата положба. Премногу моќен им е се чини закоравениот систем и излезот го бараат таму каде барем ќе бидат платени за својот труд. Во светот каде рефермите се законитост. За активна улога во оштеството и таму не се надеваат. Ама барем нема да им тежи самарот наполнет со ликови кои пред нивни очи пораснаа и остареа, а себеси се нарекуваат партијци и политичари и ништо друго не знаат да прават.

Ќе има ли уставни промени и со тоа почеток на реформи кои се нужни? Не ги плашат политичарите идентитетските обележја што ќе бидат во опасност, не ги плашат новите барања од соседот. Ги плаши негарантираната иднина за нив поради реформите во целиот систем. Систем кој тие го градеа и чиј производ се самите. Е такви гаранции бараат од Европа и од нивните политичари.

А во право се што се плашат. Нема да можат да ни кројат капа час со кузирка, час без кузирка и тоа секогаш кога сакаат. Нема да си доделуваат плати според меѓусебен договор, туку според резултатите на секторите за кои се одговорни. Нема да си ставаат така лесно судии и обвинители, директори и началници зошто некој секогаш ќе бара исвестување за потрошените, а позајмени пари. И зошто би сакале реформи кога не се во нивен интерес? Како во онаа изреката на Џамбазов – и јас би играл вака.

Летово кое никако да дојде според описот на неговите карактеристики ќе биде период во кој сите ќе бидеме на испит. И оние што им веруваат на смешните флоскули за опасноста од губењето на митовите и замислениот идентитет и оние што ветуваат дека само уште овој напор и после фондовите на Европа нѐ чекаат. Секој политичар што ќе употребува „големи зборови“ сметајте го за бранител на сопствените интереси, а не на вашите. Сите ќе си ги гледаат своите интереси и сите ќе ги товарат на самарот, а тој ќе биде на нас како носители на товарот. Оној збор добиче е единка од „добиток“ што во домаќинските времиња и кај домаќините значи домашни животни од кои зависи опстанокот на семејството. Во некои делови на Хрватска се нарекува и „благо“ или по нашки богатство. Ако еден ден благото се најде стуткано во некоја сенка кој ќе го носи самарот?

Сега почитувани, одредете кој е во право кога зборуваме за уставните измени, обидете се вие да бидете во право и да не се плашите од сограѓаните кои сметаат дека се Бугари и сакаат да бидат почитувани заради тоа. Само барајте да се започнат реформите кои се нормални за европска држава, а ако за тоа се потребни уставни измени пресметајте дали со тоа товарот на самарот се зголемува или намалува. Водете сметка и за себе и за самарот!

Print Friendly, PDF & Email
Tags: администрацијаполитичариПреговориреформи
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубчо Георгиевски за ЦИВИЛ Медиа: Иван Стоиљковиќ е докажан борец против македонската државност, од раните 90 години беше активен противник на независна самостојна македонска држава

    154 shares
    Share 62 Tweet 39
  • Срџан Амет, прв Ром кандидат за Скопје: Време е да се разбие стигмата за Ромите

    139 shares
    Share 56 Tweet 35
  • (ВИДЕО) AA: Србија денес ја прогласи Северна Македонија за српска територија, Владата го одобри тоа со присуство на вицепремиерот Стоилковиќ

    118 shares
    Share 47 Tweet 30
  • 24 ЧАСА: Молк од владата за големо-српската пропаганда на Денот на независноста; Падна владата на Франција; ЕУ да го осуди Вучиќ по навредите кон европратениците; Во тек е повикот на ЦИВИЛ за изборни набљудувачи

    115 shares
    Share 46 Tweet 29
  • Зависна независност

    101 shares
    Share 40 Tweet 25
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ