На 24 февруари 2026 година, вторник, со почеток во 17 часот, четири години по започнувањето на целосната воена агресија на Русија врз Украина, ЦИВИЛ – Центар за слобода ќе организира меѓународна онлајн конференција со наслов Четири години агресија: Отпорот на Украина и одговорноста на светот, која ќе обедини аналитичари, новинари, дипломати, носители на политики и претставници на граѓанското општество од Европа и пошироко.
Конференцијата ќе се емитува на живо на Јутуб каналот на ЦИВИЛ, како и на Фејсбук страницата на организацијата. Во текот на конференцијата, заеинтересираните ќе имаат можност да коментираат или да поставуваат прашања за учесниците онлајн, во коментари или пораки на ФБ или Јутуб.
YouTube
Организацијата-домаќини на настанот е ЦИВИЛ, а програмата ќе ја водат поранешниот британски пратеник и директор на Вестминстерската алијанса за Украина, Роџер Касале, претседателот на Медиа Диалог од Германија, д-р Волфганг Ресман и претседателот на ЦИВИЛ – Центар за слобода, Џабир Дерала.
На конференцијата ќе говорат експерти, медиумски професионалци, дипломати и претставници на граѓанското општество од Украина, Германија, Велика Британија, Италија, Франција, Литванија, САД, и Северна Македонија.
По претходно барање, претставник на ЦИВИЛ ќе биде на располагање пред седиштето на ЦИВИЛ за изјави за медиумите од 12 до 13 часот в понеделник, 23 февруари.
Конференцијата се одржува во рамките на Глобалната иницијатива за одбрана на демократијата (DDGI), како дел од нејзината водечка програма Вестминстерска алијанса за Украина (Westminster Alliance for Ukraine WA4U), и е координирана од ЦИВИЛ – Центар за слобода. Независната медиумска платформа на ЦИВИЛ ќе го организира и пренесува настанот во живо, обезбедувајќи отворен меѓународен пристап и континуирана јавна вклученост пред и по конференцијата.
Иницијативата се реализира во соработка со European Youth4Media Network / Media Dialogue и New European People’s Forum (Германија), Jean Monnet Association (Франција) и Centro Studi Internazionali (Италија). Организаторите изразуваат благодарност до Украинско-британскиот бизнис совет за поддршката во промоцијата на настанот.
Контакт за медиуми:
info@defendingdemocracy.global














































