• Latest

Трет неуспешен референдум во Македонија

September 18, 2017
Мурал од Бенкси

Меѓународен ден за толеранција: ЦИВИЛ бара почитување на принципите на толеранцијата, човековите права и меѓународното право – да се стави крај на насилствата и војните

November 17, 2025

Гаши ги распиша локалните избори за градоначалници во Гостивар, Врапчиште, Маврово и Ростуша и Центар Жупа за 11 јануари 2026

November 17, 2025

Обвинение против Љубе Темелков, советник на МААК во Неготино, за ширење омраза, расизам и дискриминација врз ромската заедница

November 17, 2025
Скриншот од видео на
Firstpost

Поранешната премиерка на Бангладеш, Шеик Хасина, осудена на смрт поради брутално задушување на студентските протести

November 17, 2025
Фото: ЦИВИЛ

Отворен јавен повик: Студентите добиваат ваучери за електронски уреди

November 17, 2025
Скриншот од видео на UNITED 24

По 39 години од нуклеарната катастрофа, нова трагедија предизвикана од Кремљ: Вдовицата на првата жртва од Чернобил  убиена во рускиот напад врз Кијив 

November 17, 2025
Фото: Фејсбук Јетмир Асани

Ноќна забрана за фрлање ѓубре: Скопје воведува казни од 50 до 1.800 евра

November 17, 2025
Фото: Скриншот од видео на ВВС

САД го означуваат венецуелскиот картел како странска терористичка организација

November 17, 2025
Скриншот од видео 60 minutes/CBS

Трамп ги охрабрува републиканците да гласаат за објавување на досиејата на Епштајн, означувајќи силен пресврт

November 17, 2025
Фото: Глобус

Како е поврзан министерот Трипуновски со корупцискиот скандал во кој е осомничена негова блиска соработничка

November 16, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Трет неуспешен референдум во Македонија

September 18, 2017 14:13
in ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Референдумот кој вчера се одржа во Општина Ново Село, против изградбата на рудникот Иловица и изградба на рудници на територијата на општината, не успеа поради недоволна излезност на гласачите.

На вкупно 20 избирачки места во Општина Ново Село, не излегоа потребните 5.720 гласачи од вкупно запишаните 11.438 граѓани со право на глас.

Според граѓаните, а и според Здружението „Здрава котлина“, која беше и иницијатор на референдумот, најголемиот проблем е во тоа што Избирачкиот список не соодветствува со реалната слика во Општина Ново Село, бидејќи над 40% од граѓаните од Општината се во странство.

Рефередумот во Ново Село е шестиот по ред референдум на територијата на Македонија, а трет неуспешен, по двата неуспешни референдуми во Босилово и Валандово. Како последица на притисоците, во Валандово на референдумот излегоа само 4,683 гласачи,  односно 46,15% од 10.141 граѓанки и граѓани запишани во Избирачкиот список. На референдумот во Босилово пак, излезноста беше 32,45% или 3.992 гласачи, односно 2.159 гласачи помалку од потребниот минимум за успешност на референдумот.

Претставниците на организацијата „Здрава котлина“, како носител на иницијативата, во текот на референдумскиот ден, повеќе пати алармираа дека во текот на спроведувањето на референдумот, имало многу нерегуларности, по што најавија и дека ќе поднесат приговори до ДИК.

Од шестте досега одржани референдуми во југоистокот, успешни беа референдумите во Гевгелија, Богданци и Дојран.

По референдумот во Боданци, Општината го повлече решението за рудникот во Казандол. Во Гевегелија и Богданци беа забележани, помали технички недоследности, додека во Дојран мониторинг-тимовите на ЦИВИЛ забележаа и притисоци врз населението да не излезе на референдум и истиот да се прогласи за неуспешен. До самиот крај на референдумот, излезноста беше помала од очекуваното, со што се доведе во прашање неговата успешност. Крајните бројки покажаа излезност на само 25 граѓан(к)и повеќе од потребните половина од населението!

Џабир Дерала, во име на ЦИВИЛ – Центар за слобода, изјави дека референдумите претставуваат тест за системот, во пресрет на локалните избори на 15 октомври.

Маја Ивановска

Фото: „Здрава котлина“

Tags: БогданциБосиловоВаландовоГевгелијаДојранЗдрава котлинаНово Селореферендуми
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Скриншот од видео на ДИК

    Локалните избори 2025 се официјално и конечно завршени, објави ДИК

    307 shares
    Share 123 Tweet 77
  • Богати странци плаќале по 80.000 фунти за „сафари викенд“ за да убиваат цивили за време на опсадата на Сараево

    103 shares
    Share 41 Tweet 26
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    122 shares
    Share 49 Tweet 31
  • Вицепремиерот Стоиљковиќ со нервозна реакција на новинарско прашање од ЦИВИЛ – тенденциозна и потпалувачка порака на социјалните мрежи

    98 shares
    Share 39 Tweet 25
  • Како е поврзан министерот Трипуновски со корупцискиот скандал во кој е осомничена негова блиска соработничка

    95 shares
    Share 38 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ