• Latest

Заедничка набавка на гас преку механизмот АгрегатЕУ за зголемена енергетска безбедност, може да учествува и Македонија

April 25, 2023

24 ЧАСА: „Гасни комори и смрт“ за Албанците на спортски натпревар; Мицкоски, Тошковски, Стоилковиќ, Димитревски без одговор на прашањата на ЦИВИЛ; Таравари бара национализмот да биде осуден и изгаснат

August 4, 2025
Графити во Маџари, снимени на 5 септември 2024 (фото: ЦИВИЛ)

Дијагноза: Колективно воспитана омраза – „Смрт, гасни комори за Шиптарите“

August 4, 2025
Скриншот од видео кое наводно го прикажува погледот од авион што слетува на аеродромот во Сочи на 3 август Shaun Pinner/X

Украинците потврдија успешен напад со дронови врз складиште за гориво на рускиот аеродром во Сочи

August 4, 2025

Мицкоски, Тошковски, Стоилковиќ и Димитриевски без одговор на прашањата на ЦИВИЛ за националистичките скандирања во Куманово

August 4, 2025
Фотографија: ВИ

Во пресрет на локалните избори 2025: ДКСК без претседател, Собранието на одмор

August 4, 2025
Фото: Скриншот од видео објавено од Володимир Зеленски на Фејсбук

(ВИДЕО) Русија лови цивили: Зеленски споделува снимки од градовите на линија на фронтот

August 4, 2025
Порака за блокирање на веб-страница. Фото: LSM+

Латвија блокираше 10 веб-страници што шират руска пропаганда

August 4, 2025

(ИЗБОР) Албански медиуми: ОБСЕ нуди препораки за Кривичниот законик во Албанија; Спиропали и Османи со остри осуди за антиалбанските скандирања во Куманово

August 4, 2025
Фото: Скриншот од видео на WION

Најмалку 68 мигранти загинаа при превртување на брод кај Јемен

August 4, 2025

Министрите ќе ја извршуваат функцијата и додека се тркаат за градоначалник

August 4, 2025
CivilMedia
No Result
View All Result
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

Заедничка набавка на гас преку механизмот АгрегатЕУ за зголемена енергетска безбедност, може да учествува и Македонија

April 25, 2023 21:14
in ВЕСТИ, ЕКОНОМИЈА, СВЕТ, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

Европската комисија денеска почнува со регистрација на потребите за гас како подготовка за заеднички набавки на гас на ниво на ЕУ, соопшти Европската комисија.

Во тој процес, европските компании ќе можат да ги регистрираат своите потреби за набавка на гас преку механизмот АгрегатЕУ (AgeregateEU)​, а целта е да се подготви ЕУ за следната зима со навремено полнење на складиштата за гас.

Механизмот е отворен за компаниите кои трошат гас и оние кои тргуваат со овој извор на енергија од членки на ЕУ и земји од Енергетската заедница – Албанија, Босна и Херцеговина, Србија, Грузија, Косово, Црна Гора, Северна Македонија, Молдавија и Украина, се наведува во соопштението на Европската комисија.

Заедничкото купување, исто така, треба да донесе повеќе потпора во преговорите за цените со меѓународните добавувачи.

Компаниите што се пријавиле имаат рок од една недела, до 2 мај, да се јават на првиот повик. Откако ќе ги достават барањата, бараните количества ќе се соберат во еден агрегат за тендер на светскиот пазар.

АгрегатЕУ е новиот механизам на Унијата кој овозможува агрегација на побарувачката и заедничко купување гас на европско ниво. Тој е создаден по усвојувањето на Регулативата (ЕУ) 2022/2576 на Советот (т.н. „Регулатива за солидарност“) кој првпат воведе агрегација на побарувачката на гас на ниво на ЕУ и заедничка набавка.

Оваа легислатива беше предложена од Комисијата на 18 октомври 2022 година, договорена од министрите за енергетика на 24 ноември и формално усвоена на 19 декември минатата година, како дел од пакетот алатки на ЕУ за справување со енергетската криза.

Агрегацијата на побарувачката и заедничкото купување е еден од столбовите на работата на Енергетската платформа на ЕУ, која беше создадена за да работи на диверзификација на снабдувањето со гас од ЕУ откако Русија ја нападна Украина и Европа колективно одлучи да ја прекине својата зависност од увозот на фосилни горива од Русија.

Г. Т.

Print Friendly, PDF & Email
Tags: АгрегатЕУгасенергетска безбедностМакедонија
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

    CIVIL MEDIA NEWSLETTER

    Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

    CivilMedia

    СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

    Следете нè

    No Result
    View All Result