• Latest
Фото: Претседател на Украина

Зеленски и шефовите на странски држави и влади оддадоа почит на жителите на Буча убиени од руските агресори

March 31, 2023
Фото: Б. Јордановска/ ЦИВИЛ

Тркалезна маса на ЦИВИЛ: „Демократска отпорност: Стратегии и споделени решенија“ за проценка на демократските ранливости, зајакнување на институционалната, граѓанска и општествена отпорност

December 9, 2025

Обвинение за шпионажа и терористички акт за три лица за експлозијата во Ибар-Лепенец

December 9, 2025
фото: СДСМ, Венко Филипче

СДСМ стартува онлајн петиција против мигранти: „Време е народот да каже гласно НЕ!“

December 9, 2025

(ВИДЕО) Одбрана на демократијата 2025: Брифинг и разговор со Хедер Роберсон

December 9, 2025

Анкетната комисија ќе ја разгледува претставката на родителите на загинатите од „Пулс“: Бараат правда, одговорност и системски промени

December 9, 2025

ОДБРАНА НА ДЕМОКРАТИЈАТА: ХОРИЗОНТИ НА СЛОБОДАТА (ЦЕЛОСНА ПРОГРАМА)

December 9, 2025
Скриншот од видео на ВВС

Борбите меѓу Тајланд и Камбоџа околу спорната граница се шират, додека бројот на жртви расте

December 9, 2025
Фото: Канцеларија на претседателот на Украина

Украина подготвува нов мировен план – Зеленски повторно ја исклучува можноста за територијални отстапки

December 9, 2025
Фото: Скриншот од видео на профилот на Антонио Кошта/Х

Кошта до Вашингтон: Сојузници не се закануваат дека ќе се мешаат во демократијата на своите партнери

December 8, 2025
Креирано со помош на OpenAI/ChatGPT

Локални избори 2025: (Не)научени лекции – Формален ритуал наместо вистински демократски процес

December 8, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home КОНФЛИКТИ ВОЈНА ВО УКРАИНА

Зеленски и шефовите на странски држави и влади оддадоа почит на жителите на Буча убиени од руските агресори

Руските окупатори извршиле над 9.000 воени злосторства во областа Буча за време на 33 дена окупација. Страшни бројки... Повеќе од 270 злосторства дневно. Повеќе од 1.400 цивили беа убиени. Многу од нив беа мачени. 37 деца загинаа, 52 деца се повредени

March 31, 2023 15:46
in ВЕСТИ, ВОЈНА ВО УКРАИНА, СВЕТ, ТОП 5
Фото: Претседател на Украина

Фото: Претседател на Украина

Share on FacebookShare on Twitter

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, заедно со повеќе шефовите на странски држави и влади им оддаде почит на жителите на Буча убиени од руските агресори за време на привремената окупација на овој град, кој се наоѓа во Кијивската област.
Како што објави прес-службата на претседателот, церемонијата се одржала во близина на црквата на Светиот апостол Андреј Првоповиканиот и Сите Светци во Буча.

На церемонијата присуствуваа: претседателката на Република Молдавија Маја Санду, премиерот на Република Словачка Едуард Хегер, премиерот на Словенија Роберт Голоб, премиерот на Хрватска Андреј Пленковиќ, како и претседателот на Врховната Рада Руслан Стефанчук, премиерот Министерот на Украина Денис Шмихал, шеф на Кабинетот на претседателот Андриј Јермак.

Присутните поставија кандила со икони на меморијалниот крст на гробницата на цивилите во Буча убиени од руските агресори.

За време на церемонијата беа објавени имињата на 77 идентификувани лица кои беа погребани во масовна гробница во близина на црквата, како и 11 војници загинати во битките за Буча.

Руските окупатори извршиле повеќе од 9.000 воени злосторства во областа Буча, регионот Кијив.

Според главниот обвинител на Украина, Андриј Костин, „над 9.000 воени злосторства беа извршени во областа Буча за време на 33 дена окупација. Страшни бројки… Повеќе од 270 злосторства дневно. Повеќе од 1.400 цивили беа убиени. Многу од нив беа мачени. Триесет и седум деца загинаа, 52 деца се повредени“, објави Јавното обвинителство на Телеграм.

Во текот на изминатата година, нагласи Костин, обвинителството покрена обвиненија против речиси 100 руски војници. Против 35 од нив обвинителни акти се испратени до суд. Меѓу нив е и генерал-полковник, командант на централниот воен округ на Русија, кој директно го предводеше заземањето на регионите Суми, Чернихив и Кијив.

Двајца руски војници беа осудени на 12 години затвор за незаконско приведување цивили и грабежи, истакна Јавниот обвинител.

Според неговото мислење, „сите овие злосторства не се случајност. Тие се дел од планираната стратегија на Русија насочена кон уништување на Украина како држава и Украинците како нација.

Подготви: Д. Мишев

Tags: БучаВолодимир Зеленскикомеморацијаруска агресија врз Украинаруски воени злосторствацивилни жртви
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • 24 ЧАСА: Скопје вози во хаос; десничарската AfD исклучи член поради имитирање на Хитлер; Пендаровски ексклузивно за ЦИВИЛ: Кратко и јасно! Македонија е одамна прокси-држава на рускиот свет

    115 shares
    Share 46 Tweet 29
  • Безбедноста мора да ѝ служи на слободата – а не да ја замени!

    113 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Скопје Среќна Нова 1984 година, со љубов- Големиот брат

    108 shares
    Share 43 Tweet 27
  • ДИК: Завршија парламентарните избори, Азизи нов пратеник на местото на Касами

    104 shares
    Share 42 Tweet 26
  • Кога вистината е непријатна: Што навистина изјави Пендаровски, а што му припиша владејачката ВМРО-ДПМНЕ

    98 shares
    Share 39 Tweet 25
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ