• Latest

Зошто Прометеј не смее да падне?

June 22, 2016

24 ЧАСА: „Гасни комори и смрт“ за Албанците на спортски натпревар; Мицкоски, Тошковски, Стоилковиќ, Димитревски без одговор на прашањата на ЦИВИЛ; Таравари бара национализмот да биде осуден и изгаснат

August 4, 2025
Графити во Маџари, снимени на 5 септември 2024 (фото: ЦИВИЛ)

Дијагноза: Колективно воспитана омраза – „Смрт, гасни комори за Шиптарите“

August 4, 2025
Скриншот од видео кое наводно го прикажува погледот од авион што слетува на аеродромот во Сочи на 3 август Shaun Pinner/X

Украинците потврдија успешен напад со дронови врз складиште за гориво на рускиот аеродром во Сочи

August 4, 2025

Мицкоски, Тошковски, Стоилковиќ и Димитриевски без одговор на прашањата на ЦИВИЛ за националистичките скандирања во Куманово

August 4, 2025
Фотографија: ВИ

Во пресрет на локалните избори 2025: ДКСК без претседател, Собранието на одмор

August 4, 2025
Фото: Скриншот од видео објавено од Володимир Зеленски на Фејсбук

(ВИДЕО) Русија лови цивили: Зеленски споделува снимки од градовите на линија на фронтот

August 4, 2025
Порака за блокирање на веб-страница. Фото: LSM+

Латвија блокираше 10 веб-страници што шират руска пропаганда

August 4, 2025

(ИЗБОР) Албански медиуми: ОБСЕ нуди препораки за Кривичниот законик во Албанија; Спиропали и Османи со остри осуди за антиалбанските скандирања во Куманово

August 4, 2025
Фото: Скриншот од видео на WION

Најмалку 68 мигранти загинаа при превртување на брод кај Јемен

August 4, 2025

Министрите ќе ја извршуваат функцијата и додека се тркаат за градоначалник

August 4, 2025
CivilMedia
No Result
View All Result
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home Uncategorized

Зошто Прометеј не смее да падне?

June 22, 2016 16:47
in Uncategorized, ОПШТЕСТВО, ПОЛИТИКА, СЛОБОДНА ЗОНА
Share on FacebookShare on Twitter

Најмасовниот протест на Шарената револуција што се одржа во понеделникот заврши со бизарен инцидент. Единицата за брзо распоредување (ЕБР), на крајот на протестот кој привршуваше мирно и без речиси никакви инциденти, реши да и даде „шмек“ на вечерта, со напад над демонстрантите кои безуспешно се обидуваа да ја кутнат статуата на „срамежливиот“ Прометеј поставена спроти Собранието на Македонија, во Жена-парк во Скопје.

Shkruan:Petrit Saraçini
Пишува: Петрит Сарачини

Единицата која почесто ја гледаме како ги обезбедува штабот на ВМРО, Музејот на ВМРО… всушност единица која по се изгледа е задолжена да го заштитува ВМРО, а не институциите на државата, со овој изненадувачки потег без потреба ризикуваше протестот да ескалира и да резултира со насилство.

Чуму толку жестока одбрана на единицата-порано-позната-како-ЕБР (сегапен одред “чавчиња” на МВРО) на нашиот памперс – Прометеј, и целата оваа ѓурултија?

Зарем не гледате, драги мои лепотани и лепотанки, дека нашиот Прометеј е олицетворение на Пастирот: голиот цар што мора со „дополнителни интервенции“ да си го покрива срамот, човек што го донесе огинот на незнаењето и полтронството во земјава, позлатена кич – карикатура на универзални вредности зад кои се крие злоба, незнаење, криминал и насилство.

За разлика од вистинскиот Прометеј, намачен лик со начнат дроб, кој се надмудрува со боговите и сака да ги просветли луѓето, овој нашиов е анти – Прометеј, кој ги предводи јавачите на апокалипсата, иако делува наивно, демек се „срамува“, е анти – богот кој го краде огинот од народот, за да го врати на боговите. До душа, и на нашиов Прометеј, како што често ќе слушнеме од неговите мегафони еден орел му го штрба џигерот, па затоа преку своите слуги во јавноста и медиумите го подготвува народот (кој нели едвај го контролира) за „второто полувреме“.

Веројатно Пастирот мислел на себе, додека се обмислувала и проектирала целата композиција поставена во паркот пред парламентот, чин во којшто веројатно и самиот учествувал, што може да се претпостави и види од “изложеното”. Останува енигма само дали во процесот била консултирана и гатачката.

Можеби, на прв поглед, нападот на Шарените револуционери над скопскиот Прометеј делува како дефокусирање на гневот и мавање по самарот, а не по магарето.

Но гледано од овој агол, симболички и уметнички „деклем“, тој потег погоди точно во суштината!

Print Friendly, PDF & Email
Tags: ГруевскиМакедонијаПетрит СарачиниПрометејПротестиЦивилшарена револуција
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

    CIVIL MEDIA NEWSLETTER

    Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

    CivilMedia

    СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

    Следете нè

    No Result
    View All Result