• Latest
Насилен упад во Македонското собрание, 27 април 2017.

Се бара начин осудените за „крвавиот четврток“ да излезат од затвор

August 29, 2024

ВМРО-ДПМНЕ добива своја „послушна“ банка, Србија – ново средство за влијание

August 27, 2025
Фото: Скриншот од видео на ВВС

ОН бараат правда за двојниот израелски напад врз болница во Газа, во кој загинаа пет новинари и четири здравствени работници

August 27, 2025
Фото: Генералштаб на вооружените сили на Украина/ Фејсбук

Украинските одбранбени сили го запреа руското напредување во Днипропетровската област

August 27, 2025

24 ЧАСА: ДИК избра нови членови на ОИК; косовското собрание доби претседател по 58 обиди; Украина онеспособи 17% од нафтените капацитети на Русија; во тек е повикот на ЦИВИЛ за изборни набљудувачи

August 26, 2025

Лажна фотографија од Запорижја разобличена како руска пропаганда, дистрибуирана и локално

August 26, 2025
Фото: Скриншот

Европските зелени: Режимот на Вучиќ целосно влезе во автократски модел

August 26, 2025
Бердјанск, Украина

Украина го осуди незаконското вклучување на пристаништата Бердјанск и Мариупол во пописот на руски пристаништа

August 26, 2025
Илустрација: ВИ

Изборниот молк како гаранција за избирачкото право, што е што во изборен контекст

August 26, 2025
Скриншот од видеото на кое наводно се гледа како пламенот се издига од руската рафинерија Рјазан при напад со беспилотно летало во текот на ноќта на 26 јануари 2025 година. Андриј Коваленко / Телеграм

Украина онеспособила најмалку 17% од капацитетот на рафинериите за нафта во Русија

August 26, 2025

Албански блок 2025: Улогата на Тирана и Приштина – помош, влијание или напуштање на автономијата?

August 26, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПРАВДА

Се бара начин осудените за „крвавиот четврток“ да излезат од затвор

August 29, 2024 21:30
in АНАЛИЗИ, ПОЛИТИКА, ПРАВДА
Насилен упад во Македонското собрание, 27 април 2017.

Насилен упад во Македонското собрание, 27 април 2017.

Share on FacebookShare on Twitter

Иако засега не се знае кое ќе биде решението за осудените од упадот во Собранието пред седум години, се калкулира со повторување на постапката и докази за лажно сведочење. Прекинот во издржување на казната, од здравствени причини, е продолжен за неколку осуденици – најдолго за Митко Чавков, до ноември, пишува РСЕ.

Од десетина лица осудени за упадот во Собранието на 27 април 2017 година кои во јули-август користеа 30 дневен отпуст поради здравствени причини, петмина побарале судски прекин на издржување на казните. Тројца од нив добиле прекин во траење од еден месец, потврдија од Кривичниот суд за Радио Слободна Европа.

На 25 август на полицијата ѝ се предаде Дејан Давидовски – Дешо, осуден за случајот со упадот во Собранието пред седум години, а кој беше баран со меѓународна потерница. Давидовски се предаде на ГП „Деве Баир“, по седумгодишно бегство.

Давидовски беше уапсен пред пет години во Шведска, но потоа беше ослободен откако Шведска го одби барањето на Северна Македонија за негова екстрадиција.

Од затворот во Штип, пак, велат дека прекин во отслужување на казната поради медицински причини, добиле шест лица. Двајца од нив, Александар Јаневски – Тошта и Јане Ченто им завршил прекинот и на 14 август се вратиле во затворот.

Според информациите што со РСЕ ги сподели Дејан Здравков, директор на штипскиот затвор, со судско решение прекинот во издржување на казната им е продолжен на Митко Чавков (до 21 ноември), на Митко Пешов (до 16 ноември), на Оливер Поповски (до 22 септември) и на Душко Лазаров (до 25 септември).

Пандов: Очекувам наскоро да се реши проблемот

Пандов очекува дека проблемот на осудените за 27 април „ќе се реши“ во септември – октомври.

„Тие се осудени за тероризам и првично третманот кон нив бил таков, како кон терористи. Ако навистина биле терористи, како им било дозволувано да излегуваат на викенди? Нивниот проблем јас го доживувам и како проблем на државата и таа несреќна епизода ќе заврши“, вели Пандов.

Од ВМРО-ДПМНЕ го повторуваат ставотдека „целиот случај е правна небулоза и е граден врз политички мотиви, наместо врз правни аргументи“.

„Тоа што со сигурност е поразлично од СДС и ДУИ е што ВМРО-ДПМНЕ бара правда затоа што тоа го заслужуваат неправедно осудените. Да потсетиме дека веќе има и пресуда на судот од Стразбур и истата покажа кои се последиците од Кацарска судство, а тоа е дека во судењата главна беше политиката и дека стануваше збор за политички прогон надвор од сите стандарди. Тоа време е завршено, ВМРО-ДПМНЕ континуирано се стреми кон обезбедување правда подеднакво за сите“, велат од ВМРО-ДПМНЕ за РСЕ.

Правни можности за излез од затвор

Иако засега не се знае како „ќе се реши проблемот“ за осудените од 27 април, една од варијантите што се споменува во круговите на ВМРО-ДПМНЕ е дека се појавиле докази за лажно сведочење во текот на судската постапка. Но за тоа нема официјална потврда.

Според правниците, има три варијанти за тоа како осудените за „крвавиот четврток“ можат порано да излезат од затвор. Тоа се евентуални нови докази, иницијатива на државното обвинителство преку правниот лек „заштита на законитост“ или помилување од претседателката Сиљановска Давкова.

Адвокат Дељо Кадиевобјаснува дека ако има докази за лажно сведочење, може да се повтори кривичната постапка, како вонреден правен лек.

„Ако се појават такви докази, тоа прво треба да се докаже со пресуда, тој сведок да биде правосилно осуден. Колку и да е ревносен судијата, тоа е постапка што се одолговлекува. Според моја груба проценка, таа постапка би траела најмалку една година. Втората варијанта е барање за заштита на законитоста. Иницијатива можат да поднесат осудените лица или нивните бранители, а постапката треба да ја покрене јавното обвинителство, да процени дали има повреда на законот или на Уставот. Тоа е постапка што би траела пократко – вели Кадиев за РСЕ.

Досега до Кривичниот суд не пристигнало барање за повторување на постапката, потврдија од судот.

Помилување како опција не сакале да прифатат дел од осудените, со образложение дека сакале да докажат дека се во право, а не да им остане „дамка“ во животот дека се терористи.

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ во февруари 2023 поднесе Предлог закон за амнестија на лицата осудени за настаните од 27 април 2017 година. Мнозинството не го прифати предлогот.

Ветувањата на Сиљановска Давкова и на Мицкоски

Претседателката Сиљановска Давкова не помилува осуденици за „крвавиот четврток“ при групното помилување за 2 август. РСЕ праша во Кабинетот на претседателката дали е почната каква било процедура за помилување на осудени лица за овој случај и дали е можно помилување во периодот што следува, но одговор не добивме.

Сиљановска Давкова, зборувајќи за правдата и помилувањето, најави дека доколку дојде на позицијата претседател на државата, ќе ги помилува осудените од 27 април.

„Потребно е во името на правдата, на етиката, на моралот, претседателот понекогаш да се одважи и да посегне по една кочница во однос на судот. Тоа ќе го направам и честопати го спомнувам, особено кога ги имам на ум обвинетите од 27 април. Страшно ме погоди судбината на Јане Ченто. Зар е можно судбината на неговиот дедо да се повторува во 21 век, во современа Македонија. Замислете да бидете обвинети за организирање на терористичка закана или за рушење на уставниот поредок на Македонија. Последиците ќе ги чувствувавме до ден денес ако имаше таква закана“, рече Сиљановска Давкова од митинг во Струга на 5 април.

Премиерот Мицкоски, пак, во гостување ТВ24 во јуни годинава, рече дека е погрешна тезата оти осудениците за 27 април бараат амнестија.

„Тие луѓе бараат правда. Бидејќи сум во контакт со дел од нив, тие не бараат амнестија, туку правда. Не можам да кажам дали повторно ќе има отворање на случаите. Еве, јас сум прв што се залага за правда. Но, тоа е надлежност на Обвинителството, судовите, јас не можам да се мешам во нивната работа“ рече Мицкоски.

Упадот во Собранието на 27 април 2017 беше кулминацијата на двегодишната политичка криза, која заврши на 31 мај 2017 со формирање на влада составена од СДСМ, ДУИ, и Алијансата за Албанците и предводена од тогашниот лидер на СДСМ, Зоран Заев.

Упадот се случи додека тогашното владејачко мнозинство го избираше Талат Џафери од ДУИ за нов претседател на Собранието. Лицата кои упаднаа во Собранието, на повик на иницијативата за „Заедничка Македонија“ и на приврзаници на ВМРО-ДПМНЕ, се обидоа да го спречат изборот на Џафери за претседател на Собранието.

Северна Македонија - Демонстранти внатре во Парламентот, Скопје, 27 април 2017 година.
Северна Македонија – Демонстранти внатре во Парламентот, Скопје, 27 април 2017 година.

Во првиот судски предмет за упадот во Собранието беа обвинети 33 лица, од 15 лица беа помилувани, со законот за амнестија од 2018 година. Амнестијата ги опфати тогашните петтемина пратеници од коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ: Љубен Арнаудов, Сашо Василевски, Крсто Мукоски, Љупчо Димовски и Јохан Тарчуловски.

Амнестирани беа и водачите на протестите „За заедничка Македонија“, Борис Дамовски, Богдан Илиески-Бетмен и Владо Јовановски. Игор Дурловски, кој беше во оваа група, не побара амнестија, но доби ослободителна пресуда. Со амнестијата се спасија и браќата Стефан и Михаил Младеновски, Захарие Симовски, Елена Доцевска-Божиновска, Иван Цветановски, Илија Славески и Митре Питроповски.

Во предметот познат како „Организаторите на 27 април“, обвинети беа поранешниот претседател на Собранието, Трајко Вељаноски, ексминистрите Спиро Ристовски и Миле Јанакиески, како и тогашниот директор на УБК, Владимир Атанасовски. Таа постапка уште трае. Во овој предмет беа опфатени и поранешниот премиер и лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, и ескразузнавачот Никола Бошковски. Тие се во бегство и се недостапни за органите на прогонот.

За останатите 16 осудени, судот донесе пресуда со вкупно 188 години затвор. Најдолга е казната за Чавков, 16 години, а најкратка за Абдуљфета Алими (6 години) и за Александар Василевски-Нинџа(7 години).

Print Friendly, PDF & Email
Tags: 27 аорилосудени за „крвавиот четврток“упад во Собрание
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • СРПСКИ (БУРАЗЕРСКИ) СВЕТ: Ќе добие ли ВМРО-ДПМНЕ своја банка?

    115 shares
    Share 46 Tweet 29
  • Разрешени и избрани нови членови на општински изборни комисии за Локалните избори 2025

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
  • Мицкоски: Ако поради независните со два потписа изборите не успеат, Владата има уставна можност да постави повереници

    93 shares
    Share 37 Tweet 23
  • МВР го уапси родителот кој го предизвика инцидентот во Штип, ФФМ, Шкупи и Брегалница го осудија – спортот не треба да биде арена за физички конфронтации

    92 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Одбележан Денот на независноста на Украина во Скопје: Мирот е единствена опција

    88 shares
    Share 35 Tweet 22
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ