• Latest

Сослушано семејството на таткото на Вања, судењето продолжува на 20 ноември

November 15, 2024
Фото: Скриншот од видео на FRANCE 24 English

Француската влада ризикува колапс со гласање за доверба на буџетот во септември

August 26, 2025

Дитмире Шеху поднесе тужба до Управен суд против одлуката на ДИК за намалувањето на бројот на советници

August 26, 2025
Фото: шефот на канцеларијата на Навроцки, Збигњев Богуцки/ Х

Ветото на полскиот претседател не го загрозува пристапот на Украина до Старлинк, тврди канцеларијата на Навроцки

August 26, 2025
Фото: Скриншот од видео на ВВС

Австралија го протера иранскиот амбасадор откако разузнавачката агенција откри дека Иран стои зад антисемитските напади на нејзина територија

August 26, 2025

Во тек е повикот на ЦИВИЛ за краткорочни или долгорочни изборни набљудувачи

August 26, 2025
Фото: СКриншот од видео на ВВС

Израелските семејства на заложниците во Газа ги блокираат главните патишта за време на протестите во градовите низ Израел

August 26, 2025
Фото: Wikipedia/federalreserve.gov

Трамп нареди разрешување на гувернерката на Федералните резерви, Лиса Кук – голема ескалација во неговата битка против американската централна банка

August 26, 2025

24 ЧАСА: Притвор за напаѓачот по инцидентот во Штип; јавна осуда од клубовите и ФФМ; Гаши потврди – на избори со стар Изборен законик; четири новинари загинаа во израелските напади на Газа

August 25, 2025
Фото: Wikimedia commons

Осум дена притвор за 43 годишниот родител кој нападна двајца 15 годишни фудбалери на штипска „Брегалница“

August 25, 2025
Илустрација: ВИ

Каде завршува информирањето, а каде почнува пропагандата, што е што во изборен контекст

August 25, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Сослушано семејството на таткото на Вања, судењето продолжува на 20 ноември

November 15, 2024 13:23
in ВЕСТИ, ПРАВДА
Share on FacebookShare on Twitter

Во Основниот кривичен суд Скопје во врска со убиството на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски денеска на предлог на Обвинителството беа сослушани родителите, сестрата и внукот на таткото на Вања.

На сослушувањето тие зборуваа за моментот кога дознале дека Вања ја нема и нејзината потрага. Тие зборуваа и за нивните семејни односи и материјалната состојба.

Зоран Ѓорчевски, татко на Александар, пред судот денеска изјави дека бил во постојан контакт со фамилијата, а за исчезнувањето на Вања дознал од неговата поранешна сопруга.

-Јас сум во постојан контакт со фамилијата, се јавив и мајка му на Сашо плачеше, ме извести дека ја нема Вања. Го побарав Александар да ми каже што треба, тој ми рече ја нема Вања. Се ставив на располагање што треба, во секое време, кажете каде да се вклучам, рече тој.

Дополни дека Александар го замолил да контактира со некои што би можеле да помогнат, при што се јавил кај негови пријатели во земјата и странство.

– Се јавував во Грција на деловен партнер да не има некои сознанија, рече тој.

Прашан дали го познава Гоце Трајковски, тој одговори дека биле кумови и дека во контакт со фамилијата разбрал дека и Гоце учествувал во истрагата.

Таткото на Александар сподели дека Александар работел, немал долгови и одамна имал зависност од која се излечил, а потоа стапил во брак.

Во однос на прашањето дали му била позната сопственоста на станот на Наум Наумовски Борче, тој одговори не. – Во нивниот брак, што поседувале, што имале, тоа нивна работа, како ги добиле што ги добиле, како ги купиле. Тие се фамилија и не знам, рече тој.

Мајката на Александар, Иванка Ѓорчевска, на сослушувањето кажа дека Александар живеел со неа, потоа со Зорица, а после разводот, пак се вратил кај неа во 2018 година.

– Работеше, меѓутоа една година паузираше. Има 22 години стаж, беше во работен однос. Кога се родија децата, Сашко го прекина работниот однос, ги гледаше децата, рече таа.

Прашана како се издржувал додека не работел, таа одговори дека се голема фамилија која се поддржува меѓу себе. И таа потврди дека Александар бил зависник.

– Беше зависен од дрога, успешно заврши, беше краток период, сега е сѐ во ред, рече таа.

Прашана каде бил Александар на 27 ноември 2023 година, таа објасни дека Зорица му се јавила утрото и му кажала дека Вања ја нема.

– Се загрижив да не е грабната за органи или за проституција, рече таа.

За Гоце Трајковски, рече дека е син на некое старо кумство од нејзиниот свекор.

Сестрата на Александар, Оли Нешковиќ, на сослушувањето зборуваше за моментот кога дознала дека Вања ја нема и процесот на потрагата.

– Сите бевме во паника, не ни беше јасно што се случува. Сите го тврдевме тоа дека не си отишла самоволно, полицијата цело време го наметнуваше тоа, рече таа.

Посочи дека сите се ангажирале на каков било начин да помогнат во потрагата при што, како што рече, пишале на детективска агенција од Босна, а од таму им посочиле дека немаат ингеренции, потоа нашле интернет формулар од Американска Амбасада која што ја контактирале за сателитски снимки.

Во врска со прашањето кој го известил Гоце, таа рече дека го известила мајка му Кираца. – Зорица ја контактирала, ѝ пишала порака, она помислила дека Гоце може да помогне во ситуацијата со своите познанства, рече таа.

Прашана што конкретно Гоце помагал, таа одговори во сѐ.

– Бараше снимки на камери, сите се движеа, се гледаше каде имаше камера, менувачница, фризерница… Многу брзо првиот ден и полицијата и ние сфативме дека нема камера што ја фаќа Вања, рече таа.

Прашана дали дошле Гоце и другите што му помагале до некоја констатација, таа одговори дека доколку имало нешто сомнително сите се собирале за консултација, додавајќи дека по два дена довербата во полицијата максимално ја изгубиле.

За сопственоста на станот на улицата „Наум Наумовски Борче“ и зависностите на Александар, рече дека Александар бил сопственик на станот и бил зависник пред 25 години.

Во однос на познавањета со обвинетиот Љупчо Палевски, таа одговори дека не го познава, а разбрала за него кога ја градел зградата на „Наум Наумовски Борче“.

Прашана дали ѝ кажал некогаш Александар Ѓорчевски дали имал комуникација со Палевски, таа одговори негативно. – Не ми кажал, сега разговараме, не се знаат, различни кругови, рече таа.

На вкрстени прашања од обвинетиот Љупчо Палевски, беше прашана дали во полиција ја прашале дали нејзината снаа е во врска со него, при што таа одговори потврдно.

– Ме прашаа дали ве познавам и дали снаа ми е во врска со вас, јас реков дека немам никакви сознанија, рече таа.

Сведокот Иво Нешковиќ, внук на Александар, сподели дека се ангажирал во пребарување на интернет за сѐ што е поврзано со Вања.

– Мајка ми ме извести дека Вања ја нема, можеш ли да помогнеш некако затоа што мојата експертиза е софтверски инжинеринг, рече тој.

Дополни дека ги нашол формуларите на Ејпл преку кои може да се побара да се пронајде локација и на исклучен ајфон и ги дал да се пратат од владина електронска пошта.

-Ејпл има безбедносен систем да може да се лоцира иако е исклучен. Ги најдов формуларите, им ги пратив да ги испратат од владин емаил. Исто така се понудив да ми дадат пристап до компјутерот на Вања да најдам податоци низ нејзините разговори. Седев цело време на интернет, ги пратев сите објави . Кажав дека ќе бидам филтер за сите што пишуваат на Фејсбук, рече тој, дополнувајќи дека пишал и на една од компаниите на Илон Маск, со цел да го смири Александар, за кого рече дека бил во агонија.

Прашан дали се познава со Палевски и дали Александар му кажал дека комуницирал некогаш со него, одговори негативно.

Сведокот Кираца Трајковска, мајка на Гоце Трајковски, денеска сведочеше во врска со сознанието дека Вања исчезнала и помошта што ја пружиле. Таа сподели дека Палчо ѝ е зет за втора братучетка и дека била заменик генерален директор во Фершпед, каде што своевремено работел Александар.

– Порано комуницирав повеќе, последните години сум во Белград и тие контакти се поретки. Кога разбрав им пуштив на децата, Гоце мораше да ме праша кое е девојчето. Му кажав дека е ќерка на Сашко. Бидејќи се работи за девојче во тие години се сомневаме и ги баравме сите можни ситуации што би можело да се случи со девојчето. Тогаш бевме сите истражители, за кое било дете ќе помогнеме, рече таа.

Дополни дека го побарала Гоце за помош.

– Му кажав на Гоце да помогне, затоа што знам дека Саше е многу мирен, повлечен, тој е родител и дека во тие моменти родителите поинаку размислуваат, не ќе може да резонираат како што треба. Гоце е помангуп, рече таа.

Образложи дека Гоце влегувал по кафулиња, по распаднати куќи во Дебар, ја барал пешки.

Во одреден момент, како што рече, сподели дека се посомневале дека девојчето се губи во зградата.

– Дури во еден момент ѝ рече на Зорица дали Вања спиела дома, на што таа одговори потврдно, и ја расчисти таа околност, рече таа.

Сведочеше дека два дена биле фокусирани за движењата пешки околу зградата, а третиот ден се фокусирале на движењето на возилата при што забележале сомнително возило дека тргнува пред зградата по што разбравме дека го нема Панче Жежовски.

– Мислевме дека тој ја земал, ја однел негде надвор, рече таа.

Дополни дека потоа се распрашале за Панче и преку пријатели од Велес обезбедиле снимки од кои се гледа каде се упатиле возилата.

Прашана дали се познава со Палевски, рече дека го познава откако се оженил со братучетка ѝ и дека не само што и е зет туку и деловен партнер.

Прашана дали верува дека Палчо би ја убил Вања, одговори не, особено, како што рече „не за пари“.

Во однос на прашањето за станот на „Наум Наумовски Борче“, рече дека ѝ било познато дека бил купен од Палчо.

Прашана кои слики и снимки ги добивала од Гоце, таа одговори дека добивала од Гоце само слики, и една видео снимка.

На денешното рочиште поради здравствени причини не се појави сведокот Гоце Трајковски.

На минатите рочишта сведочеа мајката на Вања, ќерката на Жежовски и нејзиниот сопруг, како и повеќе лица вклучени во истрагата за двете убиства, помеѓу кои инспектори и членови на политичката партија „Десна“.

На првото одржано рочиште обвинетите Љупчо Палевски, Боре Видевски, Велибор Манев и Влатко Кешишов, како и таткото на девојчето, Александар Ѓорчевски се произнесоа дека не се чувствуваат за виновни. Според обвинението, тие заедно испланирале грабнување на 14-годишното девојче со цел да присилат член на нејзиното потесно семејство да даде парични средства за откуп. Додека, грабнувањето на оштетениот Панче Жежовски во Велес било со намера да го присилат да им го даде сопственото возило „Цитроен“ за да го користат за грабнување на детето во Скопје.

Малолетната Вања и велешанецот Панче, кои беа пријавени за исчезнати на 27 и 24 ноември, беа пронајдени мртви во близина на Скопје и Велес на 3 декември 2023 година.

Во врска со овој случај е осомничено уште едно лице за помагање по извршување на кривичното дело против кого постапката ќе се води одвоено.
Судењето го води судијата Ивица Стефановски, а застапник на обвинението е обвинителката Жаклина Крстевска.

Судењето продолжува на 20 ноември.

Фото: МИА архива

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • СРПСКИ (БУРАЗЕРСКИ) СВЕТ: Ќе добие ли ВМРО-ДПМНЕ своја банка?

    107 shares
    Share 43 Tweet 27
  • Мицкоски: Ако поради независните со два потписа изборите не успеат, Владата има уставна можност да постави повереници

    93 shares
    Share 37 Tweet 23
  • МВР го уапси родителот кој го предизвика инцидентот во Штип, ФФМ, Шкупи и Брегалница го осудија – спортот не треба да биде арена за физички конфронтации

    92 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Одбележан Денот на независноста на Украина во Скопје: Мирот е единствена опција

    88 shares
    Share 35 Tweet 22
  • Тој ќе изгуби – светот ќе биде слободен

    88 shares
    Share 35 Tweet 22
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ