• Latest

Кале(ње) на верската омраза

December 15, 2024

Изборна хроника: Црна кампања, српски свет, пациенти и гласачи, мегапаркови наместо диви депонии

October 6, 2025
Shelling aftermath in Olenivka, Donetsk region, July 29, 2022. Photos from open sources

Украинските обвинители истражуваат егзекуции на 322 воени заробеници од страна на Русија

October 6, 2025
Фото: Д.М, ЦИВИЛ

Уапсен советникот на директорот на полицијата на РС и неговите синови под сомнение дека нападнале полицајци во Бања Лука

October 6, 2025
Фото: Фејсбук

Итно започнување на преговорите за пристапување на Молдавија во ЕУ, побараа 55 европратеници од 19 земји-членки

October 6, 2025
Делегација на Хамас пристигнува во Египет на преговори со Израел. Фото: Скриншот од видео на
WION

Делегацијата на Хамас пристигна во Египет на индиректни разговори со Израел за мировниот план на Трамп за Газа

October 6, 2025

Без докази и без мерка: Уште еден напад од Ана Брнабиќ врз независните медиуми

October 6, 2025

24 ЧАСА: Втора недела изборна кампања; лидерите на Западен Балкан на самитот „Брдо-Бриони“ во Драч; нападната најголемите руска фабрики за експлозиви; изборни ветувања

October 6, 2025
Еден од најголемите производители на експлозиви и муниција во Русија, државната фабрика Свердлов, која се наоѓа во градот Џержинск во областа Нижни Новгород. Фото: Википедија

Украински дронови нападнаа повеќе воени и индустриски објекти низ Русија далеку од фронтот, експлозии во една од најголемите фабрики за експлозиви

October 6, 2025

(ИЗБОР) Албански медиуми: Рама ја поништува одлуката со која ги „амнестира“ кулите на олигарсите; Кој ќе биде новиот лидер на СПАК; Османи го обвинува Вучиќ дека се обидел да ја наруши средбата Брдо-Бриони

October 6, 2025
Фото: Скриншот од видео на DW

Канцеларот Мерц смета дека Русија стои зад многу од неидентификуваните дронови над Германија

October 6, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home АНАЛИЗИ

Кале(ње) на верската омраза

December 15, 2024 17:25
in АНАЛИЗИ, ГОВОР НА ОМРАЗА, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

ДЕХРАН МУРАТОВ

Верската омраза е едно од најголемите предизвици на современото општество. Таа не само што ги нарушува основните принципи на толеранција и почитување, туку создава поделби и конфликти, што може да имаат трајни последици за социјалната кохезија и мир.

Потикнување верска омраза од пратеници и кон пратени(ч)ки

Експлицитен говор на омраза на социјалните мрежи се појавија кон првата пратеничка со шамија Имрлије Салиу-Фетаи, во Собранието на Република Северна Македонија, која доаѓа од редовите на политичката партија Алтернатива (коалицијата ВЛЕН).

Пратеничка Салиу-Фетаи за ЦИВИЛ Медиа вели дека феноменот на говор на омраза на социјалните мрежи е речиси неизбежен за јавните личности, особено кога станува збор за жените. Ваквиот гнев го изразуваат неодговорни и неинформирани луѓе.

„Секој поединец кој е дел од јавниот живот, па така и јас лично, ги имам земено предвид сите овие околности пред да станам дел од политиката и тие навистина не ми се пречка, туку мотив повеќе да придонесам за подигање на свеста во нашето мултикултурно, мултиетничко и мултирелигиско општество.

Во мојот конкретен случај, се појави не само омраза кон жените, туку и говор на омраза на религиозна основа. Како прво, се занимавам со политика поради моето академско образование и тоа нема никаква врска со прашањето на верата кое јас го сметам за многу лична работа.  Обично јазикот на омраза на верска основа го користат луѓе кои имаат многу малку познавање за исламската вера. Би сакала граѓаните да дадат мислење за мојата работа во законодавниот дом, бидејќи во Собранието сум таму да ги застапувам нив, а не за моите верски убедувања“, вели Салиу-Фетаи.

Причините зошто постои таков феномен се разновидни. Тоа може да биде исламофобија која доаѓа од луѓе кои се плашат и мразат, или имаат предрасуди кон исламската религија.

„Друго и доста важно е тоа што оваа појава е толку присутна како недостаток на адекватно регулирање на социјалните платформи и немањето механизми за спречување на овие грди појави, како и неказнувањето на овие случаи од страна на надлежните органи. Тоа им овозможува на неодговорните луѓе без никакво двоумење отворено да користат јазикот на омраза кон јавните личности. Овие стереотипи, за жал, се насочени кон жените кои ги оспоруваат традиционалните норми и заземаат водечки позиции во општеството“, вели пратеничката Салиу-Фетаи.

Често на социјалните мрежи има говор на омраза, особено кон муслиманите за време на утринската молитва кога оџата рано наутро ги повикува верниците на молитва. Но, исто така има и „повици“ да не се дозволи да се носи марама на работното место, бидејќи ова не е Палестина, Саудиска Арабија итн.

Говор на омраза и верска нетрпеливост поттикнуваат и одредени пратеници. Таков е случајот со претникот и лидер на Левица, Димитар Апасиев кој пред неколку години во гостување во емисијата „Само вистина“ на Канал 5 истакана дека „цела држава е исламизирана“.

„Кај нас што е проблем? Па гледајте ја цела држава е исламизирана. Оџи пејат како во Исламска република. Тебе во 4 саат те буди оџа, или само мене ме буди? Ти не ја гледаш исламизацијата што се случува овдека – од Бит Пазар натаму?“, рече Апасиев во емисијата.

Деполитизацијата на религијата

Новинарот и уредник на порталот Религија.мк, Марјан Николовски за ЦИВИЛ Медиа вели дека говорот на омраза во државата е повеќеслоен, но она што е засега добар моментум е што речиси и да немаме експлицитни случаи на говор на омраза заснован на верска омраза. Можеби поединци по социјалните мрежи, но генериран медиумски таков тип на омраза нема.

Според него, една од причините е и добрата меѓуконфесионална, куртоазно коректна, соработка меѓу верските заедници. Инаку, од сите типови на говор на омраза, овој тип е најопасен.

„Многу важен аспект е деполитизацијата на религијата. Ние имаме случаи кои искрат и тлеат, кога политиката ќе се вмеша, но партиите ќе мора да разберат дека тој оган прво нив ќе ги изгори, затоа што синфонијата на езанот и камбаната во Македонија е постара од која била нивна антиверска реторика“, нагласи тој.

Николовски смета дека Македонија има обврска да вложува во превентива.

„Знам дека за медиумите тоа не е исплатлива и атрактивна тема, но моето искуство покажува дека јавноста во државата сака позитивни приказни. Најдобрата превентива е токму видливоста на заедничката комунилација на верски различните. Што повеќе примери, каде претставници на различни верски заедници се на едно место, толку повеќе младите ќе го разбираат концептот дека религиите не се едни против други, туку едни покрај други“, вели тој.

Николовски потенцира дека и државата во образовниот систем мора да ја вклучи меѓуверската почит, како инструмент на разбирање.

„Нашето општество е специфично, но тоа може да биде предноста“, заклучува тој.

„Крстоносци“ тепаа студенти на плоштадот во Скопје кои протестираа против изградба на црква, муслиманите протестираа за изградба на „Бурмали џамија“

На 28 март 2009 година, студенти и граѓани излегоа на протест против најавата за изградба на црква на плоштадот Македонија. Тие беа физички нападнати од контра-демонстранти кои носеа крстови, икони и транспаренти на кои пишуваше „Сакаме црква“.

На истото место и муслиманите протестираа и бараа изградба на „Бурмали џамија“.

Меѓутоа, неколку години подоцна наместо црква или џамија, на плоштадот Македонија никна проектот „Скопје 2014“.

Тепачка за црквата – музеј во Кале

Во февруари 2011 година се случи жестока тепачка на скопското Кале меѓу поддржувачите и противниците на изградбата на црквата – музеј. Едната група беше предводена од Артан Груби, тогашен претседател на невладината „Разбуди се“, а втората група беше навивачката група „Комити“.

Тогашниот заменик министер за внатрешни работи Џевад Бучи од ДУИ беше на местото на инцидентот и лично им ги симна лисиците на дел од уапсените.

Артан Груби, кога се случи инцидентот беше вработен во холандската амбасада, потоа стана шеф на кабинетот на лидерот на ДУИ, Али Ахмети.

Сите осомничени во инцидентот беа условно осудени.

Ден-денес не се знае судбината на црквата-музеј.

Обележување на територија со крст

Во февруари 2016 беше претепан претседателот на Светскиот македонски конгрес, Тодор Петров, од Бекир Асани од ДУИ (никој не одговарал за тој случај) по осветувањето на камен-темелникот на крстот во скопската населба Бутел.

Крстот во Бутел не се изгради, можеби како компензација се изгради крст во Радишани кој е спомен обележје за убиените момчиња кај Смилковско езеро.

Голем крст се изгради во Аеродром во непосредна близина на зградите на Џевахир холдинг, како одговор на „стравот“ дека во таа населба ќе се населат многу муслимани и ќе се изгради џамија. Па пред да се помисли да се изгради џамија, се „обележа територијата“ со огромен крст, и десетина цркви(чки).

Оваа година таков голем крст заблеска во населбата Драчево за време на изборната кампања за парламентарните избори. Пред извесен период имаше обид да се предизвикаат меѓуетнички и меѓурелигиски тензии кога беше оштетена иконата на Св. Марија, а на земја беше оставен Куран.

Крстот во Шапка и „спасителот“ Стојанче

За време на предизборните кампањи дел од политичарите ширеа дезинформации и исламофобија и ги заплашуваа граѓаните дури и дека ќе треба сунет да се прават ако се населат илјадници мигранти со исламска вероисповед. За „спречување“ на исламизација и против изградба на мигрантски кампови се собираа потписи.

Во 2023 година, во предизборна кампања се најде и петнаесет-метарскиот крст во манастирскиот комплекс „Свет Наум Охридски Чудотворец“ на Попова Шапка, Тетово, кој ги зовре политичките страсти меѓу Демократската Унија за Интеграција (ДУИ) и Движењето БЕСА, како и дел од македонските политички партии.

Двете албански партии меѓусебно се обвинуваа дека  крстот во Шапка бил поставен во координација со опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

Најескплицитен говор на омраза следуваше откако локалната власт во Tетово предводена од Билал Касами од БЕСА, изјавија дека крстот е дивоградба и дека се што е дивоградба ќе се сруши.

Како спасител на крстот во тој период се појави лидерот на Достоинство и директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов, кој упати заканувачка порака дека „со некои негови пријатели од 2001-та ќе организира одбрана на крстот доколку некој сака да го сруши“.

„Убаво е да се зачува смиреноста, убаво е да не се наседнува на провокации но се поставува прашање што ќе биде следно ако не пружиме агресивен отпор од наша, македонска страна? Затоа, ги предупредувам албанските политички фактори во државата, никако да не ги споменуваат зборовите “отстранување” или “рушење” во иста реченица со крстот на Попова Шапка. Во спротивно, јас како граѓанин, со некои мои пријатели од 2001-та ќе организирам негова одбрана.А вие пробајте да го срушите, истакна Стојанче.

Изборите завршија, никој не зборува повеќе за крстот во Шапка!

Црквата Св. Петка во с. Галате ги разгоре меѓуетничките и меѓурелигиски односи

Чистење, реновирање, рестарвирање или изградба на црква во село Галате, општина Врапчиште, запирање на активностите околу црквата со интервенција на полицијата, (иако воопшто не станува збор за изградба на црква), упад на граѓани во Општина Врапчиште, двајца приведени во Општината, па ослободени во полициска станица. Вака изгледаше случајот за црквата Св. Петка во с. Галате, која изгоре во пожар во 2001 година.

За обидот за создавање меѓуетнички и меѓурелигиски тензии околу случајот со црквата Св. Петка во госитварско политичките партии (власта и опозицијата) си ја префрлуваат топката.

Активистичка „порака“ ги повреди чувствата на верниците

„Црквата нека одјебе“ галасеше една порака на маршот за правата на жените на 8-ми Март. Оваа порака ги навреди чувствата на голем број верници и на социјалните мрежи имаше експлицитен говор на омраза кон девојката што го носеше тој транспарент, што не може да препознае човек дали се работи за некакви варвари или вистински верници.

Да изградиме општество без верска омраза

Секој човек има право да ги практикува своите верски убедувања без страв од насилство, омраза или дискриминација. Важно е да се разбереме дека верата е лична и интимна работа, и дека секој има право да го избере својот пат кон духовноста.

Зборувањето против верската омраза не е само морална обврска, туку и правна, затоа што правото на слобода на вероисповед е основно човечко право. За да изградиме општество во кое владее почитување и солидарност, сите ние треба да се спротивставиме на верската омраза и да работиме на тоа да создадеме средина во која различностите ќе бидат прифатени, а не искористени како повод за конфликти.

Само со заедничка волја да изградиме општество без верска омраза, можеме да постигнеме вистинска слобода и достоинство за сите.

Фото: Д.М. / Цивил Медиа


Овој напис е подготвен во рамките на проектот Мрежа за разновидност 2.0 – Нова агенда.
Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Крвава кампања во Виница: Кандидат за советник брутално претепан за да се откаже од листата на ВМРО-ДПМНЕ

    152 shares
    Share 61 Tweet 38
  • Говор на омраза и сексизам кон кандидатка за советничка на ВМРО-ДПМНЕ, ЦИВИЛ со осуда

    145 shares
    Share 58 Tweet 36
  • (ВИДЕО) Еди Рама пред Макрон и Алиев му се потсмева на Трамп: Треба да ни честитате, тој го заврши конфликтот меѓу нас

    108 shares
    Share 43 Tweet 27
  • Украински дронови нападнаа повеќе воени и индустриски објекти низ Русија далеку од фронтот, експлозии во една од најголемите фабрики за експлозиви

    90 shares
    Share 36 Tweet 23
  • Украински дронови го погодија најголемиот нафтен терминал во окупираниот Крим, предизвикувајќи огромен пожар

    89 shares
    Share 36 Tweet 22
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ