• Latest

Талеска: Совесноста и солидарноста ќе го спасат новинарството!

March 1, 2017

Европратеникот Брандштетер бара суспензија на преговорите и запирање на исплатите на ЕУ кон Србија поради величањето на Младиќ

September 3, 2026

Лајпциг ја подигна безбедносната тревога во Европа: Берлин, НАТО и ЕУ најавуваат посилен одговор кон Русија

September 3, 2026
Фото: Скриншот од видео на
moneycontrol

Путин за можен руски напад врз британски цели: „Тоа е воена тајна“

September 3, 2026

За едно лето, рускиот агресор уништи над 10 милиони книги во Украина

September 2, 2026
Воениот злосторник пред Хашкиот трибунал

Смртта на Младиќ како Прокрустова постела за балканските политичари

September 2, 2026
Кијив, 2 септември 2026

Седми ден континуиран руски терор врз цивилите во Кијив: Итно се потребни ПВО и санкции против агресорот

September 2, 2026

ЦИВИЛ потсетува: Барањата за политичка, морална и законска одговорност за величањето на Ратко Младиќ се јавно објавени од 30 август

September 2, 2026
Фото: МИА архива

Германија ја обвини Русија за обидот за напад со дрон на аеродромот во Лајпциг

September 2, 2026
Европската комисија; Фото: Европска Унија

ЦИВИЛ: ЕУ мора конкретно да санкционира глорификација на воени злосторници и негирање на геноцид

September 2, 2026

Невработени има, работници нема: Парадоксот на македонскиот пазар на труд

September 1, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Талеска: Совесноста и солидарноста ќе го спасат новинарството!

March 1, 2017 16:55
in ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

„Со оглед на моето 25-годишно интензивно присуство во новинарството, сметам дека сум објективен новинар кој постојано се труди да ги пренесе двете страни. Токму тоа ме испровоцира, да кажам – проблемот мислам дека е во тоа што секој од нас, кој со години се занимава со новинарство, макар и три години, знае што е новинарство, и многу добро знае кои се принципите и начелата на новинарството, и многу добро знае како треба да ја сработи работата“, им се обрати новинарката на ЦИВИЛ Медиа, Моника Талеска, на панелистите на дискусијата на дискусијата „Меѓу чеканот и наковалната: Медиумите и новинарството во изборниот процес“, што се одржа минатата недела во организација на ЦИВИЛ – Центар за слобода.

„Далеку од тоа дека секој од нас овде не знае што е високо професионално новинарство, според сите стандарди. Бидејќи македонското новинарство воопшто не можеме да го згазиме со нога, како што сега го згазуваме, треба да се згазиме ние како луѓе. Ние новинарите, станавме предавници, лични предавници, на својата професија, на својот живот, на својата држава, на националните интереси… За мене, терминот новинар во овој момент е идентификуван со предавник. Ама треба да прашаме зошто? Колегата Синиша го постави прашањетo – каде треба да го бараме излезот? Излезот, според мене, е во социјалнаta приказна. Колешката Гордана сега се соочува со еден сериозен проблем, не велам дека не се соочувала и порано. Колегата Љубиша се соочи многу одамна. Дел од нас овде, без разлика дали имале или немале медиуми, работат на различен начин. Колешката Билјана доаѓа од странство, со сосема друго искуство во новинарството. Многу е убаво кога работите како дописник, или во одредена редакција на медиум којшто навистина ги следи вашите потреби како новинар, и технички, и професионално, но и како човек, бидејќи на крајот на денот, ние си одиме дома и нашето семејство бара пари…“, рече Талеска.

„Кога вие немате можност за егзистенција како човек, вие го трампате своето достоинство. Професионалноста ја трампате за мизерните пари кои ги заработуваме во оваа држава како новинари. И заради нашето отсуство на солидарност, заради нашите примитивни, ама сепак, човечки слабости, дозволуваме да не згазат политичките партии и од нас да направат најголеми слуги во општеството. Јас проблемот, простете, воопшто не го гледам ниту во политичките партии, ниту во власта, ниту во ДПМНЕ, ниту во почетниците во ПР на партиите, туку само во нас… Ако бидеме доволно храбри и по цена на она што значи лична егзистенција, на она што значи страв од опстанокот за утре… Јас сум го почувствувала тоа како човек, знам колку е тешко, сум останала без работа од повеќе медиуми во текот на својата професија. Tелма ми дала „црвен картон“, Утрински весник ми дал „црвен картон“, весник во Австралија … Значи, нашиот напор да останеме професионални континуирано во нашиот живот, собирајќи делчиња и финансиски средства, од еден, друг, трет медиум, минимална сума за да дојдеме до пристојна плата во општеството и да го зачуваме своето достоинство, тоа е многу тешка борба. Проблемот, според мене, е тука. Да, да бидеме солидарни, да им покажеме на сите што значи да се биде вистински, а не квазиновинар, да ги турнеме тие инфопортали коишто функционираат така и шират невистини, со почит за граѓанското новинарство, ама да го зачуваме нашиот дигнитет како луѓе. И да се научиме да не се делиме. Ние, без разлика дали сме про или недемократски насторени, да се разбереме, ги делиме новинарите, на потрчковци и високи уредници. Простете, новинари со десетгодишно, дваесетгодишно искуство се новинари-професионалци, кои заслужуваат респект и никаков надмен однос од своите колеги. Сакате објективна информација? Треба да ја платите!“, порача Талеска.

Камера: Атанас Петровски

 

Tags: егзистенцијаневистининовинар-предавникопстанокотсуство на солидарностпроблемипрофесионално новинарство
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ